Таа најмногу сака блантаво. Значи без проблем јади просо варено со вода, кус кус, овесни, интегрален гриз... Ама ако помешам со овошје или кисело млеко... Готово крај.. Не јаде. Благо сака ама одредени работи... Мед не сака, а имам домашен. Не се дави во благо, да речеш ете благи работи врват глатко. Ете денес прв пат за годинава проба лубеница и изеде две резанки, а праски не сакаше ни лани ни годинава. Лани се давеше во кајсии, годинава едвај пола кајсија да изеде. Ни сама не знам што сака. Ете купечки смути пиеше на бејби лове, сега на Нутритино ги сака, а на Хипп не сака да ги види. Чудна и специфична е премногу со јадењето. Ни кисело млеко не сака веќе, ни палента, а барем ти знаеш дека ги обожаваше. Бел ориз исто, сега не и не. Ќе пробам со кинески специјалитет, можеби тоа ќе ја воодушеви, како што има чуден вкус ништо чудно баш тоа да запали. Ама што да очекуваш од човек што јади само варени овесни и просо.
Некогаш сам ако не си згрешиш, нема кој.. Имено, си купив нескафе, да си пијам раат додека ја возам... Цело време внимавав да не ме види кога ќе го земам... Но... Ме виде. Си реков ај ќе заборави додека тргнеме, ќе ја излажам со нешто. Не бре.. На цел глас.. Даај Даај Даај Даај.. Пола го испи. Ја изморив.. Нели за да спие поубаво. Детето цееел ден око не склопи. Енергија на најјако. Заспа в кола, во 21ч. И така памет за друг пат
Исто и оваа Исто, се тепа за капучино или чај кога пиеме. Со лажица ни ги срка. Е како тоа и е вкусно, а храната не, еве не знам. Како и да е, си се откажав од кафе или скришно на екс пијам.
Исто како се нервирам, се што јадеше не јади, сабајле само убаво јаде, дукатела намаз со зеленчук 1 парче леб житолукс, за ручек некое компирче печено, крставица и ко му дадов од рибата кога зина ја исплука и нејќеше да јади после, а торта замрзната со бисквити 1 парче цело изеде Смоки..соленки...кога нејќи ништо тоа јади. Едната 3ка проби, сега другата е готова, па после горните
Океј, идеме. Дете денес најадено. Бев и денес на работа, ми кажаа дека појадувала дробсарма и патлиџан. Тоа е тоа. Да бев од почеток дома ќе давав каши овошни, житни. Јас морав да се влечам по болници и свеки ја научи такви работи да јаде за појадок. Дроб сарма за појадок бе? Со сласт си јадела, додека претходната недела се што ќе направев здраво фрлав. Будала јас мусли, овесни, овошје. И се нервирав. Ок, за ручек јадеше супа, компирче малку и краставица која само ја џвакаше и плукаше не се важи. За вечера пак супа, измеѓу спиеше кратко. Вода во количини, млеко не побара. Преслатка ми е се повеќе секој ден. Почнува да си брби по нејзино, со рацете кажува ашш дека се скрило нешто. Многу бргу учи нови работи и команди. За спање ме фати за рака пак во спална да ја носам. Лесно заспа. Се изнатрчавме во двор, надвор светка грми она гледа и покажува кон небото. Како ми се израдува денес кога стигнав од работа, ме гушна силно како да сакаше да ми каже мамо не оди пак. Цела недела бев на работа, вчера двократно и денес дежурство на ИМП. Нож со две острици е се. Една мајка ме праша како се викам и каде работам, ми се заблагодари за прегледот, пристапот и со тоа што ја третирав и советував. Ми даде поттик за понатамошната желба за педијатрија. Во четвртокот ми донесија бебе 10дена старо, педијатарката од кај нас не беше тој ден на работа, и Неможиш да вратиш никого. Што знам, ќе прегледам, ќе се консултирам со неа. Ама колку ли само беше мало. Ми беше страв да го соблечам. А истата родилна тежина ја има и со мојата. Зарем толку беше мала? Си вртев одма слики од бебче кога беше. Оф топик е, ама моментот беше шеќерен да го доприш тоа мало чудо. Си гледате слики од помали кога беа и да си се смешкате сами? Добра ноќ. @Emma2 јас со мед и го давам. Малку медче ставам, третина од мало кафено лажиче. А мм и свеки половина. @Spidy кога пиеше млеко малата во количини како вас апсолутно ништо не сакаше да јаде освен млеко да пие. Мислев дека тоа е причина што не јаде друго и почнав да и го кријам шишето т е да не е пред неа шише со млеко.
@LoveHope на позадина на тел имам слика од 4 месеци ко беше синко си гледам често и видеа, баш вчера вртев назад, едно видео кај што цица леле душа ми стопли како што велиш секој ден се се помили, сношти мм го пробал да го заспие и несакал, јас се туширав, се враќам иди ме гушка и ми кажува да седнам на кревет до него, го зедов в раце и за 10 мин заспа со приказни Добар беше ноќеска од 11 до 8ч само пати стана ама кај него тоа еднаш се случува, затоа не се радувам мн дека вечер ќе биди исто, можи да биди 100 пати полошо исто имам заприметено од ко ќе извади заб мирен е 2, 3 недели после јово наново па се надевам дека откако ќе ги извади сите заби ќе спие
Малку стоплено колку да не е од фрижидер, инаку ништо не сум додавам за заблажување. Порано пиеше 4 пати на ден по 150мл, ова сега јас и намалувам за да не претерува, знам дека и за железото не е добро многу млеко. Вака знае да си побара млеко, ама ако не и дадам не дека ќе се потресе. Комотно можам да не и давам ич, не верувам дека ќе плаче по млеко, а вака да го гледа не го оставам, и да не го допие го мијам шишето и го тргам. Јас лично сепак сакам барем 2 пати дневно да си пие млеко зошто ужасен ген за заби имам, па да внесува калциум колку што може повеќе овие години за да има поздрави трајни заби понатаму. Не дека може против мајка природа, ама повеќе од тоа не можам да направам. Колку пие твоето сега? Не знам дали да ја оставам само навечер пред спиење да пие млеко, некако еднаш на ден ми е малку. А има денови кога ни јаде оброци ни пие млеко, или да не го испие млекото а одма да оди да јаде леб. Како ќе и прдне така си прави
Добро од каде им е енергијава? Станува сабајле и одма е во трета брзина. Во 10 ја симнав пред зграда, трчаше, паѓаше во трева, цел букет цвеќиња набра (не знам што е со детево и цвеќињава, во голема љубов се). Кога се качивме јас влегов под туш, баш се препотив со неа. Јадеше, ме гледаше како се шминкам, па зема и она четка да се шминка. Заспа пред 15 минути, а јас лежам. Среќа мајка ми ми направи ручек, инаку паштета ќе јадеше маж. А треба да се спремам за на работа. Смрт ми е втора смена. Мртва уморна сум кога ќе дојде време да одам, а таму до 8 треба да бидам на нога. Си се изжалив јас
Значи аман веќе. До завчера јадеше пет работи. Од вчера ништо. Ни овошје, ни житарки. Само касна сабајле палента со кисело млеко. Ручек јок. Спука пола кеса смоки. И тоа, сама, на фотеља госпожа.Од цицка не се одлепи. Има ли крај ова? Фаза ли е, скок ли е!?
Eden sovet od mene do site vas,cuvajte si gi decata ne gi mesajte so nikoj ama apsolutno so nikoj,ne se mesajte ni vie. Nikako ne primajte doma nikoj niti baba niti dedo.
Се случило нешто? За вирусов се работи? Советот ти е на место, не велам ништо лошо. Ама така ми е малку чудно дека немаше муабет за ова ништо... Јас моето го носам кај баба и дедо... Скоро сите родители работат, барем еден од нив. Ваквата целосна изолација е тешко изводлива
Со помин нека ви е. Да го помините како од шала. Лапкајте витамини и ако не е тајна сподели како се заразивте. Гушки