Ќерка ми почна да се буди во 5 часот на утро гладна. Значи станува уште кај 4 ипол и цица до кај 5, но дали не и е доволно млекото или веќе и немам млеко, па кај 5 часот скроз расонета ми вика ајде мама папо и ме трга за рака. Јаде си игра и кај 7 ч заспива пак и преспива до кај 8 ипол. Значи не ми е нормално некој толку рано да се буди гладен. Таа секогаш цицаше тоа време, но презаспиваше, а сега скоро цел месец е вака. Исто неколу вечери се буди сред сон со плачење и како во полусон плаче и не прекинува. Дури страшно да ја гледаш. Дали се плаши нешто во сонот или 5ки ја мачат затоа што додека плаче прстите во уста и се не знам. Еве сега пак така ми направи, свеста ми ја зеде. 15 м да плаче така во полу сон, да не знаеш дали ја боли нешто или е исплашена, а сама дома. Па ајде ја измачкав кај 5 ките со ефералган, пуштив цртан и дадов 1 животинско и се замири некако. Еве ја сега стуткана во раце, на цице прикачена спие, страв ми е да ја прелегнам.
Me and karma Чим Емуш се фали да споменам успат дека заврши периодов веројатно два дена преспива и навечер легнува како што треба. Можеби заврши си викам. Нека иде на Емуш на грб кармава @Milaаа991 ако не и е помината рестрикцијата во спиење заедно со заби може да е тоа.
Иста е душо и мојата. Плаче и неможам да ја смирам. Па ќе ги отворе очите, гледа нагоре, па па ќе заспие. Пробав првата вечер со сируп (мислев заби да не се), пробав со капки за грчеви тоа да не. И не, не. Еве да ви кажам денеска мојата мала почна да сврзува зборови. Мамо видии видии, ајде тате коата брм, те акам, почна да повторува тоа ние што го зборуваме. Па го должам тој голем напредок дека било за плачките. Вечер останува да видиме дали ќе плаче.
Врзува одамна прости реченици, ама дефинитивно од ден во ден и со зборење и со логичко поврзување и дејствување е се подобра. Некогаш си мислам со големо дете имам работа, ама потоа пак доаѓаат вакви денови кога си беспомошен и не знаеш како да дејствуваш и сваќаш дека се уште се бебенца кои не знаат да ти кажат што ги мачи.
Може нешто понапредно ќе почни да кажува. Незнам јас тоа така го согледав, ништо не и помогна. Баш и @TeddyGrey пишеше за тоа. Нешто му се случува во мозочето. Или сепак е sleep regression како што пиша @FreeMind
Останува времето да покаже. Инаку мислам никогаш вака не правела. Буквално и зборам, ама како да не ме регистрира, неутешно плачи и се витка, а прстите си ги гризи во уста. Прва помисла е нормално дека нешто ја боли. Но како со чоколадо и цртан се магично поминува? Абе жени...
Исто прави да. Ептен некако чудно, дали оти се поголеми, незнам. Ама јас ја оставам да поплаче, не дава ни да ја гушнам ни ништо. Вака ми прави по 3,4 пати во вечер.
Кај мене ја држеше точно пет недели. Регресијата е многу тешка најчесто се случува на 18 месеци. И токму тоа е карактеристично што плаче и одбива да спие, а со цртани не ја болат магично забите. Видеото го гледаше кај мене како плачеше си велиш се ја боли. Прво се плашиш првите две недели потоа паѓаш во депресија зошто ниту можеш да и помогнеш ниту прекинува. Само со лесно да мине ви посакувам. И потоа како да ништо не било. Си иде вчера од градинка и за десет минути заспа. И денес исто.
Нема проблем да заспие, но сред сон рипа и плаче, како да не е свесна каде е и дека јас сум до неа. Регресијата мислам ја надминавме, на 8 ми прави 20 м. Пре би рекла се плаши во сон од нешто што сонува и повторно го преживува или како што вика @BabyT им се случува некој психолошки девелопмент. Времето ќе покаже, битно ние да останеме при здрав разум. Искрено се преплашив. Втор пат вака ми прави во 5 дена размак.
По грешка ја отворив темата "Совети од мајки на деца од 2-3 години", иста е ситуацијата како и овде.Полоша Разбудете ме кога ова ќе заврши Добра ноќ. Отидов да спијам
И ја глупа па, место наопачки чорапите да ги облечам дур пишувам ...oh,wait..не носев чорапи Пред малце се случи еден мал инцидент, со проблематично заспивање ама веќе улогата на мајка ревносно си ја терам, галење, смирување, заспа одма.. ова од вас излеа боцки фрчеле од сите страни мамето ваше Ве гушкам сите, освен Фри, зашо сака кармата да ме тепа со лопата Фри другпат ќе те гушнам нема кај да бегаш, сеа само гушка до Емичка и бацка п с знам дека мн. арно не е на арно ама ај ќе ќутам Останете ми здрави прави како до сега... и наспиени (како никогаш до сега ) Добра ноќ
Само мојата ли не зборува а 16 месеци има? Што убаво ве читам.. Се разбира, ама не се пушта да зборува, а постојано и зборуваме. Синоќа и претходната вечер спиеше мирно. Стануваше за млеко ама сепак мирно спиеше, не беше тоа како претходните вечери кога ми се плачеше, сакав да си избегам од кожа. Менува постојано, почна да јаде, можда не количински многу, ама сама отвара уста, и давам сама да јаде со лажицата, сепак подобро е, има и бутче. Не сака житни, овошни кашички дефинитвно. Пак ми ја прејади боровинката, Најсреќна сум. Со сирупот и крвта се подобри. Дали некоа има исто проблем со закачена на мајка му како коала (бејби т ме изнасмеа со изразот и си го користам хаха). Штом сум во близина плаче по мене вреска. Се прашуваат што и правам, а не ја галам елсј при мама мама ќе ти даде. Јок, не го употребувам тој израз.
2-3 дена малата ми беше супер, па си реков ај да не се фалам да не пишам да не ја повикам кармата, ама исто да ти било. Не пишав и пак ме стигна. Два дена, навечер се буди по неколку пати и сака да спие со нас на спална, т. е со мене, се пика во мене а, мава со раци нози, а јас целата искривена . Ако ја вратам во креветче за пола час пак плачи. Алал да ви е како спиете постајно со нив на кревет. Јас сум ем ненаспана, ем здрвена. Прв пат да се пожалам и за јадењето, деновиве не сака да џвака поголеми парчиња, ги плука, ако е потечно си јаде. Гледам прстот постојано и е кај 3-ките, па мислам почнаа да ја мачат, затоа што без проблем си јадеше се и големи парчиња. Месо и давам 3 пати неделно и еднаш риба, другите денови посни манџи. Инаку малата е цело време за мене закачена. Седе со други кога ме нема мене, ама јас ако сум дома а ме снема од видик одма мама мама, кога сум во тоалет, стои пред врата и тропа . Ново и е што почна мамо да ме вика, мн ми е смешно, како да сака нешто да ми каже . @lackygirl се надевам дека баткото е супер веќе и нема тт.
Нема кренато, само до 37,7 ама немам даено ништо, оти не е тт тоа можи од жешково е и тој пожежок, ама денес ич нерасположен е, ништо не јадел пак, а вчера јадел ориз за ручек, денес многу слабо сами 2 пати лепче со намаз и благо. Мн нервозно е се одбива, овошје 3 дена воопшто нема каснато, исто и зеленчук, а се си јадеше. Друго, дури беше со чепчиња и парацетамол 2 ноќи спиеше мирно само 1 стануваше, сношти пак по старо, стануваше 3, 4 пати...значи не спие од болка од забите, изгледа и од тоа и не јади (покрај грлото) незнам веќе само си нагаѓаме