1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.834
    Пол:
    Женски
    Има картонче кај докторката, немаме и ние дома.
    Иначе и мојов е осетлив на плачење, еднаш глумев дека плачам, детево се преплаши, рекција страшна имаше, почна силно да ме гушка, да ме стега и да плачи, неможев да го смирам :worried:
     
    На NNA, AlicaInWonderland, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    @FreeMind лоши глумици сме значи.:rofl:
    И мојава не реагира на плачење.

    Инаку, за 1 месец правиме 2 години и сеуште знае на прсти да оди. Не е лошо тоа, баш напротив.
     
    На NNA, babydust, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Во врска со тантрумите, има и соодветна тема за разговор на форумот за тантрумите. Ако дозволуваат админ, за да не пребарувате ќе пишам и тука. Воглавно, вообичаено се карактеристични за 2-3 годинки возраст, ама може да се појават и порано или да продолжат да се појавуваат и по навршени 3 години. Зависи од детето и од тоа како вие како родители реагирате на тоа однесување. (Ги поминав и јас со моите деца - за ова имам во тантруми групата пишувано...)
    Инаку, во ситуација на тантрум родителот МОРА да остане ладнокрвен. И ова неможам доволно да го нагласам колку е битно. Не покажувајте му на детето дека сте изгубиле контрола врз своите емоции заради неговите тантруми ни со збор, ни со израз на лице, ни со гестови. Во спротивно детето ќе знае дека со тантрумот предизвикува реакција кај вас и дека постигнува тоа што сака. Тешење, карање, убедување не помага, туку само го потхранува неговото однесување. Наградата или казната во ваква ситуација ќе го поддржат таквото однесување на детето. Нема да се смири побрзо во дадениот момент, а и во иднина ќе продолжи да го прави истото, и тоа се почесто, а тантрумите ќе траат подолго. Ако му попуштите и го оставите да прави што сака (читај што не смее), го учите дека на тој начин може да го добие од вас се што ќе посака. Утре ќе го направи истото пак кога ќе има потреба. Колку почесто му успева со тантрум да добие нешто што не смее/не треба од вас, толку поверојатно е дека тоа ќе го научи како облик на однесување кој носи посакуван резултат и ќе го задржи.
    Обично потешко е да се справиме со тантрумот ако сме надвор од дома. Ако има meltdown надвор, во јавност, го земаш во раце и го носиш дома. По пат не го караш, не покажуваш ниту лутина, ниту нетрпеливост, нервоза, ниту пак спротивното -преголема загриженост за плачењето (ниту со збор, ниту со однесување). Дома кога ќе влезете го оставате детето да се смири и успокои, да престане да плаче. Во тој момент дома не држите лекции, не го карате или опоменувате, просто го оставате да се смири. Вие бидете во иста просторија со него (колку да го имате под надзор), но не го галете, тешете или пак карате за да се смири. Оставете само да се успокои. Ова е многу напорно да се испочитува, прво зашто вие како родители ќе имате предизвик да останете ладнокрвни, кога и самите имате емоции кон вашето дете кое плаче или се треска од земја или пак ќе бидете лути на него. Можеби и ќе чувствувате вина зошто го игнорирате (или дека не сте добар родител), но да знаете дека нема зошто да ја чувствувате. Постапувате правилно и се трудите на најефикасниот начин да го воспитате детето, како и да личи тоа од страна. Може ќе имате притисок од средината, луѓето околу вас што се затекнале можеби ќе ве гледаат со осуди: зошто не го смирувате/залажувате/тешите/казнувате детето за да заќути или да престане да плаче. Дури може и да одат дотаму да ви коментираат, да ви солат памет како треба или не треба. Од едно уво нека ви влезе и од друго нека ви излезе. Заблогадарете се љубезно на грижата и кажете им пријатно. Вие сте родител на детето и вие знаете што е најдобро за него.
    Ако игнорирате тантруми доследно, што значи секојпат кога ќе се појават, без исклучок! и ако тоа игнорирање го добива од СИТЕ возрасни што го чуваат (тато, баба, дедо), тантрумите ќе се намалат и по честота и по интензитет. Не очекувајте да исчезнат преку ноќ, треба време. Договарајте се со домашните, објаснете им како да реагираат во тие ситуации и дека тоа е за доброто на детето за да имате успех.
     
    На NNA, M.B., paleska3 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.592
    Пол:
    Женски
    Види прашај мислам дека мрп мора прво да а приме , па дитепер после 90дена , не е опасно што се закаснети , и јас ги каснев година дена , едино педијатарот дрдореше малку за мрп шо сум а каснела |(

    Уште на првата вакц ни го дадоа овоа и секоаш го носиме и запишуват они следна вакцина на него , дати и што примала , мислам дека можиш да си побараш ќе ти дадат , читав дека во некои места не ги давале овие без да побараш , мене еднаш ме имаат вратено оти го забораив дома |( а имаат и тие таму картон со се , ама кај нас се талентирани одпоеќе докторките
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    @mamaJana и сите кои имате проблеми со цуцлата... Се прашувате како цуцлата што беше небитна, сега за детето станува нешто со што е силно приврзано. До 12 месеци детето и да има некоја емотивна врска со цуцлата, таа не е толку силна. После првата година колку подолго ја користи, толку потемотивно се врзува за неа, како што се врзува на пр. за некоја играчка. Колку подолго ја користи, толку се врзува посилно за неа и потоа и потешко или подолго се одвикнува. Затоа некои педијатри и психолози препорачуваат да ја тргнете цуцлата уште околку или пред првата година, за да биде тоа полесно и побезболно за детето, а и за да се избегнат проблеми во развој на говорот. Детето што држи цуцла или шише и после 3-та година веќе доцни со одвикнувањето од цуцла. Цуцлата која нон-стоп е во уста, не дозволува во устата да струи воздухот правилно и прави притисок и врз забите/вилицата. Кај овие деца не само што се јавуваат разни проблеми со развојот на забите и вилиците, туку може да имаат проблеми и со развојот на говорот.
    Како мајка најдобронамерно ви кажувам да ги фрлите цуцлите ако не после првата година, бар после година и пол. Детето може и без шише и цуцла. Пример имав и позитивен и негативен со моите две. Ќерка ми, која е првородена, не фати ни цуцла ни шише. Се гадеше од нив и ги плукаше. Кога ја одбив од доење, многу се плашев како ќе ја успивам без шише со млеко. Имаше само годинка. Но, се научи за недела дена да се успива без ништо во устата иако беше плачки таа недела. Преку ден за течности пиење одма премина на детска чашка со усте, која ја користевме чат-пат и додоека ја доев. Така да не и беше непозната. Со синот, кој е втор по ред, цуцла исто не користевме, ама затоа од шише пиеше многу често млеко и долго го задржа шишето - докај 3-3.5 години негде. Имаше проблем со шушкање во говорот, за кој при првиот преглед на ортодонт велеа дека нема анатомски причини за проблемите со говорот. Подоцна се покажа дека овој ортодонт не го препознал проблемот. Одвме на логопед и до прво одделение веќе се реши проблемот. Доста подоцна од кога го корегиравме говорот, некаде во 3 одделение, го однесов за протези на друг ортодонт и тој во првите 5 минути од прегледот препозна дека држел до подоцна цуцла/шише во уста. Кога му го објаснив проблемот кој го имавме со говорот рече дека имало врска и пролонгираното користење шише, и дека вежбите за говор ќе биле уште поефикасни ако се препознаел на време и анатомскиот проблем.
    А за сите мајки што се сомневате дека има проблем со развој на говорот најдобронамерно ви советувам да не чекате ако мислите дека има проблем. Никогаш не е прерано да направите контрола кај дефектолог или психолог. На колку порана возраст се препознае проблемот и се третира, толку побрзо и поуспешно ќе се справите со него. Дури и да нема проблем никаков, ќе имате прилика да се посоветувате и да си прашате се за што се интересирате. Со деца на возраст од раѓање па до училишна возраст, значи и со бебиња, на пр. работат во поликлиника Бит пазар - Центар за ризично родени деца. Имаат тим од стручњаци и таму одеа не само оние кои веќе имаат проблем, туку и оние кои сакаат да си видат до каде им е детето со развојот. Периодот на првите две години е многу битен за развојот на говорот и моториката, така да ако имате сомнеж дека се доцни со тоа, не е прерано да се провери. Зошто да се чека година, две, или да дојде до прваче, па тогаш да се бара решение. Само сега не би знаела како работи центаров во услови на пандемија..а сигурно има и приватно дефектолози и психолози каде да се провери.
     
    На NNA, Annath, paleska3 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Какво убаво освежување на темава @Cosmic Girl си ти. Кај се криеше до сега?:)

    Имам само едно прашање каде зборуваш за тантрумите на сам почеток велиш:”Тешење, карање, убедување не помага, туку само го потхранува неговото однесување. Наградата или казната во ваква ситуација ќе го поддржат таквото однесување на детето. Нема да се смири побрзо во дадениот момент, а и во иднина ќе продолжи да го прави истото, и тоа се почесто, а тантрумите ќе траат подолго. Ако му попуштите и го оставите да прави што сака (читај што не смее), го учите дека на тој начин може да го добие од вас се што ќе посака. Утре ќе го направи истото пак кога ќе има потреба. Колку почесто му успева со тантрум да добие нешто што не смее/нетреба од вас, толку поверојатно е дека тоа ќе го научи како облик на однесување кој носи посакуван резултат и ќего задржи.”

    А како би требало да и укажам да не го прави нештото кое може да ја повреди?
     
    На NNA, mamaJana, Spidy и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Благодарам за убавите зборови, за жал некогаш немам време да пишувам на форумов. Колку можам еве ќе пробам да помогнам.
    Дете на 1-2 години возраст подобро ќе ве разбере низ пример или во пракса што би се рекло народски. Тоа значи побитно е КАКО зборувате него ли ШТО му зборувате. Внимавајте на вашата боја на гласот, тонот со кој зборувате, држење на телото, гестикулирате ли, правите ли некој израз со лицето кое е одобрување на однесувањето како насмевка на пр. или сте ги собрале веѓите од лутина... Пробајте да го научите со вашето комплетно однесување, а не со зборови. Ако е детето пр. малку постаро, пр. околу 4 години, може да му објасните и со зборови, ама не во моментот кога е вознемирено, туку во некоја друга ситуација, кога е отворено да разговара со вас. Или кога може да искористите некоја прилика кога си зборувате за разни работи, кога читате приказни, или кога и да ви се наврти муабетот на темата за која сакате да му објасните па да го поучите како треба и зошто тоа не е добро, зошто нештото е опасно и сл.
    Кај волку мали деца од 1-2 години, може само со своето однесување да дадете добар пример и тоа навидум незаинтересирано да го наречам однесување треба да го повторувате во сите случаи кога бара нешто што не може/не смее. Во случај со помаливе деца, навистина е точно дека повторувањето е мајка на знаењето. Еве ако да речеме прави надвор нешто опасно, прво физички го дистанцираш од опасноста. Го фаќаш за рака или ако се противи и се откачува од раката, го креваш во раце и го оддалечуваш на безбедно. Може и да рика, и да клоца и да мава, ама го носиш на безбедно. Потоа оставаш да се смири. Кога ќе се смират обично се однесуваат како ништо да не се случило. Ако е предмет опасен во прашање, го земаш и тргаш надвор од видик и од дофат на детето. Очекуваш дека револтот ќе следи, може и тантрумот, ама предметот не му го враќаш.
     
    На NNA, Emma2, PeachGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Еве уште еден пример ќе ви дадам, што мене ми го кажале, не е мој личен.
    Одат на гости и девојчето гледа кукла на витрина. Од оние старинските, порцеланските со фустани, локни ама и прескапа. Домаќиниве немаат мали деца, куклава е само украс за нив. Детето тоа не го разбира на таа возраст, ниту пак дали е скапа, него му се тоа кукли за играње... Плаче да му се даде куклата, што е донекаде и разбирливо и во ред е да си поигра ако дозволи домаќинот, ама девојчево почнува да плаче да му се даде ЗАСЕКОГАШ и да си ја однесе дома со неа. Пошто не и даваат, почнува тантрумот и прави сцена.
    Домаќинот попушта и им вика на родителите да ја земат, но овие знаејќи дека не е на место тоа и кон домаќинот ама и воспитно заради девојчето, кога виделе дека детево не се разбира од збор решиле да си заминат. Значи, само се погледнале татково и мајкава и со очи се разбрале. Станале, се поздравиле со домаќиниве, детето кое урлало, плачело без ниту еден збор или што и да е реакција, си ја земале за рака и накај дома. Изразот на лицето не им оддавал ни лутина, ни нервоза. По пат кон дома родителиве не му збореле ништо на детево, ни карање, ни зошто така правиш, ни требало ни не требало ама -ништо. Дома кога дошле, сфатило детево дека гостите завршиле и престанало да плаче по куклата. Не се објаснувале ни подоцна зашто не била културна на гости. Седењето на гости било прекратено, куклата останала кај што требало. Детето ги видело и доживеало последиците од тантрумот. Тоа е поголема лекција од она кога родителите таму на гости би му збореле или му објаснувале дека не е можно да ја земат куклата. Они го жртвувале и седењето, го прекратиле поточно, за да детево нешто го научат.
    Да си признаеме- полесно ќе било во моментот да му ја дале куклата засекогаш, и ќе го заќутеле детето, и они ќе си доседеле на раат со домаќиниве и навидум решен проблем...Ама во главата на детето е друга приказната, родителите играле како што тоа им свирело, куклата ја добило со тантрум. Утре истото (тантрумот) ќе го проба и во друга прилика, ќе сфати со време дека пред други луѓе има повеќе успех плачката, па пак ќе го повторува истото и тоа пред други луѓе. А наредниот пат и ќе биде и поупорно, зашто да не биде? Еднаш му успеало, ќе му успее и втор пат. Затоа велам да сте доследни. Ако никогаш не му успева, нема ни да се обидува да го прави тоа. Некогаш по навика и ќе се обиде, ама ако наиде на неуспех ќе се откаже..
     
    На M.B., Emma2, PeachGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    :clap::clap::clap::clap::clap: @Cosmic Girl , советувај не почесто.

    Советите ти се ептен убави и корисни.
    Треба многу трпение и челични нерви за да се издржи ова што го збориш. Ама,и никој друг да не се меша од страна. Ај јас како родител за доброто на детето,ќе се прилагодам на ситуацијата и ќе игнорирам,ама баби,дедовци се сомневам дека би дозволиле и не би се вмешале за да не се "мачи" детето.
    Сигурна сум дека овој начин за спречување или намалување на тантруми успева,ама треба да немаш мешање од страна и да го почитуваат она што ќе им се каже. Ама тешко тоа :x

    А и логично е,еднаш,двапати,трипати ќе плаче,ќе види дека ништо не постигнува со плачењето и издизањето и ќе престане да го прави тоа. Ептен едноставно,ама кој да разбере.
     
    На karak, Ringishpil_, Milaаа991 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Тоа и го правам физички ја преместувам. Ама се си мислам на овој начин и отварам цел спектар на тантруми од најлош вид. Гледајќи ја како се гради ден по ден станува збор за самостојно дете кое сака нештата сама да ги допре, види и најбитно направи. Макар десет пати паднала на праг на балконска врата мојата уште дваесет пати ќе се врати и секој пат ќе се враќа со уште поелегантна форма на минење (ја крева ногата повисоко за да пречекори, па се обидува без држења на врата и слично). На наше негодување се отвора една бура на емоции уште од сега. Зборовите не и не може ни се сведени на мин речиси и не ги користиме. А нејзиното нелагодување е проследено со удар од под со глава. И приметувам инат во почетна форма што не ми се допаѓа.
     
    На NNA, Emma2, mamaJana и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Супер што сака да истражува, да допре да види, да фати, а тоа што се враќа значи дека е упорна. :lol:
    На оваа возраст НЕ и на родителот веќе му се смачува ко збор, не па на детето. Да има услови човек најдобро е да го прилагоди физичкиот простор околку детето по негова мерка. Да може безбедно да истражува и да се движи. Прагчиња, заоблени рабови, меки подови... За жал не е секогаш тоа можно. Видете до кај може нешто да се прилагоди, а што не може, ке мора да научи да пази. Што да кажам..Границата до каде сме премногу претпазливи и презаштитнички (па детево неможе да се учи на самостојност и истражување), а до каде сме премногу попустливи и го размазуваме е многу тенка..некогаш и ќе ја преминеме, ама важно е да приметиме и да се вратиме после во линијата на баланс меѓу тие две. Секако детето е најголем учител, ќе видите по него дали сте отишле премногу во една насока или не.
     
    На NNA, mamaJana, Ringishpil_ и 6 други им се допаѓа ова.
  12. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Мали мој прооде пред една недела, наеднаш се пушти и шеташе по соби и ходник. Овие 2 дена повеќе лази, чекор, два ке направи и си продолжува со лазење. Ај почнав да го терам да го мотивирам, ке пооди малку ама како да не е заинтересиран пак си продолжува со лазење.
    Нормално е?
     
    На PeachGirl, Ringishpil_, Milaаа991 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Нормално е. За две до три недели ќе се пушти сам и ќе чекори. Не го форсирај има една пауза од прво одење до проодување. Еден ден ќе го видиш станал и си оди како никад да не лазел :)
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Фри а фазата од одење до убаво самостојно одење колку време трае? :D:D
    Моево оди,ама се подзанесува од време на време. Сеуште не можам да го пуштам сам да оди а да не сум на штрек и да не сум до него. А кога паѓа, паѓа несмасно. Пробува да се задржи,ама пак треснува на нешто
     
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Те чекаат две три недели многу многу динамични :)
    За еден месец има огромна разлика во стабилност дури нема да ти се верува дека не треба да одиш по него. Замисли не одам по неа сама иде кај сака и се враќа. Само гледам да не се качи на нешто успат јел је планинарка.
     
    На NNA, TeddyGrey, flower55555 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.351
    Пол:
    Женски
    Прееска јас во кујна, маж јадеше, бебе со баба и у дневна.
    Само слушам урлање од мм накај мајка му, така е паднала беба, среќа имаме што не е паднала врз стаклената маса.
    Од кревет назад и директ на земја, мм кажа у стилот на колуназад.
    Кратко плачеше, си јадеше нормално, не беше збунета.
     
  17. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Мајки ми треба некојсовет и ваше искуство.. син ми е 16 месеци еве веќе неколку дена мн чудно почна да ми се однесува .. кога сме сами јас и он си емирен си игра ама а види некој друг од куќава дали бабаму дедому теткаму нањднаш се менува сака само кај нив да биде вришти ако го земам за нешто да правиме дали за да го шетам или да го носам да јаде итн.. вечевра буквално бегаше од мене одам по него зш да не падне качи негде и плаче зш одам по него оди ја вика теткаму да оди она да го земе.. ако сака нелоја играчка не дава јас да му ја дадам вика тете.. не даваше ни цуцалата да му измиам ништо не сакаше од мене... бевме се шетавме си беше мирен се додека не дојдовме дома и почна вака дасе однесува... искрено ми падна криво зш детево наеднаш почна да бега денес цел ден ако види некој. Исто и утрово ми рипна од точак кога испаѓавме да шетаме кога ја виде бабаму у дворот не сакаше да се шета плачеше по неа а требаше да одиме нагости кај моите... кога си дојдовме бабаму имаше гости седеа во двор и седеше и он и наеднаш сакаше дома и ај за да оди со мене не сака вика баба и се грапчи по неа пчаче искрено ми падна непројатно пред луѓето... детево наеднаш почна чудно да се однесува бега од мене а кога сме сами мн си е мирен иде се гушка гали .. незнам што да направам зш наеднаш вака почна да се однесува.. и периодов нешто мн ми е напнат нервозен искрено и ова ми е капак на се почна да ме загрижува вака што се однесува.. тоа го прави само со домашните а кога одимекај моите исто секој ден ги гледа не прави така дури и ме бара
     
    Последна измена: 6 јули 2020
  18. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Сте се изнапишале, ѕирнав и баш совети, совети има. Планирам денес од збор до збор се да исчитам.
    Навратив само да кажам дека денес ни е 7ми ден од вакцина мрп. Пред два дена и се јави осип по телото, има уште, ама не е страшно. Е сега, и жешко е плус ама само на памперс или памперс и блуза ми е низ дома. Така да го препишувам тоа на вакцината.
     
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Таков и треба да се јави. Ништо не и е. Јас на првата мрп ниту парацетомол не и дадов. Во петок и е седми ден кај мене од втора доза мрп очекувам и јас осип деновиве ама засега нема ништо.
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Само со тебе е и му здосадуваш.Нормална реакција е тоа. Баш и @Cosmic Girl објаснуваше многу убаво, неколку страни назад.
    Исто праве и мојата.
     
    На LoveHope и an4ii им се допаѓа ова.