Да знаев дека имам дете бајче, во споредба што читам по странициве, уште порано ке, се префрлев на темава. Немаше да чекам @FreeMind да ме собере Фрее сестре издржи. Ако сакаш, Ози е добредојден Емили задржи ја си имам едно дома
Имам хорор ден не знам како да се соберам да го издржам цел. Од градинка плачеше за дома. Дома се обидов да ја успијам го поврати млекото што го испи во силен млаз и до заоѓање плачеше. Напнувајќи се покака, ја измив на чешма и не сакаше да ја избришам некако ми побегна и падна на плочки на глава назачки се лизна со мокри нозе. Ја земав во раце гледам добра е ја однесов во дневна да се смири, додека земав пелена она се помочала цел вир под неа и шлапа со нозете. Ози до неа се обидува да исчисти. Ја кренав во раце ја средив, исчистив со влажни и ја донесов во спална да спие. Се ова се деси во 15 мин.После саат и половина плачење еве заспа. Јас ваков кошмар ниту имам доживеано до толку да плаче за спиење. Немам ни трпение, мртва уморна сум и бесна. Искачам од колосек. @thinkerbell лесни чекори мила за месец дена ќе биде постабилна.
А да легнеш додека спие сега? Знам како е ама верувај од кога влеговме во скок ми се врати старото дете. Незнам оти така. Си мислам дека порано ја фати скокот од што пишува.
И јас нас беше така. Ударот беше една недела пред скокот. Сега сме баш во громчето ама нема ништо од лудилото од минатата недела. Али секако и во апликацијата пишува дека може да варира. Па најчесто и термините за пораѓан не ни се точни. Ги рачунаат од последен циклус, а зачнувањето сигурно не е кај сите на 14ти ден и така затоа си варира. Како и да, се надевам кај сите да помине бргу. Мене 10ти скок ми беше најужаснота дешавка до сега во оваа година ипол. Стварно на моменти ми се идеше да изчезнам. Решение немав никаво. Толку безпомошно се осеќав.... А најмногу од се ме болеше што што и да правев јас дома имав несреќно дете коа само плака и кемка. Катастрофа Фри кај вас ептен изразено, се надевам ептен брзо да помине. Мислам дека се работи за 10ти скок. Мојот термин на раѓање и роденденот на Емили се две недели разлика. Па според некоја математика ве фатил скокот вас
Да веројатно е тоа. Сега само приплакува во сон, кратко и се смирува. А пред 1н, ми се идеше да фанам некаде, баш како што опиша. Па и се погоди сама да сум дома по цели денови со неа,и времето лошо и така,хаос.
Те читам и сочуствувам. Совет немам, освен да ти кажам да издржиш некако. Можеби е скок, можеби искажува револт што е в градинка, можеби и двете заедно па следува ова.
Нема што да правиш @FreeMind.Се собрале куп работи и не ви е лесно.Стискаш заби,пцуеш нешто во себе нешто надвор и бришеш.Тоа е.Период и е,ќе и пројде.Наздрави и чекај нова дешавка.Така јас би правела.И предавај обврски.Ти си на боловање. За броевите на @TeddyGrey ќе пишев.Порачав денес од спорт вижн сандалки за малата бр 25.Инаку патиките и се 20 пред три месеци купени.Баш утрово мерев и измерив 13/13.5 см. и плус да бидат поголеми, гледам 14ка е 25 бр.Ми се виде голем број ама ај ќе видиме кога ќе стигнат. @thinkerbell лесни чекорчиња и со лесно да си трчкате.
Фала екипо на поддршка. Преспав со неа два саати подобра сум. Она не мирува налево надесно. Помислив и на тоа, но во градинка сум заедно со неа само половина час. Ме гледа до неа сум. Си велам не би требало. Синоќа кога си играше се трудеше да збори. И денес се убедува да каже нешто али тоа се само слогови. И ги кажува многу јасно али не значат ништо. Моето дете како и секогаш од една крајност во друга. Најлошата можна форма на скок и тројки. И тантруми.
Ма каква вреќа, 3 имаме ене ги така си стојат. Пробав зимата неколку пати, ама се будеше на секое и зајдуваше од плачење и како успеваше ни сама не знам во сон ја соблакаше, а со патент. Многу е саклеџика, спие во боди и тенки исцелосни пижами како шпикозни и ако е свежо чорапи, а зимоска исто само боди на долги и пижами со стапалки. Не покриена, ако ја покријам веднаш се открива и се преместува, а ако инсистирам се буди и тешко презаспива. Значи и лето и зима откриена. Некни немав чисти од пижамите кои ги носи сега и и облеков од тие со стапалки, веднаш се збуни да ги соблечеме и ај и облеков дводелени ама со нив половината гола и е дека откриена спие. Јас со 2 ќебиња се покривам и ми студи, кај ја гледам неа се тресам, ама вака ја фаќам и дури жешка е. Мали се крвта им врие, ние си остаревме што си остаревме.
И веднаш првото страшно паѓање денес. Одела, се сопнала и се мавнала во стол. Маж ми ми прати слика кога ја смирил, џумка и модрица колку цело чело. Многу, многу плачела и офкала уште пола саат. Се тресел човекот, пиеме кафе сега и уште е уплашен. Добро е што не се исплашила многу, па пак си станувала и си одела. Па после ќе белее коса. Мене не, ама го гледам него секој месец по некое ново бело влакно.
Во вреќи израсна и немало никогаш проблем. И секогаш од иста марка купувам за да не и смета нешто од памукот знаат вискозните да се потопли. Ама ете прво бањањето сега спиењето. Со бањањето во дневна се нормализира. Ја облеков на боди на кратки и пижами. Малку и е жешко на заспивање ама и онака се убива од плачење така да свеједно. Заспа не ја покривам со ништо вечерва нека спие така. Верувате или не уста не затвори од плачење денес. И на игралиште после прошетка ја однесовме со деца кои возат скироли и таму ги гледа се искачува и плаче. Значи нон стоп без прекин плаче. Некад со солзи некад без. Како да чека тригер и почнува. Ама и направивме финта не ја земав во раце за спална туку плаченка сама дојде и сама се качи на кревет. И плаченка заспа после саат време. Ако завршам на психијатрија сакам да ви кажам дека ми беше драго што ве познавав кога бев благо нормална.
@FreeMind поддршка Ќе мине ќе видиш, за неколку дена ќе е како друго дете @thinkerbell потполно те сфаќам, мојов денеска 3 пати падна. Еднаш на плочки и сега има модар образ, еднаш од ќош на плотната во кујната се тресна и има џумка, и пред спиење играјќи со татко му се удрија глава во глава, па се исплака квалитетно по трет пат. И после коса белеела, е ќе белее, среќа што сум плавуша па не ми се познава многу
Многу ми е жал низ што се минуваш, многу егосцентрична излезе Емили, сигурно на крај ќе прерасне во некој вундеркид. Ти симнувам капа како се носиш со се. Не би издржал секој, не дека се има некој избор. Мора нешто да ја мачи, заби, емоции, некаков страв од нешто... Ете со бањањето веројатно се плашела од бањата или можеби тушот. Кај нас излезе дека се плаши од тушот, па полесно и е да го држи сама, така има некоја кинтрола. Мада сеуште се сепнува кога и плакнам коса. Сигурно и со кемкањето ќе јави што ја мачи. Веројатно тројки во комбинација со скок. Сигурно е фрустрирачки да си на нивно место. И колку пожив темпарамент, поизразени се скоковите. Јас сакав да прашам кога да очекувам 5ки, и испаднаа сите 3ки, а денес скоро нишш не сакаше да јади. 100 јадења правев и јас си ги јадев. Отварав и купечки и од нив до пола и не и не. И свикав на крај дека ќе и се скарам и ќе и исклучам тв, нажалено касна 5 лажички и ми турна чинија и дојде ме гушна, демек да се смириме. Ме стопи и ај и дадов еден пудинг да не легина гладна. Кога после кога миевме заби гледам петките цели цврсти, ми падна жал што и свикав да јаде, ама па не може цел ден без ништо. Значи се разбираат, само што не знаат да вратат и сигурно многу им е тешко. Како би ни било нас некој да не тера да јадеме, а си имаме некоја мака, а не можеме да кажеме. Па и јас би била кемкава. Или би туркала чинии, како што прави Јана.
@FreeMind децата многу повеќе се галат со родителите и одат во крајности дефинитивно. Доле со баба и и дедо и ок е, штом влезам јас коментираат старите као,, види ја бре, мајка и влезе и збудале да се гале да плаче,,. И кај мене постојано плаче, ме нервира тоа и ме вади од такт. Јас одам во кујна да пијам вода она раце подава и плаче да ја кренам. Плаче и пошо не ја кревам се треска од земја и зајдува. Сабајле кога одам на работа плаче се додека баба и не ја заигра. Муабетот ми е, да не се лигави и плаче кога е со тебе? Сами со татко и кога се, како се? Моли коли границите мајка ти да дојде и оставај ја со неа. А до тогаш мораш да издржиш. Патем, како е со јазиците мкд и герм, знам дека е мала,ама на кој јазик кога и даваш команда ти возвраќа?
Леле Фрии, сочуствувам со тебе. Јас ни пола од тоа немам поминато, а веќе живци немам. А ми требаат живци.... , несвесно ќе повишам тон, ќе фрлам некој предмет.. Ќе треснам врата. Така се празнам. Ама исто така знам дека малово сѐ од мене учи и копира. И што ќе го научам? Да е нервозно.. Ко мајка му. Уфф ич не се сакам себеси во тие моменти. Ама веќе гледам такви ситуации поретко да има.. И сега свесно пробувам да се контролирам. Полека ми успева ама треба уште многу работа.. Сега пак останав 24/7 сама дома и останав без издувен вентил. Работа, шопинг.. Муабет различен од темата мајки и деца... Чувајте се сите мајчички и дечиња
@PeachGirl избегнувај,ама стварно,такви испади пред детето. Знам дека е многу тешко некогаш да се исконтролираш,ама пред дете да се однесуваш така,не треба. Ем како траума може да му остане,ем да свати дека при нервоза така треба да се однесува. Моево преку ден,добро беше,онака....Ама сега пред спиење Плаче,вика,фрла,сите играчки ги вади,не дава да го носам да спие,се влече да одиме надвор,расфрлува патики полни со песок,таман едно наредам,друго расфрлал Епа,смачено ми е. Таман ќе го земам да спие,божем дава и одеднаш му текнува на некоја играчка,бара да го спуштам и пак од почеток се испофрла. Едвај во 1 го земав,го ставив да цица,ме касна за цицка,мислам дека несакајќи беше,ама сепак свитки ми излегоа. Мислев ќе заспие,он така сонлив,почна да плаче и да вришти. Поплака 2,3 мин и заспа. Пак ќе се буди цееееела ноќ,а сабајле нема да можам да го разбудам. П.С. Моево не паѓа,ама затоа и не може да прооди самостојно од мене и мм зошто сме цело време покрај него од страв да не падне. Кај повеќето е вака,сигурна сум дека е поради скокот. Уште малку остана.