Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ааа, вие сте големи. Ма топ се. Јас пробав до сега Becutan, Violeta, Baby love, Diapers, Huggies, Mamia.Последниве две систер ги прати од Австралија.
    За кај нас цела ноќ 12+ само памперс актив ми издржала.И детето било скроз суво. Си ги начекала на супер попуст. Од тамо и од Еурофарм купувај. Друг квалитет се во Зегин.

    Што мачкате за заби? Купив вчера на Frezyderm, ама пробав на себе, некако баш го утрнува местото. И има јак мирис.
     
  2. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    На фризидерм и ние користиме. Имам и дентинокс ама на фризи го отрпнува местото и малку и олеснува.

    Синоќа хорор. Заспа мирно, убаво. Стана кај 11 30 и толку. Плачење, липање. Не ја сака спалната како просторија,незнам што и беше.
    Ја Носев во раце во дневна и др соба. Ајде во детската да заспиеме на креветот ма јок, и текна дека сака да игра. Плачење, играње, не скрена.
    Мм го оставивме во спална, се изнервира и он, ама џабе, морав да се тргнам со неа за да не се караме. Заспа накај 3 и нешто, сабајле пак рано стана.
    Мм и свеки викат дека се плаше нешто. Пред некој ден спиеше доле, свеки кажува ја преседиле ноќта така. Непца топли, мачкам, ама мака има.
    Абе аманте,второ јок.
    Неможам, ми треба одмор.
     
    На NNA, paleska3, happygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Дали истото ви се случува?
    Почна често да се приплашува :?:
    Во близина каде што живееме има пруги и поминува воз согурно 4,5 пати во ден и баш тука свири ама ептен се слуша
    Порано гајле немаше ама сега кога ќе слушне трча накај мене со сета сила се џитка и мислам на глава ќе ми седне,како да мисли дека ја брка некој па ќе ја фати за ноџе,е баш така :D малку смешно ми паѓа ама нез што и е...
    Исто и надвор кога шетаме од звуци чудни се штрека,и приметив и од инсекти мува кога ќе се пикне дома ја бркам викам ишшш и она пак се пика и се плаши:?:
    И Објаснувам за се убаво,за да разбере ублажува,ама пак се повторува..
    Ги прашував да не и збореле за возот,за инсекти нешто за да и набие страв и сомнеж ама рекоа Не
    Може фаза е..
    А за имиња прочитав дека зборите,знае да си го каже името ама без Р нели нормално и чудно звучи
    И сите ја прашуваат како ќе се вика сестричката и она прво кажува ама мнг убаво и слатко го кажува името и иде накај мене демек да го покаже бебе,и зима ми крева маица пред кој и да е и ми го гали стомакот и вика ооо ооо бебе :$:$ :rofl:

    За спиење веќе поодамна не спие преку ден ИЧ
    И затоа заспива во 9,10 навечер и спие по 12 саати со две станувања за да пие водичка до неа ставена...Топ вака
    Ама сестре кога ќе се појави нез колку топ ќе биде или се ќе се поремети хаха
     
    На NNA, hello-kitty.90, Milaаа991 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    @Bella* ич не легнува? Зарем не е досадна? И како дојде до таа фаза?
     
    На S.J.Parker и АнеАце им се допаѓа ова.
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Се изморува до макс..досадна е на моменти не е страшно (за среќа)
    Цело време е во активност,си игра со било што си наоѓа и сама занимација, во двор е по 2-3 часа преку ден а навечер пешачиме исто по 2 часа секоја вечер и јас да се раздвижам и она да се измори и кога ќе си дојдеме дома како труп заспива а најчесто во кола накај дома :)
    Значи нема заспивање нишање ништо од тоа скоро цел месец
    Преку ден кога почна да не спие се сеќирав како тоа мала е да не спие ама се советував со педијатар и рече да не ја тераме на сила ако несака и ако спие навечер 12 саата е доволно
     
    На NNA, Milaаа991, paleska3 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.660
    Пол:
    Женски
    @srekice сите пелени ги имам пробано, најдобри ми беа Pufies, сега користам Diapers веќе 7, 8 месеци супер се не прокиснува моево во никој, ама спие само на грб и евентуално на страна, на меше не спие, пелена ставам во 9ч до сабајле до 8ч ја носи, ноќе пие вода околу 100мл, можи да прокисни ко ќе стани и ко ќе седни на газ сабајлето иначе не :)
    Ноќеска мм спиеше со нас, грчеше цела ноќ :doh: синко само 1 стана во 4ч а јас кутрата на средина ич не заспав :(
     
    На NNA, srekice и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  7. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Има ли некој слично искуство..?
    Детево на секое 'не', 'не може' или 'немој' почнува сам да удира со главата. Во софа,во врата,во комода,буквално во се што му е во близина. Понекогаш се наведнува и од под си ја удира главата. Почнува да ме нервира веќе,не гледа ни каде ни во што... :sweat:
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Дали пречесто го користите тоа, не?
    Може детето се чувствува како да не смее ништо и тоа го фрустрира.
    Јас ако не смее нешто ја зимам и ја носам каде што смее, и она ќе се заигра.
    Мнпгу ретко не и дозволувам работи, освен ако се животно загрозувачки.
     
    На srekice, Milaаа991, PeachGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    7.267
    Пол:
    Женски
    Јас од почеток до сега користев Виолета ама последното пакување како памук/конци цело газе и беше на малата. Им пишав и мн коректен однос имаа, ми кажаа дека во текот на неделата ќе ме исконтактираат да ми донесат ново пакување.
    Инаку 18м е, 12+кг ама ок и е 6ката.
    Многу се потенки од Виолета, ќе и биде полесно летово.

    За гелчињата дентинокс и грнулите и гелот Оси мислм најмногу ефект имаа и дополнително давај во цуцла од оние за овошје со дупчиња стави и смрзнато овошје, да ги излади непцињата..

    Пројаде по малку, се инати ама со молење и лом околу нас лапнува по нешто..
    @FreeMind лелее детево карактер од пред да се роди покажа :x
    Поддршка и што побрзо да се смири :hug:
     
    На srekice, Milaаа991, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    @BabyT* Не мислам дека е пречесто,туку само кога навистина треба. Не можам по цел ден да одам по него и само да го тргам,18+ е веќе. Многу е темпераментен и само пробува по нешто или да се качи на маса,на столица,пробува да излезе од креветчето. Не знам како на друг начин би му објаснила дека не смее без користење на тој збор. Други деца реагираат на пример со плачење или кенкање кога нешто не им се дозволува, он сам се удира. Притоа од наша страна никогаш не е пипнат,не знам од каде воопшто му доаѓа тоа.
     
    На FreeMind и lackygirl им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.660
    Пол:
    Женски
    Да се маваше пред некое време, пред месец да речам, сега не...
     
    На Minnie 1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Може е фаза. Кажувај му да не се удара, ќе го боли, гушни го. Белки ќе прекине.
     
    На Minnie 1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Пробувам, никогаш не му се развикувам туку го тргам да престане и му зборувам дека не е убаво, дека ќе го боли...Се надевам дека ќе му помине фазава или што и да е.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    24.278
    Пол:
    Женски
    На синко му излегоа долните две 4ки, а не го ни осетивме. Синоќа случајно го проверив, и гледам растат веќе.

    Имаше период кога беше мн нервозен пред некој месец, тогаш му беа набабрени сите 4ки и 3ки. И дури сега почнаа да пробиваат конечно едни по едни.
     
    На NNA, Milaаа991, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те плашам али четворките се најлесни. Да не ти се деси ова што ми се дешава со тројките. Психички подготви се за нив. Горните убаво испаднаа долните ги нема уште. Сигурна сум имаат влијание во ова неспиење.

    Во количка надвор спие. Вака и ја одбивав од цицање вака го минеме и овој тежок период. Како новороденче надвор во количка дома никако заспивање преку ден. Најбитно е да заспие зошто не може ни да оди ако не е преспана. Како да халуцинира.

    Може и говорот ја мачи значи нон стоп зборува кажува и некои зборови кои не ја разбираме дури со глума со глава со се како приказна да ни раскажува. Ова е ново два дена. Уста не затвора али зборовите не ги препознавам звучат како зборови али не можам да ги поврзам со ништо.

    @LoveHope истиот период го минеме. Барем ти имаш кому да ја оставиш. Зголеми на железо и некои таблети за смирување не е на одмет. Јас земам некои хомеопатски, плус тироиднава никако да се намести и не ми е добро повторно. Уплатив онлајн гешталт психотерапија се надевам ќе ме крене малку, девојката ја фалат како одличен стручњак. Од ова ако испаднеме нормални треба да си прославиме.

    @Minnie 1 скоро читав за Не и немој само не ми текнува каде. Битно не ги користи зборовите го правиш несигурен и затоа реагира така. Обиди се да ја прераскажеш ситуацијата со прашални реченици пример: Зарем ова е добро што го правиш? Зарем така треба да реагираме малечок? Не би требало мама. Многу е подобро да ме послушаш. Погледни што ќе ти дадам погледни добро (прекинува) му даваш нешто и му велиш браво сине. Вака некако е теоретски. Кај мене на Не засега само силно плаче и паѓа на колена на земја се влече.
     
    На srekice, Happyinlove, lackygirl и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    @FreeMind Ајде уште тоа ќе пробам. Било што само нека помага.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Колку убаво звуче, додека ти се иде да го мавниш од тераса од нервоза ^_^
    Јас во главном и го сретнувам вниманието на друго, ама колку ме ваде од такт кога ќе ми фрли храна на земја. Е тогаш се тргам и бројам до 10 да не направам нешто ]:)

    Туку за спањето иста беше и мојата ама не од 3ките туку од скокот. Од 3ките вриштеше без престан, среќа ги извади за 1м.
    Сега веројатно и се местат 5ките, прстот и е цело време таму. На моменти вриснува.

    И колку брзо почнаа тантрумите.
    Ако нешто не и е по ќеиф го прчи муцето за плачење и почнува да тропа со нозите, додека ја држам она роваре како бик и миже за да и дојде плачката. Од кога ќе се расплаче, оди смири ја :party:
     
    На happygirl, srekice, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.660
    Пол:
    Женски
    Гого има 2 тројки двете се лево горе и долу, десно уште не се пробиени ама веќе ќе бидат за брзо си велам, мачкам сега камистад гел, мислам дека му помага малку....дефф ќе ги памтам тројкиве кога растеле :D многу време се стори цели 4 месеци...
     
    На babydust, srekice, Happyinlove и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    @Minnie 1 буквално е таква и мојата.
    Дали цело време и викам не не, дека го бутка тв, мава со тешки предмети по него, фаќа позади фрижидер, одма се треска од земја, денеска доживеав додека е во мене да ме мава и да ми ја влече косата, почнав по рака да ја мавам.
    Мака ми беше после, ама мора да се научи, незнам дали постапив правилно буквално од кожа ме извади.
    Нон стоп ми ја стиска и брадавицата, катастрофа.
    Многу ми е мака дека така прави, ни јас ни мм не се караме или повишуваме тон пред неа, кога е кај баба и и дедо и истото го прави како и дома.
    Заборавив да кажам, некни плачеше 1 саат без престан, буквално ми идеше да си ја треснам главата од зид, ја проверив да не е удрена, да не ја боли нешто, не ја болеше, и дадов да јаде, не сакаше ни млеко, ка та стро фа!
    Очајно ми треба одмор, сакам да сум сама барем 2 дена, да излегувам и спијам кога јас сакам, ама здравје после 20 години.
     
    Последна измена: 21 јуни 2020
    На NNA, srekice, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Мене ми е малку контрадикторно да учиш дете да не тепа и кубе со тоа што ќе го удриш. Се гледаат и се снимаат. Башка што го учиш, оно те мава, ти му враќаш.
    Те разбирам дека некогаш може да се исклучиш(луѓе сме не роботи) ама дека го учиш нешто со тоа не се согласувам.
     
    На Milaаа991 и FreeMind им се допаѓа ова.