На син ми му се вакви рачињата подплго време. Најпрвин само над лактот позади имаше на рацете така мало рапаво место со ситни брунчиња,со тек на време му се исипаа целите раце. Некаде од зимоска му се вакви,значи од сонце не е. Купка за бањање му е истата од раѓање Чико,само ново шишенце,прашок некаде во септември му сменив и почнав да му ги перам алиштата со нашите заедно,со дупло плакнење. Друго ништо немам сменето. Од декември почнаа да му се појавуваат,а пред месец дена или два,веќе цели му се рапави. Пред некој ден кога бевме кај матичната,вика од прашок му е сигурно,смени го. Ама ако е од прашок,нема ли и на други делови од тело да се исипува? Некоја да не имала вакво искуство?
На мојата стомакот, исто зимоска т.е.март. Ама и ја чешаше и се направи лом. Со канестен мачкав. Чешањето помина одма, а рапавоста со тек на време се повлече со Мустела ја хидрирав. Не открив од што беше. Све користев исто. Само што почна коронава тогаш, па по совет по телефон така направив.
Сум заборавила да ставам слика ,пробав да редактирам,ама неќе да се прикачи слика,дали е до форумов нешто или интернетот ми е слаб. Не го чеша,и не се црвени како што изгледа на сликата. Веќе неколку месеци се такви, а како што кажав,прашок сменив 2,3 месеци пред да почнат да му се исипуваат. Од сонце не е,зошто сеуште не го соблекував на кратки,а цели му беа вакви За мачкање не ми даде ништо,само ми рече да сменам прашок.
@Spidy што се случи со повраќањето во кола? Беше нешто привремено или си остана така? Проба нешто со тие лижавчињата или нешто друго?
Не беа баш вакви кај мојата. Повеќе се осеќаа од што се гледаа. Само кај што ќе се почешаше се вцрвенуваше. А да го однесеш на кожен?
Па да речам 70 посто успех. Комбинација од гладна, со некој да ја анимира и да лиже лижавче (обично, не против повраќање). Ако ја возам пред спиење е најсигурно, се комира во првите 100 метра. Се останато е среќа. Си експериментирам што ќе упали, ама ако вчера нешто помогнало, не мора да значи дека и денес ќе помогне. Се спремаме за одмор во август, уште од сега планирам дека ќе одиме ноќе додека спие и штом стане ќе и дадам некој сируп зошто патот е преку 7 саата.
Како мојата да си ја опишала, само што ние порано проодивме и еве ја сега 19 месеци е , а исто тротинет вози како големо дете, дури не ја личи Машкоданка невидена На мм му викам оваа ќе ни го извади ак'лот уште сега.
Денов цел ми е наопаку, едвај чекав да заврши. Синко го носевме на фризер со мм, мн му е густа и порасната косата и сакавме да му ја скратат што повеќе оти е топло. Само што се качивме во фризерскиот салон почна да плаче - се сети на претходниот пат кога го шишаа со машинка. Не даде ни да го пипне фризерот, вриштеше, врескаше хистерично, ептен беше исплашен. Поврати од страв, што досега не му се случило. Си дојдовме дома сите тројца жива вода. Кажувајте начин како да му ја скратиме косата? Со машинка дефинитивно нема шанси повеќе, траума му е голема.
А вие да го шишате? Или ако има кај вас фризер што оди по дома? Јас моето планирам ние да си го шишнам,па како го исшишам така и онака нема многу коса,повеќе некои опавчиња кои штрчат.. Моето плаче од непознати,па верувам дека исто би поминале како вас,само без повраќањето бидејќи моето не јаде,па нема што да поврати .
Среќа што имам ќерка, па можам да ја оставам со долга и бушава коса. Да имав син, сигурно ќе го унаказев со ножици до сега
Хепи ние пробавме кај мајка ми да го стрижиме, брат ми стрижи и има машинка која брчи минимално, неколку пати пред тоа му ја покажував машинката демек за да не се плаши, пробавме прво со исклучена, само што го допрев до глава почна да плачи хистерично, страшно не беше ни во струја вклучена, се откажав...после др ден го исчкапав со ножица и замисли пак плачеше, а воопшто не го ни допирав до главата. Тешко ќе биди, а внучето од брачеда помало е 4 месеци и прематурче е, исто дома сами го стрижеле со машинка и не плачело Добро утро од мене, синко уште спие, сношти пак ставив чепче за болка (нема тт) и ноќеска само 1 стана. Дефф станува од забите, аман нека излезат сите, за конечно да одмори детево.
Дома мм јас го шишам со машинката, и синко кога го гледа, плаче. Ама вчера ова беше врв, никогаш не бил така исплашен. Машинката дома ја знае, и сам кажува шиша брм брм. А не сака ни да ја допре, бега од неа.
Уф. Пробав еднаш. Не беше воопшто преслатко Еве во потрага сум и јас сега кој да го шиша. Јас проблем има што кој фризер и да прашав, несака. been there, done that. Ужас му е формата од моите вештини со ножица Спиди а каде планирате да идете на одмор? Не ти е страв од ситуацијава? Очајно ми се иде некаде, посебно на море. Ма и планина би било супер. Било каде
Не знам на Катерина Ивановска синчето сте виделе каква фризура има. Најслатка на свет. Усвет ви се фаќа а Негде сама со сто масажи на ден. Ете тоа би бил рајот.
https://www.facebook.com/472834599527763/posts/2081814561963084/?d=n Позитив на денот дефинитивно. Подобро живее од говното што му ја пукна главата десет пати. Туку @Spidy стана љубоморна на Ози и насилно го кубе со сета сила. Што ме советуваш? Поради тоа што три недели имаше специјална нега малиот види проблем сега. Му оди намерно да го кубе.
Манго прее го гледав и го отплакав пак И мене усвет ми се фаќа, ама можно е одмор да не ни дадат годинава сне го искористиле за коронава ај да не сум оффф Он топик, значи ништо нејќи да јади, пукнавввв се плука, па и Не вели за се вака и минатиот пат со тт ко беше 10тина дена не јадеше ништо, а се гледа дека и мн го болат непцата, сношти ко го мачкав се тргна одма и заплака Дур пишам стигна смс од мм јадел сега грав