И мојата цица палец. Не цело време, за заспивање само. Месецов ми успева да и го тргнам кога заспива, цело време и зборам голема си, не е убаво така. И ме разбира. Овие 2-3недели не го става веќе во уста за заспивање, ама во текот на ноќта знае да го стави ако се подразбуди. Прво се тешев ајде бебе е, ајде до 8 месеци најчесто е, па ајде до 1 година... Мојава уште од стомак го цица. Кога и да отидевме на преглед она беше со палец во уста. Среќа што не е цело време сепак во текот на денот. Ма нешто што највеќе мразам е цицање палец. А тоа ме снајде. Се надевам полека ќе се одвикне. Стварно ме разбира кога и зборам сега, па можеби за некој месец целосно ќе престане.
Замисли несвесно уште така голтам, како бебе ми велеа да се научам горе да го ставам јазикот на непцето ама тешко ми беше, неможиш цел ден да мислиш како да голташ тоа е рефлекс, еве сега дури пишам пробувам ама нервозно е Синко јадел денес пире за ручек и спиел цели 3ч
Една од најтешките работи е тоа да се научи. Има мобилни протези што помагаат, ама реално најдобро е да се одвива непречен развој како дете отколку да се корегира кај возрасни. Работам во ортодонтска ординација, само еден пациент имам видено што научи да голта правилно од сите што дошле изминативе 5 години. Затоа очи отварајте со цуцлите и цицање прст. Повремено не е страшно, ама да не биде секој ден по цел ден.
И ние сме зависни од цуцла. Почнавме да и ја криеме, ако нема цуцла во устата ги пика двата или трите прсти пошо ја чешат непцата. Од мака.. Да се пофалам за заспивањето. Синоќа како што седнавме на земја кај играчките, ми дојде во скут и заспа. Вечерва исто, седам на фотеља, ми седеше во скут не заспа убаво туку се заврти и побара да ја префрлам на спална. Ја пресоблеков и кома. Многу сум среќна поради тоа. Ама,зс сметка на тоа со јадењето ќе се оболам. Дефинитивно ќе полудам. По дома ми викаат сум и пренесувала нервоза, едноставно Неможиш да не бидиш нервозен. Сабајлето и направив кашичка на блендерот овесни, бадем, банана, јаболка, мед, индиски ореви, проба и бљак. А убаво беше, го пробав. Сварив кори(јуфки) со кисело млеко јадеше малку од нив и патлиџан. За ручек ја нуделе телешко со грашок и пченка јок. Две три лажички мали, после јадела пак од корите. Ја будев цреши и праска не сака. Ќе скренам. Се би дала да јаде.. И мм почна да е нервозен со нејзиното нејадење. Утре ќе правам или свеки супа со тарана, ќе се најаде барем. Дали има некоја 16месеци сеуште што не зборува малото? Не кажува ништо освен Ида, Иида, да покажува 1год дека има, мама и деде. А команди се извршува, оди донеси ми перница, оди донеси ми чеканче, стетоскоп. Што правиме со чеканчето, оди напиј се вода, извади го шишето и нани.. Сите команди ги извршува.
Кај мене не зборува освен он што досега го знаеше. Куче, патче, брм брм, тит тит за свирка и е ново, и остали кратки. Ама не поврзува зборови за сега. Но сите слогови ги повторува денес ху ху цел ден викаше може и значи нешто ама засега не ја разбирам. Во секој случај разбира и слуша наредби и тоа е доволно засега. Се гледа дека иде фаза по фаза се во развојот за говорот сеуште и е рано исто како за одењето. Прво научи се па си тргна да оди. Инаку заврши фазата кошмар заклучно со вчера. Беше океј и за преку ден и навечер, денес исто. Дремката и е како големо дете од 14ч до 15ч. Вечерта во 22 заспива. Станува најкасно 07ч со цела ноќ спиење. Цел ден си играше сама додуша знае да си игра сама од секогаш али денес траеше со саати. Редеше и прередуваше, правеше кули од тоалетна хартија и гледаше многу цртани. Уствари цртаните да бидат пуштени, а она да си игра. Полека се враќа на себе си. Овошјето ми го бојкотира четири дена гледам и долните тројки пукаат. Мислев ќе одмориме после фазава али Ози ми се парализираше вчера и нон стоп сме под стрес. Мокри неконтролирано менувам пелени и кај него мора да е тишина и да не се вознемирува. И она како да разбира мирна беше денес. Почнав да се плашам дека ќе ме лупне некој мозочен од нервоза. Капак на се германциве до 31 Август не пуштаат од нон еу и нема кој да ни помогне. А толку се надевав дека ќе отворат до Јули. Каков лош период месец дена не затепа само да ми се живи и здрави сите само тоа. Ај да си легнам ви се разлигавив.
Многу се слатки колачињата @thinkerbell @FreeMind Малата кај мене од зборови кажува само мама, баба, деде, баон (балон), ода (вода), ам ам, папа, не и жиботните како прават ( маче, куче, крава, коњче). Наредбите ги разбира сите но ги извршува само тие што сака . Испаднаа сите 4-ки и конечно се наспавме две ноќи без воопшто да се разбуди, и јас за чудо станувам пред неа наспана . Го немам тој проблем со цуцла и палец, но се друго пика во уста. Едвај чекам да и заврши оралната фаза.
Ај да пишам како ни оде Вечерта наместо да се успие во 20ч стандард, се успа во 21 и 30. Веројатно чекаше цуцла за да си легне. Не ја доби, и ја успав со нишкање. Не плачеше. Кај 23:30 стана со плачење и тоа се тресеше, неможев да ја разбудам. Е сега така знае да праве и кога сонува нешто Битно неможев да ја смирам и ја земав цуцлата, не сакаше да ја фати, и уште плачеше. На крај ја подразбудив да се свести и и ја ставив, се смири и успа. Денеска за дремката како вчера. Ја изморив, истрчав. Овој пат кратко заплачи, и направив муабет дека сега ќе одиме дома и ќего видиме мачето. Се смири и се успа вака.Прстот одма после тоа го извади. Сега спие и очекувам да стане со плачење и да сака само во раци да ми спие
Моево девојче ги емитира животните, кажува мама, тато, баба, дете, тете, ало, браво, ако и побарам нешто да донесе вели оси као носи.. Последниве 2 недели повеќе збори, го носи даљинското ми вика пушти и вика нешто кон телевизорот. Кажува цеќе (цвеќе), ме носи до фрижидер бара со (сок) Кога ќе ја прашам каде е носе/усте/нозе/раце кажува и повторува на некој бебешки јазик. Последниве 2 дена кога ќе си дојдам од работа ме кара, вика и мафта со прстето, ама тоа е од шо баби/дедовци по сто пати повторуваат ќе ја караме мама кај е сега и сл... А мајка се утепа од шетање
Јас мака со тантруми немам, ама да се пожалам за инаетењето на малава. Значи она појма нема шо значи п**ка, ама по цел ден го зборува! Сабајле дури мене ми се обрати со “п**коооо”. Ме вади од такт! Зборувам,зборувам,зборувам и ја прашувам на тебе или на ѕидот му зборам? Ми вика “ на ѕидот ај пак лафи ѕидот, ај викај не лафи такаааа “ Ме за*бава !!!! Ми иде да и се изнавикам, ама се контролирам и глумам налутена, ќе дојде ќе ме гушка,бакнува,ќе лаже дека нема така да збори и после пола саат пак.. Еве “НЕ” не им одговара, е шо им одговара на овие деца? Не плескаме по газ, не тепаме, не викаме, зошто тој инат толку? Како да ја одвикнам од ова? Срам ми е дури
Лошо ли е да кажам дека твоите маки ме смеат? Знам колку ти е мачно, сори. Ама колку и да е мачно, сигурно си се смејш под брк А добро прашање од кај го слушнала зборот п****?
Хахаха знам дека ми се смешни маките И јас си се смеам на нив некогаш. Зборот го научи пред 3 месеци кога ја понудив да јаде палачинка а она почна да го кажува како п**ка. И тоа на сестра ми на камера и каже дека татко и јадел п*чка И се смеевме многу првите неколку пати, па не можев да се соберам од смеа, и неа и дојде интересно. Од прв момент ја исправав,и и кажувам дека не треба така да вила,срамота е ќе се смеат децата, ама неа и остана во глава зборот, и како од пушка у сред игра ќе се извика Допопнително, пеперутка и е п*тка, и знае да завергла едно 5 мин “ п*ка,п*тка” Во земја пропаѓам
Женски кажете некои интересни цртани по можност на македонски,моментално ни се хит пепа прасе и маша и медо и поретко биби.Малата ми е скоро 2 години па по малку гледаме и цртани и cocomelon ги сака ама сакаме и н македонски.
Цртан Јана, може е за поголеми деца но син ми сака да го гледа. Исто на македонски, песнички се но може ќе и се допаднат Дарко Биберко и Лисичко.
Хај Денес сум ваква https://tenor.com/view/tomandjerry-tom-jerry-cartoon-animation-gif-10591990 Ова дете мое,заспа вчера во 1 ипол,до 4 саат се разбуди 7пати, стана во 10,а до тогаш се разбуди уште милион пати, заборав до каде стигнав со броење Ми нема спас Официјално скокот треба да заврши до денес,ај му давам рок до утре и ајт у пм. Ни се води ни се тера вака. Лудница. И пелена менување е со вриштење и крокодилски солзи,залажување нема. Ќе кажам на мм денес да купи од гаќичките додека да мине оваа фаза на протестирање. Ми оде да го оставам гол и нека моча кај сака,само да не вришти . Доручекот еве го, го изеде само сиренцето Количински дури и мало маче јаде повеќе,отколку јас што сум му сервирала на синко. Изеде само 50 гр абц сир Тоа е. Ни ќе јаде,ни ќе спие. Не било до четворките Едноатавно,нејадач е,само по цицање. Вчера му текна,ми носи чашка мала,ми ја става под цицка да му наточам млеко да пие И јас молзев,а он надигаше чашки и пиеше . Ако знаете некаде бајчка за да пројаде или проспие,кажувајте,чарето останува таму да го барам . @thinkerbell лесни чекорчиња @FreeMind брзо оздравување на Ози Среќа со цуцла и со цицање прст немам проблем,ама и за што ќе му се кога постојано цица