Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Леле @Emma2 од што сум возбудена за три саати на ден ми е блокиран мозокот што попрво да направам:rofl:

    Најбитно пуштив едно забавиче на 11.07 на тераса “summer vibes” и сега сум забодена во декорации одмарам фиуги додека мала на која ништо не и се погодува си игра во дечка глас да не им чујам.

    Ако не се проодени земи им маса на чико за стоење и горе има игри кај мене сеуште ја користи. Фудбал исто има на чико ако сакаат топки твоите моми. Ако не врти на кукли, филџани, вилушки и секое утро церемонија да ги ранат и вода да им дадат. Така ќе почнат да пуштаат и говор, да те имитираат, а овие игри каде има двонасочна комуникација се одлични за развој во овој период. Игрите треба да се интерактивни од најобичен голем картон до опремата во кујна. Отвори шкафови нека ти вадат долен веш.
    И секако најбитни се игрите во природа. Со песок, со камчиња да си играат. Ако имаш двор кај твоите носи ги по пола ден.
     
    На NNA, Emma2, paleska3 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    колку се крева температура од заби? дене цел ден има 37,4 уште нема двојки 17 месеци е не јаде ги пика рацете во уста не спиеме ...дали се заби нема ни кашлица ни нос дс течи ништо...
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    24.280
    Пол:
    Женски
    Што беше тоа време за себе?
    Де потсетете ме. Оти искрено заборавив.
    Хронично уморна сум, а исто и мм. Тој се враќа во 14:30 од работа и го презема од дадилката, му дава да руча. Јас си идам во 17:15, и турбото почнува се до 23/23:30.
    На крајот на денот сме прекапани и двајцата. Немаме време никакво за себе.

    Заборавив што значи да прочитам книга, да возам точак, да направам нешто од мерак што ме исполнува само мене.

    Се изгубивме со мм во обврските околу синко скроз.
    Да не ме сфатите погрешно, нормално дека целиот свет ни се врти околу него, ама напорно е понекогаш. И ми фалат моментите со мм, а и оние мигови кои ги имав само за себе.
    Најмногу поради ова нема да се одлучам на второ дете. Оти ми е криво што се изгубив(ме).
     
    Последна измена: 29 јуни 2020
    На NNA, paleska3, hello-kitty.90 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Елај си при мен. Како да сум го пишувала постот јас, од збор до збор.
    Што дека има кој да ја чува (баба) кога си идам од работа одма ја превземам, плаче по мене, борби за заспивање и ти едвај чекаш да си легниш. Ма каков маж, каква себе, гледаш да се избањаш и да си легниш. Книга последна ми беше за лиценцс кога полагав. Немам време ни за книга ни за себе.
    Мака ми е и мене за односот со мм, исто и тој има пренапорна работа, терени, проекти, нервози и плус плачката дома што да имаме и ќе се истуриме еден на друг.
    Од стресот немаш желба за апсолутно ништо.
    Како што пиша хепи, мака ми е околу одлуката за второ иако креветчето во детската го направивме на два спрата.
    Инаку ме нема.. Кога и да пишам да се пофалам околу спиењето на малата истата вечер ќе кенка, ќе плаче. Ќе си ќутам од сега.
     
    На NNA, paleska3, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    24.280
    Пол:
    Женски
    Напишав еден огромен пост, и го избришав. Ќе си поплачам и ќе заспијам конечно.
    Да не ширам негатива, секако сум офф топик.
     
    На NNA, mal.ecka, hello-kitty.90 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.661
    Пол:
    Женски
    Слична ситуација и кај нас....сега заспа синко, 100 пати ќе стани, нејќам да се стемни :) на работа одмарам втора смена и толку. Дома турбо, плус ништо не јади цела недела пукнав готово :@
    Добра ноќ на сите :yawn:
     
    На NNA, Seduction, paleska3 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    @BabyT да ти ја пуштам сакаш? Еве ја се издига од кревет и ми вика А меме, а бебе? Да сум и пуштела цртан Маша и медо така го викам. И викам спиј бре какво мече, какво бебе. Ама и жедна беше. Еве ја пие вода и цртан гледа, сега ќе одам да ја заиграм нешто да не дреми пред тв. Ми нема спас мене со спиењево. :(
    Од мала ја тресат вакви регресии во спиење.
     
    На NNA, Seduction, hello-kitty.90 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Будалче зарем не гледаш дека сите сме полни со негатива што немаш простор да шириш преполни сме.

    Исто се чувствувам и јас само што јас не можам да се помирам со тоа и го одбивам таквиот начин на живот. И се гребам со последни сили да се вратам на себе си. Морам зошто оваа во која се претворив органски не ја поднесувам.
    Може ќе звучам сурово али несреќна сум во состојбата во која што сум западната. Малата ми е цел мој свет, но тој свет околу неа од обврски и темпо ме турна на колена. Умрев од умор. Од ниска самодоверба, јас која планини преместував сега сум немоќна со грижи и страв. Изгледам најгрдо на свет и тоа ми делува плус на психа. И тагувам за две минути на ден да седнам сама со себе. Или е едниот или е другиот со проблеми начисто сум исцрпена. И оној дел од “слободното време” идеш да и го направиш на малата животот уште позабавен. Или да го шеташ во природа зошто секој ден може да му е последен. Секој план од утро до мрак почнува и завршува со нив. Мене ме нема не постојам. Уствари постојам залепена на правосмукалката и во кујна.

    Многу често почнав да се прашувам што ми требаше овој луксуз во животт. Никогаш не се замислував себе си вака на колена. Има една таква борба во себе да се преживее секој ден и кога тој секој ден е ист на претходниот добиваш дуплирани негативни емоции. Веројатно улогата во која сум не ми одговара на карактерот, веројатно тантрумите кои почнуваат да се појавуваат се канализирана негативна енергија од родителите трупана низ овие три години. “Уживај додека е мала” ми предизвикува мачнина во стомак. Како мислиш да уживам? Почнав да хејтам розово мајчинство, навистина. Освен што нема сила што може да ме натера да им верувам туку добивам нагон и да ги “распалам” каде и да ги начекам. Што сме ние тогаш изроди? Само јас ли не можам да се носам во ситуацијава? Спиди гради култ на хејт поради “тренирано спиење”. Само потивко да не ве чуе некој дека ви е претешко. Молчи и задржи се само на “тие очиња најслатки кога ќе ме погледнат”. Токму тоа е проблемот со кој се соочуваме култ на мајчинство со реалност. Изговори го она само што треба масата да го чуе. Која маса бе жити се мафни се таму.

    Нежности премина во минато свршено време остана само нагонски пред овулации периоди. Остана некоја бледа слика на се она што значеше енергија која повикува на лудило. Не здробија обврските. Цел ден го претрчуваш за да на крајот само се спуштиш на перница и да заспиеш зошто е утре нов ден. И понатаму влегуваш само во машина каде се задоволуваш со трошки на земјата бидејќи висините се предалеку и за твоите соништа. Едно филмче, две чаши вино, опуштен муабет, кафе на тараса, ред утеха, ред жалење за се што не направивме и видовме. И така ден по ден минува животот во надеж дека утре ќе биде подобро и се тоа магично ќе се смени.

    Да одам да трчам додека не се сменил планот во минута. Појадокот и е спремен во малото ранче со водичка. Се надевам ќе појаде и нема да ја остават гладна. И се одново...
     
    На NNA, Seduction, Chanell* и 19 други им се допаѓа ова.
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    24.280
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право, многу убаво напиша Фри.
    И јас не сакам да се помирам со тоа каква личност станав, несредена, нерасположена, преморена. Ама не ни можам нешто да направам за да го сменам ова темпо, освен да чекам да потпорасне малку.
    А до тогаш, ми минуваат дните, месеците, секој ист како претходниот, како во некоја центрифуга да сум фрлена.
     
    На paleska3, Milaаа991, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Психологот од еден час ја оцени мојата состојба како родителски burn out. И целосно се согласувам со терминот токму тоа ни се дешава. Точките на кои треба да работиме се:

    1) дете - има техники за учење на рано заспивање, има лица кои го работат тоа, сместување на бебе во своја соба
    2) брак - потребно време за нас два саати во ден мин со сите оние мирудии и под итно наоѓање слободно време

    Штом менталното здравје зависи и се решава по совет на потврден психолог нема што да навлагаме во дискусија понатаму. Само што го немам гз ниту сила се тоа да решам на друг начин од оној моменталниот.
     
    На NNA, Emma2, paleska3 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.661
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со напишаното Фри, се пронаоѓам и јас скоро во се.

    Денес прв пат плачеше по мене (го оставив кај мајка ми).
    Сабајлево сум добила едно гушкање :hug: :inlove: едно 10 мин закачено на мене ко коала беше :D
    20200630_090414.jpg
     
    На paleska3, Milaаа991, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    14.729
    Пол:
    Женски
    Таа е реалноста, да си родител е претешко. Јас препекав да имам дете, и имам ептен мирно дете, и плус е на распоред речиси од старт, и спијам цела ноќ, и баби помагаат, и тешко е некогаш. Не ни можам да замислам како би изгледало да сум на ваше место. Едно јадење што ми го протестира ме вади од такт, а не со се да се расправам.
    Не ја гледам поентата да се збори за розево мајчинство. Најголема љубов на светот е, ама знаете како викаат од љубов не се живее. Ти треба одмор, ти треба мир и тишина некогаш, ти треба дел од стариот живот.
    Држете се како знаете и умеете, сигурна сум дека станува подобро како што расте детето. А додека тоа дојде, макар и години да се во прашање, тука барем сме си наши, ќе си бидеме поддршка.
    И @FreeMind праќај тоа детето во градинка, ти барем ја имаш таа можност во моментов, искористи ја. Кога нема баба или тетка да ја причува да може да излезете на пиво, барем преку ден да украдеш некој саат одмор.
    Јас за себе од старт кажував дека не можам да видам добра мајка ако не сум исполнет човек. Кој ме читал знае. Некогаш мора своите потреби да ги ставиме на прво место, инаку нема да сме способни да ги задоволиме потребите на детето. А што ќе кажат другите ич не ме тангира. Се додека јас и детето сме среќни, мислењето туѓо не ми значи ништо.
     
    На NNA, mamaJana, Chanell* и 12 други им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    24.280
    Пол:
    Женски
    Еве го, синоќа заспа во 23ч, сабајлево стана свеж во 06:40, да не испрати на работа со татко му. Порано барем спиеше до 08:15, на раат можевме да се спремаме за работа. Сега ни тоа го нема.
    Во глобала е умен, ама си сака внимание и пазење нон стоп. Вчера на пример, една секунда што не бевме до него со мм, наеднаш го гледаме качен на петоседот, трча по него и се смее. Така убаво можеше да тресне на земја. После на спалната истото го правеше.

    Убави совети дал психологот, на место се. Само уште да ни каже каде да ги најдеме тие два саати минимум на ден, за заедничко време со мм. :)

    Инаку, така е Спиди, ако мајката не е исполнета, не можеш ни на детето да се посветиш како што треба. Јас веќе се осеќам дека сум на крај на батериите. И одамна не сум исполнета и задоволна со овој нов начин на живот.
     
    На Seduction, duffi, paleska3 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.271
    Допаѓања:
    67.875
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека голем дел од проблемот е што пред да станеме родители слушаме како ништо нема и не треба да се смени, животот си тече исто, само плус со некоја обврска. И кога ќе не мавне реалноста по глава, дека не е така, дека веќе ништо нема да е исто, ни е претешко да се соочиме со тоа и да го прифатиме.
    Барем за мене така беше. Другата работа што не ја очекував беше губењето на безгрижноста, што никогаш повеќе нема да се има мир бидејќи постои една таква огромна љубов каква што не ни можела да се замисли и немаме контрола над тоа.
    Мојата не спиеше по цели ноќи, сум ја нишала и станувала на десет минути, имаше претешки денови и ноќи.
    Сакав само да ви кажам дека кога сме во тие периоди ни се чини дека никогаш нема да поминат, едноставно се тоне. Ама не е така, ќе поминат, ќе се вратите на себе, ќе имате пак време за себе, некој порано некој малку подоцна, ама најважното е што ќе излезете од тоа. Мојата рано заспиваше, ама не можев да станам бидејќи одма се будеше и стануваше по мене, ама одма, па морав и јас да лежам, немаше мрдање. Нигде немав излезено, ништо направено.
    И ете, како што расне стана полесно, многу, многу полесно, стануваат посамостојни, спијат поубаво, сега си седиме со маж, не саат-два, цела вечер, си пијуцкаме, се што сме си правеле. Се осеќам и јас пак како свој човек. Ќе помине и вашето колку и да е претешко, имајте го тоа на ум. И хуморот помага, знам дека звучи дури и лудо, ама ако не ја сфаќате пресериозно ситуацијата, туку и дадете и доза на хумор, некако е полесно, мене барем ми беше.
    @FreeMind можеби мислиш дека не те разбирам, ама сосема те разбирам зашто и јас сметав дека не сум скроена за мајка и дека не ми доаѓа природно улогата, многу пати имам пишувано за тоа и во мајчински, дека морам да се трудам премногу за нешто што на другите ми изгледа како да им оди од рака. Ама со текот на време и тоа станува полесно, не се затворај само во тој круг на мисли, на тоа што ти недостасува, полесно ќе ти биде ако прифатиш дека за сега ситуацијата е таква каква што е и дека ќе помине.
     
    На mamaJana, Emma2, paleska3 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    @happygirl не сум стасала до таа лекција ова е само што научив на прв час:rofl:
    Веројатно мисли кога преспива детето два саати на ден. Тоа таму некаде дете не моето.

    @Spidy знаеш дека од прв ден ти се поклонувам. Така е. Еве денес треба да ја земам во 10.45. Еден саат лежев дома и кожа не ме додржа и излегов. Сега дремам во кола пред градинка да не случајно плаче за дома, а мене да ми требаат 15 минути да дојдам. Претпоставувам ќе се навикнам за една недела и ќе се опуштам. Е од ова патам од кога сум мајка од overthinking. За ова морам да работам на себе за да не се претворам во мајка ми која се нервира за следни десет години што ќе биде :rofl: (саундс фани бат ис нат).
     
    На mamaJana, paleska3, Emma2 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    @Milaаа991 и мојата оде натаму. Во 3ч се размрдува и вика мамоо,татоо. Се преправаме дека спиеме и сега за сега презаспива.

    Јас олку без енергија не сум била одамна.

    Околу темата, мајчинството си е посебно ама не е секогаш sunshine and rainbow. Сите даваме толку колку што бараат малите од нас, сите се трудиме да дадиме се од себе и тука се забораваме самите себе.
    'Моето време' беше од 20ч до 22ч додека да се успиам, зјапајќи во црна темница, легната до малата (затоа што ако не ме сети се буди)

    Иако ме крши од внатре оваа монотоност, гледам на позитивните работи, само за да бидам расположена и да не се чувствува нервозата.
    Никогаш немаше да сватам до сега дека најлошите денови во животот ми се воедно и најубави.

    Мојот стрес се гледа на лицето кое стандард си има херпес, апчињата за имунитет си стоат на истото место затоа што никако не ми текнува на нив.

    Мајки после овој период очекувам вистински да се издружиме барем на еден ден, без деца и без овие слатки маки, со флаша алкохол]:)
     
    На babydust, mamaJana, paleska3 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Ама си знаеме дека е до нас :nod:
    Сите тука што сме со ист проблем што си имаме ханзапласти и што гледаме прво за нив , тие да бидат подмирени, да бидат задоволени од нас. И ние секако се запоставуваме. Јас неможам ни да замислам поинаку да го израснам освен да му пружам се што е во моја моќ,а јас да бидам мртва уморна на крајов на денов.
    Сама така се поставив.
    Може не не разбираат како што ние не ги разбираме како е тоа да оставиш дете на друг и ти слободна да бидеш цела недела.
    Јас една ноќ неможам да го оставам а не па цела недела. Не дека ке ми го изедат бабите,но едноставно јас не би знаела што да правам со себеси.
    Додека одевме по свадби едни добри времиња како мрдната на телефон поминував чекав слики да ми пратат:x да не се знаело више за себе сме:).

    Ми недостига само да имам во текот на денот 3 часа слободни. Раат да се избањам,да средам плакар,да испразнам машина за садови без да влегува внатре. Да бидам чешлана и со пуштена коса:).
    Ама кај трчам јас,за 4 месеци сс врајќам на врата од нула со бебе на цицка:whew::):rofl:.
     
    На NNA, babydust, mamaJana и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    14.729
    Пол:
    Женски
    @Happyinlove ај бе барем на една гужва нека растат две деца ;)
     
    На paleska3, TeddyGrey, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.661
    Пол:
    Женски
    Апчиња Бејби пијам секој ден сл:
    Мултивитамини и неуробион насабајле
    Магнезиум со цинк и фамосан навечер
    И обавезно во текот на денот аналгин ^_^ еве сега си лапнав еден...
    Мислам дека никој тука незнаевме што не очекува, не знаевме што е мајчинство, што се вистински обврски :D затоа сме уште вакви :D
    Фри ти имаш малку време пак си отишла порано, ќе навикниш за некоја недела, јас уште се немам јавено кај мајка ми да прашам што прават замисли цели 3 саати :D
     
    На NNA, babydust, paleska3 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Јас си купив, уште да ми текне да ги пиам :D
    Ми фалат витамини, се осеќам, се знам. Немам енергија, како згазена сум. Ми треба некоја енергетска бомба да ме мавне да освежам. :doh:

    @Happyinlove жено за 4м само твоето жалење ќе има големина :D до тогаш ние да си искукаме.
     
    На NNA, paleska3, Milaаа991 и 5 други им се допаѓа ова.