Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    17.649
    Пол:
    Женски
    Хепи ако ти е утеха нема да осетиш кога ќе ти порасне второто.Далеку од тоа дека нема да ти е тешко,ама некако си поспремна,знаеш што те очекува.Еве и тантрумите полесно ги поминувам на малиов него со првото.Е додуша и малово ми е тотална спротивност од првово кое душата ми ја извади,и уште ми ја вади.Ќе се навикнеш да функционираш,како на лагер ќе правиш се.Ќе немаш време многу да размислуваш.Легнуваш едно пресоблакаш,легнуваш друго пресоблакаш,раниш едно па друго или две во исто време :).
    Со второто не ми беше тешко да го држам во раце ден и ноќ,само сакав да си го гушкам и стискам,гњавам,зошто знаев колку брзо ќе помине тоа,а јас веќе нема да имам такво мало бебе,со најубав мирис на свет.Со првото имаш една тежина,со второто друга,на пр цело време ќе се преиспитуваш дали си еднаква кон двете,дали исто внимание си им пружила.Па го погледнуваш првово,жал ти е,го гледаш другово минијатурно и за тоа ти е жал,и се така во круг.До година дена...После ќе се удружат силите и ќе ти е.ат матер.:x:devil::inlove::rofl:(fingers)


    Ако ви кажам дека незнам точно малиот колку месеци ми има?!

    И дека незнам кои се заби му се излезени

    И дека за второто не направив постапалки,а не паднав во депресија

    Немајканагодинатамилениумотвекотштоидае
     
    На babydust, mamaJana, Spidy и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    :hug: баш е така :l::l::l:
     
    На paleska3, Chanell*, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    Во право се кога викаат второто само расте и јас сум од тие мајки кој 24/7 сум со двете деца... И ноќи непреспиени и пак на крајот на денот се прашувам дали е се во ред дали големото има доволно љубов како малото и обратно ќе падне некоја солза но сепак храбро се будиш другиот ден... Сепак еднаш се деца... Не сум од тие кој даваат деца само да имаат слобода, да фали време за себе најмногу ама ќе има ден кога време ќе има а ќе фалат тие...
    Сепак не сме сите исти... Секој за себе со свои размислувања.... Уживајте во животот онака како што сте си замислиле
     
    На babydust, Spidy, paleska3 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Не те сфатив добро во делот “кој даваат деца” како мислиш ги даваат за слобода? Ги даваат по баби и градинки на тоа мислиш?
     
    На Milaаа991 и happygirl им се допаѓа ова.
  5. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Ајде мајки, не е се така црно:)
    Се тешам дека кога ќе пораснаат ќе ни фалат тие работи.
    И јас сум со мојата цел ден сама, ама многу е немирна станета, кога беше бебе беше ептен ептен мирна.
    И јас имам денови кога ми доаѓа со главата во зид да одам, ама кога ќе размислам што можам да сторам?
    Сношти во 1 заспа, во 1;(
    Падна 2 пари од тросед, среќа имав ставено перница, сабајле кога се слушав со моите, ја приметив како намерно да сака да падне.
    Има лоша навика ме претиска за брадавиците, прееска толку ме заболе што викнав силно не, се налути и одма заспа.
    Не памтам кога сум се избајнела повеќе од 10мин, кога сум излегла на кафе, а да поминеме без драми.
    И јас имам денови кога и се јавувам на баба и плачам зошто не е тука барем еден ручек да ми направи, или да ја погледа додека јас спијам.
     
    На Happyinlove, Milaаа991, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Да знам дека градинката е сигурна сега за мое дете без да трепнам би го однела. Нема подобро за неа,па и за мене.
     
    На Spidy, Happyinlove, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    И јас сум изгубена во мајчинството (fingers)

    Ако кажам дека на моменти се фаќам дека ретко знам да направам муабет за нешто друго освен за детево?! Не гледам тв,на работа не одам,излегување ми е прошетка со мали која личи на се друго освен на прошетка!
    Затоа и некако гледам дека сум повлечена во себе,и комуникацијата ми е сведена само со најблиските и со некоја пријателка која има дете/бебе,па може да сврземе некој муабет,инаку со останатите се слушам само повремено и онака некој безвезен муабет.
    И јас пукав од самодоверба,а сега истата ми е не нула,туку минус 1 ;(;(;(;(;(;(;(;(;(
    Се ми се врти околу детево,не е онака муабет,ама немам ниту 2 мин слободно.
    ****Не можам да јадам на раат,ме влече кај сака,а јас шетам со чинија во рака и едвај успевам да пикнам нешто во уста,или кога нема да ме влечка јадам за 2 до 3 мин.
    ******Пиење кафе е научна фантастика. Ретко да испијам кафе топло и убаво,онака како што треба. Скоро секогаш го пијам ладно и онака "од нога". Заборавив како изгледа да пијам кафе на тераса,во двор или пред тв.
    *****Време за средување никогаш немам. Депилација во салон одамна не можам да си дозволам. Откако е роден само еднаш имам отидено 8). Дома се депилирам,кога ќе успеам да одвојам време и тоа депилирам по 10 цм од нога на ден. Додека да завршам,веќе подраснале влакната на прво депилираните места,па издепилирана ибаво никогаш не сум. Затоа во сред лето,на еве скоро 40 степени јас седам во тренерки :sweat:. Успевам да ставам маскара,моливче на уста за излегување додека синко ми буричка во несесерот и ми ги чепка шминките. Косата секогаш врзана :drunk:
    ******Нокти откако е роден 2 пати имам налакирано,еднаш за крштевката,еднаш за свадба. Не дека немам 2 мин за да ги шлакнам,туку зошто треба време да се исушат,а баш тогаш ќе му текне на дете да се бута во мене,да ме фаќа за раце,а башка што и брзо се лупат,па мора одново бришење,лакирање и така во недоглед.
    ****** За бањање се имам жалено многу пати. Се бањам за 7,8 мин,и се соблекувам и облекувам и сушам коса и собирам влакна,се за тоа време. Ако сети дека ме нема и ми влезе во вц може и небањата да си излезам. Сите деца имаат периоди кога мразат да се бањаат,моето има периоди кога мрази мајка му да се бања.
    ****Не спијам навечер како човек,мнооогу многу одамна. Уште пред да се роди,таков беше во стомак,таков си и остана. Спиењето никогаш ми се чини нема да биде исто.
    ****** Излегувањето пп бутици/продавници е сведено на некое хистерично и неорганизирано трчање по рафтови каде и самата некако се губам и од брзање се врткам и на крај ништо не купам или купам 1/3 од она што сум замислила.Некогаш шетав по бутици и по 2,3 пати пробував,па се мислев,па шетав,сега не ни знам да си купам. Брзам,брзам,брзам и во продавница и не знам што да купам и си дојдам со празни раце.
    ******Шетањето со синко воопшто не е онакво идилично шетање,со количка,дете си разгледува или оди за раче,или си трчка :x
    Кај нас изгледа вака:Мама презноена,маскарата подрастечена(ако ја имам нанесено воопшто),и гурам колица и носам дете во раце кое неќе да се вози и се влече на сите страни.А ако шетаме со некого (мм или сестра ми) ,тој некој гура количка а јас трчам по дете или го носам во раце.И наместо барем додека шетаме да одморам,јас си доаѓам скапана дома,препотена и утепана. Успевам да го истуширам синко,а најчесто мене не ми дава одма да се истуширам,па седам така несоблечена и нетуширана додека да успеам да се скријам да мавнам туш,кој трае 1 мин. Го знаете чувството кога се чувствуваш најглотен на свети леплив и никаков,а не можеш да се средиш????? Е така сум и јас :devil:
    *****Косата не ми е шишана 2 год :x ,растат нови влакна,косата расцветана,долга,некоја комбинација од глуварче и метла сум,подобро кажано искубана метла,ама не овие модерниве метли,туку оние на ѓубраџиите :x
    Не се фарбам веќе на фризер,туку дома,од што морам оти имам многу бели влакна,многу. Многу пати и сум седела таква,со бела глава,зошто мали вришти и не дава да се фарбам.
    ******И покрај тоа што се буди често навечер,кога ќе заспие МОРА да сум до него,па и кога ќе спие не можам ништо да правам.
    *****Одење на гости се сведува на седење максимум 2 саати и трчање со дете,носење во раце и џвакање на цицка во друга соба. Не дека некаде и сме отишле многу,ама и кај блиските е вака.
    *****Одење на кафиња,ресторани може да сонувам уште. Неколку пати имаме отидено на кафе,одвај дочекуваме да ни го донесам,голтаме на брзина и стануваме,додека дете или се влече или вика,или цица :@. Во ресторан имаме 2 пати отидено и тоа едниот јаде,а другиот занимава дете. Да ти се одјаде и отпие :@. Во никој случај бебе не седеше само во количка.А колку бебиња имам видено кај што мајката јаде, пие,бебе седи мирно во количка!!! Ама моето не.

    И сигурно има еден куп уште работи,ама не ми текнува,а и доста напишав:wasntme:. Еве го и сега спие,100000 пати се разврте,разбуди,цицаше,во раце се местеш,се презнои и кај и да е,ќе стане.... И пак дремам до него :x

    Значи време освен за него за ништо немам. А и да имам не би знаела ефективно да го искористам. Како што кажав и јас се изгубив некако во улогата мајка,а останатите улоги ги оставив пострана.Се ми е сведено на него.
    И се се тешам ќе порасне....
    Ама сакам и да не е сам,да кма сестра или братче,па кога ќе помислам дека пак треба да минувам низ истото |(|(|(|(
    Ми се чини дека никогаш нема да се вратам во нормала. Никогаш нема да бидам старата јас. Никогаш. А времето минува,брза,лета :worried:. И можеби ќе дојдам некогаш во нормала,ама тогаш ќе бидам во некои "позрели" години и :x.

    И што е најстрашно,гледам дека ништо не преземам да си олеснам,ништо. Си го носам товарот и на никого не давам дел од него. Се јас знам,се јас можам (facepalm)
    И после си се жалам:wasntme: Ама само овде.
    Ептен сум посесивна. Опседната со детево. Можеби и сум психијатриски случај :|.

    И тоа е. Не сте сами и не сум сама,знам.
    Гушки до сите уморни и исцрпени мами :hug::hug::hug::hug::hug:
    И јас знам да си кажам: Што ми требаше сето ова???
    Ќе издржиме :muscle::muscle::muscle:


    Едит: Во градинка би го пуштила. Одлично е и за детето и за мене .
    Кај баби некако така се поставив на почеток (поради проблеми со свекрвата) и сеуште не го оставам да го чуваат. Свекрва ми кога се роди беше опседната дека САМО она е баба и САМО она треба да го чува,па затоа и не го давав да ми го чува.
     
    На NNA, Chanell*, babydust и 16 други им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ве изначитав и немаше пост во кој не се пронајдов.
    Се до едно сум искусила.
    Најтешко ми падна мене грижата, како е можно толку да се грижам за некого, до степен на лудило. Тоа е и љубовта.
    Не бев само јас центар на мојот свет,не знаев по која оска да се движам.
    Изгубена бев долго време околу мајчинството поради други животни предизвици. Сум зборела и порано. Моето дете како да немаше мајка еден период.
    Само ја ранев, бришев и основни потреби. Немав време да се замарам со скокови и заби. Ко низ бунило ми е.
    Сега уживам во секој момент со малата, имам тешки денови, тешки моменти ама тие произлегуваат од мене, не од неа.
    Пробувам да се контролирам за се и сум умерена.
    Идам на нокти и фризури и депилации и возам точак.
    Ја оставам или со татко и или со баба и и немам грижа на совест.
    Не се секирам кога не јаде. А ја оставам и да поплаче. А за какви глупости и плаче не знам ни како да и помогнам. Ме фаќа смеа ама зборам објаснувам зашто левата патика иде на лева нога.
    И наоѓам убавина во тоа денес.
    Утре истото ме вади од кожа.
    Живи сме. Луѓе. Жени.
     
    На NNA, drugarka, Chanell* и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Даааа, топ им е кај моите ама на жалост само за викенд одиме :( Т.е во два двора се за викенд! Плакарите ги надминавме, т.е уште се интересни ама значи лом ми праат... редовно се праи бучкуруш кутијата со алишта за при рака за нив во дневна што ми стои, кутии со играчки исто јас нареди они пререди, таа интеракција ја апсолвираа... исто терасата како нова територија специјално адаптирана на нив исто ја изгустираа ( а тек допрва е летото), уат елс, сегде кај шо имаа бариери читај ходник, кујна, спална, сега сегде имаат пасаран, јер големи се, иако уште не одат саглам, се пуштаат по малце колку реда ради, не знам зашо, а баш имаат потенцијал .... ма шмизли распрдлени :D И да, само ново да се фаќа во рака, се се ново да е.... се лигават нонстоп, вади се вадат... се пишти без клима, со клима носовите растечени.. сеа па ко шо е се пожешко и пожешко им ја скратив сабајлешната шетња дека стварно е жешко, па шетаме во 20ч. одма после вечерата..и така... многу сакаат деца.... а видат надвор деца рипаат ко најголемо откритие на свет...и на кучиња и мачиња исто...едната дури плаче а се тргнеме да си одиме, вришти детево ако ја тргнеш од гледање деца како играат...абе прцул мал, мислиш не разбира а уствари...
    Ти го видов на слика тоа за пентарење од Чико, мислам дека ќе им прија... ќе го побарам, иако уште тоа фали во шпајзов од стан :headbang: Во потрага бевме по нов па фати корона...сеа па бараме...белким ќе се најде!
    Ајде гуш, уживај и пливај :call: :sun: (highfive) :beer:
     
    На NNA, Happyinlove, hello-kitty.90 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Ве расчитав околу мајчинството, па зарем е можно да сме сите овде собрани од ист калибар. @srekice да гукнеш и ти на темава. Не знам што да додавам, нема ни за одземање. Клучниот збор е РАСТЕЊЕ, кога ќе пораснат, тогаш!! Женски не би да дробам слама, ама само сетете се дека јас сум со две оддеднаш :!: :whew: :drunk: :swear: Тоа е, ќе се трпи, се фативме на орото ќе го тераме...
    Жива среќна сум шо сум ослабена, т.р вратена на килажата ко што бев порано, жити тоа што ми дава самодоверба |( додуша стомачево си го има уште :(
    Има уште да зборам, ама се разбуди еднава...одам..:l:
     
    На NNA, babydust, srekice и 9 други им се допаѓа ова.
  11. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е баш најсоодветна темата, вакцините мрп што ви ги ставија од која земја се производство? Утре закажав за вакцина, од Холандија биле.
    Не сум прашала претходно од каде што се.
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    14.729
    Пол:
    Женски
    Ја давам и ич око не ми трепнува. 3 недели сум турбо на работа да надокнадиме за тоа дома што седевме, имаше денови кај што одев и од сабајле и после пак за втора смена. И од 20 дена детево е 10 дена на спиење кај некоја баба. Се начекаа послободни, па си викам подобро таму во двор него дома со мене во кујна, и онака не ми стасуваа саатите во денот. И ич не се секирам, чувана е, најадена, сите кејфови исполнети (ќе си чукам глава за ова, ама јбг нема идеално). Уште оваа недела и после да си фатам ред. Барем ја однесов во зоолошка пред хаосов, тоа ми беше мерак, ми стоеше идејата од март.
    Камо да беше се во ред, и да си одеше во градинка, и јас прва смена ко нормален човек, па навечер да си шетаме на убаво топло летно време, ама пуста корона...
    Во вакви ситуации сум многу благодарна што имам кој да ми се најде, зошто не знам што ќе правев. Неколку недели се во прашање, ама ќе се мрднев.
    Се додека се има разбирање со бабите, да држат ред како што треба, добредојдена е помошта.
    Капа ви симнувам на сите кои сте 24/7 на работа или со дете, и така секој ден постојано.
     
    На NNA, Chanell*, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    24.278
    Пол:
    Женски
    Да имам на кого, и јас би го оставала без проблем. Ама немам па затоа ни доаѓа тешко на моменти со мм, во се сме заедно двајцата.
    Не мислам дека е лошо да се оставаат децата со бабите и дедовците, баш напротив. Ем на нив ќе им биде позабавно, ем родителите ми имале малку време за себе.
     
    На Emma2, FreeMind и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  14. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Околу мајчинството јас само едно знам : Среќна мајка = среќно дете. Не можам ни да се сконцентрирам на детето ако сум прегладнета, хронично ненаспана или неизбањата и валкана без сменето долен веш и сл. Без нокти, кафеани и сл може да се издржи, секако секој со приоритетите. И доколку 2 до 3 саати ми бркаат работа не ми е проблем да го оставам на баби. Но да ми го чуваат цел викенд, или цела недела.. Не дозволувам. Зошто? Затоа што не сакам да ми воспитуваат дете со нивните методи од пред 40 години. За градинка нема проблем, само што со ситуацијава со вирусов уште долго нема да видиме градинки. На дете му треба дете за игра и средина во која ќе следи правила и ќе учи низ игра и забава, а не баби со турски серии и шетање по комшии. Добар туш, добар сон и добра храна мене ми се доволни.
     
    На Bella*, babydust, Happyinlove и 9 други им се допаѓа ова.
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Мене ми е свекрвата на долниот спрат и ја оставам само ептен во зорт да треба да завршам.
    Не разглабам причини, само знам дека ако ја оставам повеќе нема да биде добро за моето дете.
    Кога ќе порасне и ќе рече јас сакам долу да спијам, нема да бранам. Не бранам ни да ја прошетаат, поиграат ама тоа е 1ч, за среќа и свеки толку сака.
    Ама луѓе да не се лажиме дека детето ќе го добие тоа воспитание како во градинка. Ма ни јас неможам да ја научам, и попуштам некогаш:doh:
     
    На NNA, Happyinlove, srekice и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @lackygirl ми кажа дека журката била тука додека си се жалевме по инста :D дојдов да ве поздравам и да ви пуштам :hug: :hug: :hug: валда сум за во темава према екипата зошто што би рекла @simona_baby незнам колку месеци има малата:rofl: е добро не до толку ама ако ме праша некој треба да се пребројам на прсти, забите ми се болна тема сон ми зедоа живот ми скратија сега и пробија долу двете четворките, горните се на ред така фино набабрени, а за тројките богами назад ни е зимата:sweat:
    Околу погубувањето во мајчинството тука сум и јас тотално изгубена себеси и целосно посветена на децата три години сум дома изгубена во домот, детските игри, активности, плачки рикачки и точно кога требаше да пуштам деца во градинка и тргнам на работа се задеси ова со короната и така мојата агонија продолжува. Маж е скоро по цел ден на работа јас сум сама со децата, знам да одам до кај моите или да го пратам синко по мм кога оди на работа и го зема на враќање. Избегнувам дружби и гужви па се движам така посабајлечки со децава, комбинорам тековни обврски со нивни активности и кога ќе дојде ноќ спуштам глава на перница и почнува голготата пиштење во сон исправање, легни стани, и така на секој 20тина минути и не е за јадење ниту за пиење, ниту за играње забите се. Еднаш неделно давам доза далерон да се наспијам и тогаш дали еднаш или ниеднаш нема да стане. Во однос на мм се трудам да му се посветам во ноќите :inlove: светла точка ми е и омилена возрасна особа расположена за муабет со мене иако темите се оддамна иживеани:wasntme: и така крадеме минута по минута некогаш и час и два:) Недела дена си имам мака со притисокот низок и споен, чувство на лебдење, па успорив темпо, состојбава ја препишувам на ненормалниот умор па валда телово само си зема издишка, а и целава ситуација со вирусов страшно на психа ми мавна па и тоа си има свој удел, здрави и живи да сме само се ќе помине ќе се сеќаваме со насмевка на овие денови. И кога ви е тешко и неможете повеќе сетете вие сте силни и да можете и никако не сте сами, мал милион сме тука со исти и слични маки, со натопени перници, сини подочњаци, бушави коси и растресени стомачиња:D ама полни раце среќа и безрезервна љубов:l:
    Добра ви ноќ имајте мирна вечер:hug:
     
    На NNA, mamaJana, babydust и 11 други им се допаѓа ова.
  17. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Океј. Едвај заспа, дури сега.
    Среќен родител-среќно дете? Накурчена сум на оваа реченица. Утре ќе се издишам убаво на темата. (ако имам време)
     
    На Happyinlove, mal.ecka, Vennera.aa и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Кај нас продолжува голготата со станување во 4, 5 сабајле и еве сега се обидувам да ја презаспијам.:whew: Wish me luck.:)
    Вчера освен што преспа еднаш од 6 до 9 утрото, а беше станата од 3, едвај 15 мин преспа во текот на денот. И веќе од 6 часот пополадне не се трпеше и на крај шлаг на торта си ја изгреба раката во трендафили. Нормално имаше ред солзи, ред мрсули, што нејзини, што мои. ;(
    Заспа уште во 8 часот и не ме чуди што се издига од 4. Ајде и направив едно смути сабајлечки од праски, круши и мед, не дека многу се напи и почна да зева за спиење. Ама не се дава, упорно ми реди играчки на спална, чиниш цел ден и е малце, па мора со повреме денот со играње да го фати.
    Туку ај дур пишам тука гледам заспа, ај да истерам уште една дремка и јас, оти чинам ме чека уште еден доолг ден. :yawn::sun:
     
    На NNA, Happyinlove, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Неможе човек да не биде нервозен кога е уморен. А уште па да биде среќен родител.
    Што дека имам свеки дома, она ја чува само кога сум на работа јас. А кога сум дома јас си ја гледам. И? Одмор камо? Синоќа заспа во 1 30. Од сабајле ја гледав, на работа се расправаш со секаков народ, се враќаш плаче по тебе, закачена за тебе, тебе ти се спие уморна скрос, и до 1 30 да седиш, она се смее сака да игра а ти само зеваш. Ќе си пукнам.
    Маж? Време за со маж? Му кажувам за психолошкиот совет што го пиша Фри, за 2та часа поминати со партнерот, ми вика ти немаш половина час за себе ќе имаш два за мене. Едноставно обврските си го прават своето.
    А смирен да си, среќен за детето да е исто секојс чест на поединци.
    Ќе ги игнорирам постовите од сега натаму (не зборам посебно, општо зборам), бидејќи премногу бајковито опишано, не фала.
     
    На S.J.Parker, Happyinlove, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. angel25

    angel25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    170
    Колку само се пронајдов во секоја реченица од текстов!(facepalm)
     
    На NNA, S.J.Parker, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.