И ние сега треба да ја примиме, и на нас е последна. Пишувај како ќе поминате, се надевам без реакција. Туку, на секој преглед ја мерат малата? Бевме на ревакцинација во мај и тогаш ни килажа ни висина.
Штом се гледа секој ден со мајка ти, значи не е страв од непознати. Дали често го оставаш со мајка ти, за да излезеш да завршиш работа? Ако почесто е без тебе кај мајка ти, може да е во прашање сепарациона анксиозност - тоа значи дека го вознемирува можното разделување од тебе. Ако не е таков случајот, тогаш може да е нешто сосема друго во прашање, што за нас е може и не забележливо и небитно. Најдобро е да се набљудува детето кај мајка ти што е тоа што го предизвикува да плаче. Децата некогаш негативно реагираат на за нас ситни нешта - очила, мириси јаки, јаки звуци и гласови, нешто може во просторот во кој си играат му попријатно кај другата баба, некои играчки повеќе ги сака или некои игри што ги играат му се позабавни. Може и самото тоа што е еднава баба блиску (практично во иста куќа) со неговото дома го прави да се осеќа посигурно таму, поблиску до дома. Што и да е причината, кога ќе ве пречека мајка ти, нека не брза одма да го земе во раце ако тоа несака. Приодот кон детето за да ве поздрави некогаш може да помогне во тоа да не ја отфрли детето. Природно е да сака одма да го земе во прегратка, но нека се воздржи во првиот момент. Нека го следи темпото што го диктира детето. Насмевка една кога ќе ја гледа во лице баба, може да е доволна за почеток. Па кога ќе се опушти повеќе, потоа гушкање. Моите кога пораснаа доволно за да кажат што осеќаат, викаа дека поубаво им е мајка ми да ги чува дома кај нас, отколку кај моите дома, затоа што тука си ги имаат омилените играчки, си имаат слобода да си прават што си сакаат, својата соба и сл. Вашето детенце уште е мало за може така да се искаже, затоа набљудувајте како се однесува.
@Cosmic Girl преубави совети, што ви е професија? Моето така плачи по едно девојче, на мм 1ва братучеда, 13год е, многу го игра, премногу му е интересна, ако се шетаме и ако ја сретниме по пат плачи многу по неа вчера била кај нас (јас на работа) и мм кога отишол дома ич не му се ни опулил ич, значи кога е со неа никој друг не гледа, ни мајка ни татко, па мм ми се јавува ми кажува (љубоморен беше) ми вели: ***** е тука ич не ме ферма мене ич не ме опули. Деца Ние ќе го носиме деновиве за ДиТеПер, да ми се тргни од глава, досега немаше на ниедна реакција.
Емка не сум од Скопје, ама од кога ги сменија тие со поминат рок што беше фамата тогаш, од тогаш биле подобрени. Така кажа докторката. А и со сите што правев блиски муабет ни едно детенце немало реакција.
Дипл. психолог сум и мајка на две деца, веќе тинејџери кои ме натераа да искусам се што имав учено Мило ми е ако советите некому му помогнат. Нема простор за љубомора кон другите, значењето и улогата на родителите никој не може да им ја намали. Вие секогаш ќе имате главна улога во нивните животи. Другарчиња за игра ќе имаат се повеќе низ животот како ќе растат, кај вас ќе доаѓаат поретко можеби за да си играте, ама вие секогаш ќе сте првите на кој ќе му дојдат за милион други ситуации. И децата ќе ви се менуваат и ќе ги менуваат навиките и преференциите, тоа е целата поента- да искусат повеќе, за да научат и да се развиваат.
И јас некако од тие скандали неможам да се опуштам. Целе време ми е во подсвеста и одложувам само си наоѓам причини. Иако цело време се убедувам дека помина тоа и дека сега се е во ред, пак некако се кочам
Сите до некаде го имаме истиот страв, ама решив да не читам, да не мислам и дека ја ставам за нејзино добро. Само прашав дали и какви реакции имале други деца, за да се подготвам. Ниедно немало реакција. Мојата беше само на 7миот ден кенкава, ништо друго.
Да, јасно ми е. Разумна причина за да се одложува нема И јас веќе не се оптеретувам и не читам. Ама тогаш беше неизбежно, само тоа се збореше по медиуми. И овде не се сеќавам некој да се жалеше за реакции... Јас ќе го носам на есен. Ионака сега е лудо по амбуланти. Едвај се наканив ма ортопед да идеме
И јас така ко вас одложував и лани на 2г и а ставив јуни некаде баш , решив да не читам мн само повеќе паники се ствараат , поминаме лесно имаше некаде околу 10ден една ден две мисл немаше мн апетит тоа беше се . Кога отидоме пред мене а отвориа ми покажаа се . Закажите си и одите боцкајте , барајте се ќе ви покажат уредни се сега вакцините , па после па ќе треба да чекате време за ревакцина дитепер беше мисл , оти морало мрп прво па ревакцина оваа , па ние таа тек зимово а ставиме а по правило на 18м беше мисл
Многу пишавте дека немате Воопшто време за себе.А неможев да ви ги дочитам рефератите тука напишани...(за реферати толкави богами треба време) Мнг дарк стана темава последниве деновиве,не ми се отвара Зошто така женички? Јас сум бремена пред пораѓај и со 18месечно турбо девојченце Мажите кај ви се ? Ич не ги спомнувате.. Активирајте ги целосно дали пред работа да одат,дали после работа.. Двајца родители сме,мајка си е мајка ама и таткото мора во СЕ (освен цицка) да е вклучен! Баби дедовци само читам Абе Се прави маж барабар со мене,јадење,спиење,успивање,менување пелени,чисти,пушта машина,пружа...ја шета дали сам дали заедно,ја бања ја гушка ја сака...Исто како мене ! Затоа и сум трудна со второ...се осеќам сигурна и никогаш не сум се погубила Никогаш!
На работа ни се мажите. Најчесто до касно, кога веќе спие малата. Реферати пишеме додека спиат или гледаат тв, друго нешто те занима?
До пред недела дена така правеше од свекрвами плачеше и од неа не даваше да го задре да го држи ич ама наеднаш се смени
јас не те разбирам баш, викаш магии му правела, тука ни пиша со надеж дека ќе разбиеме магии or what??? Ја да пробам ако не
Де бе маче време требало за толкави реферати, па јас знаеш колку брзо куцам?? профи деформација од времето на мирцот Ок, ќе ти одговорам, маж ми е вклучен во се', и мења пелени и пробуе да бања ама не му иде, мие садови, не знае да готви, ај да не го тапанам сега, ти го однесе приматот на најсреќна жена и еве еден аплауз! Дарк станала темава, извини требаше да те прашаме дали може троа некоја макичка да си споделиме, м? Друг пат фино лепо ќе те прашам и со емотикони некои за подобар утисак. Се разбравме мислам... И да, такви сме, тие сме, не знаеме да глумиме и немаме совршен живот ко твојот! Фала,пријатно!
Емка да не отвори, ако отвори се ќе отиде у курац Некако многу долго фина се држеше дури зачудувачки за неа. Шала на страна ве молам бела е една недела пред породување. Сите бевме на тоа место и скроз и е разбирлив постот. Нема потреба од објаснување. Ајде да смениме тема најдобро. Кај мене од понеделник од 8-11.30 во градинка. Имаат проблем со јадењето одбивала ручек. Ама и дома го одбиваше денес прв пат јадеше после недела дена бојкот. Се надевам од понеделник ќе се регулира и тоа.
Далеку од совршен... Очекував вакви коментари да Сакав само да ви кажам да барате најголема помош треба од мажите! А и се можат да научат ако сакаат И мојот маж иде и до касно навечер на работа,во принцип сите работат по 8 саати може останатото време да ви помага? Сигурно ако незнае да уклучи машина или јадење да напраи може да игра или шета дете за мајката бар 2,3 часа да одмори или има време за себе нели? Или грешам? Баш дека сум пред породување го кажувам ова Повеќе треба да сржите ми беше муабетот Кој како сватил... Ако некој требало да се погуби би требало тоа за сум јас,со стомаков до сам крај трчам по дете дигам бањам...и нели да не го тапанам сакав само да помогнам на некој начин ама не ме свативте Зошто би ме занимало нешто друго у остало Бејби Т