Суви сливи да отстојат во вода и таа водичка давај и ја а сливите незнам, изблендирсј и ги, зависи како јадите. Супи течни исто.
Се случува често да има потврда столица мојата.Најмногу и помага киви или кајсија да бидат ептен зрели.Убацувам одма и овесни со јогурт и ленено за вечера.Потечно за ручек.Обично со ова за ден/два и се регулира.Пробиотик не давам. Потврдувам за тројките најдосадни заби се за раснење.Побелени и боцките излезени веќе месец време и така стојат.А се гледа дека ја нервираат.Јас пак се нервирам,мојата си одгризуваше убаво плазма, лепче,било што,а веќе неколку недели не сака да одгризува.Плаче да и скршам парче и да и дадам во уста.И веќе на се прави така.Препишувам на тројките, ама никако да ја убедам да гризне.
@FreeMind амарант, круша и суви сливи, ако имаш може и презреана банана да ставиш. Сите овие намирници важат за природни лаксативи, мојот редовно се празнел вака кога има запек.
Ве читам сега за краставицата и ме фати страв како ноншалантно сум дала на година и еден месец со само 4 заби (само кецови имаше) Веќе после година почна да јаде парчиња и цврста храна, сам да грицка и му давав скоро се па не ја гледав краставицата како некој проблем И кисели краставички исто така цели ги грицкаше. Ни остана уште месото да го јаде блендирано. На парчиња не го сака. Го џвака долго време и изгледа ќе му досади па го плука. И ем јадењето трае цел саат ем пак пола ќе заврши плукнато па му го блендирам. Не го гледам како проблем. Не е до џвакањето или гризањето, знам дека проблемот е во тоа што месото не му е по ќеф. И самата текстура. Ние дома не јадеме месо, не готвам и не нарачуваме месо. Го готвам само за него па не ми е проблем да биде блендирано или како он го сака. Не ми ствара дупла работа Да знаете што имам дадено на една година да пишам кај мамичките на фб ќе ме изедат жива Пица и сендвич јадеше на година и еден месец Во моја одбрана пицата беше вегетаријанска со зеленчук па не ми изгледаше страшно. Леб, моцарела и зеленчуци... А сендвичот беше subway, како за него исто со моцарела, зеленчук, маслики...без намази, мајонези и слично. Па и ова не ми изгледа страшно или оние со авокадо и јајце такви работи Фри очигледно кај вас храна не делува за столица. И даваш повеќе од доволно. Кај нас компот од сливи најмногу помага. Или кога немам компот тогаш ставав сува слива во вода да врие 5-10мин. И после да ја испие водата @lackygirl вчера имаше ставено интересна игра. Планирам да пробам нешто такво карантинскиов викенд
И јас после година и давав се да проба. И сендвич и пита и пица... Заби извади на 6м, 2 па на 7м уште 2 и почнав да и давам парчиња зеленчук и овошје, надолж сечено. Се давеше ехеее и уште знае да се задаве. @FreeMind за какање давај разновидна храна, избегавај само компир и ориз.
@AlicaInWonderland со кутијата се изнаигра како со ништо досега За месово исто, јас му го рендам варено и така го јади (телешко) а ако сети парче го плука или па ќе го џвака и го збира в уста и на крај го плука од 8 месеци јади парчиња ама еве месово не го сака, уште од ко почнав да му давам без ќеф го јадеше, риби нејќи воопшто, а јадеше пред годината.
Леле а кај нас па не утепа какањево по 5 пати на ден. Дури и течна е столицата. Дали вади 4ки или од се што си пика во уста незнам. Знам само дека борби водам секое преслекување давам банана,ориз и па секој ден еве вејќе 3 ден. За јадење го молев додека го молев. Сега му нудам од нашето гледам да не зачинувам премногу и мене ми е во прилг. И пица маргарита има пробано и тост со кашкавал за мерак ке касне 3 пати. Другото се што е за него посебно готвено оди во канта. Но вејќе не го молам и не давам друга храна голем е ако е гладен ке јаде а он само изводи. А нешто што од такт ме вади е дете кое пребира храна и фрла. Јас тоа што ке го фрли фино лепо гледам да не е прљаво секако и му го сервирам назад. Ептен почна да глуми , а нема да дозволам да се расфрла со храна и да му терам кејф. Некој нема ни тоа да јаде. Нека учи од мал. И чоколадо јаде киндер и животинско Има 10кг на 13 месеци. Одлично пргаво дете. Друго на 13 и пол месеци се буди цела недела во исто време по полноќ во 1 и во 3. Многу плачи ептен како да се плаши. Дали сонува дали го преживува денов незнам... не е во скок освен заби ако вади. До сега 8 заби истаде не плачеше вака освен 4киве ако се повејќе проблематични незнам... или па дека почна да се пушта да оди а го гледам дека му е страв може затоа си плачи... ама па кај го погодува тајмигот... И со спиди мислам се смеев за палчица во ноџето. 11цм му е стапалце а машко е. Или нема везе?
72 недела и неколку дена. Денеска е баш кај громчето. Кенка, плаче и има напади на бес. Непрекинато ме удара иако игнорирам, она уште повеќе плаче. Не дава да ја гушнам за да се смири. Сега со плачење се успа и дополнително плачи во сонот, кратко, на секој 15мин.Така беше цела вечер.
Жени малиов мој неколку вечери се буди по 5-6 пати за цицање, и на сабајле секојпат е со преполна проќисната пелена. Пробав со вода или чај ми одбива, плачи и сака да цица. Имаме 3 оброци и 1 ужина, и плус 3 пати цицање преку ден. Незнам стварно шо да правам, ни тој наспан нити јас
Моја палчица е 11см во ноџето на 16 месеца. За споредба, јас сум 168см и 41 носам се надевам ќе фати на свекрва ми и ќе носи 37ца кога ќе порасне, зошто цела моја фамилија сме кловнови во нозете. Не верувам дека има врска сега колкава им е ногата, сигурно во пубертет тоа се дефинира.
Исто и јас мислам дека за време на пубертет се дефинира. Мажот ми исто ситно растел и средно наеднаш извишил. Јас нормално 38ца сум 165 но нека фајќа ген од татко му
Мајки редовно ве читам, но немам време да пишувам.. Синко е 22 месеци.По природа е многу темпераментно дете, не седнува ни една минута.. Последниве три месеци му растат петките, долните две му пораснаа, сега се горните на ред.. Со нив почнаа и тантрумите.. Ако не е по негово легнува доле, треска со нозете и на неколку наврати надвор додека бевме и кога нема да му дадам нешто што сака го земам во раце и во тој момент се истегнува наназад и за малку фали да ми се лизне и да падне.. Пред две недели трчајќи надвор се лупна во маса од пинг понг на ќошот.. Имаше огромна џумка, но среќа само со тоа поминавме.. @FreeMind сакав да ти кажам дека не си сама, јас исто живеам во странство и се соочувам со плачливо дете како тебе, а згора на се комшиите од доле се пожалија дека ќе се обрателе кај соодветните институции ако не престанел да тропа и плаче...Тројките и нас не измачија многу ама со петките е лудило..Да не те плашам не значи дека исто ќе биде и кај тебе ☺ Тешко е многу мајки посебно периодов со карантини и глупости.. Но, ние сме сите борци и ќе го издржиме овој период.. Извинете на долгиот пост.Одамна немав пишано, затоа се распишав толку
А пак ако се пожалат во институција џам ќе свиткаат Ич да не се плашиш за тоа ако си во Германија само речи им лас мих ин руе бите!... без бите никако Она што ми го правеше во тоалет за бањање скроз истото ми го прави на заспивање. Штом земам млеко и речам ајде идеме да спиеме од земја се мава. Денес не кемкаше цело утро ми одмори главата и заспивањето кошмар. Ова ми личи на некој протест за заспивање бидејќи еве за бањање да се плашела, а за заспивање од што се плаши од креветот? Ова ми е вовед во тантруми. Ќе биде опасно многу тешко ама ќе си поплачам и ќе сврти како досега, нели?!
Еве ќе ти кажам за мојата, пие вода навечер по 3 шишенца. Ја пресоблекувам на кај 1ч и сабајле пак е накисната. Значи 2 полни пелени навечер. Како новороденче дома да имам
Богами исто и еден број поголеми пелени зедов и пак џабе. Значи да се помирам такво си е детето, што и да дадам пак ке си бара.
Исто направив и јас и земав 5ка демек 4ката мали затоа пропуштаат. И исто е. Едино сакам да ги пробам Pampers pants како ќе биди со нив.
Чим пие толку вода и гумени да земеш ќе протечат Кај мене чим испие две шишиња навечер и менувам исто пелена ноќеска оти немам друга работа нели.
Фри кај мене така за заспивање е 4 целии месеци, од одбивање до сега.....ретко било мирно заспивањето без плачење.
Баш барам нешто магично 1 шише пие дур се успива и уште 2 во текот на ноќта. Тоа е ќе си мењам, па и од најсолените пелени, госпожата нежна е 3 пакети месечно, некогаш и 4