Баш оваа Цуцла ја имам, не ми пие многу. А клунчето шо го имам првичното беше вакво, ни од него нејќи. Зедов и со тврдо клунче, ни то. Нук магичната чаша ни таа. Останува Нук шишето со цуцла. А отприлика колку вода треба да внеси дневно? Мојата одвај 150мл, помалку поќе тука негде. Ама цица сабајле, вечер и измеѓу 1 или 2 пати. Ми е страв за бубрезите.
Јас ако плачи многу не одам на сила, оставам не мијам, демек "сам се мија" и после му ја земам и јас го четкам, засега добро ни оди, ама имаше период не сакаше и не го мијав не ме тепајте Туку дојдов да се пожалам, денес, после ручек цело време плачел, се инател, плачел за се, мм беше изнервиран скроз, јас од сабајле го чував сами бевме супер беше, ама после ручек еве сега дури одвај го заспавме се откости од плачење, од 8ч му се спие и не сака да спија пукав луѓе ПУКНАВ од неспиење, само се надевам ќе смени и никако да смени, 5 пати стана сношти до кога вака ми се плачи.
Купив и четка и паста од пред 3 месеци, така стојат ги немам отворено. Срамота знам, ама дали од немукает или некогаш преморена и ете така седат. Морам да почнам да и ги четкам. Направи и да и биде забавно, пушти музика во вц, земете некоја играчка.
@Makedonka007 а пие друго? Млеко, сок, цица? Моево само на вода е, до 14 месеци цицаше, после 9 месеци многу почна вода да пие, мноогу, па после година негде почна по 1л да пие, а сега мислам дека цело шише го пие од 1.5л моево па ја прифати само цуцлата од чико, само таа од 5 месеци, др ништо
Блазе тебе!! Со јадење засега немам мака, ама со водата ептен. Има моменти ќе е ожедната ќе тргни поќе ама најчесто една голтка и се тргнува. Иначе цица и то страствен цицач е малата, не знам како ќе се одвикнуваме. Планирам после летото, септември средината, ама тогаш ќе му ја мислам.
Со сила. Нема сакам-нејќам, заби ќе се мијат и точка. Може да плаче и да и ги четкам, или сама да си отвори уста и да ги четкам. Трето нема. После 3 дена сфаќа дека нема избор, и си седи на раат да и ги измијам забите. 2 пати до сега вакви протести ми има правено, иако генерално не прави проблем.
Си ја гаси жедта со цицањето затоа не пие многу вода. Можиш да скратиш некој подој дење па да видиш дали ќе смени нешто а за одбивање сите така мислевме и сите прелесно поминавме ќе видиш и самата, повеќе е тешко за нас-мајките, за децава е многу полесно, ама сега не, нека помини летово.
Можи да е и то. Ајде од утре до крај на лето целата ми е да пие ќерката вода ама задоволително! Те вервам дека е така, знам дека за мене ќе биди потешко. Ко ќе цица и ме гледа со најмилите очиња, ме фаќа за лицето... Души најмили се. Туку да се пофалам денес на плажа бевме, кратко, ама добро виде малата езеро. На одење и се спиеше па убо уште на почеток си заспа. А на враќање баш беше жива и разиграна и не и се седеше во едно место и плачеше, ајде смоки и давав ајде од мобилен песни на јутубе.... Абе мајче си карав, баш велев смоки никако, мобилен никако и се некако на глава ми дојде. Ама немав избор, или тоа или плачење 45мин. Препреморена сум, легнувам. Добра ноќ друштво.
Хехе нема гајле, не си лоша мајка ако си дала смоки Лесна ноќ и од мене и јас легнувам дури не станал Гого
Јас ја начнав темата и пред 1м и сите истото го пишавме. Кај мојата не поминува. Едноставно вришти од четката, тоа е хорор. Помодрува во лице. И секако дека ја четкам, и давам да се смири па пак. Ама не ми е решение ова, не сакам да ја замрази четката. Претходно знаев да прескокнам некој ден, од што ми правеше нервоза нејзиното плачење, ама у главно од 7м и ги четкам. Не би ја оставила така, гледам по мене, некогаш 2 пати ми се малку за да ги четкам.
Ниту кај мене не дава да чекаме заби. Сака да ја држе четката во раце, ќе ја пикне малку во уста, демек четка заби, и одма бара да ја измие под чешма. Муабетот е многу сакаме вода, да се шлапаме.
Јас како дете второ одделение бев влечена за двете нозе од кучиња. Не ме касаа туку ме влечеа. Од тој ден почнав да трепкам како семафор. Од силен стрес. Ми требаа години подоцна да ми се нормализира трепкањето каде не ме однесоа моите. И се реши после неколку години само од себе. На татко ми сестра цел живот и се промени благодарение на колењето свињи во двор. Така си го избутка животот за жал. Дедо ми никад потоа не чувал живина али штетата била направена. За жал сликите ќе те следат цел живот. Како дете бев сведок на верижна собраќајка по кривините во Црна Гора. Татко ми паркираше паралелно од нив да им помогне. На една жена стаклото и беше на врат. Таа слика живее со мене и никад не сум се почувствувала добро во кола иако сум шофер. Затоа кога ја возам малата возам со 30 и гледам да е блиску. Имам страв дека ќе се деси нешто. Кај мене помагаше и ако пред неа ги четкам забите редовно. Насмеана со шали двајцата некако како игра да се претстави. Во периодот кога не сакаше пак и четкав и некако се помири. Сега нема гајле буквално на четкање заби.
Да не ве читав вас ни заби ќе четкав ни ништо Го знаете сите здравствово Македонија, никаков совет не добиваш, ама буквално, ок можи има исклучоци на приватниве, ама не сме секогаш во можност да ги носиме, а и шо дека го однесов на приватен ортопед Битола на 9 месеци, катастрофа беше прегледот, истите работи и на државна му ги гледаа, плачеше многу и жими ехо што му направи на колковите, ни грб прегледа ни ништо, за капки Д3 ко ја прашав, одговорот ами можиш по 5 да му даваш детево 12кг беше тогаш....шта да ти причам, крајно незадоволна, тие 2000 ден уште не ги имам преболено И после на своја рака ќе даваме Сношти како што очекував, нормално ич не спиеше, пак почна да плачи ко ќе стани, незнам што му е, незнам кој да прашам, некогаш многу се загрижувам, да не си има некоја мака детево Зборува во сон, си кажува нешто, ноќеска велеше, Немаа таму, тете... (беше тетка му кај нас можи ја сонуваше) Стана во 7ч. Во 8ч го однесовме кај мајка ми, ново-плачи ко ќе го оставам.
Па добро е што пие и толку. Моево пие, зависи. Ама 300 мл сигурно. Зависи од денот. И цица на нај јако . @BabyT* и јас истата четка ја имам. Обожава да четка заби, ама прво и ја давав да се игра со нејзе. Ја глодаше, па сега не се буни. Ама вие сте поголеми за да упали таа финта
Така беше и кај нас до пред 1м.Расипа 2 четки од глодање, сега ни тоа не сака. @FreeMind секако бе мајче, и јас и татко и миеме да не гледа она плаче по нашите четки
Исто хаос преглед имавме кај неа, со таа разлика што 2 пати ја носев од немај каде. И во Плодност на ехо за колкчиња не поминавме сјајно, мн трауматично го помина со плачење. Ама јас онаа во Жан Митрев ја натерав се да ја прегледа и грб и фонтанела, инаку си се правеше на тошо. Е сега колку е компетентна тоа е друга приказна. Обедникоски го фалат на државна, ама со глупава Корона нз кога ќе можам да ја однесам
За зборување во сон, запримети дали во текот на денот бил поактивен, имало некои интересни случки за него.. Децата кога ќе легнат да спијат почнуваат да ги обработуваат подобро случките што ги доживеале во денот.
@BabyT* и нашиов почна да се тегле и плаче по нашите четки. Не секогаш ама коа ќе не види, не ја сака неговата. Па јас му купив иста како мојата и коа ќе имаме ваква дешавка му ја давам таа (демек мојата) и со таа четкаме заби. Сигурно не е баш здраво, ама е подобра опција од ништо. Ионака јас користам мека на curraprox, па се надевам нема да го повредиме непцето. Сигурно има причина зошто има детски четки. Ама ете, неможе се идеално Инаку за ортопед јас сум презадоволна од Каличанин во Систина. Единствено нешто е што последен пат ми рече да прекинам д3 летово ама јас не послушав
Вака размислувам сега јас да сум на твое место што би правела ако се сум пробала, а мора да мие заби. Сега лупам не сум заболекар али имаме тука ќе не поправат веднаш ако грешиме. - Да земеш пак од оние бебешките напратоци има и силиконски и така некако да миеш? Има и памучен јас со таков на Ози му ги мијам друго не дозволува никако. Што значи памукот е најпријатна ствар тргајќи од него сигурно ќе помине кај дете. - со прст да пробаш измиј раце, дезинфицирај и стави малку паста и пробај колку да се навикне на процесот - ако има некое средатво за плакнење уст за бебиња која ветојатно би се голтала може и на тој начин да се дезинфицира уста од бактерии - и последниот начин се знае кој е двете раце ќе и ги фатиш, ќе почне да плаче и ќе ја отвори устата ти за пет секунди ќе исчеткаш и ќе ја смируваш потоа - и најпоследниот начин ја чекаш да порасне и да и објасниш да мие заби.
Баш така на Тошо како сум се изнервирала тогаш, верувај уште ме држи ќе те прашував како е со вакцината, јас ќе го носев ама сега е страшно кај нас во здравствен дом, имаме сестра и доктор со корона, секој ден има по некој нов ова за мало место можи да биди престрашно, секој со секој е поврзан, под стрес сме секој ден и не се осмелив да го носам. Скопје па сега нема шанса, 3 часа имаме возење во 1 правец @Makedonka007 да баш така, со омилената му тетка беше и си ја сонуваше хехе душа иначе секој ден е многу активен, не застанува ич, сега ни цртани гледа ни ништо.