Бајачката си ти. Од кога не цица мојата почна да спие и јаде! И тоа спиење по 12 саата континуирано без будење. До пред еден месец ова не можев ни да го замислам, а еве ми се дешава Од како е родена вака и беше редоследот: Заспиваше касно 11-12, и обавезно, значи ниту еден ден немаше промашено се до одбивањето, стануваше после 40мин, па ќе презаспие едвај некако на цицка, и во текот на ноќта минимум 3 пати стануваше. Јадење? Мисловен поим. Цел ден цицо, мислам барем сите ми ја знаат ситуацијата, ептен очајна станав и само тоа го пишував. Еве ја 2 недели не цица, заспива во 8:30-9 најкасно 10 ама ретко, спие по цела ноќ, јаде солидно. Главни оброци плус секакви ужинки. Почна и смути да ми пие, па гледам да и вметнам се што досега испуштала. Од овошје,до овес,лен, ма се мешам Заспива гушкајќи ме, станува гушкајќи ме, одма бара сокче да и правам, па лебче, и тако даље.. Тоа е чарето, за среќа или жал.
Дружино, еве не и нас. Момата наполни годинка. Среќа мајкина,порасна девојчето. Уште да почне да спие, и све ќе биити добро @Chanell* кажувај лекот за нецицање навечер.
Ја одбив наеднаш. Кај нас не палеше методот намалување подои бла бла. Наеднаш, за еден ден. Нема цицка и готово. Маж ми ја нишкаше, јас спиев ма другата страна од креветот, ако праша кај е мама и викаше на работа е.. и си презаспиваше. Тоа првите денови само. Сега не станува веќе, ни за вода дури.
Бравоо за вас. Моево е мало, што разбира кај е мајка Значи, мора да идам со директ одбивање, не со прекин на ноќни подои само.
Најсреќен на милата Намалувај подои пред да наполни 14 месеци зошто после ќе си ја полниш чашата со млеко и ќе и ја даваш да пие Заебанции на страна што порано тоа побргу. Ноќниот се трга така што не даваш три ноќи по ред и нема ни да бара. Само првата вечер е драматична. После не. @hello-kitty.90 да не сум ти во кожа. Ти изби и пред Лаки. Скроз си крш.
Мало е, сега прочитав ^Најсреќен да и е роденденот на малата Почни додека е помала и не разбира, кај нас јаки драми се дешаваа дур се одбие Ама поголема е речиси една година од твоево. Затоа категорична сум, второво здравје, максимум до година ќе цица. Ни ден подолго
Среќен роденден на малата Кај нас ноќниот подој беше и последен. Најлесно се решивме.Шише вода и нудиш додека не прифате
Ќе ја заборавев водата. Се праиш набудала @srekice и штом закемка вода шише. Ќе видиш за една недела како пие вода навечер наместо млеко.
@srekice среќен роденден, голема да расти јас од 12 до 14 месеци му давав само навечер да цица, дење не, бараше ама ќе го заиграв и така некако се одвикна и си јадеше, млеко не запи никакво само со вода останавме и ден денес @hello-kitty.90 никогаш не велам на мајка да прекине со доење, секоја мајка си знае најдобро, но мислам дека само потешко ќе биди понатака еве жив пример е @Chanell* и јас ако имам друго најмногу до година би доела, и од 6 месеци ноќе нема да давам цицка здравје ваков план имам само што кај нас од кој го одбив стана полошо ноќе, почна повеќе да станува, ама од тогаш од 14 месеци до сега 18 се мачи со 3ките, дури сега едната долу проби, сношти му дадов парацетамол и спиеше од 11ч до 4ч, замисли еве деновиве и ми одбива храна што кај него е тоа чудно оти се си јади цело време, јас мислам дека само од забите не спие. Вечерва го заспав со приказна, Црвенкапа му ја кажував и заспа без плачење, секако в раце спие 40 мин и еве го почнува да мрда за станување
Среќен роденден на малата @srekice, голема да расти Твојата е мала, можеш да почниш со намалување подои, ноќните ќе ги оставиш за крај. Како што ти пиша фри, еден подој намали, па три дена пауза, следен подој пак три дена. За крај ноќните, ќе почниш да нудиш вода и ќе се изненадиш како брзо ќе се навикне. На тој начин и ти нема да имаш проблем со градите. Нормално сето ова ќе го направиш кога ќе посакаш да прекинеш со доењето, да не испадне дека ние тука пропагираме одбивање . Кај мене малата почна да спие подолго кога се одбивме. Знае да стани 2-3 пати во текот на ноќта да ја занишкам, значи не пие веќе ништо во сон. Но има вечери и кога не се буди воопшто. Да ја преспие цела ноќ додека цицаше беше незамисливо.
@paleska3, @FreeMind ова со вода не функционира. И сестра ми истото ми го кажа. Вришти кога ќе го види шишенцето. Единствено ако се разбуди жедна, па сама го зема и пие. Ке намалам дневни, иако не цица толку. Навечер е проблемот. Ке треба јас да останам будна неколку ноќи Да ја земам во раце да ми спие, може ќе упали така Кај мм не доаѓа во предвид. Она со него не седи пет секунди ако сум до вц. Крева се во воздух. Ајде среќо, со среќа. Ама прво да помине скоков. Ми го расплака детството кај громчето сме
Ова да ти кажам дека многу лесно се решава, само ти да се решиш. Јас зошто сакав идеален ред да држам со детето, речиси се правев сама. Ако оставев некој друг да прави, оставав и список како се треба да се изведе за да не ми расипат нешто. И од сето тоа, испадна само маж ми дека не знае што да прави со детето. А малава има таква рутина што само финтата треба да и ја знаеш, дури и од улица да дојде некој може да се справи со неа. А првиот момент кога јас влегов да се бањам, а она закенкала, влегол он, запалил светло, ја кренал од кревет, и прави муабет, а она вика "мамаааа". Доаѓам јас, почнувам да викам зошто ги прави тие работи, мислам дека нема кој не знае дека јас детето штом го легнам од кревет не го вадам, а не па и светло да и запалам во спална. Он се правда "па тебе те бараше што да и правам"... Кога сум го подбрала, милион пати му имам кажано како треба, ама кој да слуша. Наредниот ден, се спакував во 8 саат и отидов да се видам со другарка. Му реков нека се снаоѓа како знае, нека си го легне детето сам. А не јас да трчам од работа за да ја заспивам зошто он не знаел како, ма немој Кога си дојдов, ми кажува како направил се што му реков и дека детето заспало за 5 минути. А, значи можело да ме слуша што зборам, а не да измислува топла вода. Нормално е детето да не ја вади "мама" од уста, ама не е нормално тоа да биде изговор за таткото дека не може да се снајде. Како што се снаоѓаш ти, ќе се снајде и он, а не ти ни до вц на раат да не можеш да одиш. Извини се расприкажав, ама уште ми е тазе ова што се изнервирав со маж ми, па сега и за маж ти се нервирам Не е во ред да бидеме супер-мајки, со се да се носиме, а таткото да не може да помогне едно раат мочање да си имаме во денот.
Ќе чекаш да помине скокот па потоа. Читај тема за одбивање сите како тебе се плашевме и викавме не бе каква вода не бива вришти. Ама тоа е само твоја перцепција реалноста вели плаче за навика, а не за млеко. Прво добро ќе ја најадеш. Па ќе чекаш многу да и се спие и ја успиваш. Штом стане подаваш вода, оставаш да плаче и пак заспива. Можеш цртани, песни и приспивни за да намалиш плачење. Али цицка јок. Тоа само три ноќи трае од кои вторите се лесни. Ајде стегни заби не биди лигле. Чим нашите зависници на Лаки и моето без никаков проблем преживеа, твоето мака ќе нема. едит: и не го лигави твојот. Остави му го детето за пет минути ќе се снајде. Нема грешка плачела со него, плаче оти ти трчаш како будала. Будалче.
@Spidy книгата ја читав. Супер е се. За второто дефинитивно ке одам според нејзе. Проблем е што немам соба за нејзе. Спие со нас во спална, во која исто нема место за креветче. Мене ми е само да ја спие ноќта, друго нема врска.Она се подрасонува, ке цицне и продолжува. Ама јас неможам да презаспијам. @FreeMind За јадење е мака. Вчера и изрендав малце праска во јадењето. Боже мој, што сторив. Абре цел ден уста затворена. Одвај касна малце телешко со палента. Гладно е, плаче. Отвара уста. Смоки цело кесе мавна
И ние имаме една спална, да имав уште една ќе ја ставев таму, ама вака мора во нашата. Ама затоа во креветче до спалната е, и исклучиво таму спие. Се има случено да ја земам на спална со мене неколку пати од х причини, сабајлето станувам како да ме тепале цела ноќ, а не ко да сум спиела. Не е тоа за мене. За второ дете се договорив со маж ми дека ако не се преселиме годинава, штом останам трудна мора поголем стан. Нема место за 2ро креветче, а со мене на кревет нема шанса! И додека цица кога сака и колку сака, нормално е и да не јаде. Не дека тоа е правило, има јадачи што и јадат и цицаат, ама по ова што имам читано, повеќето пројале кога биле одбиени од цицка. Мојава не цица, па ако нешто не и е по кејф, оди си бара млеко зошто и е полесно со шишето отколку да џвака што сум и спремила. Ако и ставам малку млеко, откако ќе го испие уште кажува "дај меме". Не можам ни да замислам што ќе ми правеше да цицаше уште....
Некој да не имал слично искуство.. Сабајлево го боли стапалото, неможи да стапни на него, го крева, сношти најверојатно се има свиткано, удрено не го сетивме, ама сношти беше ок, го фаќав седнат ништо не реагира ама неможи да стапни, нема оток...не ми гледа дека е нешто посериозно, на доктор не бевме треба да одиме на итна, од таму сиг Битола ќе не пратат, за се таму праќаат, а не ми гледа дека е сериозно.
Штом неможе да стапне јас не би го оставила така. Може да е жила превртена. Би го носела исклучиво на ортопед. Кај го носиш јави се кажи дека е итно.
Антонија е во некој скок, или заби и растат,или едноставно и е забавно да плаче во 1 по полноќ. Шала на страна, кога беше помала полесно ми беше да седам будна до 4 и двете да не спиеме, ама ова сега, јас ќе ја легнам во 21-21.30, додека да раскренам дома дошло 11, и ете ти ја во 1, после едночасовно мрдање и местење низ креветче кое секако го слушам зошто е пропратено со мм, мхх, уфф почнува да плаче да ја земам. И ќе ја земам, со нишкање и цуцла ја презаспивам едно пола саат,за во 3.30-4.00 пак да стане и да седи будна и мирна се додека е во раце, а ја спуштам или легнам одма плаче(вришти). И тоа трае до 5.30-6.00 а мене алармот за на работа ми е во 6.30. И неможам да издржам, најмногу поради тоа што знае 5-6 дена да не станува ноќе и после 2-3дена да станува. И да Ви кажам тие два часа ги делам со сопругот, еден час јас, после тоа го издигам него од кревет Ја нема примено ММР вакцината, ја немам однесено на ортопед после проодување, и неам крвна слика направено се поради оваа корона, страв ми е да се маткам по ординации. Инаку за јадење јаде и цреши и јагоди и вишни и ги вика аја, дури и ги кријам од неа зошто може само тоа да јаде цел ден. И ставете плус краставичка, сув леб, крем банана, смоки, само за тоа отвара уста и се тепа да добие, за се друго ја молиме да јаде, и јадењето ни трае еден час, не зошто за толку време се најадува туку зошто пресеков и и кажав: "Антонија мама те рани до еден час максимум, сакаш јади сакаш не, ама за повеќе мама нема живци". Инаку во последно време на успивање а и во игра ми ја става раката под маица или ми ѕирка одозгора и ми вика мама, тите а не цица веќе 4 месеци. И друго да прашам, по колку млеко ви пијат малите? Антонија пие 120 мл наутро штом стане, зошто станува во 6.30-7.00 и пред спиење 150мл и најчесто го дели на рати, у смисол пие млеко, па цуцла па пак млеко па пак цуцла и така И да се пожалам 15иполмесеци со 10.500кг
Нашите се иста возраст. И мојата така стануваше во сон и плачеше, па само во раци се успиваше. Тоа беше баш кај громчето во скокот. Ама 3,4дена така, сега е добра. Спие помирно, весела е, си игра. Не се оптеретувај со килажата, битно да е здрава
Скоро 17 месеца со неполни 10 кила. 150мл млеко сабајле, накај 100мл и давам на пладне (она би пиела и повеќе, ама јас не и давам) и 150-200мл навечер зависи колку вечерала. Пробав да не и давам ич млеко преку ден, ама не смени ништо со јадењето ручек, пак тешко јаде, и почнав пак да и давам. Сигурна сум дека да и дозволам цел ден млеко ќе пие, го обожава ова обичното. Ни мајчино ни АД не пиеше волку.