I feel you bro. Едвај ја залажувам да и ја земам некако. Пред 1н ја 'одвикнував' и и давав само за спиење. Сега не бре се мава назачки и одбива храна додека не ја добие. А ако ја цуца, од една страна става храна и со се цуцла јаде
Девојки не читајте многу,многу.Требало волку зборови,толку зборови.Јас најчесто несакам да пишувам и читам тука,зошто сум знаела колку ме болело кога ќе прочитам што прават другите дечиња,а моето не.Еве не споредувам со вашите доволно ми е првово со второто.Првото до 3 год уста не отвори,ама уста.Малово има огромен фонт на зборови.Значи и повторува и кажува,и вози точачи,тротинети.Кажува преку 30 зборови сигурно.Јаде сам со лажица,вилушка.Ептен самостоен.Големото што да кажам.Стигнав до таму што на одредена возраст посумљав на аутизам.Препорака од доктори да чекам 3 год па на логопед.Никогаш нема да заборавам една случка.Му викам дојди и фрли го ова во корпа,он не реагира.И така едно 5 пати.Следно што му реков е дојди ќе ти дадам киндер.Нозе покрши да дојде до мене.И си реков не ти немаш аутизам само ме дриблаш.Магично после 3 год отвори уста,до 3 ипол почна перфектно да зборува,сврзува.Сега почисто зборува и од 7 годишно дете.И л и р ги кажува.Ама секоја мајка се грижи кога ќе види што прави дете на иста возраст а нејзиното не.
Не зборува мојата сеуште. Од што е преимпресионирана од говор нон стоп збори бебешки и ноќеска стана три пати да ни каже нешто. Ќе ви снимам баш е смешна. Во градинка и на педијатар ја слушнаа и рекоа дека е фазата пред говор и немам апсолутна потреба за грижа. Баш така треба во ова време. И се опуштив.
Ај да се 'оправдам' и јас за негативниот пост што го пишав тука. Имам кажано многу пати, откако е роден синко, мм во се учествува исто како и јас. Значи буквално во се, освен цицка нормално. Исто така и за домаќинките работи, и двајцата правиме се, кој кога може нормално. Така да нема што повеќе да барам или очекувам од него кога скроз ги делиме обврските околу детето и домот. И двајцата сме изгубени во тие обврски. И двајцата немаме време за себе и нашите хобија од претходно. И двајцата работиме од 08-16/17ч. После работа сме максимално посветени на детето. Имав тежок ден, и тогаш сакав да се искажам, а не ми треба мотивација и некој друг да ми кажува дека мм треба да ми помага повеќе и така... За зборувањето, секој ден учи по неколку нови зборови, и ги кажува после ама не му ги бројам. Некогаш сврзува по два збора, ама поретко. Не му се секирам, убаво се разбираме досега
СОВЕТИ И ИСКУСТВА ОД МАЈКИ ЗА ДЕЦА ОД 12-24 МЕСЕЦИ е насловот на темата. Ве молам малку рестрикција на зборови кои не се во склоп на темава. Некои постови кои не се поврзани со темата ќе бидат избришани и еве упатувам предупредување , да се пишува по смирено.
Мислам дека @Bella* сакаше да каже дека можеби ни доаѓа малку тешко околу чување на дете токму поради нашата желба и опседнатост ние и само ние да се грижиме за детето. Тоа можеби е повеќе изразено на почетокот кога бебето е многу мало, но некако латентно си продолжува и понатаму како некоја пракса. Не генерализирам, но еве кај мене конкретно, додека не почнам да р'жам нема самоиницијативно маж ми сам да се вклучи. Јас дури и претерувам, бил изморен, сега со Корона вирусот имаше мнооогу работа и беше и по 12 саати отсутен, па јас као ок.. Еве јас сум дома, одморена , можам сама, јас сум Супермен. Е сега има одмор неколку дена, јас напротив имам друг ангажман на работа и дечково сам не фаќа да ја чува. Мајка му ја вика. А жената веќе не може да ја чува малата подолго од 2 до три саати си има проблем со грбот. Па јас се осеќам виновна дека сум го оставила детето. Која будала сум. Колку јас родител, толку тој. Крај на муабетот. А @mamaJana од мене имаш само аплауз за храброста. И твојот чекор не е себичен туку баш напротив, на детето му обезбедуваш среќна и исполнета мајка и сигурна иднина.
ДиТеПер има 3 дози до 6 месеци, па после ревакцина 1 година по последното боцкање (ако било на 6 месеци, таман фаќа ревакцината на 18м). Таа е последна вакцина до школо.
Леле. Не сум го ни погледнала картончето јас А ако ја однесам за ревакцината, може ли и Мрп да и ја стават тогаш пошо и со неа каснам? Многу ми е страв од тоа, да не намерно и ја стават одеднаш.. Каснам уствари 4 месеци со ревакцината, да не прочитав овде немаше да знам дека треба да ја носам.
Ни јас не сум го однела на последната вакцина таа што е на 18 месеци. Ваљда нема да имам проблеми сега да ја прими? Година дена касниме
Во последно време на спална застанува на нозе и се фрла. Немаше да е проблем ако немам прозори до доле и ѕид со ќош на едната страна. Се обидуваме да разговараме како тоа не е убаво немој така дури полошо станува. Пробавме и со игнорирање и така не бива. И сега ја држам во процесот за да не може да стане и се нервира и плачки до крај. Исто и на софата во дневна се качува со нозе горе здив да ти застане тоа е толку брзо ако не си до неа готово ќе рипне од горе. Како да го решам ова некој решение? И се врти во круг и наназад и како колук напред да прави. И сеуште оди на прсти во текот на денот дури и во патики кај вас одат уште?
И мојот се врти во круг, оди на назад, оди на прсти, исто така се мести за колук напред ама нема сила цел да заврти па само газот му паѓа на страна се качува и на софа и на спална. И на маса во трепезарија. Ама да рипа од нив не пробал На последниот преглед ортопедот ми кажа дека е добро одењето на прсти. Дури да му ставам играчки на високо за да се подига на прсти да ги дофати. А да проба некој од тебе или маж ти да рипне и демек да падне и да плаче така да се исплаши малку дека ќе боли ако тресне. Ние така му правевме од кујна коа сакаше да се симнува сам. Маж ми демек падна бам и плачеше. И сега тој само покажува со прстот и вели бам. Не пробува да се симне така сликовито да и доловите, додека не се лупнала сама да се сломи, после нема да и текне. Ама не е тоа начин...
@AlicaInWonderland абе да не и дадеме идеја така па навистина да се фрли Не реагира засега на глумење плачки не сфаќа што правиме напротив смешно и е или ние не знаеме да глумиме
Е да. Не ми текнало мене на тоа. Дека нашиов е многу осетлив на плачење Така и еден период коа почна да гриза, се преправав дека плачам и престана. Ама со Емили не се знае. Може да си направи забава
Мојава се качува на високата страна на седмоседот и се фрла на глава Секако пробавме,ај поголема е разбира,ништо не помага,и викаме постојано пази да не паднеш,и кога за прв пат падна,вика ете паднав и што А гледам +бебе и цела куќа сама. Е неможам да ја допазам се некоја беља прави. Ако најдите решение сподели. На прсти било нормално да одат до 3 години. Мојава 2.5 години уште понекогаш така оди.
Шанел и ја каснам со дтпр, дека покасно почнавме требаше во јуни да ја прими ама со коронава ми е страв еве деновиве ќе стиснам заби и ќе одиме, па по месец пнеумокок и семптември мрп. Нема да дозволиш и двете да ги стават, јас и вакцината ја гледам пред да и ја стават. Се мислам само дали дтпр и пнеумпкок заедно да ги ставам. А дтпр и мпр никако заедно. Инаку пнеумокок не е задолжителна за родените во 2018 ама добро е да се стави.
@mimiiiii Баш сега го отворив картончето, и или јас нешто не гледам или стварно не пишува овде ништо за ревакцината. Или не го пишуваат овде тоа?
Ќе ја запишат кога ќе ја стават, 3 дози се дтпр и плус една ревакцинација значи 4 и на мојата и е вака.
Јао појма неам ништо со овие вакцини, па ни да се јават ни ништо Фала. Сепак ќе ја однесам деновиве, па ќе почекаме за Мрп до кај септември. После раат.
Помеѓу ДиТеПер и Мрп треба да има мин 90 дена. Од каде ви се овие картончиња? јас не добивам ништо при вакцинирање....сега и се замислив. Ништо немам како доказ што имаме примено, а што не. Многу глупаво од моја страна што и до сега не сум си побарала