Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.661
    Пол:
    Женски
    @Vennera.aa :hug: највредна мајка на инста (fingers) со највредно дете :inlove:

    Сношти до 9 и пол надвор бевме, само памперс сменав, го измив и во 10 заспа, стана само 2 пати ноќеска (fingers) и тоа в спална пекол беше :whew: отворив врата надвор кучиња лаеја и почна и тој да лај во сонот :rofl: па затворив.
    Дали ќе одмориме некоја недела од заби? Се прашувам сама и се надевам сеуште :D
     
    Последна измена: 1 јули 2020
    На NNA, srekice, Happyinlove и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Само јас ли сум ваква, а им се растечат носеви одма мислам испонастинати се, заби вадење не ми е на памет а тоа што се со лиги до земја неколку дена тоа нема врска.... дека ве читам одма на тоа помислувате од прва, а јас одма се преиспитувам, клима ли беше, испотени да не биле, на тераса на плочки... откриени спијат дека се откриваат цела ноќ...ајде мисли доутепајте ме.... иначе 37.1 температура + размрсулавеност...и така, денес ќе си пратам, тоа е. .:(
     
    На srekice, mal.ecka и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  3. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Постојано си читкам на темава ама немав пишано досега. Искрено и јас некако како да се подизгубив откако станав мајка, се ми се врти околу керќичката 18 месеци. На работа сум 8 сати од понеделник до петок после работа цело време со неа. Свекрвами ја чува, да речам добро ја чува, имам некои забелешки ама ајде да не ја претервам. Понекогаш се осеќам како да е изгубена личноста која бев пред да бидам мајка, јас која неможев да замислам во викенд да не излезам на кафе и шетање дали со другарки дали со сопругот/ дечко сега одвај чекам да дојди викенд за да бидам дома со неа или евентуално до паркот да одиме. Со неа нема шанса кафе да се пија само ќе плачи ќе се лигави ќе ме тегни за да станиме, а ресторан веќе е измислена именка, хехехе еднаш седнавме на чорба демек и таа да проба ама уште не порачана станавме и си заминавме, нејќеше ни да седни на столица пиштење се тегнеше и заминавме. Со другарки скоро и да не се гледам, незнам дали немам време дали немам заеднички теми со тие кои немаат деца, можи и досадна им сум оти само за детето зборам незнам. Со две другарки само се гледам одвреме навреме, едната има дете и имаме еден куп заеднички теми, а со другата два пати месечно ако излезиме и то до паркот да ја повозиме и покрламе малата. Мајками е исто слободна можи да ја чува и попладне и приквечер за да подизлезам ама неможам се осеќам мн неубо како да ја запоставувам, си велам доста скоро цел ден е со свекрвата уште и тие неколку сати што е со мене да и ги скратам или викендот два дена што сме заедно, незнам не ми дава срцето. А од друга страна пак како социално да заостанав, немам социјален живот воопшто скоро, време за депилација ретко наоѓам, за нокти правење нема шанса, едниствено ако успеам на флизер да одам на неколку месеци за да ја потстрижам косата и толку. Малата некогаш мн е напорна само плачи се нервира се прпелка а некогаш е најголемата срцка, вчера пример мн се израдва оти и извадив базенче на тераса и се разладвасе надвор и ја оставив да седи колку што сакаше и ко излезе самата од базенчето незнаеше како да се израдва исполнета цела ме гушкаше дури и по нозете почна да ме гали и бацва дур ја облеквав, ептен искажва љубов ама некогаш е мн захтевна колку да се трудиш неможиш да и удоволиш. Понекогаш се осеќам и како да потфрлвам со улогата на домаќинка неможам да престигнам да исчистам се, јас чистам таја валка и така во недоглед , јас суредвам една соба таја ја растурила другата хехехе. Како сопруга и таму понекогаш потфрлвам оти за секс ретко имам време обично изморена цела одма заспивам, станувам рано во 06 часот да средам алишта, да ги ставам да се сушат се спремам и пешки 40 мин до раб, таму 8 сати канцелариска раб па пешки до дома, еден ручек на брзина дур ме тегни малата и после до последен момент со неа дур заспија, па после набрзинка мијам панци, суредвам низ дома, бришам прашинки и целата капната заспивам, среќа си вика што ручек ми прави свекрвата иначе ќе требаше воопшто да не спијам за да престигнам се. Незнам како порано жените стигнувале се да направат, јас за ништо ко да немам време едноставно се на брзинка правам.
     
    На happygirl, hello-kitty.90, Happyinlove и 6 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    1C08413C-55CD-435B-B8CE-7D823717B0FD.png

    Две цели години сме заедно. Се зачленив барајќи спас во вториот месец бремена зошто мислев ќе умрам од лошење. Единствена на интернет страните со иста судбина како мојата беше мојата @ajaja95 Со неа поминавме тешки труднички моменти од сам почеток. Затоа и се зачленив на фемина барајќи некои со мои проблеми иначе Кајгана не ја менувам за ништо (ноу хард филингс) таму имам долгогодишни блиски пријатели. И потоа ве најдов вас. И ми станавте дел од животот. Кога ми било најтешто ми се најдовте така да прва тура на седенка ракика иде од мене ;)

    Тоа дека ве сакам си го знаете ама да не се лигавиме нали.
     
    На NNA, srekice, S.J.Parker и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Денеска и излезе левата 5ка, конечно!
    Беба има 1год и 3 месеци.
     
    На srekice и lackygirl им се допаѓа ова.
  6. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Нели е рано за 5ки? Да не е 4ка?
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Не не, убаво проверив, и јас се изненадив, со оглед на тоа дека многу касно почнаа заби да и излегуваат.
    И долу и горе има по 4 заби.
     
    На lackygirl и Happyinlove им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Без тројки и четворки директ на петки?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да е петка. Четворка е со гаранција. Меѓу млечните заби обично има голем простор, па затоа ти се чини дека е петка. Петките уште не се целосно оформени, растата најрано на 18-20 месеци, а по книга од 2-3 години треба да се комплетира забалото со нив. Така што, четворки се.
     
    На srekice, Happyinlove, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за советот, баш на левата страна има само едно запче, и голема е веројатноста дека поради поголемиот простор сум згрешила.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    Да на тоа даваат мислев дека повеќе растат со баба и дедо отколку со мама и тато...
    Околу мене имам такви луѓе и само ги жалам децата....
    Шетање по странство, терање луксузен живот а децата во двор со баба и дедо ...
    Сепак децата ги раѓаме да бидат дел од нас не да ги врземе за суќна туку да уживаме во нивното растење
    Не зборам за оставање на дете поради потреба, недајбоже болест туку уживање во животот и луксузи
    Впрочем оставањето не значеше за градинките местото на детето според мене со наполнети 2 години му е во градинка за потполна социјализација , дружба згрижување и воспитување.
     
    На babydust и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Амори доста се лигавиш, ја сонувам веќе твојата ракија, доста чекање, со маски ќе се намонтираме и ќе ја пиеме :D
    Ај гитла, и ја те сакам, ем заради уникатност ем заради близина со годините, чунки не су само ја стара магарица овде :D Амааа, нишо без стара кока добра јуха :D
    Вадиме и ние заби, ако го преживеам денов, ќе излезам без прслук надвор до вечер ( и без маица) :D леле добро не, ама ете до толку ми е да го истерам денов некако :rofl:
     
    На NNA, srekice, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Чекај малку, а со доаѓањето на децата на овој свет според тебе не би требало ни еден ден да ги оставиме сами те. со баба, дедо?

    Побогу мајка ми и татко ми пред 25год шетаа странство и не оставаа сами со брат ми, па ништо страшно, ништо не ни фалеше.
    Јас мислам ич да не ги жалиш тие дечиња.
     
    На duffi, Spidy и happygirl им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Споменав и претходно има еден модел на мајчинство најмногу застапен во славик кантри налик баење од уплав. Тој модел е граден со генерации и генерации ретко претрпува промени и е доста нефлексибилен. Многу ретко живеејќи на такво поднебје можеш да се пуштиш од “орото”. Едноставно системот и околината те ставаат во пранги каде со мајчинство се зауздуваш до крај. Многу несвесен процес речиси секогаш пропратен со популарната реченица “ама јас не сум таква”. Онаа нишка на модерност честопати е издувана милум или силум. Иако ќе налеташ на доста високо образовани лица сепак на крајот од разговорот ќе почувствуваш силна горчина во устата.

    Благодарение на тоа моделот кој го претстави како “твое лично мислење” им донесе многу трајни оштетувања, лоши воспитувања, несогласувања, хроничен умор и болести на многумина. Нанесување на чувство на вина онаму каде жената е најслаба - децата. Многу ретко некоја од мајките да посегне по трајно решение кога многу пати е удрена по раче од околината. Јас сум на мислење дека вие (само како пример ќе те земам не мислм лично на тебе) сте многу понесреќни од оние кои одат на луксузни патувања без деца. И нивните деца веројатно се посреќни од вашите.

    Досега познати факти кои го верификуваат мајчинството се:
    - квалитетно поминато време со детето
    - стимулација и игри во природа
    - редовна здрава исхрана и физичка стимулација
    - разговор, раскажување и доживување
    - гушкање и изразување љубов

    Јас глава на труп ставам во моментов дека вие до две години сами со децата немате ни саат време во денот од ова погоре набројано. Гледам како мине денот и колку да се трудиш да анимираш дете се е тоа самозалажување. Да не навлагам во детали нели сите на своја кожа знаеме колкава е желбата секојдневно за анимации и занимации.

    И друга ствар на која сакам да се задржам е феноменот кој редовно ме инспирира за “скок плук” е гледањето во туѓ двор стара балканска главна карактеристика на живеење. Започнува со реченицата види оние онаму децата си ги немаат видено...и иде Дунав :)

    Она што е најбитно е да се сфати дека во ред е да се чувствуваш и себично за себе. Во ред е да се чувствуваш и беспомошно и тажно и разочарно. Во ред е и да го кажеш и помислиш тоа. Не е во ред да го потиснеш и прикриеш под превезот “види ги оние” кога самата се фаќаш честопати во денот бесна. Не е во ред со негативни чувства да се растат деца не е тоа поентата бре луѓе физичкото присуство од 24/7. Што ако ги гледаш како растат кога си празна во себе.
     
    На srekice, duffi, PrettyG и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Јас па оставам дете за да се прошетам или да поседам со мм негде.
    Ич да не се кажувам :(
    Ја оставам и кај свеки и кај мајка ми, за спиење само кај мајка ми, оти сама си се качува горе кога сме дома па нема шанса никако да остане за спиење долу кај свекрвата..
    Е немам финансии доволно за да уживам во луксузите на светот, ама кога би имала сум сигурна оти ќе ка оставам на 5-6 дена и ќе направам една тура некаде. Она нема да го памти патувањето ако ја носам на 2 години, а јас сигурно би имала искуство и сеќавање плус.
    Посесивноста кон детето ми помина магично после годинката.
    Зошто ли толку трескање од земја дека се можеме,се знаеме, не ни треба никој, а всушност ни треба?
    Зарем да се срамам од фактот дека да,имам помош голема, и да, можам да ја оставам да ја погледаат и не,нема да и наштетат за тие неколку часа.
    Олабавете се малку ...
    Милите очиња и рачиња и понатака ќе ве гледаат и гушкаат, ама да подзаборавите на себе само за да не биде детето оделено ни час од вас, мене не ми е океј.
    Одам и на фризер и депилција и нокти, и на винце со мм, и по кафани со пријатели.
    Насмеана од што сум поминала квалитетно време надвор од дома, си ја земам ќерка ми е опет назад.
    Тоа не ме прави помалку добра мајка.
     
    На Bella*, srekice, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    14.729
    Пол:
    Женски
    Тоа те прави посреќен човек, и после тоа ќе бидеш и подобра мајка, да знаеш. :*
     
    На srekice, duffi, S.J.Parker и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Апсолутно.
    Ми требаше малку време да го сфатам тоа, ама битно го сфатив на време. :hug:
     
    На duffi и happygirl им се допаѓа ова.
  18. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    И јас одам за викенд денски на 2, 2ипол саати со маж ми на кафе и потесен круг на пријатели, секогаш ги оставам кај мајка ми, никогаш кај свекрвата. Тоа е само еден ден во неделата,толку,... нит ме бараат, нит ги барам!! На почетокот нонстоп и пишував на мајками како се и слика да видам.
    .сега јок!
    Ако го немам тоа кафе во тој е**н единствен ден, тотално ќе полудам. Иако, едно кафе во цела недела е стварно малку ама ете фала и на толку. Абре луѓе, зарем не заслужуваме малку издишка, барем малку? Па 24/7 сме со нив мајкаму стара, ок, зборам за тие што се дома со децата, јас па уште сум на породилно, и @FreeMind исто ко тебе бременоста што ти беше вечност, така мене породилново, дека 15 месеци..
    и уште ми викаат ради ситуацијава моментална, да сум продужела со мерките да си седам уште дома.... колку и да сакам да бидат уште со мајка, да не ги праќам во градинка,мада не знам ни градинкиве дали воопшто ќе отворат, идејата да останам дома уште наредни да речеме 5,6 месеци, тотално ме мава у поим. Дефинитивно ми фали народ, ми фали јас сама барем дел од денот...... да не беше оваа глупавава корона, ќе беше се поинаку.....
    Си се жалам овде, ненаспана, со кенкаво едно дете кое 3 дена по ред денски не спие, а другото спие..е сеа со првово мораш да се занимаваш зашо кенка за спиење ама ете не заспива, а такви се најнеиздржливи! Маж ми сега ја занимава па пак ќе настапам јас, за другово да поспие... и така јово на ново секој ден.
    А ко шо не излагаме денски ради жешково, во кафез цел ден, убитачно!
     
    На srekice, duffi, paleska3 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    Има ли некога регресија на 1 година? Неспиење на најјако 3 дена.
    До сега кога и да имало се враќал брзо во ред.
     
  20. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа Ема, ако го нема тој ден се полудува.
    Епа баш јас сум во тој муд(mood). Немам слободно време за себе ниту за мм. И понервозна сум и јас и малата. Се влијае, знам. Постојано дете, работа, дете, работа. Со мм сме изгубени. Се сме уморни.
    П.С дали навечер посуви им се пелените? Пие постојано течности ама некако посува пелена. Кај 21 30 и сменив памперс и заспа. Сега сув го сменив.. Многу малку имаше мочки.
    Нокшир не сака преку ден. Од утре на гаќи ќе ја оставам надвор.
     
    Последна измена: 3 јули 2020
    На NNA, Emma2, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.