Да скоро секој ден по 3 часа спие, ретко 1 саат и пол или 2. Ама и ако спие по 1ч во денот пак исто е ноќе, дури и полошо, и така пробано е по 1ч да спие демек ноќта повеќе ќе спие ма јок кај него ништо нема врска и баталив се сега, сиг сум дека само од забите не спие,еве го сега извади 2 тројки и одма помирен е ноќе...
И името ќе си го утнам уште не спие.. Си уплатив за психолог некоја сеанса мора да се преслушам до каде сум. Ова нормален човек не го издржува.
Не сум ти јас за јога ќе заспијам таму. Заспа. Рекордерка е мојава. Го пијам кафето ладно мраз на тераса и идам да се удавам под туш.
@hello-kitty.90 за сандалите ми објасни дека скоро сите како модел биле лоши, дека отворени напред и им стварале нестабилност и несигурност и кога газеле им бегала ногата напред и го стегале рефлексно стапалото. Па затоа ако носи да бидат напред затворени и цврсто да го држат глуждот. До 3 години се формирало стапалото и затоа било добро да газат боси по разни површини, посебно трева, песок... Рамните стапала се оформувале до 3тата година @FreeMind мислев и заврши фазава на Емили. Ја гледам на инста, каква е бонбона И ми делува ко самостојна девојка. Мојов да се расплаче каков е лигав, коа ќе се бутне во мене не мрда. Она се држи сама @BabyT* се жалев во 10ти скок Како што бев навикната се со ред и се под контрола, тоа ми беше хаос. Голема улога има и тоа што и маж ми е слободен цело време па во секој момент можам да земам издишка и да одморам. Во секоја ситуација имам и некој друг да се справи...па не е товарот само на мене. А и детево не е захтевно. Со спиење и јадење сме со ред, а со другото е лесно да се справиш со наспано и најадено дете
Да пробаш во контиутет да му правиш така саат време спиење,до вечер уморување и можеби нешто ќе се промени.Ако си мислиш дека се забите батали ќе помине,ќе се врати во нормала. И јас во глобала немам проблеми со спиењето,т.е јас имам хронична ннесоница ама деците ми спијат Ама па за тоа имаме одреден ред кој ако малку им се измести тајминг лошо е.Станува сабајле 7 најкасно 8,доручек,надвор до кај 12 1,и има преспивање од 2 саати.Ручаат и пак надвор.Навечер се знае 8 најкасно 9 заспиваат.Кај мене е друг проблем,ако во исто време не ги заспивам тогаш и тој што заспал ќе биде разбуден Морав да им усогласам термини исти на двајцата.Е сега сме ограничени со шетање,поготово летно време,сите шетаат излегуваат,а ние најкасно 8 9 мора да сме дома и спремни за спиење.И ако не преспијат преку ден барем 1 саат тогаш се претвараат во гоблини.
@AlicaInWonderland само хоророт заврши, а заспивањето остана многу тешко. И нелогично за бебе. Како да се бори со себе си со задни сили да остане будна. Се разбуди после 40мин. Она од никад не сакала да ја допираш кога плаче. Ако ја допреш нема смирување, а камоли да ја гушнеш повраќа во млаз. И денес поврати од плачење мајка ми ме убедуваше дека треба да ја гушнам и и демонстрирав што се дешава. Додуша ниту јас сакам некој да ме гушка и да ми збори кога сум лута па тоа и е наследено од мене. Ако, ја оставам али барем да преспие. Инаку не спиена почнува да кемка од 11.30ч. Денес задпа дури во 17ч, комплетно да ти пукне глава. Ниту сака да си игра, ни да лежи, ни да седи...знаете како е кај дете кога му се спие. И целиот ден го трошиш фактички “успивајќи ја”. А обврски останати еден тон. Секој ден само се трупаат, ние уморни навечер кога ќе заспие пред неа заспиваме за да се издржи цел ден. А се останато иде во втор план. Се убив од жалење. Ама таа е.
Денеска отидов да се средам, и после 10мин ми се јави мм да ми каже дека се успала,2 дремка Сега ќе дремам до касно и пак ќе се издига во 6 Битно имам нокти Мојата кога ќе се ударе, плаче со сила и иде ми дава да го бакнам тоа што си го ударила. Незнам од каде го видела ова, ама помага Гушкало е невидено
Исто и мојава кога ќе се удри иди да ја бацам и да го натепаме бара и во принцип ретко плаче кога ќе падне. А какви и се нозете модри, мене ми се плаче кај ја гледам. Денес тенџере росвајтно од кујна вадеше и и падна на ноџе и богами поплака. Додуша јас повеќе би плачела. Сега има модро на ноџето.
Иста е и мојата, туку влечи работи поголеми од неа. Сабајле јас во кујна она ми го носи лаптопот залетана, бибии Пред некоја ден и падна таблетот на палецот на ногата и е потемнат, се надевам нема да падне. Модрици е цела затоа што уште лазе надвор
Делот со “да го натепаме” тргни го замисли на тој начин уствари не учеле дека треба “се да натепаме” и потоа. Баш пред некој ден читав за овие карактеристики кои ги користиме, а треба да ги исфрлиме. Има бакнување на местото, но не и да го натепаме подот со кој и укажуваме дека утре ако се спрепне од некое дете треба и да го натепа. Од утрински мудрости ***
Џабе јас зборам цело време.. Мама сите деца ги галиме, сѐ галиме, сите ги сакаме., кога баба и еднаш ќе дојде и веднаш и вика на малата Бабе удри го дедо ти... И се враќам од работа па ми се жали.. Пичгрл, Нева не тепаше... Е па... сами сте го барале. Јас после се срамам на улица кога ќе удри другарче...
Исто како @PeachGirl овие глупости ги учи од баба и дедои. Јас дури се зачудев кога видов дека оди и мава по предметот кој ја удрил, па уште и на на му вика. Ние со мм во замена сега ја учиме само да ја бакнеме на местото, а делот што бара да тепаме, го игнорираме. Еве вчера бевме кај свекор ми и свекрва ми и знчи секој втор муабет им е на на по газето. И мм не издржа и им рече, ние ја учиме да гали и гушка, да биде љубов, а не на насилство. А да така треба, вика свекор ми, еве сега ги чекам ма гости, гарант пак ќе биде на на по газего.
Леле за ова "ќе го натепаме" одамна сакав да пишам, пред некој месец си идам од работа и тепа кај ќе се удри се зачудив, а баш со мм зборувавме дека несакам така да се учи оти утре ќе мавни на дете, ама џабе некој друг не претекнал го научија баба му и дедо му...па уште горди што го научиле, еве уште го држи, дури не го удри местото плачи после прекинува. Ќе му помини, не е воопшто агресивен ни со деца, ни со животни, како нежно ги гали мачињата, имаме мали Ноќеска полошо од др денови, стануваше повеќе пати ама не плачеше денес во 9ч станал. Едит, вчера кај мајка ми кучето му дишело, знаете како дишат кучиња Ха ха ха и одам ми покажува хахаха се пресмеав
Јас редовно се расправам со стариве за тоа тепање. Маче ќе тепале, куче ќе тепале, таму кај што се удрила ќе тепале.. стоооооп бре. Она сите мачиња и кучиња ги гушка, сака да ги бакнува без разлика улични/не улични, ама кај мене нема “мрш,пиш”, туку ја учам да ги сака и гали. Со мене нема тепање, само бакнување каде е удареното и секундарно и поминува. Дури и пак ќе се чукне намерно и ќе ми рече “цуни пак мамо”. Маза. Уште од мајка ми слушнав “п**ка ти мајчина” и после од кај учела,од кај тоа го зборела? Простотилак невиден. На татко ми така му се обрати пропратно со други навредливи зборови, баш пред неа! Срамотилак. Баш убаво си го воспитувам детето, од вакви прости луѓе на кои пцуењето,тепањето и дерењето им е нормално секојдневие, не можеш да очекуваш ништо. Пререкувајте им. Дома со нас се едни, со старите други.
Значи сите стари се исти. Свекор ми е душа човек ама знае да рече удри го дедо, јас упорно трубам не мама гални го, не тепај. Имаше едно кученце цело крлежи и малата му се радуваше, како залаа ја уплаши. И баба и бранителот, сега баба ќе го истепа кучето. И викам ние не тепаме животни, она е на мајка и и ги сака. И вика се зафркавам јас. Не не се зафркаваш...
За тепање да не правам муабет. Се тепа сама, ме тепа мене, од баба и е научена ако направи нешто што не треба ја удара по раката. Некни пред мм ја удри, па кажа дека како невоспитена била, молим!? Мм кога и се нави, мајка му незнаеше каде е вратата. @FreeMind ич не се замарај со обврски, јас бев како болна дома се да е средено, цело време пеглав, чистев, собирав алишта, бев преуморена, незнаев како се викам навечер, сега преку недела само ручек, некоја машина и тоа е тоа, преку викенд кога мм е дома ми средуваме покрупните работи.
Значи гледам, читам и не ми се верува колку се сите стари исти. Па ако им преречеш се лутат, како ние се знаеме. Значи свекор ми зел за уши тегни живитни пред неа, па и свекрва ми ја ја тегне и ја охрабрува и неа зауше да ја фатела да ја трга. Јас не знам од каде им идат овие глупости. И после зошто децата се насилни со животни. Или зел куклата ја мава и ја фрла и и вика мрш кукло, па оваа му ја враќа и се смее. Што ја учи ако не насилство со тоа. Јас му викам ние куклите ги галиме, заспиваме, раниме и гушкаме, не ги тепаме, ама нему смешна му била играта, а и малата се радувала. Или цело време и вика ти си мало бебе и сега за неа збори цело време дека е бебе. Кога ја прашувам што си ти ми вика бебе или како се викаш бебе ми одговара. Значи има име, не е таа бебе веќе.
Што убаво сте се испоприкажале. Ич да не жалам што не оставам дете кај свекор и свекрва Вчера на гости ја однесовме, малава лаџи, им ја сврте целата куќа. Абе инат свекрвски, да речеше браво бабе. Ќе си пукне од љубомора пуста. Ја фатила со сила, ајде, ајде бабе оди. Треба да одиш. Ја исправа и со сила ја застанува на кревет. Али којава итрица, врисна одма. Несака никој да ја гњави и да и помага. Сака се сама да прави. Сама да, се исправи и да оди држејќи се за кревет. Алиии, пусти инат старински. Се запна боза да и даде ке си умрам. Затоа ке ја гледа пола саат у две недели.
Хахаха боза бе охохо примери колку сакаш. Ако направи нешто кај мајка ми и јас ќе му кажам, демек Да аха кај мама прооди (ова навистина така е) и свекрва ми нишш не вели, љубоморна е стварно е... др пример: се плашеше од блендерот и секогаш кога ќе блендирав, му велеше, ела сега мама ќе брчи и синко одма почнуваше да плачи, јас му реков на мм немојте така не му велете оти и тој правеше така и тој ме послуша (во се ме поддржува), му реков ко ќе блендирам ти скрени му внимание, и така направи и синко не ни забележа дека брчи...др ден иди свекрва ми и пак исто, и и реков малку ко со поинаков тон, се изнервирав, Немој така да му велиш, оти ти исто ко да му велиш ела сега, ќе брчи мајка ти и ти треба да се плашиш, оди заиграј го и ништо не вели, прави се како да не слушаш и ти дека брчам и ништо не рече и синко не заплака И уште нешто што ме нервира многу и свекор и свекрва и мм, многу НЕ му велат, НЕ таму, НЕ ова, НЕ, НЕ, НЕ....со мм успеав малку да го одвикнам, ама уште се заборава, му велам немој така неможи се да му е НЕ дома, ако прави нешто опасно Ок ама за се не се вели не, или појди и тргни го, или др нешто заиграј го... Се расприкажав и јас