Па например дека ако имаш приватна работа никогаш не работиш 8ч. Испаднат е од 7 сабајле и уште не е вратен. Малата е успана од 19ч. И мене ми е убаво да биде дома мм ама не ми е убаво да немаме доволно примања и така. И мојот маж ја сака ќерка му ама неможе да е 24ч со неа јбг.
Не може сам да ги шета моиве, две се, ем не одат уште...а станот е пичвајзер со извињење, и да легнам у спална ги слушам како кенкаат како раштимани гитари... ми вика ја сум била крива сум ги размазувала , веќе биле навикнати да им одам по газот.. И твоите ќе се мала разлика ќе видиш како е... А може и до карактерот на децата е, па нема да видиш.. @FreeMind кога морам да чекам на таа ж'та, така е Абе им течат носоиве на двеве и урлаат кога аспирирам, мислам ќе ме пријават од зградава, и не сум спиена и ваљда па нема да спијам, бар трудна да бев па ете и мене да ми опростите Енивеј, добро се разбираме, ама реално најголемиот товар е на мајката и сакале нејкеле секогаш ќе е така ... Но, секогаш па и треба помош.... Ќе се најде баланс, мора! Шо ми беше муабетот незнам, една ме тегне за коса, друга даљинското го гризе сосе салотејп ...
И јас сум со меФ и бебе од 14 месеци сами дома. Пишав како тепих му сум послана ама буквално,а и како би било поинаку кога сме само јас и он. Мажот ми е од 08:00 до 16:00 физички на работа а од 17:00 на телефон и комп. Мали не го бара татко му. Мене ме бара... Да ке излезат на половина час пред зграда зошто толку е времето иде бањање и кревет. Ние сме 10 саати сами јас сум му него се во овој момент. Тој ме знае мене како човек што му ги исполнува потребите. Епа како со сила да убедам 14 месечно бебе дека и татко му е интересен кога не го гледа... кога е уште мал. Мене многу ми е жал што е така,што мажот ми не го гушка како мене,но знам дека за брзо ке се сменат работите ке порасне и ке сфати. А за помош низ дома тука е не викам не,но подобро ги завршувам секојдневниве обврски така го научив мултитаскинг дека сум. А и се гордеам што можам. Еве сега спие па пишам,а и додека игра користам форум,читам информации и тоа како кај сите така и кај мене
Трудна пак? Gra, Gra never more. А во детската на два спрата се креветчињата. И утре на работа и друг ден. Мразам што немам искуство, се нервирам ужасно!!!!! А, it's up to you. Дојдов уморна, легнувам, ни мм ми се гледа ни раскревање низ дома. 4 пати бев на домашна кај двајца старци, едниот во едната соба, другиот во другата се борат за живот. Офкање, лелекање, болки. Неможиш дома да си дојди и да заборавиш и да оставиш работите на работа. Пазиш протоколи, пазиш да не згрешиш, на душа носиш се. Ебате. 10пати редактирам, како се праве Спојлер? Не сакам текстот да се меша. Тоа беше да си се истурам јас.
Пишав за искуство и совет дали на вас на некоја вака ви правеле децата... а спомнав за магии зш свекрвами гледам како да верува у такви нешта за една жена бикаше тука дека правела магии итн...
А-у жени, едвај заспа беба. Тоа плачење, трескање, ми доаѓаше главата во зид дс ја треснам. Проверив секаде да не ја боли нешто, на крај да ми заспа на рамо. Денеска цел ден ништо не е јадена, само млеко пие.
Маж и синко се супер и се шетаат а јас заглавив,три бриса ми се позитивни а јас сум одлично,утре пак ќе ми зимаат па ќе видиме.
Ауу каков напорен ден незнам дали забче вади или нешто друго му е... веќе неколку дена зорле навечер пред спиење ми пие млеко буквално влече мн малце мислиш кон знае колку има испеино кога гледаш 20или 30 мл само. Станува наутро рано кај 5 6 и после презаспива за брзо време..ама денес нз хаос... стана у 5 сабајле мислев сака млеко нашравив одвај малце се напи незнам колки беше саат се вртеше на сплана и презаспа... стана кај 10 и се ок беше појаде си играше се додекане решив да го изнесам да шета.. почна даплаче по бабаму ајде со неа замина дома си дојдов го земав плаче занадвор после ама јадење правев и во најголемата жетинаон сака да шета некако се немиривме се заигра.. демек ќе преспивавме незнам сали и 20 мин одспа стана плачеше не сакаше да презаапие... и така со 20 мин поминавме спиење...беше надвор ок беше влегоа со бабаму сакаше неш да земе и ај пампрес да му сменам кога викна да плаче обично и кога има некој друг он недава ни памперс да се смени ни па јаде некоја грда навика му е... одвај се смиривме мораше бабаму дасе симне само што замонаона сесмири легна сменивме за2 мин памперс... отидовме кај моите даамени малце кога рикна да плаче не сакашени у двор да влеземе не сакаше кај никој одвај сеамиривме... дпјдовме дома се избањавме и ајдемлеко пред спиењени голтка не сакаше... пробав кога заспа одвај 10мл и не биваше се откажав... и еве спиеме се надевам нема дастане за мелко ноќва... ама толку напорен ден нз што му е...
@an4ii мислам дека е до забите. И мојата до скоро стануваше на секој пола саат, не сакаше да јади, цело време беше нервозна, кенкава и плачеше. Од некни и излезе едно забче и се врати на старото. А можно е и од жешкото, лани така направи мојата, не јадеше апсолутно ништо само на млеко и вода.
До есен ќе биде како што сум тргнала Гушки до трите Го најдов,на претходниот флаер бил се надевам дека има уште.
Денес си јадеше убаво се друго освен млекото што не го сакаше а инаку појадок ужина ручек и вечера се си изеде ... и покрај плачките и не спиењето
Не е работава за совршен живот или да ставаме на кантар на кого му е потешко. Уште помалку да бараме која е најмајка. Барем до сега ова го немавме тука. И затоа и ја сакам екипава и темава. Секој може да си каже што му душа сака без осудување. Овде сум си пишувала работи, стравови што не сум сакала да ги кажам на друго место. Нека си остане така. Неможе цело време темава да е реинбоу, пошто ни животот ни мајчинството не е такво. Нели секое дете е различно па според тоа и тежината на чувањето и воспитувањето е различна. Еве прост пример, јас сум мајка на дете јадач. Јаде буквално се. Јас до пред една година знаев самп макарони да сварам, сега тој јаде се што ќе зготвам. А замислете колки сум “вешта” во готвење. Пд друга страна мајка на дете нејадач сигурно е 10 пати подобар готвач од мене и сигурно 10 пати повеќе се труди и готви и стои ма глава за детето да јаде и што имаме на крај? Јас за 20мин имам најадено дете со мимимален напор, а другата мајка после 2 часа максимален напор има полу-најадено дете, напнатост, налку нервоза, умор.... Дали мене ова ме прави подобра мајка затоа што сме поминале без нервоза? НЕ! Едноставно имам среќа. Така се погодило. Неможам да и се курчам на таа мајка еј види не нас колку е се супер. А таа се потрудила многу повеќе од мене. И така натаму за се по ред, спиење, играње, бањање, шетање.... Значи некои деца си бараат поголем напор, и не секој родител може да го постигне тоа 24/7. И нормално е да има тешки денови. Посебно коа имаме ненаспани или ненајадени деца. Нормално тука има големо влијание и “помошта” од околината. Не сите татковци имаат еднакво време да се посветат. Па баби и дедовци. Сигурно не им е исто на тое што се сами во странство и на нас тука со родителите. Колку и да не се инволвирани во чување пак се тука за се нешто. И така не дека кажав нешто уау ама сакав да си пишам пошто јас стварно скоро никогаш не се жалам. Не дека сакам да претставам некое совршенство и да се издогнувам дека сум нешто подобра туку едноставно имам дете што јаде, спие по 10 часа без будење и стварно не е фер да се жалам кога сум наспана постојано и немам други оврски. Сопругот е слободен скоро цело време па така и ручам и се бањам на раат. Од друга страна пак во целата оваа борба ги загубив пријателите. Имав стварно тешок почеток. Имав дома бебе помало од шише кока кола и за жал тие околу мене не ме сфатија низ што поминувам и зошто со месеци бев посветена само на бебето и немав време за друго. Али тоа е. Неможам да сменам тука ништо. Т.е најверојатно сега можам, ама не сакам. Не вреди Единствено ова ми фали многу, ама со коронава секако ситуацијата е таква. Се теша. Не се обраќам на никого конкретно. Само си пишам мислење. Ако некој се најде навреден му се извинувам. Не ми е воопшто тоа намерата. Ајде сега друго, пд аспект на зборивање (мојата тема за жалење), има зголемен фонд на зборови ама врзување уште нема. А демек треба до 18месеци да врзува по 2 збора барем. Да вклучувам црвен аларм или ќе ме скара некој? Инаку фондот е 15тина зборови
Ние каков тантрум имавме вчера, ма тантрумиште. Бевме до парк со мм пешки, а малата во точакот. Не ни е прв пат, си седела мирна и си гледала од околу др пати. Арно ама вчера некако и се здосади и мм направи кардинална грешка, ја извади. Абе како куче од синџир да пушти, трчаше, беснееше, се вртеше во круг, не можевме да ја стигнеме. Е арно се, ама кога дојде ред да ја ставиме пак во точак кога рече плачам. Ајде реков ќе ја носиме за раче, зошто коли од сите страни фучат, не може она сама да трча. Не бе не сака ни за раче, бега, мава, писка.. Ајде ја грабна мм во раце и така со пискање пола пат, па јас ја презедов уште пола. Успат пробувавме со се можно да ја смириме, застануваме на секој 5 м каде беше пошироко да се истрча. Ама таа право на улица пред коли како за инает или се прпелше на тротоар. Носеше едно мече и ги рибаше плочките со него. Сега ми е ии малку смешно, ама вчера. Препотени се вративме дома. Ужас ме фаќа од помислата пак да ја шетам. Како и да е од денес на пократки релации. Не знам што беше тригерот, ама јас досега ваква ја немам видено. Страшно. Како разбеснато маче беше. Уф ама се разприкажав...
@AlicaInWonderland си ставаш бубачки непотребно во глава @Milaаа991 кај нас е исто, ако испадниме со количка/точак, супер. Пешки е О леле мајко. Трча, ако ја фатиш легнува трагично и се траќа. Јас искусив вчера еден лош тантрум. Требаше да јади и и ја зедов цуцлата. Абе се тресеше, врискаше и се преклешти цела.Не сакаше да јаде, ми беше лута, едвај ја смирив