Ја имам апликацијава ама не ми излегла нотификација. Денес веќе прооде, одеднаш. Од 2 3 чекори сам до вчера, тргна по цел стан над 10 чекори, ама со спиењево 3 дена мака и на 1 дремка ми смени, после преуморен. Генерално е добар спијач, цела година од 6..7 до сабајле до 6..7, секогаш се враќал во ред, после регресија. Мене па тешко ми е кога не спие, имав доста одмор првава година, по саат ми беше се, се надевам ќе остане..
Да кај синко од ко е жешко мн посуви му се пелените и дење и ноќе, пред 2 дена ко го оставив по гаѓи цел саат и пол не се помоча, го однесовме и надвор и вода му пуштивме да гледа и не се помоча
Јас 2 дена пробав со гаќи. За 3ч ми измокри 10 пара. Премногу пие течности и трошиме пелени исто како кога беше новороденче.
Јас сабајлето и облеков гаќи,и ја пуштив надвор со судоперот да си игра. Како влегов до дома една минута она се искака. Дали од жешкото, или од вакцината има некој осип, ама не изгледа нешто страшно...
Јас се навикнав на осипи, ја оставам гола, свесна е дека моча се гледа надоле ама како да а одвикнам кога моча 10 пати во 1ч Сигурно и е од топлото се исфрла. Сега летото повеќе гола па нека моча кај сака
Ја примите мрп? Леле уште јас останав. Ајде ќе ми кажеш како ќе поминете јас сакам сега овие недели додека е мм на одмор, ама дека жешко се премислувам пак.
Ми кажаа дека вакцината е доста прочистена и 90% биле без реакција, не се плаши. Ќе поседите дома малку под клима
Здраво мајки ми треба искуство од вас незнам како да се справам.. живееме со свекор свекрава и золва во иста куќа само на посрбен спрат. Син ми има 15месеци и јаа сум шо црл ден со него и свекрвами бидејќи другиве одат сите на работа. Имаме пишувано и предхпдно дека знае да плаче по татко му дедому и текаму ај бидејќи не ги гледа по цел ден ама еве го неколку дена пискот е по бабаму неможам да го изнесам на шетањр зш он мора да не испрати и демек игра со него го брка и почнуува да плаче по неа станува од количка и баба само вика.. до пред некое време не и даваше да го чепне да го здре плачеше од неа сеа нз наеднаш што му стана почна да плаче по неа а од моите родители сеа плаче не дава да го земат а исто ги гледа и нив секој ден.. ова за свекрвами ми падна мн тешко зш со неа не сум у добри однпси имам пишувано во др теми како ми ги уништи најубавите денови од кога се породив...како семешаше усе итнн.. и ваа ситуација немпжам да ја поднесам па и она мора секогаш кога испаѓам да дојде да не испраѕи пречека толку е досадна станата мора секаде да ми се појави.. неможам да го поднесам ова денеа морав да испаднам набрзонка и се го спремив син ми имораше нејзе да ја викам зш ја кренале количката у гаражата а мм на работа клучевите си ги ноаи со него а жораше она да отклучи и ете ја одма го брка од кога го седнав у количка и таман тгнавме кога стана се извра од количка плачки по неа и најпоале и го оставив и она цела насмеана зш така прави и се гледа колку и е мило на самата фаца дури мислам дека има направено некоја магија зш се наеднаш ср смени.... од ден за ден син ми не плачеше од мајками сеа плаче не дава да го земе кога ќе отидеме и наеднаш плаче по свекрвами не сака со мене што сум му мајка а нејзе и така и одговара по фацата и гледам ... некое искуство совет мислам ќе пукнев од нервоза се изнаплакав... знам оно е дете ама не ми е јасно како од ден за де смени се посебно спрема неа ср мислам има она неш направено
Последната вакцина денес втората доза на мрп. Да бидам искрена ако ги закаснев вакцините ќе си го исплашев детето. Сега разбира повеќе и се исплаши многу. Како врисна милата..со браво браво ја смиривме и на прошетка. Следната на пет години. Следна контрола на 21 месец. Инаку влезе и со рака се поздрави со педијатарот од кај и текна не знам.13.500 кг сами си ја меревме ама не стои и не мирува, висина чекам да заспие па да ја измерам.
И моето дете плаче по баба и, вака исто како што кажуваш. Плаче и по други. А од мајка ми плачеше оти не ја гледа често. И какви магии, жити се? Интересна му е на детето, жената. Тебе колку и да не ти се свиѓа премногу е себично од твоја страна. Ако си тргнала да шеташ кажи и отворено не го закачај сега да го прошетам, па после ќе ти го оставам да си поиграш. Треба да се радуваш детето што сака да си игра со други и не бега и плаче. Ајде малку излади ја главата и размисли,фрли ја љубомората, детето се осеќа.
Не си сама.И јас не сум ја однела за мрп.Ама се собраа многу од што чекам,за тепање сум.Сега и пнеумококот и ревакцина на дитепер треба.Закажав за понеделник прво пнеумококот оти до 2 години и ревакцина треба да има, па ќе видиме. Ама сама сум крива,па и коронава се заебава.А и пожешко ќе станува времето,така да,мора некоја да се стави.
Па тоа е најголемиот проблем зш нејзе така и одговара и го закача и кажувамама она се прави демек не сваќа и на фацата и се гледа ... не ми е јасно како за ден се се смени наеднаш плаче по неа сака кај неа а со месеци не даваше да го игра да го фане
Децата менуваат во час. Пред 1м не сакаше кај никој освен кај мене, сега и на странец да и рече ајде на папа, му дава рака и оди. Едноставно тоа му е интересно повеќе од моменталната активност,неможиш тоа да го смениш. Може само да се нервираш и да направиш упте полошо. Не се роботи да не слушаат ние како сакаме и мислеме.
Син ми за жетање де ќе остави и знаеше дека ќе го шетам ама она од кога го седнав у количка почна да го брка и овој стана и плачеше не сакаше да седне и самп баба и и го оставив...а она фацата што ја направи и годеше... па неможам на секпј чекор мора она да се појави а испаѓаме а идеме а не слушне еве ја ...и навечњр кога сме испадната да шетаме она вози точак и не барала кај сме ... синоќа си дојдовме покасно и одма кај сте вие мн касно си идете гледам 10 саат вас ве нема и викам бевме нагости и заќуте неможам зш мора сегде да ми се појави до пред да имаме дете не се јавуваше ни на врата ама сеа ете ја де за испаѓање ако не слушне по скали еве ја кога си идеме ако не слупне ете ја дури ми вика па сеа како да ве слупнав по улица мислев вие сте испаднав гледам не сте значи неможам да ја поднесам буквално неможам послле се шо ли направи после пораѓајот
И ние сме одтанати со мрп. Планирам на еден Ми текна и мене сега. Коа бевме пред 2 недели на ортопед и чекаме во чекална да не повикаат седнати на столче и излегува докторката го вика малиот со има и презиме и овој станува си ја зема книшката од маса, иде и ја дава на докторката и влегува јас и маж ми со зинати усти останавме, докторката вели еј браво како сте го научиле, а всушност ние неможеме да го убедеме да отиде кај некој непознат, да прави здраво или слично, едвај чао ќе каже на некој со молење ептен беше филмски, да не видев со свои очи на маж ми нема да верував дека така направил. Всушност они стварно се впиваат и гледаат, само несакат да покажат коа ги напнуваме Ти пред да идете да шетате кажи и. Кажи: ај да не те види да не плаче, несакаме да го гледаме како плаче, нели? Нема што да ти одговори тука Коа веќе мораш да трпиш прави со финти. Не се нервирај. И мојов плаче кпа идеме на гости кај бабите па треба да си идеме дома. И пред идење ќе им кажам: ај полека скријте се по другите соби, јас неприметно да го изнесам и ставам у кола и готов. Нема испраќање,нема лутење
Секој има право да верува во што сака, ама кога нешто не ви е јасно, не брзајте да го објаснувате со натприродни објасненија. Прочитајте убаво дали на интернет, дали од книга, дали ќе прашате некој психолог прво... информирајте се за вистинските причини за однесувањето на детето. Колку подобро го разбирате детето толку полесно ќе се справите со сите развојни предизвици што ве чекаат. Детето на таа возраст од 15 месеци е нормално да има страв или срам од лица што не ги гледа секојдневно. Тоа препознава кои му се познати лица, што ги гледа секој ден и од нив не се плаши. Но, стравот од непознати (или од оние роднини што поретко ги сретнува) е нормален за оваа возраст. Тоа е нормален тек по кој се развиваат емоциите кај детето. Дур било помало го немало тој страв, но сега созреало. Вашата мајка не живее со вас, нема прилика да ја гледа секој ден. Затоа е нормално што не сака одма да оди кај неа во раце, тоа бара заштита од вас и ќе седи кај вас во раце. Не инсистирајте да го зема ако плаче. Седете со мајка ви почесто, ако можете и неколку пати во неделата. При тоа детето не го терајте да оди кај неа, зборувајте си вие две додека е детето во ваш скут, постепено само ќе се опушти и самото ќе си отиде до неа кога ќе види дека е ок. Децата на таа возраст се неуморни за игра и нормално е да го преферираат оној кој ги игра и ги забавува, кој прави се што тие сакаат да прават. Тие не разбираат дека баш сега имате обврски и дека морате некаде да одите баш тогаш и дека затоа не е погоден моментот за играње. Се ќе сторат да си ја задоволат потребата во моментот. И каприците кај и да ќе се појават, па ќе почне уште поупорно да го прави тоа што го наумило. Разбирам дека не се согласувате добро со свекрвата, но верувам дека како секоја баба со душа го чека внучето да си поигра со него, да го чува (затоа може и ве пречекува). И самата пишавте дека таа го чува преку ден и ви помага во грижата за него, така да детето веќе си е навикнато со неа. Детето не знае дали вашиот однос со баба му е добар или лош. За него таа е некоја што го чува, пази, си играат и споделуваат убави емоции. Тој однос нема да му штети, само ќе му оди во корист на детето. Бидете среќни што има прилика да расте со живи баба и дедо, тие врски ќе ги памти цел негов понатамошен живот и тоа ќе го збогати неговото животно искуство. Емотивната врска со баба/дедо е многу топла и полна љубов која е поинаква од онаа со мама/тато. Така да не е магија во прашање, туку емоции и љубов.. Мој совет е да се договорите со свекрвата да си играат колку сакаат кога детето е слободно, а кога мора да се излезе побрзо и кога е таа со вас да го испрати без многу играње. Створете му рутина на детето и ред во тие игри, да знае кога е време за играње со баба. А ако имате потреба некогаш да ја нарушите таа рутина и да излезете кажете и на свекрвата да има во предвид, да не ве задржува, туку да ви помогне побрзо да излезете. Седнете и разговарајте смирено ако можете. Колку и да сте во лоши односи научете се обострано да комуницирате и да се договарате.
Свекрвами не го чува значи јас сум дома со него не одам на работа аамо сега зш плачеше по неа го оставив со неа и во ретки сотуации кога мора неш итно да завршама со коронава неможев са гоо носам со мене а и со мајками се гледаат секоја ден секоја ден одам кај нив зш ми се блиску исто и со неа го имам оставано за ако треба да отидам испазарувам седеше ама сеа неш две недели смсни плаче од мајками а од свекрвами не а пред тоа од аверквами плачеше иако секоја ден се гледаа у иста куќа
И синко ја нема примено мрп уште. Сакав да го носам за дитепер на 18м,ама се предомислив од жешкото, лани од втората доза во јуни изгоре од темп и никако не се симнуваше дека беше мн топло времето. Пнеумокока исто немам ставено. Од септември натака ќе му ставаме здравје.