Исто,исто не знам што да правам. Јас ремедика го носам но кај јас трудна он уште бебе ке се мкнеме... незнам и таму како е. Ни ортопед ни педијатар аме посетиле. Од Д давам молерс демек дозата потребна ја прима ама да не ја утнам работата. По вибер не ми се пишува со доктор. Крвна слика,брисеви да испитам долго време мрса имаше во нос. Се чувствувам ептен неодгпворно,но и ме изнервираа и коментарите кај ке мкнете деца во ова време...као само од корона да чекаме да се разболиме па може на преглед. Во понеделник сум за мене на преглед па ке фрлам око како е во амбуланти во педијатрија..
Исто 6 м никаков преглед, ни крв ни ништо. Вакцини се одложив. Матичната ми вика донесија кај мене, не оди на ортопед, ама реално што знае таа за тоа. Таман се потокмив за МРП пролетоска излегоа позитивни во Плодност, па дури и ја затворија на 2 недели, а таму ја носам за крв и на педијатар пред вакцина. Тоа беше пред 2 м, одтогаш ескалира ситиацијата и таман ќе се решам пак се нов и пожесток бран настапува. Матичната ме кара дека одолговлекувам со вакцини, дека нема зошто да се плашам, ама мм работи во фабрика со 5000 вработени и ите како ми е страв. Ќе почекам уште малце, ако не мечка страв мене не страв ќе почнам да ја носам со ред секаде. Како во времето на баба, детево дома го мерам висина и тежина, доктор пола година не ја видел. Најмногу се плашам и јас како @Spidy со нејадењево да не и е заслабена крвната слика. Па секој ден просо и хељда јаде сирота. @FreeMind ве гушкам. Се надевам за брзо ќе си дојде Емили на себе, па ова вашево не се издржува. Ти си мајка херојка
И синко 6м не е носен на педијатар и ортопед. МРП уште ја нема примено. На 19.06 ќе го носам на вакцина за дитепер, па ќе видиме како ќе биде за мрп и пнеумокока. Се зависи дали ќе тргне во градинка од септември или не. Пред вакцина ќе му проверам крвна слика, да видам како е со хгб и железото. Еден период беше слабокрвен малку, ама исхраната ме му помогна баш па примаше капки за железото.
Буквално падна во несвест и заспа. Е до таму оди заспивањето со затворени очи станува и си игра и на крај само паѓа на страна и ја нема. До последен атом. Ужас.
Море глад му е лекот. Од 8 до 11ипол си игравме менза, никогаш не сум и дала замена за оброк, ама од што се нервирам дека мајка ми кажува како ја храни цел ден огромни количини, се заинаетив да ја најадам. Во тие три саата и дадов банана, бисквити, леб со мармалад, чоколино, намаз со патлиџан, сок, чоколадно млеко и јајце. Нешто нејќеше да проба, нешто по 1 залак. Ама ете да не биде не го нудам детето. Си легна во 12:15 малтене гладна. Спремив ручек, и отидов на работа. Ни пола тањирче не изела со татко и. И накај 5 кога ја земала свекрва ми била како дупната вреќа. Јадела некаква манџа, јогурт, дробени бисквити, леб, смоки, јаболко и не знам што уште не. Мавна едно шише млеко и кома во 21ч. И јас тука ќе губам нерви и ќе се секирам да не е слабокрвна Море арно си викав нека си седи гладна, кога ќе сака ќе јаде. Јас не знам како им спремате по 3 опции секој оброк, јас само со еден доручек се изнервирав. Битно си докажав сама на себе дека замената не фукнционира. Само аман нека е заради заби ова, зошто и стварно ако искочи слабокрвна на мене и вака тера со години, ќе и пишува неухранета во книшка како мене и на брат ми што ни пишуваше. @FreeMind сакав да ти ставам еден лајк за поддршка, ама не ми иде некако. Држ се, сесре Не знам дали да речам аман да искочи веќе генерацијава од скок, што ќе праиме со тантрумите после тоа
Исто и јас си викам дека само оставање да изгладни е лекот. Еве и доказ вчера изеде цело јајце со сласт откако ја оставив без ручек зошто пребираше, а јајце 1 м не сакаше ни да проба. Упорно нудев 2 пати во неделата и си го фрлав. Да видиш како јаде јајце, домат и леб за вечера како да не видела нервирај се ти не сака јајца, не сака месо, не јади манџи. Денес исто за појадок не ова не она, и за ручек 2 чинии пилешко чорба со хељда и зеленчук со сласт си ги изеде. Гладот е лекот за овие распрдени наши.
Со тантрумите јас дефинитивно ќе завршам на нервно. Се чувствувам исто како кога имаше пет месеци. Бесна сум на ситуацијава и немоќна. И одма идат нервозите и кавгите за се и сешто, едноставно не можеш да се носиш со ова лудило. И преку ден денес и се спиеше од кај 11 саат заспа во 14.50. Се изгуби ред и за ручек и нема кој ручек да направи бидејќи мораш со неа да си за да заспие. Исто и сега вечераше во 18.00 и почна да кемка за спиење и еве сега заспа, фактички гладна. Ми покажува карактер. И го разбирам наравот кој го има она кога ќе реши ќе спие, ќе јаде, ќе пее. Не смее никој ништо да и рече. Штом изустиш наредба ти истура еден таков бес и плачење што те вади од петици и штом ја скараш плаче до губење. Ни приказни ни бутур овие три недели. Надвор трча до игралиште, а далеку е за неа се искачува по цел терен за скироли и пак не е уморна. Стварно мислам и против себе си оди само да не заспие. Ја клати главата и ако ја гушнеш да прилегне тие од петти спрат ќе те чујат. Мислам видовте на видео како изгледа тоа се и не е никаква болка туку праг на лудило кога фазата на заспивање поминала пред три саати. И тоа два пати на ден. Скроз вечерва ме налути, скроз. Играчките ги лупаше со сета сила од земја и по врата. Доле луѓе живеат со две мачки сигурно преживуваат кошмар деновиве. А ние немоќни ја гледаме оти ако речеш само еднаш НЕ следи ужасот на повраќање во млаз. И од страв да не забега со плачење ја губиме контролата и не зема под нозе. Само нека запре ова што се дешава.
Исти сме и ние Спиеше попладне само 25 мин и еве го,дури сега заспа. А му се спие,гледам дека дури плаче од што му се спие . Не дава да го земеш во раце и да го спремиш за спиење,а недај Боже да го легнам да спие. Само да се игра нешто,и не знае што прво да направи од што е бесно. Најново,кога татко му ќе си дојде од работа,мора и двајцата да сме до него,да седиме на под и да се играме. Мрдање нема Ако потстанеме,одма не фаќа за рака и не влече да седнеме. Газот не заболе од седење по 5,6 саати на ламинат. И евентуално може да не тера да станеме за да шетаме низ ходник. И стандардното шетање надвор. Се гледа дека е таков кенкав од што е многу уморен,ама никако не се предава. И откако ќе почнам со успивање,приплакува и за 5 мин е готов. Според апликација за неколку дена излегува од скок,па се тешам дека ќе помине. Полесно ми е,а не дека со завршување сето ова магично ќе престане . Ама битно,скроз друго дете имам. Се разбира,ама баш се. Фри барем во Германија си,па и да завршиш на нервно верувам дека се подобри условите таму. Јас ако завршам во Бардовци,ми нема спас .
Здрaвo мaјки, штo ве читaм сaмo стрaв ме фaќa хaхaхa ние сме 12 месеци aмa и мoјaвa е рaспрденa, се сака дa е пo нејзинo, јaдењетo ни е сaмo сo игрaње или сo цртaни и тoa дa и ги рaскaжувaмидa јa рaнaм и oтвaрa устa кaкo зa цицaње и трaе мин 40 минути, зa спиење е истo бoрбa, се другo е пoинтереснo, зa игрaње истo, немoже дa спремaм ручек и дa и збoрaм туку мoрa дo неa дoле нa пoд, сaмo мaмa мама е.... Кaжете нештo дa менувaм нa време не сакам кaкo вaс дa ме снајде имaм и еднo прaшaње. Дo кoгa дaвaвте д3 сo oмегa, јaс давав нa бејби тoл aмa ги прекинaв сегa пред 10 денa a дaвaм пливит д кaкo зaменa зa вигaнтoл. Требa уште нештo дa дадам, и нaс ни е oткaжaн oртoпетскиoт преглед a мoјaвa џaмбaзкa веќе прooде
@hello-kitty.90 нас не има закачено и слипинг регресија. Дефинитивно се има собрано се наеднаш за ова што го доживувам. Таа треба да е на 18 месеци ама еве кај нас порано има стасано. Мислам дека на таа 18 месеци нема да сака ич да легне. Среќа навечер спие деновиве без да се разбуди и тогаш одмараме. Две тројки горе се појавија уште долните. Инаку тројкиве испаднаа со јадење. Досега знаеше две недели ништо во уста да не стави, а овој пат јадеше заедно со забите. Некогаш повеќе, некогаш помалку али сепак јадеше. @trouble менува многу така да ни еден совет не е релевантен.
Исто и јас очекував уста да не отвара, ама јадеше за чудо. Малку повеќе пребираше и кога повеќе кога помалку количински, ама јадеше по нешто. Додуша секогаш таа така јаде, па на запад ништо ново. Јас мислев од витаминскиот сируп, ама изгледа за џабе си го давам. А со сите претходни беше војна на световите за 2 лажички да проба, па како бев исплашена со тројките како најстрашни. Како сме се надали, добро сме се удали излезе работава.
Се измачивте и вие и детето.Жал ми е што минувате низ ова.Те читам и размислувам што да ти пишам.Мислам дека и она е збунета веќе и не знае што да прави.И се спие, заби ја мачат, сака а не може да заспие и не знае како да се справи.Да пробаш за заспивање во кола да ја качите и да и пуштите цртани да се изрелаксира? Може вожњата ќе и делува смирувачки,а плус и ќе смени рутина.
Колата баш и не ја сака, а цртаните ја расонуваат. Едноставно ќе ја оставам да падне на под па ќе ја кренам и оставам на кревет да спие. Што и да направам во моментов е погрешно, освен оставање до бесознание.
Срце мало.Кај и да е ќе и пројде и ова и пак ќе те гушка за да заспие.Храбра мамичка си ти, ќе успееш да излезеш од ова и пак ќе биде се како порано.Ти симнувам капа за живците и трпението.Долг е периодов ама верувај ќе пројде.
@FreeMind жено издржи. Јас немам сила вејќе 4 дена. Нон стоп се бркаме за да го преслечам. Пролив има по 6 пати на ден. Додека го измијам како со змија да си имам работа. Не јади апсолутно ништо. Само 2 пати млеко пие. Плачи нон стоп. Во сон особено. А преку ден само вришти. Нишѕо несака ни да оди ни да игра ни да шетаме. Се е вриштење.главава менгеме ми е. Конечно видов две четворки пробиле горе и доле. Може е до нив... А еве во сок му турив сега парацетамол може малце ке му олесни никако не го пие се го плука. Ми иде да го наплескам убаво па да има зошто да плачи Деноноќно е ова хаос,лудило
Ве читам и страв ме фака што ли се ме чека Мали уште сега ми води инат ама најмногу борби се водат за преслекување се бркаме по соба буквално, ај се навикнав ке речам ама пмс ко ке ме фати знам да му се развикам или да го плеснам по пелена Него не му е гајле, не ни осеќа ама јас луѓе ми се иди раката да си ја пресечам, грижа на совест ме мачи а неможам да се контролирам
Леле со водава, од чешма никогаш, кај нас во мојот град е катастрофа со жива и арсен внатре, страв ме фати ко видов што има на една презентација општо познато е дека не ни чини водава и пак ја пиеме ние големите, му давам роса уште, можи ќе сменам со ладна. @FreeMind после ова пак ќе биди мирна верувам, кај тебе е секогаш од крајност во крајност Туку јас што да речам со неспиењево ноќе глава ќе ми пукни, на раб сум ми се сврти, ми се лоши, кај од време кај од умор притисок сиг ми е низок.. Дење уште си спие солидно скоро секој ден по 3ч, од 12 до кај 2 и пол, 3ч, ама навечер во 11 со пкачки заспива и станува мноогу сношти 6,7 пати стана, замислете од 11 до 8ч, што е многу многу е.
Денеска бевме да му земат мерка за ортопедски чевли, едната нога му е оди навнатре + има рамни стапала како мене. Се уби од плачење дете, не даде ногата да му ја исцртаат. И јас како мала носев ортопедски чевли, па еве уште сум со рамни стапала, сите сме фамилијарно па ете и син ми сега. Се' друго наследил од татко му, само тоа што не чини од мене Јас уште кратко ве напуштам и се селам во групата деца од 2 до 3 год. Ми порасна детето, не е веќе бебе Измешани емоции, моето момче ми порасна и ќе прави две годинки (тој покажува со прстињата и вика '' де''), се кара со мене, се лути, криво му е ако му се налутам па ме гледа цело време дури не го погледнам и не му се насмеам Тортата не сме ја смислиле уште, мама нема абер. Се мислам дали да биде со животни или со маша и медо. Ај да разгледам некоја идеја и онака така чмаам на работа..