Имам пријателка 24 часа е со малата нејзина ама не прави вака одма ја бара мама и не бега од неа како син ми што прави
I sin mi bega od mene a sekoj den e so dadilkatankd 8 do 4 i koga ke pojdime doma trca po mm jas ako pojdam da go zemam bega vristi kao kaj tatkomu saka ama posle toa sam ide i se guska se mili so mene taka da ne go svakam nestovo tragicno nekoj film takov tera sega
Да, во право е @BabyT* , поназад пишував за овој проблем, слободно скролнете наназад. Мора да разберете дека тоа што вашето дете започнало да се врзува повеќе за баба/дедо/трето лице е доказ дека детето веќе има здрава приврзаност со вас како родител (или веќе има формирано со вас attachment). Поточно, веќе формирало здрава приврзаност со вас како родител и како некој кој примарно се грижи за него и сега се чувствува доволно безбедно и сигурно да гради нови врски со други луѓе (баба, дедо, тетка, чичко). Јасно ми е дека може тоа да ве затекне и да го доживеете како удар по егото, да покажува отворен револт вашето дете кон вас, ама ако така се чувствувате во тие моменти битно е да се потсетите дека нема простор за тоа, ниту за љубомора, ниту за други непријатни емоции. Да се биде родител значи и да ги тргнеш своите емоции на страна, за доброто на детето. Може ви звучи сурово, ама светот не се врти околку нас. Истотака, не постои натпревар меѓу вашата врска и онаа што ја има со другите. Не мора ништо да се докажувате. Вие нема никогаш да му бидете помалку битни, колку и нови врски да изгради со другите луѓе во иднина. Затоа, ако се фатите дека чувствувате некоја од тие емоции, потсетете се дека нема потреба од нив и заменете ги со благодарност што детето стигнало до тој момент да гради врски со други и што има со кого да ги гради тие релации. Фокусирајте се на идејата дека тоа е за негово добро. Но, линијата е тенка, па пазете да не отидете па во друга крајност каде се ќе му дозволувате. Имајте предвид дека ова не значи да му ги остварувате неразумните барања на детето. Некои плачки ќе бидат тантруми или од каприц, а тие не треба да му ги удоволувате. На пр. ако бара нешто што на баба никако не и одговара да го направи или ако бара нешто да направи баба наместо мама, кога баба е зафатена (пр. баба да го преслече а не вие, а баба работи нешто друго во моментот а вие сте слободни и го молите да се преслече со вас)..Некогаш баба нема да може да ја исполни секоја задача што детето ќе ја постави. Ако се одговори на таквите неразумни барања, бабата реши ете да се помачи, да си ја остави работата и да го преслече, само за да му одоволи на детето и за да се смири наместо вас, уствари на детето му потврдувате дека таа е преферираната личност од која треба да се бара тоа. Поставете разумни граници во договор со баба/дедо/тета што, колку и кога да превземаат со детето. Договорете се кога и каде ќе им биде заедничкото играње, поделете ги со нив обрвските околу грижата за него. Истотака, запрашајте се искрено самите, како го минувате вие времето со детето насамо? Дали времето со него е повеќе извршување на секојдневните задачи или го користите за да уживате еден со друг? Дали цело време вршите домашни работи кога сте заедно или имате заеднички активности? Дали кога тоа сака да игра, вие сте преокупирани со телефонот, телевизорот или сл.? Кога ќе сте на само со детето користете го времето за нега на вашата врска со него.
Пнеумокок ниту една доза не примивте? И ние треба МРП сега да ставаме. Да точно е дека се прочистени. Демек Шведски биле. Супер квалитет. Така ми кажа блиска од диспанзерот во Ѓорче. Туку, до кога можам да чекам за прва доза Пнеумокок? Мм вика да не се акаме сега за ниедна. Да седам мирна
Ниту една доза пнеумокока нема примено, не. А дали може да ја прерипаме мрп засега, да му ставиме првин ДТП ?
Мислам може. Кога бев лани на вакцина, памтам една мајка одложуваше МРП. Се потпиша на некоја изјава.
Според картончњво нема двете да и ги стават. Рецакцина дитепер може да прими најрано 1 година по приемот на 3та ревакцина. Значи во ноември најрано.
Јас кога а носев малата последен пат, сестрата ја прашуваше докторката која да ја стави Мрп или Дтп, според тоа значи може.
Изгледа тоа 23.11.2019 било датата кога всушност требала да ја прими ревакцината, пошо јас последен пат ја однесов на вакцина јануари 2019, кога беше 6месеци. Ќе ја носам од понеделник натака..
Кај мене ги пишат во картон кога треба да ја носам пак, со моливче. Има еден картон за нив, еден за нас.
Здраво мамии, ве молам за искуство за ова масло. Дали го користите за децата и дали нахнадно давате нешто и други витамини? Моето е 1год и 3месеци до сега давам само д3 вит ц и пробиотик
Веќе неколку месеци го користам маслово како замена за омегата од бебитол.Мислам дека е ок.Освен ова само д3 капки давам. @srekice ја носев малата на вакцина сега во понеделникот, и ставија пнеумокок.Рекоа дека до 2 години мора да прими уште една доза.Инаку немаа мрп во моментов,а секако и ќе ја оставев за понатаму. Година и 7 месеци е мојата.
@babydust Фала бејб. Ќе видам. Немам памет. Ми фуфка од вирусов. Ние сме 13 месеци. Јас го купив од лимон. Мислам, по зборење и слушање од други мајки искуства, Mollers е подобар. И поисплатлив.
И јас не те разбрав Ако мислис на вкус, да има. Лимон и јаболко. Јаболко е поблаг. Лимунот некако е понеутрален.
Хехе, ти си ми правела споредба помеѓу ова и други витамини дека ова е подобро. Јас те разбрав погрешно но сепак се разбравме. Ти благодарам за инфо, ќе земам од лимон а дали даваш дополнително д3?
Дали сум единствена тука што не дава никакви, ама баш никави витамини на дете? Го прекинав и Д3 пред некоја недела, ќе го продолжам него од септември. Докторката ми вели дека нема потреба од ништо, јас на своја рака до сега немам ништо даено.
Д витамин да продолжиш да даваш. Тој е основа за раст, само тоа друго нема потреба. Јас и пробиотик уклучив кога почна во градинка поради стомачен вирус кој го закачи и сега педијатарот ми рече да го прекинам.
Еве јас моментално. Давав Бимунал зимата како припрема за градинка, ама и тоа и Д вит поише денови ги заборавам отколку што ги давам. Повеќе од месец сигурно нема пиено ништо. Сега веќе како се стопли некако не и се секирав толку, и затоа не бев толку одговорна да давам од суплементите.