Еднава две вечери по ред точно во 1 се буди (заспиваат во 9ипол,10) и тоа вреска, цика, не се смирува дете... ќе видам вечерва 3 вечер ако и вечер така исто, не знам што да се прави... 3 саата ја заспивавме синоќа, а претходната вечер релативно брзо презаспа...Апликацијче вика уште 6 дена до 8ми скок... Познати ви се реакцииве?? Таа додуша сирота и заби вади, само 3 има до сега, долу кецовите и тоа косо и се наместени, многу е смешна кога се смее, и горе една двојка... а другата 10 извади и тоа за брзо време... Синоќа страв ме фати, кај ја нишкаш во раце, ја повиваш, чајче и даваш, и пак писка, ама она јако, застрашувачки... ми дојде и мене да си заплачам... ем за нејзе што не знам што и е, ем кичмава ме скина, 10 кила товар, а легни ја пак урлање па ај па на ново, па маж ми ја зема, саат време ја држеше па фати Мама да вика, пак ја земав, малце се подопраив,стаив каиш медицински и пак си ја зедов... млеко и дадов пак не заспа ...тек по некое време.. Па после другата се будеше ради вресокот на првата... Абе си има работа луѓе ова мајчинствово Сеа Добро утро сигурно си викате, демек не знаеме.. Морав да си се пожалам ... се спремам за вечер психички... и еве и да сакам да поспијам сеа дур дремкаат,па не ми иде, не сум на копче... ех,..
Кога ќе и дадам парчиња јаде 1/3 од блендиран оброк.. Комбинации најчесто и правам, ама ни едно ни друго не сака.. А да ја видите на прв поглед со буцкасти црвени обравчиња ќе си речете бог знае каков апетит има.. Денеска на пример за доручек дадов тестенини со сос од павлака и брокула, еднаш проба и батали, го изблендирав пак го исплука. После саат и дадов цела кришка леб со абц лапна. За ручек и спремив полнети пиперки со ориз и телешко, плукаше 200 пати па се откажав. Седнавме ние да ручаме дете јаде пржени компири и динстано свинско За вечера мафини со спанаќ и сирење и праев, плачење, грмење.. Заспа со 200 мл млеко. Вода ич не пие, со молење макс 200 мл дневно и сокче исто 200 мл. Ќе барам некој сируп за апетит.. А утре пак треба да ја оставам на чување на свекорот, ни третина од денешното нема да изеде
Да, со раце, со лажичка, со вилушка.. Три пати ќе лапне, натака фрла по земја. Ставив подлога пластифицирана под хранилката демек ќе ги спасев теписите, сега и е уште позабавно, ја гаѓа буквално, фрла и се кикоти Мислам дека е некоја фаза, долго трае ама се убедувам дека е фаза..
Истава утеха си ја давам и јас.. Колку храна фрлам на дневна база Цел ден готвам за викенд, ми се чини магично ќе се смени ситуацијава, па ќе го лупне тањирот од земја и ќе ме врати во реалноста Па после тоа ми е мака што времето што сум го потрошила за готвење сум можела да поиграм со неа. Па во недела навечер ќе начекам 10мин луфта, наместо да се опуштам малку јас си ја пукам главата како јас сум си крива дека не јаде.. Добра ноќ, ти благодарам на муабетот @FreeMind
500 мл вода? Само на сон. Ако испие 200 е премија. И тие се со натегање. Не сака да пие вода од старт. Ама гледам да надокнадува со манџички за ручек (тие метла ги прави) , појадокот и го спремам најчесто со адаптирано и така. А во поглед на храната, никогаш не уклучив блендер. Од старт пасирано, за сега веќе одамна да и правам се на парченца. Е само од грашок се дави па зрно по зрно го лупам. Убиство е тоа.
Грашокот стисни го со вилушка. И кај мене на почеток тешко и одеше со грашок и грав ама се среди. Јас никад не блендирав, ниту месо. Така го јаде. Јаде и корка од леб и ѓеврек ако не е тврдо. А вода пие сигурно преку 1 литро на ден.
Од какво шишенце нудиш вода? Никогаш не ми беше јасно зошто се лупе грашокот. Како ги задавува? Јас досега што сум правела не се ваде лушпата од грашокот сама ама и го варам кратко да не е кашав. Ова е богами е убитачно. И јас од кај 7м почнав пасирано и парчиња. Сега веќе си јаде како за нас. Месото и е проблем ама пошто ја ежи структурата, не дека неможе да го џвака.
Какви наочари им купивте на малите? Од каде? Синко конечно дозволи да му ги ставиме на лицето наочарите кои му ги купив од маалата продавничка. Сега сакам поубави да му земам некои. Дали давате варено јајце од препелица?
Наместо да го лупиш грашокот зрно по зрно, стави го во цедалка и со лажица истискај го. Во цедалката ќе ти останат лушпите Не знам што е со грашокот, ама синко се давеше од него до 2 години и се го поминував низ цедалка. А неблендирано, парчиња месо јадеше од 1 година. Само со грашокот имавме "проблем".
@BabyT* некогаш од магична чаша пие, некогаш од обична, а најмногу пие од оние шољичките од садоперот @Miss.Sweet фала на совет. Баш ќе пробам вака следен пат.
Ќе мораш да гледаш да се квалитетни за ув зраци во спротивно кај мали деца џабе ги носат. Земи му некои фраерски од полароид пример ќе ги најдеш во продавници за очила, на твоето вакви ќе му стојат: https://www.google.de/search?q=sung...oECA8QAQ&biw=414&bih=719#imgrc=Fj8cyB7YrWS4SM
Не можам да едитирам, кога почнавте со чешмовача вода? Уште и давам флаширана Јана. Некако не ми се дава од нашава чешмовача, претврда е.
Јас никогаш не сум го лупела, а читам многу го лупите. @thinkerbell јас давам изворска ама ако снемам и ставам чешмова, тоа е ретко. Шубе ми е и мене таква да давам.
Никогаш не лупев ништо, иако на почетокот имаше мака со сите зрна заради лушпите, со тек на време се навикна. Вода никогаш не сум купила специјално за неа, ако има дома ќе и дадам од таа што имаме, ако не најчесто од чешма. Дури и АД кога и давав некое време, и тоа со вода од чешма го правев.
Ако почнам да кукам секој ден да не се чудите.. Се жалев вчера, денеска дете за доручек кришка со абц и Кулен јадела (да, да Кулен ја наранил свекре), за ручек цел тањир компир манџа со патлиџан салата.. Не јаде дете матканици без вкус ќе испадне или може прегладнета е од протестот викендов..
Таман закажавме ортопед конечно да идеме на преглед и успат и да педијатар (6 месеци не сме имале никаков преглед) и ете сега пак нов бран. Во систина (тами имаме закажано) има и позитивни доктори, ептен сум на мисла да откажувам или да идеме. Што мислите вие? До една година преглед редовен секој месец. Редовно ортопед, проверка крв...и сега 6 месеци НИШТО. Аман веќе. Ни со д витамин доза незнам што да правам...
Мајка ми вели дека сега е позаштите од претходно. И растојание и хигиена на ниво и се по ред. Ниту чекаш, ниту се гужваш. Слободно со маски се сите одете.
Денес преспа само 20 мин и еве уште си игра, плаче, поврати еднаш од кога ја кренав физички да ја легнам. Ова е невидена тортура и навистина не се издржува. Станата е од 7.30 нон стоп во движење. Трета недела трае хороров, ужасно е не можам да го поднесам ова што се дешава.