Ти си ми уште утеха во животот. Секогаш за пример те давам “ами тој малиот уште не спие” Денес преспивањето не беше лошо заспа за 15мин во 14ч. И само што заспа во 14.15 некој заѕвони на врата Дхл изгледа и Ози почна да лае како будала...еве пијам втора ракија и уште сум под стрес од денов. Ја презаспав. Се надевам ова е знак дека ќе иде на подобро. Кога ќе дојде мајка ми ќе идам сама на викенд во спа хотел во близина и не им кревам на телефон.
Траст ми Немам и плех музика да земам со мене над глава да ми чукаат додека сама седам на некој врв на планина, онака “месечина, месечина, јој јој јој” Ужасно ми треба одмор од функцијава. П.с На 30мин ќе бидам така да и да е било што ќе стасам.
Амори месечино јој јој си цела во глаата, ајде да те изгушкам еднаш јако, #fucksocialdistancing Тоа ѕверчето многу аздисуе а? Држи се Фри, ти посакувам само овие "маки" да ти бидат од неа во животот Живи и здрави да се само, ќе се истрпи... ама до тогаш, да не ни е во кожа човек
Мојата е 1 година и 3 месеци, буквално се буди на секој саат, со плачки, трескање од земја и сите ритуали постои некој скок во тој период? Исто имаме проблеми со каката, др кажа по една лажичка Рапсол или во млеко или на гладно, ама ни тоа не помага, што можам друго да пробам?
Почнав со одвикнување од цуцла. Многу лошо. Кризира, плаче. Ја успав, не со многу плачење туку кенкање и жалење. Ама после 30мин едвај ја смирив. Ја става раката во уста и плаче. Еве а ми спие во раце и никако поинаку. Дај боже брзо да забораве. Почна да ја бара цело време и и смета во зборувањето.
Колку години е твоето дете? И јас почнав да и ја кријам, не и давам цуцла додека е мирна, и тие зборови што почна да ги кажува ги заборави
1г и 5м уште малку. Мојата кажува ама например без цуцла е 'маче' со цуцла 'наче', 'тате' вика 'каке' и така скоро сите зборови ги мења. Почнав и јас така само за спање ама не успеав пошто од кога ќе стане не ми ја даваше. Денеска беше пресудно и ја земав и скрив. Се надевам добро дека ќе помине.
Околу 11 месеци дадов да проба цеден сок од портокал и видов дека нема алергиска реакција туку напротив обожува цеден сок од портокал од тогаш па до денес на 16 месеци.
Мојата е 1 година и 3 месеци, арно ама не кажува ни маче ни куче, само та-те, де-де и ајде, само покажува со прстот и а а а, и јас сум била таква
Секое дете различно напредува. Битно е да го стимулираш со многу зборење и читање сликовници, покажување на истите.
Јас баш сакав да прашувам дали веќе почнавте со одвикнување на цуцла. Кај мене преголеми зависници се, особено малиот. Завчера ја фрли во вц школката и си помислив сега е шанса да му кажам дека нема повеќе цуце. Луѓе онаков зависник од цуцла немам видено, пишти, се притресува, за она ми треба јака душа за да издржам. Не знам како ќе го одвикнам, ама до 5 години сигурно ќе си цуца. Зборува преку цуцла, сега ако размислам можеби затоа и чисто не зборува, исто и устата полна со храна и цуцлата исто.
Исто од збор до збор правии мојата. Става храна, па директ цуцлата и храната ја држи така. Го гледав баш и твојот мал дека се е со цуцла. Коментари добивам ама толку затоа не се потресувам, колку што сваќам дека и смета. Ќе пишам како сме поминале.
Јас до 5 години сум држела цуцла, горните 4 заби (единици и двојки) ми се нанапред искривени, ортодонтот на 12 години ми рече дека јас сум голатала како бебе, со јазикот напред, а не горе, тоа сеуште така е еве и на 30 год, навика од цуцлата, носев протеза но џабе, од ко престанав пак отидоа напред, на мајка ми и велам сега, да си ме тепала да не си ми ја давала цуцлата еден пример од лично искуство сечете побрзо дури не е касно. Не е секое дете исто, можи нема ни да има после проблем, ама 5 години што е многу многу е, сум претерала Да не сум офф сношти со мм в дневна врзал 4ч сон, потоа пак на 1ч стануваше, тоа е. Вчера и денес мојов Јадач одбива храна која ја сакал порано вчера патлижан и јајце, омилено му беше, само 1 касна, денес исто сабајле не јадеше, па му давав овошје, мислам дека конечно ќе излезат 3ките, рацете в уста му се и се лигави.
Сум го видела овој проблем и кај дете од 2 години, не е проблем што си имала цуцла до 5 години, туку ако по цел ден е во уста. Не само што забите ги искривува и не дозволува правилно да научи детето да голта, и психолошкиот момент е тежок колку е поголемо детето. Ова го пишувам стоматолог, ама и како мајка на дете што цица прст. Иста мака како и цуцлата е. За среќа го цица само за заспивање, иначе не знам ни јас што ќе правев. Еве сега вади четворки, неколку дена по цел ден цица палец, и постојано само и го тргам. Денеска подобра е, ваљда и пројде кризата. Знам еден куп примери за мајки кои мака мачат со цуцли. Верувајте, многу повеќе ќе се мачите кога со години нема да може да се исправат проблемите што цуцлата ги создава. Колку е позависно детето од цуцла, толку побрзо треба да му се тргне.