Јас пак не се сложувам да е на сила. Може да створи аверзија кон нештото ако е на сила. Уште од годинка може да се даде четкиче во рака и да гледа како ние четкаме, а тоа ќе пробува. Потоа да му се предложи мама да му ги четка забите. Ако на почеток одбива нема откажување...на секое четкање ќе пробуваме да ни дозволи ние да му четкаме, на крај ќе прифати. Ќерка ми сега на полни 2 години веќе прифаќа без проблем да и ги исчеткам убаво од сите страни, па после давам сама да се дочетка ( у принцип тоа е повеќе шмукање на четката). Јас мењам четка за неа секој месец зашто редовно се расчупани.
А шо праиме со не јадењето? Никогаш до сега не ми одбил јадење, сега почна и доручекот да го одбива. Овесна каша со овошје касна 2 лажичиња, 2 апки јајце со урда пржено и 1 чоколадо животинско царство дедо му му даде. А после 16h јади на 1саат шо и да му дадам. Ај од жешкото си велам ама неможи ништо да не јади или на чоколади да е цел ден. Се нервирам вака многу шо и да направам завршува во канта, не дај боже лажичка и пајнче да види одма ја стега вилицата и ми врти глава
Ооо, значи да очекувам и тоа да, се случи Кога почнавте да им читате книги, приказни на дечињата. Посебно на оние што книгите ги кинат и јадат
А ако створи одбивност вака? Еве мојава не дава да и ги мијам забите. Има своја четка,паста, уствари две четки, па става паста и ја лиже.. може 2 секунди да ми даде да почнам да четкам ама затвара уста и се трга. Сама не знае, пробува ама како што реков, завршува со лижење на пастата. Ја научив да плука, да си ја измие устата после миење, уште да даде убаво да и ги исчеткам и таман ќе биде Глупо ми е на 2 години да ги купувам допрва оние силиконските бебешки за чистење на заби, ама ако продолжи вака ќе морам изгледа.
@FreeMind пред некое време ми даваше за кратко со силиконската, после и од неа исто. Може да пробам со прст. Моментално е вака. И знам дека не е убаво луѓе, ама ако а чекам до 2г, забите ќе ги расипи. Имам пример близок така. @AlicaInWonderland и јас користам иста четкичка само за возрасни, па и иста боја е. Вчера ја ставив пред огледало четкам јас и и ја давам нејзината, ма не бре плачки одма. И плус сами колку ќе си ги исчистат?
Јас и ја четкам устата месеци пред да никне првиот заб. И тогаш имаше периоди кога не прифаќаше, ама брзо се навикна. Од кога почна да оди, само и кажувам дека време е за миење заби и сама оди во вц. За мене миењето заби е здравствена активност и нема избор. Како што не би ја оставила со немиено газе, не може да остане и со немиени заби. Аверзија нема кон четкањето, кога ќе ја фатат неколку дена некои бубачки и протестира, ја мијам на сила и после си се враќа во ред, ќе и речам зини, си отвара уста и убаво ги мијам сите заби. Разбирам да се развива интерес за четкање кај децата, ама одредени работи не ги оставам на нејзин избор. Забите мора да се четкаат, зошто ако има расипан заб е многу потешко да се направи отколку 2 минути да и исчеткам заби. За мене тоа е недозволиво.
Па имаше бајаги гужви, особено роми и тоа во чекална без маски си седеа. Инаку мерат т и на мајка и на дете и мора кај докторката со маска да влезеш. Јас и појодв на сестрата, мм ја чуваше малата надвор и и реков од надвор да не викни кога ќе дојдеме на ред, дека не сакам да ја мешам тука и ми рече паметно и така избегнавме гужви. Кај што ја преслекував си носев пумпа со дезинфициенс и со влажно си избришав се, си послав чиста пелена и така ја соблеков. Потоа право кај др, на боцкање и дома. Таму неколку пати и ги прскав рачињата и играчките што ги расфрлаше, па се надевам дека не закачивме нешто. Е сега не ме држи на збор ама мислам докторката не носеше маска. Имаше и уште еден др млад, сигурно го спремаат за нов педијатар на здраво бебе, прегледуваше и тој, тој носеше обична хируршка. Тоа мн ми бодеше очи, ама ајде стиснав заби и поминавме.
А немаше никаква реакција? Јас ќе закажам не е тоа проблем ќе избегнам гужви, секако и онака сега нема жив човек в амбулната, се плашат сите ма нема жив човек по пат денес, ако е пазар кај нас Сега мм беше кај матичната за да препиши Д3 му рекла да не му даваме ќе сне му направеле дисбаланс, сега бил на сонце, жими сонцето, во 18ч го шетам тогаш нема сонце
За четкањето заби никогаш не ми правеле проблем освен од време на време. Имале периоди, моментално така ни е. Ги четкам пред спиење, пуштам цртани. Периодов се борам со нив, ама почнаа да ми плачат како да ги боли. Се си мислам од 5ките им е, набабрени се убаво. Е многу ми е страв од расипани заби, не го сакам тоа воопшто кај деца. Кажете им давате ли чоколадо?
И јас се мислам да не ја боли ама не е изгледа до тоа. Инаку давам да. Мојата е алергична на млечно ама давам посни блага. Е сеа знам 1недела ич да не дадам, па другата повеќе да изеде, не дека секоа ден давам. Гледам повеќе да е на овошје.
Циркуси и кисели овошја може да ја оштетат глеќта на забите исто и непцата да ги направат сензитивни и да ја боли на четкање. Јас од мн лимон имав мака така. Ама со мека четка курапрокс не би требало да ја боли.
Јас почнав од многу мал. Уште на 5-6 месеци уште не разбираше ништо. Сопругот ме зафркаваше дека сама на себе сум читала Црвенкапа ама јас читав некаде дека е добро да се почне со читање многу рано и почнав. Интересот му се појави некаде околу годинка мислам. Сега обожава книги. Прво станување сабајле иде бира книга и ја носи да му ја читам. По цел ден е со книгите. Ги знае сите и точно сам бира која ја сака ги врти додека не ги најде. Никогаш не скинал ниту еден лист. Незнам дали се должи на тоа што почнав рано да читам или ете така си е прирпдно, ама многу ми е мило што сака. Давам. Ама гледам да е многу ретко. Некогаш коа морам да го залажам нешто. Или коа ќе види друго дете да јаде. Овој период бил најризичен за кариес и се трудам да избегавам шеќери. Ама 100% неможам да избегнам
Малку беше жешка др ден, ама ништо страшно. Со безконтактен т мерено 37 со 6 т имаше. Дента малку ја болеше и дадов пола доза ефералган и се смири болката. Се на се лесно поминавме. Д3 ми рекоа да давам и на здраво бебе и на ортопед, само матичната вика не.
На се треба да се внимава и се со граница, ама некогаш и ќе дадиш Затоа сум запната со четкање. Една ден прескокна и утре дента и беа цели жолти, со наслаги. Замисли да не ја четкам уште пола година додека не сака сама? Секако ќе се расипат за тоа време.
Јас и ја заборавив четката кога бевме во мојот град на 3 дена и да одма се лепат со надлаги. Кога дојдовме дома, одма сама бараше миј миј да правела. Мојава па сама сака да ги мие, плука паста, си ја плакни четката. Ама има денови исто плачи по мојата, нејзината ја фрла и се ака од земја. Е тие денови буквално заспива со мојата четка во раце. За втор роденден треба торта со паста и четка да и направам. А да, на крај јас набрзина и ги дочекувам забите. Не дека само сама мие.
Јас се согласувам со Спиди дека мора за некои работи да се држи и присилен ред. Миењето заби е задолжително во мојот дом и не оставам избор по тоа прашање. Налик сака да излезе боса надвор ја кревам во раце облакам патики па потоа надвор. Бањањето исто беше присилно во двете недели кога не сакаше. Апсолутно сметам дека ако се покаже цврст став за некои работи нема да се создаде одбивност. И да се создаде де за нејзино добро. Како што вели спиди боље сега две минути ќе се нервирам секој ден отколку на забар саат време и болки дома. Знам колку е тешко тоа и за гледање и слушање видов со бањањето. Али едноставно мора да ја избањам макар рикала пет дена. Бањањето се врати на старо али во периодот ја влечевме кадата во дневна со цртани и така две минути ја бањавме. Може рутина да се смени али не и процес. Ми се јавија од градинка многу плачела на успивање саат време не можеле да ја смират. Се убивме кој по прв да стаса. Јас само што се истуширав и облечена на кратки за по дома со водена глава упаднав у градинка. Ја земам во раце и изнесувам кога татко и трча по патчето за накај влез. Некој од страна ако не гледал, циркус. Што ти е прво дете.
Мами извинете што се мешам во дискусијата, имам прашање на децата од 1год дали му ги мијате со паста или со што забчињата? Мојата е 1год и 3месеци и ги има веќе сите заби до од единици до четворки и почнав да и ги мијам со четкичка на чико но само со вода