Иста е со двајцата. Иако јас сум построга во секој случај ама пак и со него истата драма е деновиве. А јазици само на македонски се командите. Цртаните и се строго на англиски, а во градинка вчера почна таму само на германски и зборат. Да се налутила и на тоа сепак рано е за фрустрации бидејќи не поминала со нив ни еден час и веројатно ги сфаќа како на игралиште да ја носам. Вечерва ја изгуравме нозете мраз ладни, а она топла. Стана неколку пати со плачење али брзо презаспиваше. Сменив само една пелена. Некако се чувствувам како пак новороденче да имам, а баш и не ми фали тоа. Ќе мине за некој ден. @Milaаа991 @PeachGirl сега ќе се контролираш и за тебе и за неа и за бебчето. Јас сум многу нервозна по карактер и од кога е родена се контролирам за нејзино добро. Знам строго и отсечно да и се обратам кога ќе претера али не повишувам тон на неа. Оти ако викнам тек тогаш ќе има за плачење три недели
Се мислев во која тема да пишам па решив тука да побарам совет/ мислење Ќерка ми е 19м и од кога е родена премногу сакаше да се бања,сама си зимаше бањарка и одеше во вц за да ми каже дека сака да ја бањам се до денот кога низ муабет и спомнав на една комшика викам ќерка ми многу сака да се бања и она ми вика леле моето дете одвај го бањам не сака да слушне за бањање.Луѓе толку беше и наметна ли што и направи не знам идеме дома и после 2 саати ја носам да ја бањам,почна да помодрува да заоѓа,од тогаш 2 месеци поминаа нејќе да чуе да се бања,пробавме и кај бабите викаме ајде од нешто во вц да не се плаши,пробавме и во соба во корито не сака.. Обично не верувам во такви работи и не сакам да верувам,ама ситуацијава ми е ептен чудна Не знам што да правам кога ќе дојде време да ја избањам со страв одам од што плаче многу.. И и кажав на комшикава 2-3 пати и ништо не ми одговара..одма врти тема
Прочитај не неколку страни назад. Иста е и мојата, 1 недела не е избањата. Вриска само чешмата што ќе ја пуштам во када. Фаза е, ќе пројде. До тогаш ќе смислуваме начини, како да не се усмрдат
Една случка денес, го држеше кечапот во раце и полека му го зедов, демек неусетно, ко се налути, се фати за циглите и мавна со челото силно си направи и белег со линии, јас игнор 100ка и не заплака, вака останав во овие цигли Спојлер: Слика После се шетавме надвор за рака прв пат како мало детенце си шеташе убаво без да седнува на земја, без да сака се да префаќа, па кола идеше и се тргна скроз настрана на патот прв пат вака го гледам, ме изненади позитивно После со количка еден круг и на враќање си заспа, дење имам супер дете, ноќе
Мојата, кога нема да и дозволам да прави што сака се револтира така што со двете раце си ја чука главата. Инаку сѐ разбираат што зборуваме. Исто една комшивка ми вика аии колку убаво си ја носи капата, не ја ваѓа.. Мојов ич не носи капа.. И мојата само што слушна веднаш ја извади. Тоа е.. Се снимаат, копираат...
@FreeMind, за брзо за помине периодов @thinkerbell лесни чекорчиња на малата, сега почнуваат паѓањата, ни останува само да се надеваме дека со лесно ќе минат. Нам секако косата за брзо ќе ни побеле Моево не плаче, но писка на цел глас. Ако неможе да ја дофати играчката што ја сака вришти, ми зуат ушиве од тоа вриштење. секое незадоволство така го искажува . Тоа и е ново. Кога сум нервозна пред неа се контролирам, гледам дека се разбира. Ако со мм повишиме тон еден на друг таа или почнува да црка или плачи. Кога се смееме двајцата нешто и таа се смее.
Ја видов сега. Жално плаче баш како да ја боли нешто и има мака. Не ми изгледа како да плаче од лигавење нешто или од инат. Срцка е, онака си тера “обврски” низ дома и си плака успат... Се надевам да и помине бргу бргу
Излеговме до чаршија, до сваштарија-пластичарска продавница. Она си одеше, се чекаше, црепови, вангли, чаши. Ќе умрев на лице место од срам, плачеше, трчаше и си шмукаше во уста порцеланско парченце. Продавачката и го извади од уста а пред очи ми беше постојано. Од дома до таму и назад ја Носев во раце, а баба и го тераше трициклот, пошо кога ја ставив ја крена цела чаршија увис. Ме кубеше, плачеше, се трескаше. Молам карантин... Убаво и лесно заспа. Игравме со татко и, се бркавме,убаво беше.. Ајт сеа да раскревам низ дома.
Ако пуштам цртани не плаче си се смее, си пее. Затоа не ставам ништо на болка. Има мака и со какање во последно време пред да кака заплакува силно, како да ја боли. А искача еднаш на два дена иако јаде храна баш како што треба да јаде за добра столица. Уште три тројки и готово. едит: вака бегаше и од тоалет за бањање, сега од спиење исто бега. Последното видео е прав скок. Претходно е од се заедно.
Со лесно нека ви е на сите, ова последниов скок ќе го памтиме. Ве читам често во темана за ручек, за некоја инспирација. Вие што давате салата краставица на децата, имаат позади заби? Мојава се јаде, се на парчиња, ништо пасирано, дури и месо сецкам и така го јаде, само што покажа врвчиња од една четворка, иначе само 6 заба напред има. Некако не се охрабрив да и дадам краставица сеуште, не знам ни јас зошто, кога за се друго ја форсирав до некаде со јадењето. Од многу одамна јаде парчиња, џвака убаво, не се подзадавила од ништо (освен кога повраќа зошто така и текнало ), а и не знам дали има поента да и дробам краставица како за таратур ситно постојано. Јас краставица јадам и така свежа со сол, и секогаш сака да дојде да земе, ама фуфка ми е да и дадам гриз, иако е многу внимателна кога јаде.
Дај и. Баш знам ладна краставица се дава и за да си ги ладат непцата за да не ги болат при вадење заби. Јас така и ја давам пола краставица само излупена и се занимава си грицка. Вчера ме изнанади така цела краставица изеде (мала беше) или ја заметали зад кревет, па ќе ја најдам кога ќе чистам. Ама затоа ручекот цел ми го остави. Е сега мојава уште 5ки нема, сите други ги извади, па и лешници и кикири така јаде. А месо не и не, само мелено, нз како да ја убедам. Го џвака и како мастика ми го плука цело. Додуша ни јас не сум месар и ако јадам печено месо после непцата ме болат, па мора одма со конец да чистам да не ми останло некаде парче. Туку да те прашам тебе по професијата, кога да очекувам 5ки? Долу и се многу тврди и потечени, ама нели е рано на 19 м? Само што и излегоа тројки. Знам дека нема правило, ама се тешев ќе одморам малку од молење за јадење.
Мојава пред некој ден и залетна од банана. Од плунка може да залетне, скраја било. Јас давав краставица под надзор пред да има 4ки. Ама брзо и пораснаа. На 13- 14 месеци ги имаше веќе сите заби до 4ка. Не сум компетентна да делам совети. Ако џвака јаболко, ќе џвака и краставица.
Мајки ај помош. Детево ми е 1г и 10м, вчера му дадов смрзнато овошје меѓу кое и јагода за првпат. Веројатно од тоа му се појави алергија, газето му е лом црвено и како исфрлано, кога го туширам изгледа го боли и се стега. Мачкам судокрем и павловичева. Нешто друго треба?
Не сум сигурна дека јагодата прави осип на пеленска регија, ма да можно е сигурно. Јас од јагода се исфрлам по цело тело како каснато од комарец.
По книга петките се на 2-2ипол години. Сигурно ќе има малку пауза, тоа може да биде кратко. Само затоа што е потечено, не значи дека сега ќе искачаат. Пипни со прст, ако на допир е широко непцето само, уште се местат, кога се чувствува нерамно, да ги осеќаш врвчињата на забите под непцето, тогаш брзо ќе биде, по мое искуство неколку недели до месец додека пробијат. Кај задните заби проблемот е што забите се големи и не проаѓа маката штом пробијат како предните, туку подолго време се мачат децата. Ама никој не може ништо со сигурност да ти каже, кога ќе им дојде време ќе искачаат. Битно е само да ги има сите запчиња и да учи да ги одржува здрави.
На синко пред некој ден му проби последната четворка,сигурно и тоа му создава мака. Денеска на улица му текна да плаче зошто не успева со обично гранче да собере каменчиња од улица. Проба неколку пати,не успеа и почна да плаче. За првпат останав ладна, сеедно ми беше што плаче ,па не ни пробував да го смирам,зошто и знам дека немаше да успеам. Си поплака неколку минути и си влеговме внатре. Ееее,откако влеговме,престана да плаче. А плаче со крокодилски солзи и цел се вцрвенува околу очи. После,влегов да се бањам,немаше ни 5 мин,ајт по мене со татко му,пак почна да црка,да вришти. Едвај се избањав. Откако се породив еднаш не успеав да уживам во бањање . И цело време со ништо неќеше да се игра,ама во 12 му текна. И со се и сешто сам си се заигруваше. Е такво дете сакам преку ден,а не ноќе. Едвај го зедов да го успијам во 1:30. И тука се противеше,почна да плаче,ама брзо заспа. Сума сумарум,денот во плачење му помина Се надевам не чека подобро утре. Главата ќе ми експлодира
@Spidy кога почнав со краставица прво како лист тенка фолги парчиња и давав. После сакаше мали како за шопска. А сега не сака никакви. За тврда столица што се дава освен грашок, грав, леќа, слива, остало овошје, зеленчук и многу вода? И давам пробиотик редовно. Супи јаде често. Ленено семе и ставам. Стана само еднаш барем одморивме. Денес нов ден плус врне цел ден домче. За мерак. Дајте идеја за игри?
Цела вечер, луѓе цела вечер стануваше на 5те мин, ниту спана. Незнам што и беше. Ама многу убаво и мирно заспа.
@FreeMind просо идеја за игра, направи некоја кутија слична ко мојана на инста, се изнаигра, секој ден игра @Spidy на година дадов памтам на Св. Никола беше значи година и 9 дена, танка, немаше 4ки си ја изеде, после почнав да му давам почесто, сега јади секој ден обавезно, многу ја сака, досега не се задавил. @Milaаа991 3kи нема уште извадено, а и 5ките се набабрени одамна јас немам надеж дека ќе спија скоро. Еве го од 6 и пол се рассони, а дотогаш незнам колку пати стана @hello-kitty.90 кај нас 11 е в ред заспивање, ретко 10ч или 12ч, ама насабајле секогаш е станат до 8. Не спија ни сабајле, ама дремка вчера 3ч @LoveHope еве сум за утеха