Ти прати Фри какво шишенце е. Јас сама, мм си идеше касно, она веќе спиеше, а него ни топ не го буди навечер. Сега веќе сама си го зима шишето и си пие. Станува преку 10 пати, и само ми го дава да и го дополнам со вода. Ама со оглед колку ми беше измачувачко доењето навечер ова е боза.
Од прв заб имаш редовни прегледи покриени од кранкенкасе. Закажи веднаш термин си испуштила еден. Јас сега во август ја носам на втор преглед. Суштината е да се навикне и да и ги видат забите дали се оди како што треба. едит: додека сум кај заби четвртата тројка никако да испадне нервозна скроз, крваво непце ништо не сака. Многу долго испадна оваа.
Zeni detevo mi padna od kolicla se prevrte nazacki,sekunda bese on si se ispravil i se prevrte. Mnogu placese edvaj sega se smiri ,usteto mu e rascepeno drugo nema dzmunka,ima nekolku tocki na celoto no mu se povlekuvaat. Moze da mu bude nesto? Mislam deka ke se utepam kolku sum glupaca.
Можеби затоа што си имала ептен јака причина си успеала лесно себеси да се убедиш да не потклекнеш на плачот. Маж ми не се ни буди додека плаче, синоќа на заспивање го фати па затоа изреагира. Инаку спие ко топ, дете вришти до него он спие. Па земам со дете во рака го нишам за да се разбуди и ако не помине тоа на крај се дерам. Од сабајле до вечер работи и од таа причина најчесто станувам јас, не го будам. Ама ако се меша вака, ќе мора да се активира. Многу кратко и јасно упатство ми даде, се надевам ќе бидам доволно силна да издржам. Ти благодарам многу.
Ако му е расцепено ушето носи го на брза помош или дежурен педијатар. Следи го 3-4 часа, да не е збунето, да не е омалаксено или поспано. Сепак мислам да го носеш до болницата, барем и помирна ќе си.
Ох душичка, стварно не знам како да ти помогнам. Штом се смирил не би требало да му биде нешто. Устичката ќе го боли, сигурно пак ќе заплакува поради тоа ама не би требало да е сериозно ако бил врзан. Ти најдобро знаеш каков бил падот...
Ова е доволна причина да престанеш. Нема понатаму ни што да се правдаш на некого и да објаснуваш. Те исцрпува и готово. Плус 14 месеци доење е повеќе од доволно. Немој да осеќаш вина. И јас го одбив точно на 14 месеци. Мислев да почнам со ноќни па со денски. Ама пресеков наеднаш. Некако збунувачки му беше сега може, сега неможе... Тој прифати многу бргу. Јас си плачев некој ден На сите што го поминавме ова децата многу брзо ни се прилагодија. Ние си имамавме проблем во главите Јас мојот кога ќе се разбудеше го нишкав да заспие, бидејќи јас го асоцирав на цицка, сопругот го нишкаше првата недела. За една недела помина се, заборави дека цицал и почна да спие по 10 часа без будење. Јас не нудев ниту вода навечер, така си рекпв да не гп учам да се буди. И само со нишкање теравме. Верувам дека сопругот ти е преморен ама објасни му, барем првите 3-4 дена нека се помачи и нека биде достапен навечер да го избуткате овој период. После ќе со спиете сите цела ноќ Инаку мојот пропи вода од магичната чаша. Некаде околу година мислам беше. Така да не се секирај, ќе купиш неколку шишиња чаши и ќе упали нешто. А за гушкањето не се секирај, ќе видиш уште некој месец коа ќе почне да развива анксиозност и завиност од тебе, ќе плачеш за 5мин до веце да идеш мама мама мама....само тоа ќе слушаш
И мојава се буди на саат,ама не ми е проблем,навикната сум со прваата. По ред трета година неспиење и се навикнав. Ама со првата хорор ми беше,во депресија паднав од неспиење. И кога ја одбив се будеше цело време,многу немирно спие. Немора да значи дека ако не цица нема да се буди. Бар јас имав таков случај.
Ништо нема да му биде. Мојот си ја пукна устата на година ипол. Падна врз стол. Заздраве брзо. Ништо не е страшно. Плачел од страв и оти го здоболело.
Многу мал статистички коефициент е тоа. Од сите само на лаки остана да се буди. Нашите поминаа без будење или ретко. Што значи вреди да се проба ако нема среќа како кај лаки...таа е
А шо сум јас,црнец,за мојата да се буди Немање среќа,а знаеш каква спанка бев,дење ноќе можев и можам да спијам
Уште пред да се родат велев се ќе издржам само да спијат,аха да Како едната бетер другата. На болница спиев 5 саати послесниот ден.Кога ми рече докторот ќе си одиш го молев уште некој ден да останам
На мојата стапалцето и беше 13см пред еден месец кога купував сандалки.Зедов 22ка и баш и беа комотни со еден прст пред прстите.За 1 месец и станаа таман.Мислам дека за летово 22ка ќе и бидат таман.23ката ќе и бидат големи.Ова за од кеги зборувам броевите.Со патиките е скроз различно.
и кај мене 3+ е уште знае да се буди некогаш колку да се напие нешто и продолжува , а ако е преморена изнаиграна салам и надвор спие топ , ако сме биле поеќе време дома знае да препрета ама мин две е тоа , или у последно време за мочкање знае да стане кај 4,5 и рипа и наеднаш трча кај нокшир да моча ја уште неможам да станам она завршила работа и си легнува После 4г мисл е мн подруго и полесно се а 3 не се далеку од сличност од terrible two сега се кара со мене , или знае да ме ставе јако на игнор коа зборам
Од кеги колев бендисав, и јас така мислам, подобро точни. Нека ги носи уште 2м после секако ладно фаќа. @FreeMind и мојата се буди за вода по 10 пати, па ако и е празно станува и ми вика' мамо на' за да и наполнам ама па ќе кажам воопшто е исцрпувачки како доењето.
Многу проблеми доаѓаат од главата Како тоа дека не ме сакал на пример... Кај тебе малку подолго траело откажувањето, ама и тоа како се исплатело. Спиење 10 саати без престан Магичната чашка е онаа со клунче на Нук како Фри што прати линк? Макар и да трча да вика мама со радост ќе го слушам. Емотивец сум голем и многу ми влијаат тие работи, потреба од гушкање и бакнежи од личности кои ми значат.
Ич да ме се секираш за тоа. Он се осеќа сигурно покрај тебе, знае дека ти секогаш си тука, ваушност до одредена возраст мислат дека се едно со мајката, па потоа почнуваат да сфаќаат дека бебето и мајката се две различни единки, па сето тоа им изгледа страшно. И затоа не покажува чувства, ама ќе видиш дека ќе почне. Мало е уште. Гушкањето, бакнувањето, лежење во кревет после спиење кај нас сега скоро почна, накај година ипол. Претхпдно можеше да седи со било кој, мислев можам да го оставам без мене. Ама сега последниов месец нема шанси да седи ако не ме гледа околу него. Енос ќе почне да покажува карактер ќе видиш. Инаку откажувањетп всушнпст многу брзо и безболно беше. Наеднаш пресеков и нема веќе. Ама сакав да кажам дека му требаше една недела да заборави дека воопшто цицал од цицка. Првите 2-3 вечери се будеше пд навика за цицање. Го нишкавме и заспиваше пак. И така само првата недела знаеше да се разбуди па да го презаспиваме. И ете пд тогаш коа прекинав со доење на 14 месеци, до сега 20 месеци си спие по цела вечер. Точно по 10 часа. Ко програмиран е Се надевам ќе поминете лесно и ќе си ги спиете ноќите. Мислам дека кога човек ќе наспие навечер по 8 часа добар сон, тогаш денски што и да се дешава може да се издржи. Ама без сон е стварно многу напорно. Го осетив и тоа. Првите 6 месеци ми беа многу тешки. Моето е прематурче и цицаше точно на 2 часа, а цицањето траеше по 30-40мин. И јас повеќе од 1 час сон немав врзано. Бев преморена иако бебе претежно спиеше, не готвев, не си игравме, не трчавме. И знам дека стварно многу значи сонот. Сега вака наспана сум поодморена иако имам многу повеќе обврски околу него. Затоа јас мислам дека најдобро ќе биде да го скратиш ноќниот подој. Ќе бидеш пооморена, порасположена, ќе имаш повеќе време за игра, повеќе внимание, зближување... Не се плаши, какви стравствени цицаци имавме овде па ете ги заборавија дека постои цицка