Кај мене пиеше многу млеко, кравјо домашно. Мораше се шишето да е до неа. Иде време за јадење она одбива и сака млеко. Со текот на времето ја одвикнав од денски пиење на млеко, само шишето вода стое на масата. Едино може да пие преку ден пред да заспие ако е кенкава. Навечер секако 250мл во текот на ноќта и пред заспивање 100-150мл. Многу е интересна, играме во дневна, ме фаќа за рака и ме води во спалната да ја легнам на кревет. Хахаха смешно е да се гледа.
Ние имаме соба празна, која и оваа година нема да се направи. Во спалната нема место, мм несакаше да ја тргне комодата. Креветчето е во дневна, али тамо е врвулешница. Моиве немаат осет, влагаат без тропање, друга прича е тоа. Плус готвам тамо, нема шанси. Два дена се инаети за јадење. Еве и денес. Јас нерви немам да ја хранам. Се осеќам како робинка на сопственото дете. Чекам да помине скоков. Да не е ваква кенкава, и мора да се смени. Денес ке добие паштета и леб. Можеби ќе пројаде. Веќе не гледам што јаде, мора да јаде
@srekice кај мене само леб и намаз јадеше пред да ја одбијам. И секоја вечер ја ранев леб и намаз скроз ја пунев за да знам дека не е гладна. Мора да има нешто што јаде со леб и додека го тргнеш ноќното само тоа давај нема да и е ништо за три дена. Кај мене од светски нејадач после одбивање и 4ки машала пу пу си молчам. Млеко намалив на само 125мл на ден пред преспивање бидејќи јаде доста млечни производи.
Добро кога ќе престане овој период? Сега да ја облечеме за шетање тоа беше трескање од кревет, од земја, плаќање, ечкање Вчера падна на газ, не и е прв пат, 1 саат плачеше без престан, ми идеше главата од зид да си ја трескам
Знам дека е многу,многу нервозен од забите излегоа две 4ки сега гледам прстето го глода на другата стана ги очекувам и разбирам дека не му е пријатно,но жени многу ме греби,ме кубе се само се кара,штипе,каса. Јас го карам кога ми се смее кога ме кара на бебешки. Нема разбирачка а сила има да се чуди човек. Ме боли навистина вчера толку силно ме фати за коса што инстиктивно го удрив по рака. Почна да плачи,се смири и си продолжи со ѓаволштините. Незнам не разбира ни не,ни казна ништо. Или може му одговара така. Ама не само мене и на мм исто му прави се плашам утре дете ке фати да го каса и кубе. А уште пострашно бебе кога ке го запозне... Некоја помош? А да не пишувам за плачките на секое преслекување,борби
Мене многу долго ме малтретираше и тоа само мене што е баш чудно некој револт ми изразуваше. И ме касаше и знае и сега да ме каса. Но некако се смени наеднаш еве ако не споменеше не ни приметив кога прекина. Што и да ми правеше ја игнорирав ни оф ни леле ни карање ни бутур. Ме има расплакано неколку пати со глава по нос ме маваше како игра наеднаш се фрлаше во фаца. Едноставно не разбираше ни од не ни немој. Само ја игнорирав и молчев, а во исто време инстиктивно се тргав за да примети дека не е заебанција. Ако налета да те корне тргни се наеднаш или фати му ја така извади ја косата и стани напушти ја “играта”. Така учи дека штом е лош ништо не се дешава фазла. Ова барем јас така го замислувам иако ништо не разбираат ама апсолутно ништо права табула раса.
Мојот во никој случај не дава да му сменам пелена Вришти,станува,се превртува,клоца,се удира и никако да му ставам и наместам. Пробав да не му ставам,ама 2 пати ми се измоча на ламинат. Ај што се измоча,ама не ми дава да станам да избришам. Само до него да седам и мрдање нема. Дали е некоја фаза,ама се приврза некако и за татко му,па откако ќе си дојде од работа,после јадење,не фаќа за раја,не седнува и мора да се играме на под. Никој не смее да стане. Плаче и по мене и по татко му. Јас секако и досега не можев да мрднам од него,ама сега не може и татко му. Ама ако,нека види како ми е на мене Досега еднаш се немам избањато како што треба. Еве веќе цел месец,само што ќе влезам да се бањам,почнува да плаче,го влече мм да влезат во вц и откако ќе ме види цело време плаче. И онака бањањето не ми траеше повеќе од 10 мин,со се соблекување,облекување и сушење коса,сега ми е скратено времето на пола И чудно,колку ми фали време само за мене,колку ми е напорно со него,колку не можам никаде да мрднам и ништо да правам,а ништо не превземам да си помогнам и да си земам оддишка . Еве и вчера цела ноќ се будеше,цееела . И вечерва ми изгледа дека ќе е исто. Му дадов парацетамол,малку да се смири и му ги намачкам непцата со Дентинокс. Штознам,заби да не се Кај горната тројка како да има мала линија,не можам убаво да видам,може и заби да го мачат . Ама ноќе освен што се буди често,и додека спие,не спие мирно. Само се врти,пишка,потстанува спиејќи и така станат почнува да плаче и се буди. Единствено подобрување е што од вчера како се пожалив,ручекот после си го изеде убаво,а и денеска не е лошо. Како не јадеше,ова е супер. Пак не е многу,ама не е како што беше.
После хорор периодот детето ми заспива каде стаса само не во кревет. На преместување има голема шанса да се разбуди и врзува 12 сати будна. Чаре? Буквално до последен атом си игра и се комира/ паѓа во несвест. Вака тоа изгледа:
Ајјјј, ќе ја ручкам. Не се жали женооооо. Сакаш да нишкаш ко мене во раце низ ходник кила на желудникот ке фатам
Емили бе од крајност до крајност. Си ја знаеш Чаре да си ееееептен нежна во преместување. Пошто позите не и се баш удобни
Веќе трет ден ми одбива супи, манџи, чорби, салати, купечки каши и се со месо, јајца. Се надевам дека е период оти ќе скренам. Само на житарки, некое овошје и пудинкче, овошно јогуртче е жива. Се празни калории со никаква нутритивна вредност.
Цврсти се и како топчиња испакнати, ама се консултирав со Спиди вика можно е да се местат, но рано е да излагаат. Како и да е, само трпение. Се ќе помине.
Пробај со кинески комбинации кисело благо. Месо со џем, лубеница со сирење итн. На многу им се допаѓа тој вкус може ќе упали кај малото, а и превкусни се некои комбинации особено со месо. Најчесто иде слатко од боровинки и оној киселкаст џем од рибизли кој се дава заедно со француски сирења. Бидејќи сака благо не губиш ништо и онака јаде малечко парченце. Џемот иде и со компири во релна. Можеш и ѓеврече со фета да намачкаш и џем каков и да имаш дома. Имаш на нет секакви идеи. Ако не мине тоа знаеш само трпение бидејќи јок избор. Приметив дека намали апетит кога се местеа тројките. А кога се вцрвенија непцата почна да јаде. Така да сигурно станува збор за петките. Многу се досадни забиве ужас. Ајде уште тие и готово другите не ги бројам.