Втор ден одбива и кај мене храна. Долните еве искачаат со никаква храна во уста. Ама бидејќи имам искуство не се нервирам десет десет апки, смоки со јогурт, бисквити со млеко, намаз. Само основно нешто колку да мине ден.
Така јади, малку смоки, малку соленки, 1 касај кроасан, 1 касај леб.....без везе, се нервирам јас, знаете дека мојов јадач е, сега се си мислам малку му е, вчера сабајлето дури спиеше му кркореа цревата )))) прв пат во животчево негово
Ние имаме едно место кај што одиме со маж ми од првата година кога бевме дечко и девојка, секоја година одиме во мај и август. Лани не бевме дека е далеку, и ајде со мало дете да идеме поблиску, а годинава имав резервирано за мај и тоа пропадна. Едвај чекам да дојде август... А страв не ми е зошто на местово нема живо пиле, секогаш кога одиме има вкупно 10 луге на 2км плажа. Поризично ми е тука да седам. Само да не затворат граници до тогаш пак. Не сум имала таков проблем, кога беше помала го скубеше, ама не било тоа намерно, туку онака бебшки, сака да пипка а нема осет. Имав друг момент, маж ми знае да свика по кучето "бегај" кога му се мота во нозе, особено во кујна, и малава одма упива како сунгер. Му вика бегај и замавнува да го мавне. Не е со агресија, се смее кога го прави тоа, ама не сакам така да се однесува. Одма станувам, го земам кучето да го галам, а неа ја карам со прстот, и кажувам дека не смее така, дека Макс ќе плаче ако го тепа, дека он ништо не и прави и нема потреба да го брка. И обично она доаѓа да ми седне во скут меѓу мене и кучето, па заедно да го галиме. Си има некоја доза на љубомора дефинитивно, ама не сум била во ситуација едниот да има повеќе внимание од другиот, па ништо посериозно не се случило. Јас би го третирала исто како било кое друго непосакувано однесување, кажи дека не треба така, скрени внимание на нешто друго, во ситуацијава најдобро на галење на кучето, а ако гледаш дека апла намерно го прави тоа, тогаш некоја форма на дисциплина следува.
Малце глупо прашање, не знам колку е за во темава, ама ме интересираат искуства. Син ми сега ќе полни 2 години и до сега сум го оставала баби да ми го чуваат по цел ден, но не и навечер, т.е не е дека ме немало детево видено повеќе од 10 саати. Сега тетка му сака да и го дадеме на целодневна со спиење. Знам дека ќе го гледа и пази исто ко и јас, но до сега не сум била одвоена на цел еден ден и во мислите, самата помисла да не го видам цел ден ме прави лоша мајка. Плус и често се буди навечер, па мислам да не ме бара. Дали сте ги оставале децата на спиење до оваа возраст сами кај блиски? Јас цело време зборев кога ќе порасне ќе им го дадам да ми го чуваат и тетки и баби, но сега тоа растење брзо ми дојде, па ме фаќа малце паника :/
Јас првпат ја оставив на 11 месеца на мајка ми на спиење. Сега со карантиниве по 3 дена седеше кај неа за да не седи затворена во станот со нас, на година и 3-4 месеца. Не сум имала проблем со ова, секако првиот пат бев малку на штрек да не ми се јават во 3 сабајле, ама не се замарав многу. Сега на скоро година ипол, барем еднаш неделно преспива кај некоја баба кога тие ќе изразат желба да ја земат на спиење. Се е навика, ако тој што го чува детето е спремен да се справи ако стане ноќе и плаче, да го смири и да му скрене внимание, не гледам зошто да не го пуштиш детето ако тетка му сака да го чува.
Мојата ако отидам до тоалет плачи по мене. Неколку пати сме имале гости, ако се успие ја спуштав доле кај свекрвата. Ми се јавуваше, малата со рикање до зајдување. Ем јас на штрек ем она вознемирена. Би ја оставила сама кога ќе побара.
Кај никого не седи ако ме нема во соба,а не пак да седи без мене или да останува на спиење. Да признаам,и не сакам да го оставам,сакам се да ми е на видик и под контрола Засега е така,а за натаму ако има потреба ќе се прилагодуваме,ама како и да е,поголем ќе е. @Girly90 Ако мислиш дека ќе седи без тебе,остави го. Прекинуваме со Панцефот,резултатите од крв се добри.Што чудо ќе беше ова,2 дена тт,ниту црвено грло,ниту кашла,ниту кива,ниту затнато носе ? Тројките излегуваат,ама па како да почна да јаде Далеку од убаво најадување е,ама јаде онака по малку. Регресијата во спиење мислам дека помина,еве го,почна да заспива во 22:00 и станува сабајле околу 8 или 9. Вака го бива,и нека потрае,да не менува веќе Дури и на целото нејадење,хгб 110,а железо 18 Можно е?
Ова е со агресија. Намерен напад има кон него особено кога сите на куп се гушкаме. Прво се обидував со полека да и свртам внимание да го галиме али она продолжува да биде насилна. И добива веднаш физичко преместување и никаков контакт до него. Како да и го сменам биоритамов? Значи кака во 22ч. Се успива два саати и на крај кака и пак се расонува и така натаму.
Кај синко 2 дена ТТ со црвено грло беше, малку дијареа, друго ништо, помина само со парацетамол и чепчиња, изгледа некој вирус беше. Денес и последната 3ка проби
Па сигурно е,и кај моето тројките прават проблем Чекам и јас да пробијат,има една,за други не ми дава ич да ѕирнам. Обично има ептен тврда столица,оваа недела откако качи тт,има поретка,не е дијареа,ама нее ни тврда столица како што беше. Изгледа сакав многу да кажам,па сум пропуштила. Измеѓу спиењето сеуште си станува едно 5,6 пати,ама битно не заспива во 2 по полноќ и да станува во 11 ипол,12. И за денското спиење,ако легам до него спие подолго,зошто кога се размрдува допре до мене и продолжува да спие,а ако работам нешто,се буди и станува. Ги преживеав скоковите и регресијата Се надевам на подобро!!!!!!!
Пусти 3ки сите не измачија, јас да се фалам дека сега мн полесно заспива навечер до 11ч е заспан последниве неколку ноќи, му ја кажувам Црвенкапа и дури ја завршам заспан е, дури не ми се верува, со какви плачки заспиваше
Дали оставате отворен прозор навечер кај децата, многу топло стана не се спие ама страв ми е прозор да оставам?
Оставам, и лани оставав отворено. Секако не дирекно до креветот, на спротивниот ѕид е прозорот, ама кога е жешко летно време, подобро отворен прозор него клима цела ноќ.
Значи заби + 9 скок кај громчето= лудило. Ништо несака. Кога се буни, се витка целата и ја треска главата наназад, ако не ја прифаниш, ќе се удре некаде. Многу е напорна овие дена, многу. Прстот постојано кај 3-ките, јаде но не сака баш да џвака. Цело време цика за нешто, не се заигрува ни 2 мин. Сака да е надвор, но и таму не е сјајна. Ноќта се буди па пак презаспива. Едвај ја ставам во количка, прета со нозе додека да ја седниш. Си го сакам мирното дете назад . И кај мене се нудат бабите да ја оставиме да спие цела ноќ, но некако уште не ми се остава. Страв ми е дека како кај @BabyT сред ноќ кога ќе стане и виде дека ме нема, ќе има плачки до бесвест. Нека и помине скоков, па ќе размислам.
Па не е глупаво прашање, интересно е. Се подзамислив. Јас досега ги имам оставено неколку пати, но во наш спрат, ништо непроменето освен друг да спие со нив. Било најнормално. Два пати досега откако се родени ги имам оставено долу кај свекрва и исто убаво спиеле. И се ова било по потреба, а никој досега ми нема понудено целодневна да ги чува и мислам дека нема ни да биде во скоро време.
Јас не, креветот е скроз до вратата и ми дува дирекно мене јас сум "тип промаја" одма ќе се фатам, цело лето маица долна носам а и главниот пат (Кичево-Битола) е под нас и мн се слушаат колите, ја оставам вратата внатрешна отворена и така кружи воздухот, во куќа сме. На прашањето дали би ги оставиле децава на спиење пробав 2 пати да го оставам кај мајка ми и не го оставив од страв да не плачи ноќта па да треба да го земаме, кој ќе се малтретирал, нека помини уште година па нека седи свекрва ми нон стоп во 3 смени работи и не се понудила, додуша еднаш ми има речено ама искрено не ми се остава, таа цврсто спие мислам дека нема да го сети ко ќе стани Едит. Читав во друга тема за фаќање инсекти. Многу сака се да фаќа, бумбари, мравки, се што лета и лаза ич нема страв, некни копаше во едно дупче ко ќе видам внатре едни гнаси бубачки ко водни беа,тој си фаќа Исто пред некој ден од оние мајски бумбари, зелени што се, 3 имаше собрано со свекрва ми и си ги фаќаше, ги гледаше, ќефој беше Еднаш го гледам црна буба, ја фаќа ја фрла и пак одново, фаќа-фрла.....
Јас имам она обичното,жолтото,го користам за пеленска регија ама и убоди од инсекти смирува,и црвенило од сонце.