Дали ги одложивте вакцините ради коронава? Може глупо ми е прашањево. Во петок планирам да го носам си ко за ревакцина Дитепер, редовна му е таа. Ве читам, и не можам воопшто да се пожалам од синко засега за спиењето. Да, уште заспива околу 23ч, ама спие до сабајле до 08-09ч без станување. Зборува многу, секој ден кажува нови зборови. Од делови на телото знае да ги покаже сите, а ги кажува нога, јака (рака), око, носе. Кажува маче, медо, бише, зајче, буба, коко, ги имитира сите животни. Знае да каже дека кравата дава меко, бишето дава месе, а коко дава јајце. Вчера ми вели мамо ајде тамо, и покажува во спалната да му читам од бајките. Кажува дека тато има бада (брада), дека деде го вика мајстор итн... Многу ми е интересен. Уште нема 4 и 3ки.
Давав Флорадикс, го давав од 8м па се до скоро. Да не се подречам не се разболила од тогаш. Сега давам само маџун. @happygirl колку месеци беше баткото? Браво, за него. Сврзува ли по 2, 3 зборчиња? Мојата секој ден по нешто ново денеска беше 'цици' за ци*ки Едит:ја носев пред 2н на вакцина мрп ја прими.Јас кога бев немаше никој освен сестрата и докторката.
Кога ја Носев јас за вакцина ми закажаа во колку часот за да нема и други деца/родители. П. С мрп уште не е ставена. Планирам следната недела.
Еве јас сум мајката од 6-12 што те прочита За смешно, не е смешно. Ваљда си се тешиме со тоа дека мора некад да пројадат парчиња. Еве јас се трудам. Некад со нешто ми успева, почесто не. 9+++ е. Смоки Лино знае да јаде, ориз не. Се дави. Средина од лебче знае да џвака - ако те види ти дека јадеш. Понуди му го за појадок - бљакс. Прееска вишни му давав исецкани . Го приметив дека дирекно си ги голта. Не велам дека нема вина и во мене. Почнав со блендирано, а памтам убаво ме советуваше @FreeMind да почнам со фино пасирано. И ете тука доаѓаме до тоа - ваљда нема да јаде блендирано до матура Браво за тебе што си ја научила на време, ние што блендираме уште, ќе си се тешиме . Се согласувам дека треба да се почне со време. Ве читкам често, па више кога сте не спомнале нас од 6-12 да се јавам
Јас од кога измина тој период сфатив дека нема врска од аспект на детето како јаде додека јаде или дали пиело од чаша, шише, цуцла итн. Туку од аспект на времето е целата таа фаза. Пример сега јаде неколку месеци сама и за тоа време можеш да завршиш обврски или да пиеш кафе. Не и стоиш над глава, научила да џвака и не се дави. Сето тоа тебе те ослободува. Исто и начинот на приготвување храна од десет месеци треба да го прилагодиш на ваша трпеза, а од 12 веќе и да јаде со вас. Ова значи осамостојување и билдање самодоверба кај детето зошто таа се билда од овие ситни самостојни ствари. И не е исто дали ќе вариш блендираш или само ќе принесеш да јаде. Некои си 20 минути заштеда се во прашање. А три оброци и две ужини да блендираш ох Гош но
Ние каква банда направивме низ темиве, да не можат да ни писнат Шала на страна, барем сега и од искуство ќе знаеш како не треба со второто, здравје. Ќе пројаде, не дека не, ама во меѓувреме ти ќе се мачиш. Не дај боже и заби да расипе, па со години и друга мака да има. Само упорно, стискам палци побрзо да почне да ви краде јадење од вашите чинии. Сега чистам позади неа откако ќе јаде ама барем седнувам и јадам ко човек, а не како последно свирче со леб и паштета набрзинка да јадам колку да се рече дека нешто сум јадела. А и поздраво јадам јас зошто сега јадеме заедно, а за неа гледам поубаво да спремам.
Две прашања : Дали од шишињата со клунче на Нук се продава само клунче? Каде да најдам четка на Парадонтакс? Имам на томи типи и на колгејт. Дете се убива од плачење кога четкам, мислам дека а боли. Исто има малку поголемо непце, и знае да и претече крв.
Од Curaprox има софт и ултра софт четки, ако бараш помека. Ама колку е помека, толку потешко е да исчистиш. Јас за малата имам медиум, таман си е. За мене користам софт, ама нормално јас знам како да си ги исчистам убаво забите. Тоа што тече крв значи дека е некаде воспалено, може да е од никнување на заб или ако некаде заглавува храна. Ако крвари негде меѓу два заба, таму повеќе треба да се четка, иначе нема да се смири воспалението.
Ги има моите непциња. Ја постојано имам проблем. Незнам како да ги објаснам, велицата иде поистакната и измеѓу заби има повеќе месо од со е потребно. За долните не плаче, ама за горните плаче, се трга и мижи, се гледа дека ја боли. Мислеви јас на Curaprox ја утнав фирмата. Да пробам уште со таква, ако не плаче ќе и ги четкам подолго.
Бевме на ортопед. Ни кажа да прекинеме летово со д витамин. Да продолжиме од октомври. Фонталена конечно затворена, тоа ми беше на мисла. За одењето ми кажа дека е супер, да оди колку што може почесто бос. Сандали да избегнувам. Ако ептен мора да се затворени напред. Ние ионака сме во патики коа шетаме надвор, по двор бос и сандали кога како. Ама сите 3 пара шти ги имаме се отворени кај прстите па ќе барам сеа нови. Мора да има некои за низ двор, небива игри со вода во патики Веќе цел месец заспива сам. Само го оставам на спална. Неколку пати сакав да пишам да се пофалам како лесно минавме ама кога и да влезев во темава некој имаше што ќе се пожали со спиење, јадење, заби па така незгодно ми беше да се фалам И млеко повеќе несака да пие пред спиење. Ама океј. Една година доење, па уште пола година којзо млеко...па добро беше. Сега сметам дека е доволно со исхраната. Вечерата му е млечна, јаде многу кисело млеко и доволно е. Нема да го форсирам со пиење млеко. Пробавме мочање во нокшир ама не иде. Го облеков во гакички и се моча во нив. Коа ќе му дојде не дава никакви знаци ниту пак кажува дека ќе моча. Само низ игра или што и да прави ќе застане и ќе се измоча. Некогаш не ни застанува али знам дека ова е долг процес и треба трпение. Секако е мал па ќе видиме како ќе биде. Сега не покажува ниту отпор ниту пак знаци дека ќе научи. Како индиферентен е кај ќе се измоча. Дали има пелена или не сеедно. Јас ќе пробувам онака без форсирање. Чисто колку да се излуфтира по некој саат без пелена на жешково
@AlicaInWonderland за спиењево браво умно дете За мочкањево исто е, го оставам гол или му облекувам долни пижамчиња и си се моча кај ќе стигни нека се луфтира малку, а дека ќе научи да кажува не верувам и јас. Помирен е неколку ноќи, 2 до 3 пати станува само од 11 до 8ч.
@AlicaInWonderland зошто не треба да носи сандалки,ти даде објаснување? Изгледа џабе ги купивме! И моето не дава знаци кога ќе мочка,се игра,наеднаш застанува и чшшшшш,прави вирче . Пробав да го ставам на нокшир,ама немам ориентација на колку време,па не би да бришам мочки од под,а и он и онака е залепен за мене,па и да сакам,немам кога да бришам. А и он некогаш сака да седне на нокшир,некогаш не,па затоа ќе почекаме. Дека плаче на ставање пелена,мислев да пробаме,ама дефинитивно не му е време сега. Сеуште е ужас на сите полиња ,да не почнувам пак со жалење Вчера навечер и тт ми качи,едвај се симнуваше малку и пак нагоре. До 39 одеше,според безконтактниот,а дигиталниот и обичниот вриштеше само што ќе ги види,па не успеав да премерувам и со нив. А со овој "модерниов" колку пати и да измериш,се различно покажува . Бевме на преглед,малку му е црвено грлото,не кашла,не му тече носе. Завчера се играше во двор со црево и вода од чешма,се шлапаше,сигурно му е од тоа,ама пак ми е мисла . Контакти не сме имале,освен домашните,ама штознам,да не биде ние пазиме,ама другите и не баш . Се надевам не е тоа. И крвна слика,не сакаа да му проверат,не вратија од лабораторија,многу заболени имало,не би ризикувале да му проверуваат . Па фаќавме врски за на др.место за утре сабајле,впрочем и се на тој начин функционира во државичево наше . Разбирам дека сите си се пазат и имаат потполно право,ама нели има заштитна опрема,посебен начин на работа,нека си се заштитат,зарем во време на Корона,ништо не може да функционира и сите слободно може да испоумреме? Доста ширев негатива,ама стварно ми е смачено веќе. Око немам склопено веќе 28 часа,освен крадење секунди седејќи. Тоа е. @monik55 со лесно да минете,се надевам не сме и ние во иста ситуација Нормално е матичната да не се посомнева на корона и ништо поврзано со тоа да не не праша?
Ај кој е модератор тука нека ја “исфрли” Алиса од темава? Од 11.30 паѓа за спиење и уште не е заспана ова е лудило. Паѓа и си игра легната на земја моментално. Ако ја допреш пискот и се освестува за следни саат и половина. Лудило! Има ли некое што не преспива преку ден на година и шест месеци? Или ќе ја запишеме мојава како прва. Ама пак убер досадна е ако не е спана...
Ги утна месеците Нели е 1г и 4 +? Мојата денеска прави 1г и 5м. Алиса ни е позитива никогаш не се жале, мора и нешто такво на темата
Едно комшивче кај мајка ми не преспиваше воопшто дење после годината, да те утешам енеја 16 години е препаметна е мајка ми ми вели не спијаше од радознало што беше што сакаше се да знај Гого од 12 и пол спие уштр не е станат На камера си го гледам Спојлер: Слика