Јас сакам многу да те гушнам ама гратис и корона ќе добиеш Моја препоставка од свекорот ама ќе дознаеме за некој ден. И јас го носев ама изгледа го носев кај неодговорни. Јас сум со позитивен тест,а маж ми е со сиптоми ама недоаѓаат да ги тестираат и него и малиот. Малото е супер,само многу муе тешко дома и буквално се му е дозволено само да биде подмирен и мирен.
Офф топик, ама да прашам. Имаше ли некакви симптоми и какви што се посомнева, па што се тестираше? Виртуелни гушки до малиот и уште еднаш со лесно да ви врви на сите.
Во неделата се разбудив со голема главоболка и цело тело ме болеше,вечерта качив темп 37 со 4,сабајлето се јавив кај матичната одма ми закажа за нареден ден за брис.Среќа не отидов на работа а најголема среќа не бев кај моите тие денови. Некако многу брзо издејствував а со тоа спречив катастрофа.
@monik55 со помин да е, ви посакувам побрзо оздравување, се ќе помини, се ќе биди во ред само позитивна мисла
@FreeMind јас! Толку многу работи ми се насобрани овие 2 3 месеци, мислам ќе пукнам! Добро како ги заспивате навечер, само мојата ли плаче, рика, се дере ако ја земам го раци? Нема шанси пред 12 да заспа, преку ден има една дремка 2 ипол - 3 саата, и толку, вечер заспива во 12-12ипол.
@monik55 како бе се наеднаш лошо се собира? Дали ние самите со негативната енергија влечеме уште толку негатива или таква ни е ѕвездата Со помин да е јако бате си ти. Вчера во градинка стаса со насмевка и наместо пола саат седеше еден саат си играше, се смееше. Дури и учителките приметија дека е тоа друго дете за разлика пред недела дена. Се надевам побрзо ќе оди прилагодувањето сега и за месец дена ќе имам едно слободно попладне. А како се тргнати со половина час...може и за шест месеци тек четири сати без мене да поседи. Имам чувство дека ќе се прилагоди ама ете учителките ја тупат. Зошто би чувале плус едно дете од двете кои ги чуваат нели.
Синоќа заспа како никогаш до сега. Ја легнав на спална на перницата и заспа. Кај 11 30 стана со рикање, неможев 1час да ја смирам, само сакаше во раце. Мм ме искара дека сум и дала банана (кај 20часот),дека од неа и е. Само што ќе заспие во раце гушната, ќе ја легнам вреска. Фак, фак, фак. Станав од другата страна покрај креветчето да земам перница, пак се разбуди. Имам чувство дека дете има страв кога спијам дека ќе заминам. Изминатата недела бев и сабота двокатно и недела на работа. Утрово само што станав јас за на работа она се издига, а мирно спиеше од сабајле. Ја оставив доле кај свеки плаче по мене, ја лажам дека треба да земам нешто да донесам. Многу ми е мака. Уште од бебе ја оставив.. Само кога сум втора смена се гушкаме на спална. А кога си идам од работа ја превземам јас и ја играме максимално со мм. Прекрасен татко е, прекрасен. Друг пат ќе го фалам ај, не е за него постот. Вчера попладнето до кај 20 30 игравме надвор, беше намачкана со средство за комарци, ама не и на главата. Ја каснал некој и се чешаше. Има ли некое средство што лади, што ублажува болка од убод? Или незнам што да ставам друго... Ајде на работа, убав ден. Моник, жено животот сака да ти докажи колку јака и силна жена си ти. А за тестовирањата ќе се воздржам од било каков коментар.
@monik55 душо, без симптоми и последици да поминува само Истово и мене ме плаши. Седиш дома и пазаш, ама секогаш некој одпозади ќе те "плесне" Гушни синко
Освен за синопен не ми текнува на друго за каснато. Инаку мојава 1 ден не е одделена од мене откако е родена, па пак кога спие ме проверува дали сум до неа и ако ме сум, уклучува аларм, станува и ме бара по соби. Ни дење ни ноќе не ме остава, немам кога да сработам нешто на рајат.
И официјално 2 тројки излезени уште 2 се при крај 2 ноќи е помирен, еве и ноќеска стана 2,3 пати само, во 11ч заспива во 8ч станува, уствари во 7ч ама го презаапивам и тера до 8 Го мачкам на непцата гел камистад, некако ко помирен е од него, без осанит сум 5 месеци а колку го смируваја, Короно оди си, се ни за*ба
@LoveHope јас синопен ставам. @Milaаа991 леле исто и мојата. Цело време јас ја чувам, со неа сум и навечер ако легне татко и до неа а не јас, не се смирува додека не дојдам. Еднаш испаднав сама, за 1ч ми се јави мм, слушам вриштење. Си дојдов, ме гушна и заспа. Мм се зафркава, убаво ја научил да не сум шетала сама @lackygirl кај нас 3ките беа хорор.. 1м сон не сврзавме, среќа за 1м ги извади сите. Пишував овде ни гел, ни бутур, само парацетамол ја држеше 4ч и после пак по старо...
Јас ја оставам по неколку саати и за заспивање и за шетање надвор. Не ме бара. Уште и за тоа да ми е закачена и крај.
Ако најдеш начин за полнење со позитива тагни ме. Засега не ми оди никако на лоу батери ми е. Само нека мине лошово и да останеме нормални потоа ќе се собереме некако.
Дали се плашат вашите од правосмукалката? Претходно не се плашеше, дури бучеше кога ќе ја пуштам. Сега вришти, трча наоколу, ме тегне да ја дигнам во раце. Неможам ни тоа да го направам асално, се набрзина.
Да, кога купивме нова правосмукалка за нова година (значи на годинката отприлика), почна да плаче зошто е поголема и погласна од старата. Веќе не плаче, се навикна, ама обавезно се пика во татко и додека јас чистам, па генерално не правосмукам ако сум сама со неа зошто ќе сака во раце да ја земам.
Да, син ми се плаши од бучавата, а кога не е уклучена сака многу да си игра со правосмукалката. Ќерка ми ја јава. Да нема плачки ги ставам двајцата во креветче и ме гледаат.
Кога сме кај правосмукалката, јас ја земам и одиме да шетаме, а маж собира . Па од март наваму како што работи од дома не сум ни пипнала правосмукалка. А кога сум сама најчесто собирам кога спие. Не се плаши, ама досадна е и ми се пика во нозе.