И мојата ништо не јади, само млеко пие и мноогу варен зеленчук(брокула, морков и карфиол), ама па секој ден исто @FreeMind како поминавте со ревакцинација?
Мене и матичната и ортопедот ми рекоа дека Пливитот е дупло послаб од Вигантолот. Истото и во аптека ми го кажаа, дупла доза од Пливит се дава (оти Вигантол нема веќе нели).
Еве славам ја убеди татко ми изеде половина јагнешка хипп. @lackygirl и јас така знаев, но кога ја прашав ортопедот така ми рече. Имам дома и такви и такви, баш ќе видам.
Давајте д3 и на поголеми деца. Многу е важен за имунитетот посебно сега во време на коронава. И ние треба да пиеме ако има сонце
Мојот ортопед Талески пак рече пливитот е послаб од вигантолот и се даваат повеќе капки.Вигантол мислам дека нема веќе по аптеки
Дека послаб е Пливит. Антоније ми рече дека Пливитот се давал 1 капка на 1кг, па пошто прима и Ваја ми израчуна плус 8 капки.
И јас од денес почнав да давам пак вит д3. По 2 капки Вигантол. Знаев дека ќе го нема па си имам 3 шишенца залиха. Со 2 капки дневно нема брзо да снемаме Иако ортпедот ми рече да прекинеме сп д3 до октомври јас сепак ќе давам. Сметам дека не е голема доза и дека неможе да има штета. Иако сум против тоа да глумиме сами доктори што е честа практика кај нас во Маледонија, сепак овој пат нема да послушам Ќе прашам пак и матична
Што ќе ја прашувам ми рече не давај до септември а ортопед во Битола нема салам, така да ќе давам по мое дури не го однесам кај некој асален. Многу ми гледа вака на 1кг 1 капка, 15 капки му идат на синко, а оваа Бт ортопедов со Мила кај што ги носиме 7 капки ми рече на 9-10 месеци а тогаш имаше 12кг
Леле незнам вака кога споредуваме ,Антоније дава најголеми дози на д3,претходно ја носев на друго место ми викаа многу помалку.Ама на мојата ни фонтанелата не и е затворена уште.
@lackygirl јас вчера истражував и не сретнав никаде дека вит д се дозира според килажата. Има податоци според возраста, според изложеноста на сонце... И најдов податок дека кај деца над една година дневната потреба од витамин д3 е 600-1.000 IU. Доза од над 4.000 IU несмее да се намине никако. Тоа само по препорака од лекар ако има многу голем дефицит. Вигантол во една капка имаат 500 IU, па затоа јас одлучив да давам по 2 капки. Ионака на сонце не излегуваме. А пливит се послаби, ете @Makedonka007 има пишано дека тие имале 200 IU во капка, па јас кога би ги давала тие би давала 4-5 капки. Ова е од моето гугл истражување не се потпирајте 100% на ова. Мене ортопед ми рече да не давам, а матичен немаме посетено. Па јас си одличив да давам.
И јас се изненадив за ова за килажата ама и минатиот пат пишев со него на фб исто ме праша колку кг има и колку капки давам, па и ја зголеми дозата.
А упатство нема ли со д витаминот? Во него пишува колку се дава, барем во овие кој ги користиме има поделба до една година и над една година. Викај свирачи
Значи ова со капкиве Д3 како ќе им текне, така си препишуваат. Да не знае човек кој да слуша. Матичната ја гледаше и ми вика не давај, ортопедот давај по 5 или 2 до 3 бебитол, а сега овде читам малку се 5. И ств не знам колку да и давам. Инаку денес јаде само леб.