Јас незнам како да го натерам детево да се наспие убаво. Ајде исфрливме цртани се убаво си заспива ама спие само по 1 саат денски, од 11 до 12 и после ми плачи до 20h. Втора дремка нема шанси и цел ден да лежиме џабе е. Многу се нервирам
Хахаха, да, да боза. Некни на роденденот јас останав вџашена. Она и девер ми, на малото, кое има седум месеци. Му дадоа дс проба се. Буквално сѐ. Руска, увијач, кебапи, сувомеснати. Така се пробувало. А не како мене. Затоа ништо не ми јадела. Така да, сите баби си тераат по свое кога се сами со внуците. Воглавном. Мојава за се викаше дека е од уплав. И од блендер и од правосмукалка. Па свекор ми на само му викаше на мм да ја мосиме на бајачка. И ден денес истото го прават. Али мали не се плаши од ништо.
Бог да чува, а и да брани! + Тоа како на мм стрина му, ја носела ќерка и да и дават некој влакна, абее.. А неможе да прифати дека детето има говорна мана и дека и треба логопед на пример, ама нели за старски работи прва е. Нели, недај Боже, на секој може да му се случи и дете на логопед, психолог да носи, ама треба да се помириш со фактот дека му треба стручна помош, и дека навреме треба да се сфати таа работа озбилно, а не да одеш кај некои баби влакна да вадат, ама нели треба и едукација и консултација со стручно лице..
Не се сите стари исти. Ама сепак колку и да е претешко сепак се радувам дека ќе ја воспитам бомбона. Баш како што јас милувам и сметам дека би била идеална за светов кој ја очекува. Отворена и остра, прав борец за природа и жив свет и културна. И да пцуе течно без заддршка се што и смета на тој пат. Јел нема идеален човек нели. И сарказам да владее на повисок левел од постоечкиот да го надгради. И да шета од пелени така ќе научи разни култури и менталитети и ќе стане најбогат човек на светот. Среќа овде има илјадници програми преку школо каде може да иде во фамилии и да учи јазик или да шетаат низ земјата. Можностите ќе ги има за се што ќе посака, само треба да биде паметна да ги искористи најдобро што може. Мое е да ја изглетувам срча да ја направам И гледаш минат дваесет години влага дома со Курт Кобеин (роден-умрен) маица и ми вели стара дај пет евра за кафе?
Мила ме потсети, и синко не знае да си го каже името уште, за себе вика бебе. А ни јас ни мм не му викаме одамна дека е бебе Бабите и дедовците ги гледа еднаш неделно, и овие тука, и моите во Кочани. Досега за ништо немав недоразбирање или нервоза, сите не слушаа(т) мене и мм во врска со јадење, спиење и се останато. А да го прашаш како се викаат мама и тато, знае да ги каже нашите имиња во скратена верзија. Ама неговото не.
Инаку, муабетот ми бе. Два дена пробувам да не давам да цица навечер. Се буди на еден саат. Успевам до 5 сабајле со нишање и шетање низ куќа. Но губам сила во пет, и се откажувам. Цица, заспива и во 7 кукурек. Заспива во 22.Мртва ненаспана сум. Вади горе единици. Да продолжам, или да се откажам
А да се поделите со маж ти, ти да нишкаш до 3 на пример, па он до 7? Малку ако спиеш повеќе многу повеќе сила ќе имаш. Мојата не цицаше ноќе од многу мала, па стануваше кога вадеше заби. Јас давав парацетамол ден два додека да помине најтешкото.
Мм работи секој ден од 6.Во пет веќе излегува. Затоа ми е малце неизводливо. Плус работи со тешки отрови, мора да е максимално сконцентриран. Треба да чекам да биде на одмор Знам дека од заби се буди толку многу. Онака во добрите станува 2 пати. Посекако она ке станува да ја нишкам сега, без разлика дали цица или не. Значи да не престанувам. Барем едно нишкање да ме одмени мм ќе биде супер. Заборавив. Смеам да и дадам парацетамол пред спиење?
Тогаш он нека ја земе првата смена барем до кај 1-2, да врзеш и ти 4-5 часа сон. Парацетамол сируп се дава за никнување на заби пола од дозата што се дава за температура, во упатството пишува колку се дава според килажа. Мене малата редовно ми спие, па ако станува ноќе 2 дена по ред знам дека нешто ја мачи, скоковите не ги осеќам обично за да тоа биде причина да се буди. Ако трет ден по ред стане обавезно давам парацетамол, и до сега секојпат биле заби во прашање и сирупот многу и помага.
Ама немој вака он на работа е. @srekice вади тоа памукот од себе и дај му ја нека ја нишка. Не си го прави тоа на себе си да му бараш оправдувања. Сто пати поодговорни работи работат и не спијат навечер со месеци. Вечер речи му: извини среќо али ис јор трн ајм гоинг ту слип хев фан
Леле немој вака, прво го прочитав ова со сериозен тон и си викам Фри забегала Додека бев на породилно, и јас го штедев доста маж ми, ама и мирно бебе беше, не дека јас бев измачена. Од кога сум на работа мора поделба. Он сака да спие сабајле, така да јас сум задолжена од 4 сабајле до ручек. Попладне, успивање, и прва половина од ноќта е негов терен. Ако се расплаче на полноќ, јас си гледам серија, он иде да ја презаспие. Не дека ако сум дома пак јас повеќе се занимавам со детето, ама така сме се поделиле, ако има нешто се знае кој кога е задолжен. Јас работам со луѓе, одам и втора смена, работам и викенд, двете баби се тука да помогнат кога треба, ама воопшто не гледам причина зошто јас да седам цела ноќ со дете што плаче, а он да си игра на компјутер или да спие за тоа време.
Јас секој ден сум задолжена од 08-16ч со еден саат пауза од 12-13. Потоа светот да се сврти не ме интересира. И каков малер пак во моја смена не спие. Еве ја од седум саат втора ужина е на ред никако дете да заспие
Дали ги користи некој пелениве Pampers active? Од Виолета се разочарав, па морам да сменам.. Кое бројче за 12кг?
Ако имате дм на бејби лав се убави пелените и гаќичките. Би требало 6ка да и земеш до 17+ кг се. Заспа денес во 17.30 и тоа надвор во количка. Од што веќе не можеше да оди и паѓаше како пијана. Али денес не се нервирав ја оставив и не се обидував да ја успијам.
@srekice Вчера купив гига пакување од рамстор 80пелени за 950 ден (1150 па 200 враќаат на клуб картичка) , ако немаат пропуштено ноќеска да си докупам уште 2 пакувања додека се на попуст.. Инаку зедов 6ка, 13+кг се.