Да @Milaаа991 исто период на самолеб сношти се шетавме и од пекара му земам кифле и јади, ако осети нешто внатре сиренце на пр го плука Кај бевте на плажа, убо местенцето
Лебарчиња наши. Лјубаништа е ова, ама не на плажата кај камповите, туку има една друга дива плажичка каде нема скоро ич луѓе. Убаво е. Има и песок и камчиња, па и дел со трева, се изнаигравме. Здравје, пак би оделе.
I nie utre planirame da odime na plaza i bas ke ve prasuvav sto vi jadat decava neznam sto da mu zemam da ne padni vo nesves toj od glad a jas od nervoza zatoa sto eden den jadi 5 dena usta zapecatena ima dodeka da kazni nekoe zalce nekolku nervni slomovi imam ama gledam poveketo na ista maka sme
Денес бевме на вакцина. Ставивме дитепер, па нареден месец МРП се договоривме со др. Абе ни а ни б не рече малава, ств се изненадив. Она и кога паѓа ретко плаче, станува и продолжува да си трча како ништо да не било. Малку се загрижив на килажа ми е падната. Кај матичната пред 2 недели 10700, сега ваму 10300 ја измерија. Дома еве на домашнава со алишта 10800 е. Можно е и до вагата, макар што овие денови ептен зезаше со јадење. Исто и за крвна слика воопшто не заплака. Се изненадив од хгб 130 и покрај цело не јадење. Ств не знам што да мислам.
денес син ми не гази со едната нога 17 месеци е одеднаш станавме сабајле и не гази не оди плачи кога гази со ногата сношти немаше ништо дали винсе има десено ? нема ни дежурни ортопеди денеска ќе мора до утре да почекаме:/
Пред некоја недела беше, исто наеднаш нејќеше да згази на стапало, го креваше и плачеше, не се сеќавам дали беше сабајле или вечер, ама после од ко преспа немаше проблем си газеше.
Како да имам читано тука дека тоа се случува при нагло растење. Мислам дека мајките со поголеми дечиња имаа коментирано.
Какво нагло растење? Нешто како скоковите што беа, ментален или физички некој развој? Кој период има вакво нешто?
Денес остана прв ден со спиење. Од 08 до 13 часот. Без плачење ја заспале и без млеко забрането било млеко од шише. Ја галеле и заспала. Спиела 40 минути. Претходно ручала цела чинија зеленчук. Како убаво звучи нели? Да е се тоа вистина би било добро. Ама кој работи во градинка знае тоа се фино да го спакува на родителот. Вчера малку ги скарав учителките денес одма изела цела чинија. Ја преместија во трета група деца. Втора постава на учителки на дете кое е во прилагодување. Ниту еднаш не ни пробала од ручекот за денес од нигде никаде да ја изеде цела чинија. И појадокот цел изеден, цел. И тоа е моето дете Стварно се интересни луѓево кој знае што си мислат со тоа главчињата и реков и ми помина...луѓе. Туку сама сум цело претпладне неделава. Имам време за се и себе си. Се посветив на спорт, следна недела ќе земам и некоја книга да прочитам. Толку време не знам дали некогаш во живот сум имала. Станов го светнав, избришав и еден прозор. Кожа не ме трпи додека детето не ми е дома. Вие ова ќе го минете по мене јас сум прва од екипава. Една карпа ми стои во грло кога заминува во градинка мисла ни за секунда не можам да тргнам. Оние кои немаат деца ова не можат да го разберат. Можеби ниту вие ама кога ќе тргнат вашите сетете се на зборовиве мои. Можеби е сам почеток и ќе се навикнам потоа, но е ужасно мачно чувство. Имаш слобода али се тоа губи смисла. Ни кафето не ми е слатко без неа. Мајка што значело...Најубавиот миг во животот е кога трча да ме гушне на земање и таа прегратка која е силна, најсилна на свет. И секако потоа не сака да си иде дома јел сме и досадни јасно. Свесно знам се и знам дека е најдобро за неа во градинка каде учи почит, ред и редослед, јазик, исхрана и заспивање. Во овие моменти сфаќам колку порасна моето бебе. Колку е изменета и самостојна. Ја ѕиркав вчера од прозор пред да ја земам беше насмеана и си играше со едно дете со животни. Ми падна криво и чувство на гордост во исто време дека тоа мало човече почна да гази по својот пат чекор по чекор. И Ози е тажен седи пред врата цело поплдне не му е јасно и нему каде е. Планот е неделава до 13 и потоа до 14 часот. Доволно е додека сум дома. Пред да тргнам на работа ќе и зголемам по саат и ќе се прилагоди. Од градинка си иде дома руча јел таму јаде по цели чинии нели и искача на прошетка. Се враќа играме дома до 20ч вечера, бањање и во кревет. Сега целото време и е исполнето. Си раскажав
За издолжување, па дека мускулите се истегале. Незнам така баш пишеа, не ми текнува која членка. Ама еве ако прочита некој од темата Совети и искуства од мајки за дечиња од 2-3 год и ако знае нека пише.
Едит: заспа во 17.20 на шетање во количка. Се изнаспала во градинка. Ќе им препишам на адаптација сепак и они мора да се адаптираат на мене нели. Можеби и од преголема возбуда дека спиела во градинка повторно заспа Или болест...се надевам не е некој стомачен тој вака ја кутка три пати на ден.
@FreeMind убав стил на изразување и раскажување имаш А со мојата ќеркичка шо да прам, охх ич не сака вода. Нудам по цел ден, пие да, но не задоволително како шо треба. Арно уште сме на цицање, ама сепак не се доволно почни пелените. Како да ја убедам за вода??
Кај малата клучно е да биде од Нук шише со клун за да испие многу количински. Од чаша пие ама 2,3 голтки и толку.