@TeddyGrey може ли да пишеш како минувате со 5ките вадење? Преку ден само плаче, хистерише од нигде-некаде. Никако не сака да спие а и паѓа главата, и пак рика. Сабајле ја успав после 2ч обиди во секоја поза, накрај во количка папсана. Еве сега пак глава и паѓа ја легнувам, не бре. Ја успав во раце, на секое пеење, плачеше додека не погодам соодветна песна. Ја успав пред 15мин, 3 пати стана со вриштење. И дадов парацетамол сируп, доста се мачеше денеска.
Види, до сега сум немала ниедна мака со ниеден заб. Работите што ги поврзувам со заби, не сум сигурна дека се со заби или чиста случајност. Поретка столица и немирно спиење навечер. И табиетот. Не дава да и видиш во уста, се треска од земја. Низ смеа успеав да и видам црвено врвче, не цел заб, само едно како топче и скоро крваво. Периодов уназад две недели се буди почесто навечер во исто време, не секој ден ама преку еден, одма до мене заспива ја зимам. Една вечер бевме без мм, спиеше до мене на спална, тогаш не стана. Не знам дали е до забите. Спие мирно во глобала. Периодов исто збори многу. Иако си беше дрдорка, сега кажува посложени реченици, ги поврзува повеќе работите,дури и ме изненадува со некои работи што ги кажува и памти. Не знам дали однесувањето, будењето и карактерот што го покажува е до забите или до некој ментален развиток, бидејќи ептен ми напредна во некои работи периодов. Стварно изненадува секој ден. Јас ја "оправдувам" дека е до забите за некои тантруми затоа што така мене ми делува да сум смирена и да не се нервирам од трескањето од земја. Си велам си има мака и подобро се справувам, останувам смирена, па дури и денес кога 20 минути ме врнеше дожд, а таа не сакаше да излезе од кола, бегаше од една до друга врата, а јас со кесите натоварена преговарав за да ја натерам да се симне. До забите е, ќе избијат ќе се смири. Или не
Јас денеска искрено неможев ни да сватам дека има мака, ама однесувањето и беше катастрофа. 10 пати се тргнав настрана, за да се смириме и јас и она. Си имавме некој ред што како правиме, па денес и тие никако не сакаше да го тера, другите денови не правела проблем. Е сега вечерта ја забележав вриснува и ја пушта цуцлата. Прстите пак почна да ги става во уши од пред 2 дена, и исто ги става кај 5ките одпозади. И најбитно пребира јадење, сто работи и вадам за да земе да јаде. Не дека апетит нема ама пребира. Јес да ги ваде брзо мојата ама мислев да не е рано за 5ки на 17м. Вчера тркнав до тоалет во 4 сабајле, како ме осети ја викна. Не се смири дур не се вратам, легнав и ме гушна, па бепе сигурно 1ч будна. 3 пати ја вратив назад да легне затоа што стануваше. Исто почна секој ден нови зборови ама не е тоа да сврзува прави реченици. Пример тате нешто на бебешки кажува, па коата. (тате да ја вози со колата). Дур измислам од што и е се надевам ќе помине
Абе зависи и за другите заби како правела. Ја ти викам освен поретка столица, лигавење, друг симптом никогаш и немав. Сега е голема за да се лигави, знае да ги ушмука лигите, па го немам ни тоа како знак. Инаку процесот им е сигурно почнат, им работи непцето, не мора да значи дека брзо ќе пробијат. За јадење не би да коментирам, немало ден да одбива храна. Пу пу пу. Од позитивна страна, почна да сака да се бања, преку ноќ, а истата рутина ни е. Затоа и спомнав дека е некој мозочен напредок што ја тера да ме вади од кожа, а од друга страна да и се восхитувам. Како скоковине у развој, ама на најјако, до даска.
Ова ни се дешава на сите. Кај мојава порано почна али трае од две до четири недели фазава https://www.babysleepscience.com/si...sion-What-is-it-and-What-can-be-Done-About-it
Прооде одма после 1 роденден,сега е 18+ и дете уште не знае да седне. Од кога ќе се разбуди,додека да легне на нозе е. Неуморен е буквално. Цел ден на нозе,трча,си игра и пак уште ми нема ноќ преспиено.
Кај го најде текстов, оќорев читајќи Мали е изгледа во некоја ваква фаза. Или само спој на ПМС, заби и скок. Ја незнам што ќе беше ова. Синоќа и дадов далерон за болка, ја успав. Спуштам на кревет и почиње хорор. Вриштење, рикање со солзи. Давам града да се смири. Ма јок, дете се корне. Одвај ја смирив, во двор. Жива темница 23 саат, јас ја шетам за да заспие. И засоа после саат нишкање. Се разбуди кој знае колку пати. Во 7 очи ококорени Ова е ужасно, јас неможам Само да се кенкало и плачело. Завчера плесна на плочки, директ со фаца. Ја пукна усната горна. Среќа само и потече, нема заби да ги скрши. Али вриштење, без воздух. Помодре дете
Нема заби? Ој да те гушнам Куглава вика дека се заби и имаш светла иднина и една жена со црна коса многу досадна. Чим е проследено со вриштење наеднаш моето искуство вели заби. Додуша само со тројкиве видов мака иначе до четворки не ни јадеше...
По колку пати во неделата спремате месо на децата? Давам само телешко и пилешко, ама не сака ни да го мирисне, а не па да го јаде. А од купечките каши си го јаде месото.
Не јади ни моево месо, 2 пати преку сила, само мелено јади и во супа или др манџичка рендано, ако сети парче го џвака и го плука, иначе давам јунешко од еден манастир тука кај нас купувам, домашно да речам и пилешко исто домашно имам варено па замрзнато. Синко со тт од 38 до 38,5 е цело време од вчера на ручек ништо не јади, не е расположен, плачи денес бевме на доктор грлото црвено, плуќа добра, другата 3ка долу излезе (алилуја) крвна слика не направиме нема потреба рече докторката, ми даде Алмацин и ако не спаѓа до утре ТТ да го почнам
Мојата претходно јадеше месо, сега го плука ако го сети. Го мешам, некако гледам да го протнам па затоа давам скоро секој ден, затоа што јаде минимално. @lackygirl со помин нека е на баткото
Да мине побрзо Лаки.Нема ништо полошо од болно детенце.Како сте денес? За месото давам помалку ама скоро секој ден.Телешко,пилешко и риба. Ги гледам децава од 2 до 3 години и си викам, чувај живци оти ќе биде уште поинтересно. Немам што да пишам,само поддршка до сите мами и чувајте се.
Добар е фала на прашање сношти во 21ч му ставив чепче и еве до сега нема кренато пак, се надевам дека нема да крева повеќе, само ништо нејќи да јади пукнав од нерви, одвај изеде едно лепче од житолукс со дукатела намаз, одвај
Лаки самото тоа што има температура и е омалаксан не јаде. Што знам, не го форсирај. Давај течности, смути, супи нешто такво.
Се слагам со @BabyT* супа,течности денес и колку толку да касне нешто.Ако му е црвено грлото може и да го боли кога голта.Добро е што се симнала температурата.За некој ден ќе биде на старо Гушки до Гого.
Периодов некако само смеа, играње,разбирачки, убаво спиење, посебно навечер.. Јас наминав само да се пофалам!... кој сака нека честита