Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Какво мешање, ајде расположени сме за нови мамички овде, пишувајте не се срамете.
    Јес да ни е нападна екипата :D

    Јас и ги миам со паста на Чико моментално.
     
    На lackygirl, paleska3, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    372
    Гледав баш паста и јас на чико за над 6м ама не купив ај реков да побарам совет од вас.. Сигурна сум дека нема да плакни уста и да плука туку ќе голта и немам претстава како да исплакнам
     
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Таа е сигурна за голтање, не се плаши. Само не ставај многу количински.
     
    На SarChee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Прв пат пишувам во темава.
    Имам детенце од година и два месеци. Ме збеснува деновиве.
    Постојано вришти ако не му се дозволи нешто, значи не писка туку вришти и плаче.
    На пример, денес се направи лом на ручек, го земав да го истуширам, едвај го исплакнав.
    Пиштеше, сакал тушот да го држи, му го дадов и си држи и си држи...
    Му го земав да го плакнам и со плачење се избањавме. (Претходните бањања се со татко му го бањав).
    За менување пелена не дозволува да го легнеш, се врти, вика.
    И за се е така по цел ден.
    Инаку, го дојам и преку ден и навечер.
    Но, ноќното доење стварно сакам да го откажам. Наидувам на проблем кој се вика маж ми...
    Пред малку се разбуди малиот, и штом го легнеме на кревет веднаш бара да цица. Маж ми го зема и нормално, го легна до мене и покрај тоа што знае дека ако го легне до мене ќе бара цице.
    Се свртев со грб, почна да плаче, да вика, пробувам да го смирам, станав го шетам во раце не се смирува.
    Маж ми одма со сугестија дај му па дај му, гледаш не се смирува.
    Се расправав со него дека сакам да ги откажам ноќните доења во два сабајле... На крај не издржав и му дадов да цица, и заспа.
    Стварно се чуствувам како подвижна цицка, не ми е проблем преку ден да цица туку навечер. И реално, 5-6 подои се фаќаат во 24 часа.
    Најмногу од се што ми е криво е тоа што не ми искажува никаква љубов, див е. Имаше еден краток период каде што ме гушкаше кога ќе станеше од спиење и исчезна.
    Повеќе од две недели ми нема кажано мама. Му велам кажи мама, ништо не враќа.
    Тата тате по цел ден, бил не бил дома само него го збори, мене ич.
    А по цел ден сум со него, не го оставам на некој друг па да кажам ете го се оддалечил од мене.
    Солзи ми течеа дури го доев, прво затоа што плачеше за да цица, второ затоа што не знам каде грешам за да не сака мама да ми вика, за да не сака да ме гушка. Како да не ме сака...
    Откако заспа станав од кревет и отидов во другата соба. Нека спие со маж ми. Кој знае, можеби така ќе ја преспие цела ноќ.
    Има ли некоја од вас сличен проблем? Имате ли совет ?
    (Извинете за километарскиот текст) .
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    14.735
    Пол:
    Женски
    Паста воопшто не ти треба, слободно можеш само со четка и вода. Ако веќе сакаш да користиш, исклучиво без флуор зошто не ја плукаат, и на четката се става колку зрно ориз колку за вкус.
     
    На SarChee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    На малата стапалцето и е 13см, сега се мислам дали да земам сандалки 14.7см или 15.3см?:wasntme:
    Треба ли поточни да се сандалите за разлика од патиките?
     
  7. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    Кај мене на малата и е 12цм, јас и купив затворени сандали 13.7цм. Гледам има простор напред таман како што треба.


    @Puffy2019 за доењето имаме повеќе пати зборувано овде, ако на било која страна и е терет, дали мајката дали бебето, тоа веќе не е уживање. Твоето е големо, незнам дали може да го одвикнеш само од ноќните подои, сепак разбира веќе. Зборувај со сопругот, ти треба поддршка, кажи му што те мачи, одбивањето е еден тежок процес психички за мајката каде мора да има поддршка од домашните. Нека проба тој да му даде шише вода кога станува за цицање.
    Другото што ти се увртило во глава, се само лоши мисли кои те оптеретуват. Неможе дете да не си ја сака мајка си, тргни го тоа од глава, децата на оваа возраст се диви, и мојава многу ретко ме гушка, но никогаш не сум помислила дека не ме сака. Кај мене малата пак не викаше тата до скоро, сега кога научи не го вади од уста. Значи може во било кое време да почне пак да вика, ќе видиш потоа ќе биде мама, мама...
     
    На thinkerbell, lackygirl, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  8. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    372
    Ти благодарам, така правам сега за сега само со вода. Пастата на чико читав дека не содржи флуор па ќе купам таква
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    Како прво која е причината која сакаш да го одбиеш, уживај во моментите децата брзо растат, не осудувам изборот е твој. Пред да направиш било што најпрвин гледам дека имаш несогласувања со мм седни разговарај зошто сакаш да го одбиеш, што сакаш да постигнеш и кој се твоите цели. Бидејќи ти си подолго време со него ајде да кажеме дека најдобро знаеш. Инаку да многу родители се 24/7 со градата на уста, дали поради утржеха, растење на запче и тоа е нормално. Детето ти е темпераментни ние ќе правиме 2 год пелена да смениме е вистинско чудо дете мрда се врти ќе научиш да менуваш пелена во сите пози плаче кога не и е по ќеиф но сето тоа го носи животот. Дали вика мама или тато ич да не му ја мислиш ќе си прозбори секое дете е приказна за себе. Без нервози и уживај во мајчинството
     
    На Makedonka007 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Преку ден не ми е никаков проблем, му давам после секој оброк наместо вода.
    Од шише сам не знае да пие, од чашка исто, туку гризе.
    Сега почнавме да го учиме од обична чаша да пие, токму од причина што нема што да гризе и што мора да внесува течности.
    Тоа што не знае сам да пие од шише ми е голема пречка за да има како да го залажеме навечер.
    Ќе разговарам со сопругот, затоа што стварно веќе ме исцрпува ноќното доење, како да станува од навика.
    Не знаев дека има и други деца што не гушкаат. Ама навистина ми фали близина, да ми даде да го бакнам, да ме бакне, дури не дава ниту јас него да го гушнам, одма прета за да го пуштам.
    Стварно ме смири со тоа што ми кажа дека децата во овој период се диви, јас мислев дека проблемот е во мене.
    Ти благодарам многу.
     
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Немаш проблем. Види јас ќе речам дека е до карактерот на детето, а не до периодот.
    Мојата се гушка и бакнува, едноставно такво си е детето.
    Околу доењето, маж ти нека кажува кога ќе дава негова цицка. Вака на тебе е да одлучиш.
    Пред некоја ден пишевме. Мојата пропи вода од Нук со клунче и само тоа го сака, од друго пие неколку голтки а од ова по 1.5л на ден. Друго, твоето цица и нормално е да не пие вода, затоа што преку цицањето си прима.
    Е сега за ноќниот подој незнам, јас го оставив последен, ми беше најтежок да го прескокнам. Тоа одеше околу 1недела цело време нудев шише вода наместо цицка. И една ден прифати и толку беше.
     
    На NNA, lackygirl, Makedonka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    @Puffy2019 иста е и мојата, значи ако земам да ја гушкам или бакнувам, се трга, мрда за ножињата, ретки се случаевите кога дозволува. Темпераментна е и не застанува, јас тоа така го поврзувам. За пресоблекувањето се имам жалено многу овде, едвај, ама едвај ја соблекувам, најново стоечки облекувам пелена, а за облеката трчам по неа и едно по едно. Се помирив со тоа веќе.

    За пиењето од шише, имаш ли пробано од шишињата со клунче? Тука повеќето имаат пишувано дека тоа упалило. Мојата пие од шише цуцла, па незнам за тоа што да те советувам.
     
    На Puffy2019 и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  13. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Пишав и погоре, не сакам да му ги укинам сите подои, туку само ноќните. Понекогаш се буди со плачење, а често се буди и од нас кога си легнуваме, се буди и онака како да е наспан и си бара да цица.
    Како и да е, без разлика дали го мачи запче, сон или случајно го разбудам, сакам да можам да го смирам и да го заспијам во раце, а не само што ќе ме види одма да си очекува цице. Му стана како рутина тоа да си добива цице штом стане а јас не сакам да биде така.
    Се надевам дека наскоро ќе се смени на подобро.
     
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    @Puffy2019 јас имав голем проблем со ноќните стануваше на саат времњ за да биде на цицка. Многу е полесно да се тргне отколку што мислиш јас веднаш после денските го тргнав оној за заспивање го оставив за крај како најтежок.
    Прво најди замена со вода. Најди шише кое ќе го бендиса мора да има некое. Потоа одма тргај ноќен со замена вода. Ќе плаче прва вечер пуштивме цртани седеше будна четири саати и заспа. Втора вечер еднаш стана и трета цела ја преспа. Сега знае некогаш да стане за вода али тоа е во ред, најчесто ги преапива ноќите цели и да стане за бода е пет секунди.

    Тоа е навика што го прави и те уништува психички. Јас ќе умрев од нервоза на секој саат. Ако татко му не сака да слуша плачки три вечери за твој спас нека му даде он цицка или лансирај го од спална барем да не те нервира.
    Заб маб блискост...заеби. Гледај ментално здравје прво потоа се остало. Тоа е чист маркетинг што се прави на штета на мајчиното ментално здравје. Ти набиваат вина онаму каде ја нема.

    А за остали работи сите се исти на периоди. Ич секирации.
     
    На Nina 2014, lackygirl, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Изгледа имаме деца со сличен карактер :)
    И стоејќи има пробано да му наместам ама се нервирам кога ќе видам дека не сум му ја наместила како што треба па пак морам да го легнам.
    Неколку пати си реков ај може сака да откажуваме пелени па затоа вака прави, само што го оставив без пелена, се тргна во ќош и се измоча. Му објаснувам и како треба да каже ако му се мочка или кака ама џабе е, очигледно се уште е рано за откажување. Секако ако сакам нешто да каже не го кажува, туку кога сам сака.
    Имам пробано и со цуцла и со клунче ама силиконско, не знам дали е тоа на кое што мислиш.
    Вака изгледа 15950739121431318682538582797603.jpg
     
  16. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа, ама стварно имаш право. Многу пати ми го кажува тоа како ништо да не е, е дај му де, а сто пати имаме зборено дека ми ремети и лактација, дека едноставно сакам да го поминам периодот во кој се будам по неколку пати во ноќта, нервозна навечер, нервозна преку ден.
    Ако не ти е проблем прати ми слика од чашка/шишенце што и да е, да го купам да го пробам.
    Ти и даваше навечер вода или маж ти? И дали упорно вриштеше за да добие цице?
     
    На Nina 2014 и BabyT* им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    https://www.dm.de/nuk-trinklernflas...yYEAQYECABEgKtrPD_BwE&hc_tid=10183206C4751PPC
     
  18. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Те читав тебе додека беше во категорија бебиња и се пронаоѓав во она што го пишуваше. Ти доаѓа да полудиш, да земеш да рикаш да се исплачеш или да избегаш од дома од што цел ден и ноќ е поминат на цицка.
    Се сеќавам ко низ магла дека за кратко успеа да ја откажеш.
    Мислиш дека не е можно ноќно да се укине а дневно да се остави?
    Не ме гризе, немам таков проблем затоа и се уште го дојам, а и само така успевам да биде блиску до мене и да ме гледа со очињата а јас да го галам. Ама навечер ми е напорен, стварно напорен после цела година станување ноќе.
    И стварно ќе го избркам мм ако пак се инаети. Јас му зборувам да му одвлечам внимание на детево он ми вика абе остај ќе го расониш во два саат ли да игра... Излегува дека со две деца водам битка во исто време.
    Се надевам дека ќе успеам, штом ти велиш дека е лесно :)

    Силиконско е... Имам чашка со такво слично клунче, ја гризе не можеш да замислиш ја џвака и се вода тече по него наместо да пие. Затоа губам надеж за шише :(

    Алал да ти е што имаш дете кое сака да те гушка и бакнува :)
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2020
    На mal.ecka и FreeMind им се допаѓа ова.
  19. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    ^ мојава има исто такво шише, од него пие и вода и млеко.
    Баш вчера баба и купила нова цуцла:^) кога почна да ја фрла,да не пие вода, нук шишето си го бараше.
    За доењето незнам што да ти кажам, не ја доев, ама од 4-5 месец си преспиваше цела вечер.

    Сакав да прашам @FreeMind дали сте биле на заболекар досега?
    Малата има година и 4 месеци се двоумам дали да закажеме со оглед на тоа дека има 8 заби досега излезено.
     
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Секако дека е можно. Кога сакаш тогаш ќе доиш мислам дека имаше и такви случаи овде во екипата Лаки ако не се лажам успеа да раздели ден од ноќ на крајот. Јас благодарение на ноќните замразив и доење и се. Кај мене разви и агресија јас бев во најлошата група каде ми течеше крв на секое доење. Ама пак имав безрезевна поддршка од прв ден за одбивање зошто двајцата не спиевме. Така да или нека биде маж или нека лета од соба.

    Знаеш како, не даваш три вечери е поентата. И толку е. Првата вечер е страшна ти и твојата совест соочени очи во очи. Тука треба да останеш јака. Втор вечњр е вечер да се биде или не. И трета немаш гајле :)
     
    На NNA, lackygirl, AlicaInWonderland и 3 други им се допаѓа ова.