Шо не купив, имам пишувано, магична чашка, со клунче, шишиња... Моментално пие од мам шише, ама нејќи многу количински. Да си испробам со Нук
Мојов сега на 14 месеци пропи вода, од како се изнајаде пред некој ден сирење од тогаш ја обожава дури и на сред јадење знае да побара. До сега само чај бекутан или на хумана пиеше и тоа со сила, а тогаш со сирењето чајот не му ја угаси жедта и сега нејки да го види. Според мене од како почна да јади по солена храна си пие вода, а и ги намаливме подоите.
@flower55555 пријателка така ме советуваше, ко ќе почни со благо и солено ќе сака вода, ама сеуште немам дадено, освен некогаш смоки ако се смета. Ајде баш ќе пробам со малку посолено, ако не оди и така, купувам по на Бејби препорака Нук.
Пробај од MAM шише со клунче. Има внатре и цуцла. 220 мл е шишето. Клунот е потенок. Јас незнам колку пати полнам вода дневно. Интересно и е да му прави отвори, затвори.. И плус изводи, ко пијаница некој. Го фрла по цела куќа. Ама пие битно. Знаеш, моето не сакаше да мирисне вода до пред некое време Инаку. Оваа фаза со "урлање" дерење, испуштање на чудни звуци. Дали е нормална?! Вришти-пишти а се смее
Кога прв пат е во најдобро да се однесе на бербер дете? Нашиот има 15 месеци и многу густа коса ама се уште на дел од главата му е меко па се мислиме дали да го однесеме на шишање бидејќи и во очи му оди косата веќе.
Првиот пат се исплашив. Ама гледам се смее. Претежно кога, е среќна и радосна, тогаш вика. Ми набија шубе "докториве стручњаци" во фамилија Зашто викало, да не имало проблем Ма нека вика. И уште малце да почне и да тепа
И јас се мислев за шишањето Нема густа коса, ама му е долга веќе и се поти. Мислам дека @FreeMind пишуваше дека не треба со машинка да се шиша. Зошто? За да не се плаши или поради нешто друго. На мојот му пуштив машинка да брчи да видам дали ќе се плаши( не е бучна многу). Не се плашеше,дури бараше пак да му брчам Како би реагирал да почнеме со шишање,не знам, му ја доближив до главата си се смееше. Да пробам да го шишам,ако не се плаши или не? @happygirl @lackygirl вие со што ги шишавте?
Пробував и јас неколку пати со исклучена машинка, мн плачеше, па со пуштена исто, го истриживме со брат ми заедно, плачеше да ама не беше нешто мн страшно, помина за 3 мин беше готов, мораше мн му беше долга косата
Ние веќе 2ор пат го шишаме со машинка. Првиот пат некаде на 14 месеци, прво ја вклучивме да видиме како реагира и не се плашеше. Му пуштив цртани и седеше мирен. Сега втортиот пат исто не се плашеше ама сакаше да види што се дешава, се вртеше, сакаше да фати и малку потешко идеше. Ама битно не се плашеше и не плакаше. Коа ќе ја исклучевме машинката велеше: пак, демек пак да ја вклучиме. И јас се сеќавам на муабетот на фри. Па ако се плаши дефинитивно не би користела машинка. Ние на фризер бевме, не сами дома. И со машинка и ножици му ја средија фризурата
Баш на МАМ ги имам и шише со Цуцла и со клунче, од клунчето поќе и течи и го нејќи, а од цуцлата пие тек тук, незадоволително.. Ама како шо те читам изгледа ми велиш за клунче со цуцле, со отворање, ќе да е различно од стандард шо се. Ај ако не ти е проблем сликни ми. Иначе денес хаос сме, не спиев јас убо, малата во 7 се разбуди, цел ден си игра, си растура, си сака внимание, јас уште повеќе сакам да и дам, ја гушкам ја милувам, ама и домот чека. И така растрчана од сабајле, гушање со најслаткото суштество во мојот живото и собирање играчки, пуштање машини, ручеци... Секојдневието на една мајка бе. Ама можи ние првородките сме подосадни за слушање и жалење..
Оо болка ми е шишањето негово. Прав хорор.Пишував тука, првиот пат со машинката заплака на крајот само. Е затоа вториот пат уште кога влеговме во салонот почна да вришти хистерично, и викаше само ајде мама дома. Не можевме никако да го смириме, исповрати таму од страв. И така се вративме дома. Па после во базенот додека си играше, мм го ишиша со ножици, затоа сега е целиот со дупки низ главчето, ама бар не се поти. Инаку дома сам ја зема машинката на мм, и вели шиша, па оди ги шиша плишаните играчки. И си ја става на глава, ама не дава да го шишаме никако со неа.
Кога моево девојче беше бебе, маж ми се чудеше на туѓи деца зошто се дереле, а јас му викав дека ќе си види и сам кога тогаш. Сега еве малава знае да си се дере рандом кога ќе и текне, ама и да не се дере по цел ден збори. Последниов месец мислам дека сто збора има нови научено, и само од нигде никаде ќе си викне "бубамара!" на пример. Некој ден ушите ќе ми ги дупне. Ама ај си викам барем збори, подобро да не се жалам Едноставно интересно им е дека се способни да направат нови звуци и си се радуваат. Исто како одење, чим сфатат дека можат да одат не можеш да ги застанеш.
Овде е забрането под шест години да шиша обичен фризер дете. За деца до шест години има посебни лиценци и обуки и само тие смеат да шишаат. Машинката и самиот доживљај на паѓање коса од глава им предизвикува долгорочни трауми. Забележани се случаи и на трајно мозочно оштетување од стрес. Освен со шишање овие трауми се поврзани и со колење на животни. Не дека јас сум љубител настрана тоа туку плачот на животно може психички да ги измести децата бидејќи предизвикува тотално силен стрес. Тука е и собраќајка или сведочење на сообраќајка исто и удр на животно и насилство на улица. На ова внимавајте. Навидум не е ништо може да остави трајни последици по говор, тикови (психолошка состојба), дткање, ноќни терори и влијание врз интелегенција. Едит: Денес изела чинија и половина од компир, брокула и карфиол со риба во сос. И спиеше ја чекав еден саат надвор вистина. И таква среќна си ја носам дома отварам појадок што и пратив и што да видам ништо буквално не изела Затоа и ручала. Битно е дека нешто јадела и спиела. И какала де у 10 саат тоа ме известија. И среќно си играла што е најбитно.
Да ти сликам, нема да доловам добро. Инаку, на шишето пишува 4+.Јас не би се сложила со тоа, ама ајт Ова е сетот. Во еурофарм 290 денари. Сакав на Nuk, ама немам во близина никаде продажно место на нивни производи.
Ова со шишањево никогаш не сум го поврзала, ама изгледа на брат ми му се десило ова. Почна да дтка на околу 2 години, и мислам дека скоро 10 години имаше кога почна убаво да збори, а и ден денес ако е нервозен знае да дтка. А се секавам дека како мал збореше дека берберот ќе му го сечел увото, најверојатно така го плашеле да седи мирен. Ние имавме други фамилијарни проблеми заради кои сите мислевме дека почна дткањето, иако мајка ми тврди дека не бил сведок за да се трауматизира (јас лично сум постара па не се сеќавам на тие проблеми). И до сега не сум ни помислила на ова, ама ете можеби се поврзани тие работи, дткањето и берберот.
Ова со колењето животно ми има мене оставено вистина голем стрес како малечка. Дедо ми без никакво предупредување пред мои очи заколи 2 мали јариња со кои јас претходно си играв. Сцените како трчаат обезглавени и прскаат крв на сите страни уште ми се врежани и ми се грозат. Извинете ако растревожив некој и на деталниот опис. После тоа со години не јадев месо, а и ден денес не сум љунител, односно сум поборник против тоа, ама сите околу мене се месари и тешко ми оди.
Кажите како да и четкам заби без да ми викнат полиција во скоро време? Значи се корни од плачење, како да ја молам. Купив и Курапрокс четкичка, понежна неможам да бидам и не. Ја држам стегната врз неа и четкам. Секако пробав