@BabyT* абе кај и да отворам milestones секаде тоа пишува само околу говорот Само што го напишав постот сабајле, еве го денес почна името скратено да со го кажува ќе се жалам почесто
Која ви е таа Дитепер вакцина? Јас знам за Мрп на годинка и толку Еве ја две години ќе прави месецот и уште не ми е однесена да ја прима Мрп. Сега бубачки во глава ми ставивте, зарем со две каснам, а си ја рачунам само една?
Јас како што знам мрп е на една годинка а ДиТеПер на 18 месеци. Со тоа што дитепер е ревакцина, пред година има исто. Не го тврдам ова како 100% точно, јас така знам...
ревакцина е оваа на онаа на 6 или 8м не памтам кога беше и се става на година ипол мисл иде по ред , после мрп таа се става . По календар ако се оде по ред тмн идат. Јас на 2ипол и а ставив ревакцината а мрп на 2г и завршив со вакцини. а после мрп се чека малку за да ставиш ревакцината дитепер некој месец мислам ..
@Milaаа991 вчера слично и кај нас, се шетавме со количка и при крајот почна да плачи, да станува од количката, му се здосади изгледа, но не беше многу силно, седна на земи и проба да ја мавни главата во асвалтот за малку го фатив, го зедов в раце другарка ми не испрати до дома ми помогна со количката со дете 3годишно за раче среќа блиску бевме до дома иначе ќе го порачував мм да не земи Друго, почна да јади од вчера уфф како ми олесна 2 недели испукав од нерви, сага па не запира цело време мели нешто, сам си бара, исто почна сок да пие, секој ден по 200мл му давам бидејќи освен вода др течност не внесува, засега сме на домашен сок за растворање од дренки, мајка ми правеше, на есен пак ќе направи, ќе си набериме дренки од планина Заспивање многу полесно сега, продожуваме со Црвенкапа пред заспивање, неа најмн ја сака, ама моја верзија му кажувам ја завршувам и заспива, не ми се верува уште колку е лесно сега, кога ќе се сетам како плачеше со месеци за заспивање сега следно ми е да пробаме во креветче (по 100ти пат) и морам да го научам да заспива легнат на кревет до мене, неможам повеќе во раце, откажа половината (ја снимив на ртг, имам само искривување) ама боли многу. Многу полесно ми станува како расти, до кај 2 години се надевам дека ќе ја спие и цела ноќ @monik55 нема место за паника за зборувањето, штом разбира команди не се грижи воопшто, секој ден по некое зборче кажува но сеуште не врзува ни проста реченица, ќе видиш како ќе откачат преку ноќ па после ќе бараме малку да ќутат
Јас пак На мојот ептен слабо му оди говорот,он се пушта полека ама како да го кочи нешто. А се разбира,ги извршува сите команди објаснува покажува со рачето. Ќе му кажам мама ај земи го нокширот и седниси го зима и си седнува,го оставам по ѓакички и ми покажува дека му се мочка. 100 коцки сам си ги реди и ги вади после една по една,шишето ми го носи да му наполнам вода,право чао здраво мафта бакнеж праќа,од надвор кога доаѓа сам си оди во вц за миење. Зна да ги игра рам сам сам и две рачички песничките,цели кореографии ги знае Се на се,се прави ама зборењето муе тешко. Како што гледам ќе имаме малце мака ама по лично искуство се се средува со многу труд. Си викам да е аутизам нема сите овие работи да ги прави,колку што знам јас. Мама,тато,дедо,баба,гол,опа,дода,ајде и името почна да ми го кажува по негово Мала.
Ревакцина е на 18 месеци, шанелче со 3 касниш и пнеумокок до 2 год сега треба, нова е. Синко сега треба ДиТеПер па после до 2 год пнеумокок.
И мојов е долгометражен последен пост. Напишан е додека мали спие денски,ми спиеше во раце,па друго и не можам да правам освен да штракам мобилен (што ми е единствена разонода) од целодневно трчање по дете. Мм работи приватно,од 7 треба да е на работа(станува во 6,а поаѓа во 6:40),дома пред 17 часот си нема дојдено,а често дојде дома па го викаат пак да оди на работа. Је*ига приватно,тоа е. Дома поголем дел од обврските се на грб на мм,он усисува,он брише прашина,он собира купишта играчки,он собира/става алишта да се сушат кога неможам јас..... Скоро се работи,и не се жали Работам и јас низ дома, кога можам. Чувам дете цел ден,кое откако е родено е лепенка за мене,па и кога ќе седи со мм или некој друг,мора и јас да сум до него. Друго не знам што да се објаснувам. @Bella* Тоа што детето ти е мирно и се ти е совршено,не значи дека на сите ни е така. И не се жалиме за да ти се прикажеме како несреќни мајки,туку во моментот да си олесниме на душата. Дај Боже и второто да ти е мирно,и да не не разбереш никогаш зошто се жалиме,па и трето да си чуваш. П.с Мали пак ми спие во раце,па таман имам време на претек за пишување ,ако го ставам на кревет се буди за 5 сек. Моите "маки" продолжуваат,и не се откажувајте мајки од пишување мрачни постови, се тешам дека не е кај сите се розово. А од розевите постови па се тешам дека еден ден дете ќе се претвори во бајче,а јас ќе бидам најопуштена мама ****Пишување ДАРК постови,не е целта само жалење,туку и пружање поддршка и сочувствување со останатите кои се наоѓаат во таква ситуација. @BabyT се оправдав и јас ваљда ? За мочкањето,и мојот кога е без пелена го гледам мочка на 15-20 минути. А зошто и облекуваш гаќички за низ двор,јас моето само по боди го пуштам? Мрп ни моето нема примено сеуште,малку намерно одложував,малку ненамерно. Ќе ја прими,има време. Една доза пнеумокок прими,за другата доза има ли ограничување до кога треба?
Еве ти давам малку надеж, после 3ките е многу подобро, пак станува ама 1, 2 до 3 пати, сега и од жешково е повеќе станувањето Едит, до кај сте со заби?
Незнам каде сите свативте дека детето ми е мирно и дека се ми е совршено Се изначудив како несакате упорно да ме сватите никоја...
@lackygirl само една тројка му е излезена,за другите не можам да видам до кај се,ниту можам да приметам по она што гледам. @AlicaInWonderland моето па ич не зборува,само ајде,дај,мама, тато,даде,баба,тета,други зборови немам приметено. Ама и кога сака да каже нешто,не кажува,туку некако со мимики се разбираме. Не сум паничела до сега,ама па два збора сврзување како што викаш дека би требало. Инаку се разбира. Има ли уште некоја на која детето не и збори? Штознам не ми изгледа дека не е нешто во ред,се си викам мал е. А знам дека има и деца коо баш зборат на оваа возраст. Внука ми беше како навиена. @Bella* те сватив дека сакаш да кажеш дека мажите треба да ни помагаат,за да ни е полесно(што е и точно),ама ти уште на почетокот почна со осуди. Сме се жалеле дека немаме време,а типкаме по форуми На сите мажите ни помагаат и си ги исполнуваат своите обврски,ама децата ни се такви. Залепени за нас,не спијат,не јадат,не се заигруваат,плачат (зависи кај кого како,кај мене се е собрано). Нема потреба од докажување,кој не искусил и не му било на глава,не може да свати. А како што реков и недај боже да не разбереш никогаш. @Milaаа991 иста ваква ситуација видов пред некој ден. Детето еднаш истрча на булевар,среќа татко му го фати на време,па плачеше,па се тегнеше,па пак бегаше,страшно изгледаше. Си помислив сироти овие родители,ама тие дали навикнати на вакви ситуации,си збореа цело време,си се смееа,ниту еднаш не им се забележа дека се напнати или нервозни. Додека имаше луѓе од страна кои ги гледаа во смисла:колку им е невоспитано детето . Така гледав и јас до пред некоја година,додека не почнав да се занимавам со оваа проблематика .
Ако некого сакаш да мотивираш на малку поинаков начин,одма си нападнат или несватен Јас никоја не мислев да навредам..таман работа За мене лично не постои најмајка а и најнемајка. Совршен живот и мирно дете? Ваљда само на филм Мм работи приватно и цело време е со различно работно време,ама неможе само јас да сум родителот ми беше муабетот,ќе си најде време за детето и крај! Се ќе прави како и јас! Така сме договорени од старт и така и ќе остане.. Малата е научена со него уште од најмала и затоа функионира добро се донекаде.. Сум имала мнг тешки денови,и сеуште имам и ЌЕ имам во иднина уште којзнае колку со две најсвесна сум! Мора да се гледа позитивно да не подпаѓаме под темнина на периоди! Со стомаков по цел ден трчам и што СЕ не правам низ дома,ме разбирате? Знаете тоа колку тешко е ? Не! Сакав да мотивирам сватете ме! Неможам повеќе да објаснувам и куцам немам толку време
@monik55 горе долу сме и ние. Си кажува кога му се јаде ам ам, наредби секакви извршува. Го проверувам и од друга соба ќе му речам иди донеси ја жолтата топка од друга соба и ми ги донесува дури и по бои. Ако ја згреши ќе му кажам таа не жолта и ќе се врати ќе ја земи жолтата и постојано му правам такви тренинзи. За доручек пример ќе му принесам крем сир и хумус и ќе го прашам што сака да јаде и бира сам. После соблекување ќе му речам алиштата за перење и ги носи во машина и дури ја вклучува (штрака по копчиња) Коа треба да излеземе ќе му речам ај земи ги клучевите од колата на мама и зане точно кои од што се. На исто место се и од другата кола, од дома, од гаража....и знае кој за што е. Знае на мачето сам да му дава јадење и знае дека тој од тоа не смее да става во уста. Вели мјау ам ам, демек тоа за мачето е не за него.... Имам вакви примери 100 каде се ме слуша и се точно разбира и извршува команди, ама зборувањето... @hello-kitty.90 незнам, несакам и вас да во стварам бубачки каде што ги нема. Читав демек околу 18 месеци требало да врзуваат по два збора, пример ајде мама. Ние веќе ја поминавме 18ката ама ништо. И јас имам внука која е како навиена па сакаш несакаш ќе се подзамислиш Па затоа сакав да видам и другите дечиња на таа возраст како се. Иако јас лично уште не го сметам како проблем бидејќи наредби извршува и разбира и секакви ситници. кога бевме скоро на ортопед се видовме со сестрата во болница што го чуваше коа беше бебе, дека скоро цел месец помина таму и го знае. И баш и го спомнав ова и ми се насмеа ми рече дека обично околу 20-21 се случувала експозија од зборови. А до тогаш многу многу да му зборувам и да читаме. Не е ова ништо стручно ама сепак работи со деца. Па ќе видиме што експлозија ќе биде тоа
https://acibademsistinababy.mk/index.php/dete/dete/226-dete-po-meseci Еве овде отварам да видам што и како е развојот по месеци Од ова 12 збора ДНЕВНО коса ми се крена Па затоа ме имтересираше како е генерацијата
Од ова наведено знае да собува патики и тоа нон стоп го прави и соблекува чорапи. Сандалките на лепенка само ги одлепува и залепува. Вратата исто хит му е во последно време. Ја затвара и чека да му ја отворам. За спиење,за јадење никогаш до сега ми нема покажано,или пак јас не сум го приметила . Обично си зема да цица,па можеби и затоа не ми вика ам ам. По скали сам не оди,ама од пред некој ден почна да се искачува по нив лазејќи и тоа ептен профи го прави. А има околу 30 скалила. Мокри панталонки не ми покажува,ама ако му е валкана раката одма ми покажува. Зборови по 12 можеби сега учи,ама не ги кажува. Можеби само ги меморира додека да дојде до експлозија .
@hello-kitty.90 и јас тоа си велам. Ги учи сега па понатаму ќе покаже што знае Добро е. Сите сме тука некаде. И мојов со другите развојни точки е супер. Само експлозијава ја чекаме
Спомнавте тантруми Кога се дрецна вчера со цела сила со главата од паркет од некоја х причина мислев дека ќе остане тука детето... Предходно го исповрати цело млеко од плачење затоа што и ја зедов цуцлата.. Па додека бришев си се заигра во вирчето повраќаници Незнам што и е опседнатоста со цуцла, предходно пред спиење само понекогаш и давав, сега урла низ соба цуце цуце и кај и да најде цуцла става в уста. Ич не ми е убаво дете пораснато со цуцла. После 2 недели нејадењето и плачење за се и сешто излезе првата тројка. Тешко на дете, замислете каква болка трпат Кај нас одкако бебе направи 2 месеци е вакво турбо, јас почнав на работа, од 8ч до 17ч не сум дма. Малата ја чува кој стигне, мајка, татко, свекор.. За да почнам јас на работа мм ја жртвуваше неговата работа, работи приватно па почна да оди само скратено работно време и тоа траеше 1.5година, арно ама друг избор немав иако 90%од мамичките ме гледаа со осуда каква мајка сум била штом сум оставила дете толку мало. Мое дете не спиеше по цела ноќ до 15м, легнуваше во 12 и цела ноќ приплакуваше или сакаше да си игра бидејќи во текот на денот кој и да ја чуваше ја призаспиваше по 3 пати и покрај мое молење и укажување дека се онесвестував од умор. Кога ќе ве прочитам понекогаш ми се случува да си се расплачам колку малку внимание добива моето дете.. Колку кратко е времето поминато во игра со неа.. Никогаш нема да го преболам периодот што го изгубив со неа и неможам да замислам дека еден куп жени ме осудуваат дека сум ја одбила, а јас уште не опоравена од царскиот и со гради полни млеко плачев во вц бидејќи неможев да појдам дома да ја надојам.. Се одмолзував во вц и по такси праќав шишиња млеко кои завршуваа в канта пошо бебе се навикна на ад.. Имам помош од сите, ама неможам да се помирам со фактот дека детето ми поминува 10ч во денот без мене па кога ќе дојдам дома се окупирам со еден куп активности за да надополнам за цел ден, во 9 и пол капење и во 10 спиење. И покрај се ова јас сум нон стоп средена или пак така си се доживувам Испеглана и чиста облека, средена коса и пудра, маскара руменило. Нокти пред корона имав нон стоп гел ама сега не ми се оди. Дополнително и најважно обавезно муабетење и љубење со мм, мислам дека ако знаеш дека си сакан и посакуван многу полесно добиваш енергија и не запаѓаш во депресии.