Некој ме спомнал еве сме 19 месеци без сон станува на 1 на 2 на 3 часа и пие вода, последнава недела пак плачи, одма презаспива ама мора в раце кај мене, јас сум во седечка положба на лежај, тој си иди в раце и презаспива, ме исцрпи максимално, плус на работа со луѓе сум, капнав, пијам магнезуим, витамини аналгини за да опстанам. @Puffy2019 на 14 месеци го одбив, последниот месец цицаше само навечер за заспивање и ноќе, тој месец ми беше најмирен, само 1 стануваше, некогаш цицаше некогаш вода ќе се напиеше, од ко го одбив стана многу лошо ноќе, ама тогаш и 4ките излегуваа, со градите поминав прелесно, цицаше само на десна од 9 месеци, ниту еднаш не се наполни градата со млеко, ич значи воопшо. Имав поддршка од мм. Имав и здравствен проблем тогаш и принудно ми беше одбивањето, но фала на проблемот, ако требаше сега да го одбивам поголем ќе беше многу потешко, и да имам друго бебе ќе го дојам најмногу до 1 година повеќе не одма заборави дека цицал, не бараше, јас се плашев од тоа, ама прелесно помина. Не се гушкаше ни моево до кај 15 месеци, после тоа мама мама, многу ме бара, иначе прво за татко му душа даваше, никогаш не помислив дека ме нејќи кое дете не сака мајка? Дење е супер од секогаш. Како 2 различни деца да се, едно е дење др е ноќе То е од мене, ти посакувам среќа
Бејби, и купив на мојата патичиња 21, малку и се големи, дали е ок? Уште не е проодена, станва сама, малку ја паткав, сака да оди ама како на прсти и плус левото стапало навнатре го витка во одењето. Ги имате сите поминато овие периоди,па ме интересира дали е се ок што го прави?? Тенкс
Сето е во ред освен паткање и ставање патики уште не проодено. Дома само босо а за надвор не го пуштај не проодено.
Да да, не ја ни паткам, чисто сакав да видам со патиките ама ете не знаев дека непроодена да не и ставам. Иначе боса ми е цело време (со чорапчиња ко ќе е поладно само). Ох лелле кога ќе ми прооди чупево Не дека сум нешто сериозно загрижена ама сакам да си прооди да можам да ја шетам поќе, не можам секогаш в раце и само в количка или на точаче
Хахаха ее и јас така си мислев. Ама оди шетај за раче ко на филм Трче, се тегне, па легнува на земја.
Значи се исто. Се качува на софата,само не скока. Се врти во круг и да, сеуште оди на прсти,дури и во патики.
И јас се насмеав на ова Си велев што убаво коа ќе прооди, ќе се шетаме, раат... Аха да. Сега водиме борби да го седнеме во количка за да прошетаме на раат. Инаку шетањето е се само не шетање. Ај се надевам следното лето ќе биде вака ко на филм
@Puffy2019 сега видов дека не сум ти пишала за магичната чаша. Тоа е баш чаша која што има горе како капаче и не тече коа ја вртиш, а кога дете пие и влече тогаш тече вода. Јас ја користам оваа на Нук, тогаш некои членки спомнаа и други марки дека имаат магични чаши ама не сум ги пробала бидејќи со оваа ми беше успешно. Многу ми е практична мене зашто неможе да истури и цело време му ја оставам на земја, кај играчки, на дофат и си пие цело време, не го молам. Еве ја како изгледа
Се би дала да ја пишам во градинка. Неможам. Премногу е разлигавена, пргава, мора по нејзино, не сака да јаде. Вчера и денес протестира. Денес посебно ништо не јадеше. А незнам од каде и е енергијата, сериозно. Имав период кога бев многу нервозна со(од) неа, се враќа пак истото. Нон стоп закачена за мене.
Јас ја купив Истата оваа само розева, пак не пие... Ете така ми стои, не сака и не сака. По препорака уште со клунче на Нук да пробам и ако не бива ќе се префрлам на обична чаша
a 1 saat placese,kako se isplasiv a sama be pa go vikav tatko mi i so nego odma se smiri. On se javil i vo brza pomos i mu rekle cim ne padnal na glava direktno ,ne povraka nee strasno.
@BabyT* Исто си помислив и јас се насмевнав сега си велам леле колку ми било лесно дури не прооди во последно не доседува ни в количка ни во точакот, а да оди ок ама не, тој седнува се влечи по земја, легнува денес излеговме пешки малку пред куќа, кога почна да се шлака во водата, дека врнето сето кал, абе лом се направи дирек на капење, па и на коса ставаше и на лице, демек се мијаше еве го, немам слика од видео е скриншот
Значи да се поуживам уште некоја недела дури нема проодено Абе за се е така, едно ќе мислиш друга ќе е реалноста (за одење со држење за раче зборам), слично на пратките од Кина на слика едно реалноста друга
Значи уште малку да се стрпам и ќе се гушкаме Па набрзо ќе дојде ред за градинка, па нови плачки на мама. Самото доење осетив дека многу ме црпи физички, а пак во комбинација со неспиење е убиствено. Како што викаш, не готвиш, не трчаш а си мртва уморна. Свесна сум од каде ми доаѓа нервозата, но цело време одложував. Веќе нема, денес ни е прв обид, со мм се договоривме да станува он. Јас ќе го будам него па нека се снаоѓа со малиот.
Значи ти и со цице, и без цице, пак дежураш ноќе. Значи некои деца се стварно тежок карактер... Најмногу ме изненадува тоа што сите викате дека заборавиле дека постои цице. Мојов зборот цице го имаше научено, да не претерам ама сеќавањето ме носи на два месеци. Само што ќе дојдеше време за јадење, и ако мм беше дома, му викаше цице, цице. Така неколку пати, и забележав дека се радува кога ќе му каже така. Сега кога ќе слушне "цице" одма доаѓа и си легнува на кревет, се смее и чека Фала ти, се надевам дека ќе имам среќа Фала ти, ќе ја побарам во најскоро време, па се надевам дека ќе се научи да пие. Редно е веќе, дури срам ме фаќа кога ќе кажам дека не знае да пие. Ист проблем имаме Само јас допрва ќе ја пробувам магичнава и таа другата. Ако не поминат овие, чашата не бега
Кај мојава дефинитивно почна процесот на петките. Сакам да прашам и шестките ли искачаат млечни или со петки завршува? Ако излегуваат и они ли се вака досадни? Исто како и за другите заби рака во иста нон стоп, ја врти главата лево десно без прекин, заплакува од нигде никад, нервозна. Тројка последна крвава никако да испадне. Али раката ја става наназад кај петки.Ќе нема никаква пауза измеѓу.
Има има пауза. И мојата како ги извади 3ките почна прстот кај 5ките ама еве уште нема абер. Се мава меѓу ушите и образите, врти лево/десно ама нема ескалирано во рикање. Многу далеку се неможам ни да ги видам. Ама има поминато 2м од 3ките.