Исто и мојата, кога е изгасена си игра, ама а а уклучам вриска. Кога е мм дома ја носи надвор. @thinkerbell не кажувај, љубоморна сум колку е вреден маж ти мојот како мачето со опавчето чисте и така само се нервирам (сигурно намерно праве така за да не го терам )
https://www.philips.de/c-p/FC8782_0...VyYGyCh3fqw3zEAQYByABEgIjCfD_BwE&gclsrc=aw.ds Јас ради Ози ја имам оваа правосмукалка на Филипс. Чим он не се плаши, а кај мајка ми скокаше у вис значи нема шанси дете да ви се плаши. Со гаранција. Во Македонија се прегласни моделите ама добро таму и у кафич меревме гласност искочи дека оштетува слух па никому ништо. Не само што е речиси нечујна туку и мете многу добро. Дојче квалитет. Ја има и доле на мајка ми од овде и земав ама кога бараше знам ми спомена дека има иста само произведена во Кина. Ако има некој од тука да ви донесе уште поубаво. Кога метеме Емили е обесена на правосмукалката и ја возиме или ја пали и гаси нон стоп. Фала у ракија секако )
Нова ми е оваа, не ми прај проблеми дома Прегласна е стварно. Имав пред тоа Филипс, ама влечев глет со неа и не сакаа да ми ја уважат гаранцијата, цркна моторот. Стара 1м беше, ама многу убаво чистеше
Стигна периодот на беснило и кај мене. Вчера и денес буден уште од 6 сабајле,преспан само по 20мин вчера и денес. Се разбуди со врискање и веќе не презаспа. Само кенка и ништо не му е погодено. Ми се врти од умор веќе.
Да не те тешам али он може и повеќе Зависи што очекуваш од животот и партнерот. @LoveHope спомена, да не го фалам ама работи како коњ и на работа и дома и дете чува, анимира, чисти, пазарува. И тоа вециња секоја недела длабинско чистење. Со нараквици и додека не се изгланца нема искачање. Затоа е ова брак каде обврските се делат на пола нели. Да не отварам феминистички говори али времето на жена измеќарка оддамна е завршено. Од каде триста работи имам како мајка над глава уште да се расправам на тема чистење и ќе летне цел мебел од тераса со се куфери и потпорни ѕидови. И не дека се филмам али стварно треба малце да си застанете на нозе “машки”. Во спротивно ќерките ќе ги научите на ист живот. Не ја раѓав да чисти по дома, има да буде кралица
@monik55 нека е со помин, да минете за брзо и лесно Потполно се согласува со фри, кај нас јас сум повеќе ориентирана кон детето, и правам јадење, ја пресоблекувам и успивам. Но дома едино прашина бришам и понекогаш садеви мијам. Правосмукалка, џогер, тоалет чистење, се тоа тој прави. Машина пушта кој стигне, јас пеглам, но знае и тој ако не сум слободна во моментот. Никогаш, ама никогаш не би издржала со маж кој се чека од мене. Почна наеднаш малово да вади нови зборови, кола, гол, аде (ајде), нема... многу и ги сакам промениве, човече со кое може муабет да си направиш. Секако има и моменти кога ме вади од такт со вриштење, но одиме на подобро. Играчките не и се интересни што ги има. Некој предлог за нова интересна играчка?
Види во занимации и игри од 1 до 3 год. Не купувај џабе децава играат со кутии Помага и мојов низ дома, тој пазари, ама имам и свекрва таа си готви, сега е дома 3 месеци не оди на работа, секој ден ручек има готов и добри сме не сме ич скарани
Таман работа да се тешам. Ама некој 27г го научил поинаку, јас нема за 4г туку така да го сменам. Полека, полека прави промени. Јас само се дивам на оние мајки кои ги научиле поинаку децата. Ептен забегаме со оф топици
Дај ми ја на две недели да ти ја рентам? Живеел цел живот со мама затоа. Иначе ќе го прашав како се чисти низ дома. Нема ништо оф топик се е поврзано со здравје на дете. Патем ми изводи нешто со јадењево денес изгледа долните искачаат. Ручаше леб и намаз доволно кажува за денот во кој тргнав н страна два ручека. И после дебела, епа дебела бе!
После скокот, нови зборчиња :око, тако(трактор), пее (да и пеиш), ауо (ало, уствари го кажува awo), мосе (носе). Сите делови од телото ги научи, и намерно се чепка за да ја прашам, пробува да брои до 3, води дијалог, пример ако спиам а она стане ми вика 'мамоо' (некако специфично, неможам да го опишам) и другото е се нафрлани зборови што за нас не значат ништо. Ако ја оставам со татко и, кога ќе се вратам објаснува што правеле, со имитирање и звуци. Тоа ми текнува сега, битно огромни промени. Почнува се да разбира што зборуваме, што ја прашуваме.
@FreeMind пиша некој да ти праве друштво за плачење, ајде. Се пријавувам, а ти го игнорирав постот, не бев во тој mood тогаш. Од каде и е таа енергија, заспа сега. А јас будала да рсдкревам сега и да се бањам. Па ме зафркава не сака ова, друго сака. Изигравам кловн и пак плаче. Прегеска плачеше оти не излезе надвор во видот да шлапа, а врнеше истураше и плус грмеше/светкаше. Да ублажиме ситуација одма ја избањавме. Ми се смачи и од дете и од работа и од се. На работа наместо со медицина се занимавам како психолог да слушам разни приказни и наместо прегледот да трае кратко ефективно, слушам разни муабети. Осеќам како да се жалам само јас на темата, глупо е, ама од работа па дома со малата напорна е, нон стоп со неа, ниту наспана. Станува навечер постојано. За зборување ништо. Ама за команди експерт е.
@LoveHope и јас само се жалам, верувај и кај нас е исто на работа, мало место сите се знаеме, прашања милион, од кој си, кај си мажена, кој ти е вујко, стрико..... исто ќе си разврзат муабети ехехе, дома турбо со синко нема застанување и ноќеее ноќе посебна приказна, нема спиење, тоа е, ама се надевам за брзо ќе помини до кај 2 год и после ќе спиеме Пред 20 мин заспа одвај раце ми скина. Лесна ноќ на сите
дали давате некоје сирупче за имунитет јас користев бимунал ама сакам да сменам? 16 месеци сме давам бабјтол со омега , за имунитет сакам некое сирупче?