Конечно фативме и ние некој ред за спиење да поплукам три пати Во 8 станува, во 12ипол заспива до кај 3 и нешто, и навечер во 9 во кревет. Јас се си мислам малку му е една дремка, за една недела полни 13 месеци, ама како сака тој така, мора да е по негово Уште од сега почнува да ми се инаети и услови да ми поставува, слегва од спална и лази кон вратата и ако не му ја отворам или ке тропа на неа, или ако начека полнач во штекер го влечи со сета сила. Колку сакаш вели му не, во очи ме гледа и упорно прави шо ке намисли. Се качува на маса, од неа на комода, а уште не е прооден, јас само вака по него
Исто спие и мојата. Се случило да се успиеме сабајле до кај 9, и во тој случај покасно легнува за дремката, ама не ја оставам да спие повеќе од 1 саат, за да вечерта пак во 9 си легне. И после следниот ден пак си станува во 7 како нормално.
Тука сме пак 18 ипол ќе бидат скоро 19м Ако се породам месецов на крај ќе бидат 18м разлика Богами баш ко близнаци,ама за инат на двапати раѓање
Страшно е тоа успивање на пладне кога е повеќе спиена отсабајлето. Исто и јас ја будам. Ретко е ова, ама се дешава.
Неколку пати ми се случи овие две недели, додека вади прва четворка. Се буди накај 4-5, ќе се помота низ креветче некое време, и кога ќе презаспие се заборава. Дека е заб во прашање, ја оставам да отспие, иначе и аларм имам за 7ипол да станеме. Сакам да си го одржувам редот.
@flower55555 мојата пред да направи годинка се префрли на една дремка од 2,5-3 саати, така да не се секирај, баш како си сака тој. И раат ми е вака, куп работи можам да завршам.
Ко ќе ве читам колку ви спијат, ми се плачи 1ч не врзува ноќе не па 10, 12ч Ви заблазнувам Болна тема ми е спиењево, еве го 10ч е нема абер за спиење...
Не, ако го оставам мислам дека до 1 ќе седи, ако го земам за спиење плачи многу, па пак пробувам и така неколку пати, двајцата со мм пробуваме и во спална и во дневна, некогаш па заспива одма, ама ретко, премачно е навечер, нејќам да се стемни еднаш во 8ч заспа до 10ч 3 пати стана. Нз немам решение
Ох ти ептен мака си имала. Како ви е дневната шема? Доцна да не преспива па вака што прави? Дали доволно е истрчан надвор? Јас имав многу мака вака како тебе со малиот до пред 4 месеци. Сега спиеме сите 4ца на спална ко сардини, не е ни битно ама лекот бил тој. Не е да спие до мене, туку до сестра му. Конечно се наспавме.
Има проблем со какање дефинитивно моето. Сега кака штом легне и тоа е проследено со болки во стомак согурно и многу плачење. Сака да кака стоејќи ја држам и на нокшир ја седнувам али додека се искака плаче од болка. Го гледам изметот не е тврд. Што може да е? Од храна не е сигурно. Ќе се јавиме на педијатар уште утре. Капки за грчеви доби една доза. Го утна саатот за спиење и од 20ч дури сега заспа. Плаче со повраќање пуштам цртани на мобилен во секунда прекинува и си седнува си се смее. Се прашувам дали стварно има болки детево или ме заебава? Инаку не се издржува ова, мислам дека искачам од кожа.
Е да, туку што попрво да завршам јас тој период сме најчесто сами, дали да одморам и јас или да бркам работи. Мада се помирив со фактот дека неможе се да ми е чисто дома и под конец, така да ручек му спремам и одмарам, ама затоа трета смена се ринта
@lackygirl па пробај остави го и до 1 и до 2. Не дека е тоа време за заспивање ама барем една вечер пробај. Помири се седи си со него до 2, ем без нервози, ем ќе видиш кога ќе му се приспие. Па може и помирно ќе спие. Пример мојава ако не ја легнам ќе седи ама до 11 и давам фора дека ќе заспие било каде. Баш види кога сам ќе му се приспие. Толку сакам да ви помогнам на сите и сакам да знам како, па чудни совети делам. @FreeMind личи дека те зафркава за да добие цртани.
На моменти мислам ме заебава ама после плаче со врискање како од болка. И пак пуштам цртани пак прекинува. Гасам почнува од ново да плаче. Да има болки ќе плаче и со цртани. Спие и кемка во сон сеуште. Не сум паметна две недели маме ни се еба.
Денес сум во ист кош со @FreeMind Сабајле стана во 7, недоспана и нервозна. Кај 10 и нешто заспа пак саат време и толку. Цел ден е обесена на мене, плаче, од земја се треска, легнува и плаче. Обесена ми е на кичма постојано, Неможиш ништо работа да фатиш. Дома сме 4ца, и неможиме да ја гледаме ако не сум и јас пред очи, а кога и сум, она е лигава страшно. Не сакаше ништо да јаде цел ден. Имавме риба и палачинка од рендан компир, морков, кромид со зачини (некои ги прават како ќофтенца) не сакаше да проба, плукаше. А минатиот пат пред две три недели кога го имавме истото за ручек немаше стоп,јадеше. Ниту доручек ниту ручек денеска. За вечера и сварив тарана со кашкавал малку касна и една мала кифличка домашна. Се нервирам, неможам ништо да земам да работам, нон стоп плаче. Одлично тло за караници... Да додадам, бара упорно далечински управувач и бара песна да и пуштам, е не таа друга, не не, не таа друга. Неможиш да и погодиш никако. Ама баш никако. Од синоќа е со пролив. Не се витка да се жали нешто на болка, ама течна столица има. Вака немала до сега.
@FreeMind и јас мислам дека намерно прави така за да добие цртани. Кога има болка или ја боли вервај ништо нема да ја интересира, ќе ја познаеш одма. И мојата истото го прави за да ја носам в раце по скали. Ме боли ноџето абе тоа солзи па глумење како одвај оди. Па др ден стомакот ја боли, а денес ми вика "Мама нешто како да ми се снеарни, ај види крени ме да не се онесвестам по скали"
Станува во 7ч, (ноќта станал 100 пати) ретко до 8ч спие, си јади, си игра, го шетаме, во 12ч заспива лесно без плачење дури да се чудиш, многу пати в количка заспива, спие до 2, 2 и пол 3, различно, пак си јади, пак го шетаме, надвор во двор, на газ не седнува и после до 11ч нема заатанување. @TeddyGrey колку пати сум помислила да го оставам ама мислам дека ќе си игра до крај, мислам дека сам нежа да заспие, ќе пробаме некој ден, а и мачно ми е неможам да издржам и јас, на работа сум секој ден и секоја 2ра сабота ја работам, среќа не сум утре,фала за совети
@FreeMind @LoveHope иста беше со цртаните, ми го носеше и само биби бибии, главата ми а натапани ако не и пуштам рикање цел ден. Период пред скок