@TeddyGrey теди сеа сме 14ѓесеци. До 16 знаеш што ќе биде? Ќе заминам на воена мисија и ќе се вратам после година. Бај.
@TeddyGrey фала Тој е истиот од 71ва недела почнува драмата, како за последене не утепа. Советите се исти за сите скокови легни и моли се.
Да пред да почне скокот имаше СТРАШЕН период. Рикање за се и сешто, прибирање храна иако до сега не правела, бибиии и само биби,надвор рика, не сака во количка, не сака да оди, во раци е баш топ,никако не се заигруваше со ништо, успивање вечност(овој период пак ја успивав во раце или во количка надвор со рикање) немирно спиење со нагло врискање кое неможиш да ја смириш освен да станиш и да ја нишкаш, ако ја оставиш за кратко одма пак плаче и така на секој 15мин. Сега во скок 1 ден е најангелското дете, 1 ден најѓаволестото АМА се трпе, се заигрува сама како претходно. Едино се врати стравот од бањање, два пати пробавме со кадичката надвор од вц. Првиот пат успешно, вториот пат 5мин супер, кога и текна да вриска неможев да ја домиам.
@Girly90, Ако имало во миксот овошје малини, тогаш од нив му е црвенилото на газето. Кај мојата тоа се прави исто. Затоа ги избегнувам малините. @Happyinlove мали твој почна да јаде пасирано??! Кажете ми мојава како да ја научам да џвака!? До сега само два долни кеца извади. Од секое трошче се дави и повраќа. Само смоки на лино ми "џвака" да речеме. Затоа и ги давам, као да се научи. Покажуваат ли сами знаци и желба, кога се спремни Инаку, што се однесува до 8-ми скок, тешко луѓе. Будна е секоја вечер од 00:30-2.30 Си игра детето, ни носи играчки. Ми се спие ми се вришти. Едит : Кога е транзиција во спиењето? На едно дневно спиење?
После 15месеци почна по еднаш да преспива. Од 12 до 2 дневна дремка, навечер од 9 до сабајле до 9 спие. Или од 8 вечер до 9 сабајле. Порано не станува, покасно и да стане редот не и се ремети.
@srekice и ние сме со 2 запчиња, уште сме на пасирано ама кога ке јадеме ние сака и тој и му давам мали ситни парчиња леб од средина и сам ги џвака демек. Мислам дека со нив се научи да џвака, а пред некое време и ресана јадеше сам благодарение на @Milaаа991
Исто вака. Пред 10ти скок ужас. Баш во скок бајче. Освен за бањањато. Со ова проблем никогаш. Секој ден се бања зашто бара сам. Веќе знае сам да отвара врата од вц, врата од туш кабина и да пушта вода. И нема спас. Некогаш коа ќе му текне се бањаме и двапти во ден. Сме пробале да заклучуме врата од вц, да врзам врата од туш кабина. Ама се завршувало со тропање по врата и плачки. Па така се бањаме секогаш коа ќе му текне на господинот. Плус како бонус, имаме 2 купатила, па некогаш ќе му досади во едно па се префрламе во друго на бањање...и така. Незнам од каде живциве пред да родам да сум гледала некоја вака да оди само по него што сака, ќе сум велела оваа будала, да е мое нема вака
Пасирана јаде или само блендирана? Ако е блендирана почни да пасираш барем еден оброк во денот. Смоки, леб средина, свари шпгети и исечи ги на малечки парчиња и остави и ги во чинија сам да јаде. Кога ќе почне сама да јаде ќе почне и парчиња оти интересно ќе и е. А кај и да е ќе почне. Не се плаши само ставај пред неа на парчиња мека храна. Непцата се доволно силни да џвака. А за дремка сега тек на 16 месеци може на една.
Ви текнува кога се жалев дека не јаде дете?? Епа уште исто Помина и 10 скок и пак иста шема тераме, а и почнавме да се запознаваме со тантрумите. Ако не и е нешто по ќеиф почнува да се стега, жилите на врат и излегуваат Гуши, гали, игнорирај пробано ама најголем ефект дава одвлекување на вниманието. Од 15м почна да спие по еднаш дневно, навечер 9 и пол е заспана, наутро ја будам во 7ч за да ја носам кај дедо и баба на чување. Свекорми ја чува наутро, не можеле да се погодат со јадењето па и надробил леб во овошна хип каша, за ужина уште 1 кришка леб во овошен јогурт битно дете заситено. Тежок ми е периодов, се исклучив од секаков контакт со друштво.. Јас и мм работиме и двајцата со луѓе, изложени максимално на вирусот, одиме само кај моите и неговите бидејќи мораме, ни го чуваат детето.. Имам кумашинче, 40 дена направи денес, неможам да одам да го видам бевме многу поврзани обавезно 2 пати неделно се гледавме, а периодов ги немам видено повеќе од 2 месеци..