И мене ми беше страв,ама се собраа некако многу и баш сега во жешкото мораше нешто да ставиме.Инаку би чекала од септември.А и ова со вирусот кој знае до кога ќе биде. Фала богу помина без реакција.
Фри кај вас советуваат д3 и преку лето? Јас не му ги давам веќе две недели, на ортопед ни рекоа да ги прекинеме во летен период и да даваме пак од октомври. Исто и на другарка, деуг ортопед истото и го кажа. Кај вас како е пракса? Или секој е индивидуален случај. И јас моментално не давам ништо. Ама планирам деновиве да земам пробиотик. Бањање по базенчиња и голтање вода е неизбежно периодов па затоа мислам нема шетата ако му давам месецов
Јас редовно давам Д3 и пробиотик од кога е родена. Ортопедот советува постојано да се дава. Според мене не е играчка не давање Д3, не ме сваќате грешка ама со мои очи видов ситуација каде што недоволен д витамин направи проблем кај дете. Не сакам тука да ја пишам ситуација е сепак деликатна.
Кај нас се дава нон стоп д витамин без прекин. Д витамин летно време може да направи проблем ако ви изгоре детето на сонце али побогу сите сме нормални нели да знаеме кога се изнесува дете на сонце, како и колку време. Друга работа е што ние имаме помалку сончеви денови отколку доле. Зимно време давам девет капки летно шест капки. Но никакво прекинување. Д витамин земам и јас бидејќи при рутинска проверка се покажа дека имам недостаток. Толку проблеми може да направи тој д витамин не сте свесни. Од кожа, од алергии, до тироидеа и последно што читав и короната тешко ја минат оние со недостаток на Д. А јас сум нон стоп на сонце и цел живот се печам додека не станам жар. Но ете пак се појавил недостаток. А убаво е да му даваш пробиотик не е лошо. Овде не се препорачува, во Мкд до две години нон стоп да се дава е препораката. Јас сепак за градинка давав. И кога и беше стомачниот вирус со еден силен пробиотик ја излечивме. Друго ништо не помагаше.
Мене ортопедот ме советуваше да продолжам со Д3 баш заради интензивниот раст и дека Д3 не е само за коските туку и за целокупното здравје и имунитет на детето.Рече до 2 год. се дава и зима и лето.Пробиотик не давам, освен ако има потреба. Како и за се друго,докторите кај нас немаат единствен став и за ова.
Сега по муабетов се сетив дека те имам прашувано. Сум заборавила Знам дека тој д витамин многу знае да прави проблеми ако има недостаток. А од друга страна мислам дека нема да прави штета ако му давам промер капка-две. На мисла сум да го вратам пак. Ќе истражувам малку сега
И јас сум со мисла пак да му давам Д3, ќе му давам по 2, 3 капки сега летово па за натака ќе се консултираме со ортопред.
Периодов му давам омега на бекутан,пливит Д3 и витЦ ќе продолжам вака само наместо омегата ќе уклучам бекомплекс на бекутан.Многу слабо ми јаде па да видам дали ќе видам некое фајде.
Извини што упаѓам во муабет, ќе сакаш да ми кажиш на која возраст сте и по колку капки даваш од пливит д3.. Моето е 1год и 3месеци но на ортопед последно бевме на 9м и тогаш ми рече по 3капки и заради ситуацијава не ја однесов на 1год на контрола и уште давам по 3..сега имам закажано за август
И јас го немам прекинато Д витаминот. Давам по 2 капки Вигантол по совет од матичната. Давав омега некој период, ама го прекинав.
Индивидуално е кај секое дете. Мојата прима 7 капки Ваја со 3 Вигантол, сега наместо Вигантол ќе давам 8 капки Пливит. Затоа најдобро е консултација со доктор.
Чекав да заспие и да му сечам нокти никако не дава,но заприметив има многу бели дамки на ноктите. Нели кига викаме витамини ми недостасуваат затоа имам дамки бели... е скоро на сите нокти има и тоа по две три дамки. Да давам витамини некои? Молерс пие само
Многу време не сум пишала. Едвај ве исчитав сите . Прво за д витаминот. И јас не прекинав да и давам и летно време, исто по препорака на ортопед. Само намалив од 7 капки пливит на 5 капки летниот период. Ваја пробиотик давам од време на време, не постојано. И мене ме интересира истото како Хепи, малата има понекогаш бели точки на ноктите. Јас тоа го знам како недостаток на калциум, малата пие и млеко и јаде млечни продукти па тоа ме замислува каде грешам? Друго, во последно време многу мава со рачето. И објаснувам убаво дека не треба да тепа, дека треба да гале, но таа си продолжува. Пробав и да и го повишам тонот тогаш кога ме мава, да се правам дека сум и лута, но никаков ефект. И покажувам како треба да гали, ќе ме погали 2 сек и пак мава потоа. А се разбира, не е дека не ме разбира што и кажувам, само не сака да го примени тоа. Најомилено во моментов и е качувањето на спална, тросед и скокањето таму. Додека да ја видам таа веќе се качила и трчи по спална. Па морам да бидам до неа да не тресне случајно. Нејзе и е многу забавно а мене баш и не . Се надевам дека и е фаза и ќе помине за брзо. За зборувањето е индивидуално до дете, и сметам дека не треба да се крева паника доколку детето си ги извршува наредбите а сеуште не зборува. Во просек децата почнуваат со говор помеќу 1 и пол- 2 и пол години. Знам примери каде до 2 и пол не зборувале ништо, па потоа наеднаш дошла екслпозијата.
Неколку дена уста не отвара за јадење, нерви искинав. Денес е со 2 жолчки, 3 апки леб и малку диња. Во врска со д3 и нас ни рече да продолжиме и преку лето, а матичната да прекинам. 3 недели не давав и продолжив, ама ич не го сака, па давам по 2 бебитол, но послаба доза и иди така. Не знам како да продолжам.
А зошто толку пливит. Мене ми рече ортопедот исто колку и Вигантолот. Дека и јачината им била иста, само едното маслен раствор, другото воден
Дој да се гушнеме. Ми иде ручеков на глава да и го ставам не знам која недела е по ред со ручеков Ништо од ова не сака да проба. Појадуваше во 9 наутро и млеко пиеше во 11.