Мајки син ми е 12 месеци. Ми треба совет што да му дадам да ја спречеме настинката.Од вчера почна да кашла, сега за сега е само тоа, но го осекам дека настинува. Шо да му дадам за да ја спречеме настинката.
Ве читам и се подзамислив...Без оглед на се(крвна слика,исхрана и слично) давате на малите витамини и чуда? Искрено јас ништо не давам. Секое сабајле пие сок,микс од неколку овошја (мандарина,портокал,лимон,морков,аронија,јаболче,цвекло...+маџун),и во текот на денот лапка овошје,дури знае и лимон да земе во рака и да го грицка,си веалм па доволно е витамини и превенција од настинки. Па не знам дали да продолжиме така или...?
Касно палам,од оправдани причини,мислам се разбираме Искрено,појма немам како тера со спиењево,и мене не ми е јасно. Поискусни ме советуваат каооо,легни го,исклучи се(столна лампа,тв и слично) и демек ќе знае време за спиење,ќе се противи дне-два и ќе се навикне. Аха,сто посто Не знам мајка,еве на пример вчера супер си јадеше,дури сам покажуваше пола ден накај кујна дури сконтав дека сака да проба Лења пита(пројди зајди ме гледаше дека мајсторишам нешто) и му дадов. Сабајлето(вчера,недела) стана во 8.50,легна 12.45-15.00,вечерта куфер у 20.45 и сабајле тераше до 9.20. Значи како му одговара така. Секој ден му е различен,и со спиење и со јадење а константно е струја Да се живи и здрави,како сите така и ние. Него дефинитивно заклучив дека уште е рано јас да му наложувам вака или така(како што ме советуваат други),тој раководи со нас до даљнег П.С. Инаку што се однесува до сонот,тој од бебе има мирен убав сон,пу пу....Во прво време мислев дали дека беше на „аптамил“ па сит и си хркаше без проблем,ама не ќе да беше од АД-то,имам една пријателка,и нејзиното на вештачко па речиси око не и затвораше ноќе.
mene ovoj mi go preporaca maticnata.. Planuram narednive denovi da go zemam i da go davam ovoj mesec dodeka e vakvo preodno vremevo nikakvo... Osven D3 ne davam nisto vo momentov.. Pred mesec dena ispivme vit c vo kapki od pharma vital
И ние ги имавме истите,но κога тρебаше да земеме нови,на мм му го дале ова. Ќе пρобам и јас месецов,сеκаκо еве две недели теρаме со антибиотиκ,поρади воспалено уво.
Здраво Cacuvche! Баш пред некој ден помислив дека те немам сретнато по темите! Инаку нашите дечки се ептен врсници! Јас не сум много по споредбите меѓу децата и не би изнесувала заклучоци по тоа, но те разбирам тебе како мајка и знам дека те јаде сомнеж дали и другите деца се развиваат како и твоето. Во некои работи нашите врсници се исти, јадеме супер и разновидна храна, се качуваме кај можеме, играме со играчки, сакаме пеење... Зборуваме, дури и по 2-3 збора во реченица сврзува, но некои деца покасно прозборуваат и тоа не може сам по себе да се земе како знак дека нешто не е во ред. Сепак и јас не би останала рамнодушна ако малата вербално не комуницира затоа те разбирам. Исто малце ми е чудно што се приврзал за сината боја... Обрни му внимание дали реагира на своето име, дали возврака со насмевка кога го задевате, дали прави повторувачки движења, дали е приврзан кон одреден тип играчки и сл. И напрај муабет со педијатар, оти ние мајките често безпотребно креваме паника и си умислуваме некои работи. Еден обичен преглед и разговор може многу да ти ја смири душичката! Се надевам се е во ред! Убаво денче и бацки до малото!
I nie sme tuka so mesecite. 1 god i 7 meseci ima. Malata znae okolu 15 zborcinja ( mama, tato, dede, baba, teta, daj, na, nan( za spienje)ajde, kaj si, cao, dojdi) ovie ubavo cisto gi izgovara i reagira na niv. I jas mislam deka treba povece da znae, se prasuvam da ne malce. Mnogu pati vo sebe se nerviram ( ako ima mesto za nervoza) okolu ova. Za da bides mirna cisto onaka porazgovaraj so pedijatar. Najdobro e da znae da reagira na nekoi zborcinja.
I nie sme tuka imame godina I ses meseci ama malava mi e mnogu ponapredna znae bukvalno sve me cudi i toa sto na nejzina vozdrast zborovite cisto gi kazuva znae da broe do 5 znae kako pravat zivotnite(kuce,mace,konj,krava...) e sega nie bevme slabi so spienje I jadenje ama polaku se popravame no znajte sekoe dete si e razlicno jas mislam deka nema potreba od pedijatar i on ce ti kaze isto nema potreba od panika sekoe dete si e razlicno pozdrav I od nas
Без споредби и без паники, како што ни брат и сестра не се исти , не може да бидат исти и две други деца. Се има влијание- генетика пред се, средина....на пример син ми збореше како возрасен на година и пол а ќерка ми на 21 месец одвај 5 зборови кажува , ама нивото на свесност и ' контање' и е повисоко. Уште на 14-15 месеци кога ќе и речам време е за јадење сама си зема лигавка и стои до хранилката, сама кажува дека е искакана и ми носи се што треба за пресоблекување, ако речев одиме чао ,сама земаше патики и јакна и чека до врата итн. Некои порано некои покасно. Инаку во врска со јадењето течна храна @LaDyDoLl , наше е да ги учиме и нудиме со пасирана, фингер фоод храна ама според мене кога че биде спремно ќе јаде и неблендирана храна. Со првото се потресував-да не касни со ова, со она...кого познаваме што јаде само блендирано и не знае да џвака? Јас никој. Ќерка ми грашок јаде во цели зрна ама дај и овошје го плука, затоа јаде секој ден овошно смуди со житарици.
Се сложувам со леона.Ете дома две ги имам и се потполно различни. Големата прооде на 11 месеци но со говорот забави мн.Додека малата е 15 месеци и сеуште самостојно не оди скроз но има околу 20-25 зборчиња кои ги кажува и им го знае значењето. Покажува каде се носето,ушите,каде се става капа,кажува кога е какана ,јаде сама со лажица,се труди сама дури и чорапите да ги облече. Ама ете физички е потромава за разлика од другата што беше. Полека се ке биде,се ке научат.Па уште се бебиња што се вели.Повеќе раб сп нив место цртани,таблети и се ке биде како што треба .
Точно,на малите деца тρеба многу да им се збоρува и да им се обρнува внимание. Сеκое дете е пρиκасκа за себе,не постои танκа линија што и κолκу тρеба да знае во опρеделена возρаст. И ве ρазбиρам,исто κаκо и κај нас сигуρно,големо влијание да неρвозата биде поголема,имаат луѓето од стρана. "Еее оти нема уште пρоодено,моето тρча!" "Ееее зошто не јаде κρеменадла ,ти му даваш хρана за животни?" "Ауу од таа и таа детето две години ќе пρави а уста не отвоρа!" И многу дρ ваκви,мислам деκа повеќе влијаат на нашето его. Јас не се оптеρетувам многу,детето не си го фоρсиρам за ништо,ќе дојде ден за се,мали се уште. Но,јас мноооогу збоρувам,му κажувам,го пρашувам,цело вρеме нешто учиме
Мене ужасно ме нервират с0редувања во стилот еј ќерка ми/син ми на тие месеци ова, ова, ова правеше. Не сакам да го споредувам син ми со друи деца син ми е хиперактивно дете, неуморлив. Има 12 месеци и знае да прави само браво, да покаже каде е окото на мама да каже како прави климата(бууууу), ме бакнува кога ќе му речам и толку. За зборување само мама и дај. Но прооди на неполни 12 месеци и тоа сатнува збор за крупно ( да не речам дебелко ) дете, се заигрува сам кога ќе ги наредам коцките сака сам една по една дс ги вади, една од омилените игри му е да става коцки во мало тенџерче, да го затвара капакот и да ги вади и така одново и одново. За ништо не го форсирам, си играме заедно, но бргу му здосадува и одма бара на нешто да се фати за да стане за да оде. Несакм кога луѓето си даваат на право да го коментираат растот и развојот на моето дете споредувајки го со друго дете. Секое дете си е идивидуално, различно само по себе.
Каде можам да најдам четка за заби што се става на прст? Во неколку аптеки на Зегин бев немаше. @Annath мислам дека те имам тебе читано имаш спомнувано таква четкичка, ако сум те помешала со некоја друга извини.
Јас купив од Бебесупермаркет https://m.facebook.com/bebesupermar...1449580233./668939339857739/?type=3&source=42
Majki sovet.Skoro sme dve godini.E sega imame tt 37.5 mu e moze da se kaci 37.7 i za pet minuti da mu spadni na 37.0.Dali e mozno toa da e taka od zabite momentalno gi vadime trojkite i gore i dolu mu izleguvaat nervozen e se pika vusta i da napomenam noseto mu teci.Seto ova se slucuva od zabite ili nastinka e???utre ke odime na doktor no misla mi e od sto vaka so tt.