Нормална е таа фаза "мое, мое". Види на нет. Има многу статии. Детето почнува да учи за соппственост и прво почнува налик посесивност. Јас од памет се извадив. Во сон се будеше и викаше мое, мое. Најдобар совет кој го прочитав беше кога вика така, да и кажеш, да, тоа е твое, ама тел е на мама, кафето на петко итн.. Така стекнува сигурност и знаење дека има работи кои се нејзини и работи кои не се. Не форсирај да дели додека не е спремна. Само контра ефект има.
Фала многу на информацијата. Баш се извадив од памет, си викам само моето е вакво. Во сон веќе 3 дена плаче и се кара, мава и вика мое. Како да побарам на интернет повеќе за ова?
Мојава сака да дели за сега, ретко не дава, ама ако мм го фати мојот телефон одма му го зема и вика ова е на мама и ми го носи и обратно. Исто алишта мои што ги гледа кажува ова е на мама и ми го дава, или од мм. Дали е ова таа фаза или ни следува нешто пожестоко? А се има скарани неколку пати со деца во двор да играчка, ама повеќе ако тие се агресивни и и земат, а неа нешто и е омилено Н пример има едно лопатче мн убаво копа и само со него игра и кога идат деца ако и го земаат, тоа им го зема, ама им дава други.
Кај моево се погоди баш кога појде во градинка и прво си мислев од тоа е. Прво идеше во приватна, па помалку деца и си викам не осетила таму. Ама почна да се интензивира, па и во сон кога се будеше со мм ептен се испаничивме. Побарај, toddler mine phase, toddler possessive phase. Ако не најдеш, ќе ти пратам јас некои линкови.На тел би требало да ги имам. Делеше и моево и наеднаш почна мое е, мое. Ние запрепастени бевме дека претходно се даваше без никаков проблем.
Многу многу по лошо од ова. Сето тоа го правеше и она, а сега тоа е со тушкање на детето и зимање било која играчка од неговите раце,некои ги немаше чепнато со месеци. @kukla21 ќе пребарам, фала многу.
Поголем батко имаш а повеќе цица од мојот Делот околу пиење вода ни е сличен. А за откажувањето, да, треба ние да одлучиме и да имаме поддршка од партнерот.
Мислев дека тантрумите се подоцна, но се е можно. По календар гледав сме во не знам кој скок по ред ама 61 недела тера, деновиве доаѓа громчето... Тогаш ли што ќе биде? Ќе ја пробам и таа финта со ладнокрвност хаха Исто со спиењето, до скоро спиеше по два пати, изминатата недела по еднаш. И тоа се случи и по пола саат да се разбуди, а сигурна сум дека не го разбудив јас
Обавезно види, ако не се снајдеш пиши ми. Знам кое е чувството. ние од памет бевме извадени. Мислев некој стрес имала, траума, до толку беше изразено. Како созрева, сега сама дава т.е. бира на кого дава
Во врска со "себичноста" различно реагира со сите деца. Пр. 1. На другар му, поголем од него е 7 месеци, не му плачеше, пред 2 недели беа кај нас дома и се му земаше од раце и ова моево ќутеше, не плачеше. Пр. 2. Исто пред 10тина дена со брачед му Д кој е помал од мојов се му даваше, му ги носеше колите, му ја покажа и формулата, е сега ја извадивме проодувалката за да му ја дајме на брачед му и ова моево се запна во неа, не ја даваше, дури и заедно се возеа, 3 дена играше со неа и после му да дадов на внучево Пр. 3. Надвор ко ќе е ништо не дава, обично носиме со нас коли и ако му ги земи некој мн плачи, дури не му вратат не прекинува, ако му се доближи дете до количката го турка, вчера бевме во ресторан и дојде едно чупенце колку него беше и го туркаше на меше, а тоа пак идеше, срам ме фати од мајка му Ако земам тел в раце дури сум со него прај Аааааа и го турка, ич нејќи да го земам тел, одма се буни Во врска со тантрумите, почнува страшно да е, многу е изразено во последно, пред 2, 3 дена биле надвор со свекрва ми и се возел на некој точак од друго дете од улица, ко го кренала писнал силно и одвај дома го донесла, плачел мноогу, мм бил дома си помислил дека има паднато. 2 вечери за заспивање пак имаме проблем, премногу плачи завчера свекрва ми се качи после 1 час плачење и го зеде да го смири, па го заспа таа. Ќе направам клоуз груп на инста ќе ставам видео да го видите
Дали е можно дење само со цице да заспива?? Сакам дење барем да почнам да ја одвикнувам ама не знам како. Плус 4ки горе вади, омгг!! Часот е 12:30 а јас сум уморена, да ме оставиш без проблем ќе спијам 3 сати. Се пронајдов во постовите погоре ако е мојата 13м. Почната е да вика ако и земеш нешто со шо не треба да си игра. Плус рачињата в уста, мислам цела рака ја пика и како се дави, нагони за повраќање. Знам дека си има мака, ја мачкам со гелчето за непцата, само то ме спасва во некои моменти. Пишувам одма откога ја заспав, ајде и јас да дремнам малку, да соберам сила за до крајот на денот.
Додека цицаше само на цицка заспиваше, од ко го одбив мака мачам и дење и ноќе, в раце сака и да го нишам, раце не остнаа 15 и пол кила е.
Зборувај и додека цица, па така од време на време повиши го тонот, се разбира умерено, па снижи го. Јас така правев кога сакав да го одвикнам дење да заспива цицајќи. Или закачај ја со некоја играчка... А за заспивање преку ден, користам тактика бегање од соба хаха Веќе неколку месеци ми поминува успешно. Го ставам во креветче, почнува да се буни ама пробувам да му одвлечам внимание со некоја играчка да му правам "ѕе". Да му кажам ејј види што има кај прозорот, да му правам смешки изигрувајќи кловн и ќе се расположи и ќе заборави дека е во креветче. Му оставам играчка за кога ќе излезам од соба да има занимација пред заспивање (во случај да плаче). Зборувајќи му, излегувам од соба, ја довршувам реченицата и бегам во другата соба, седам и ќутам. После 10 минути е заспан, а ако го слушнам дека муабети и после 15-20 минути знам дека е какан, па се враќам да сменам пелена и одново. И пак заспива На почеток плачеше ама си се помири. Ќе си поигра, позбори и си легнува да спие Ама за заспивање навечер ова не поминува, има друга тактика.
Најдов да, многу убаво објаснато само што малку е ограничено како да реагираш со детето. Мојата пример разбира ама не до толку да знае се што ќе и кажам. Сепак е 18м. АПример :Твое е, ама дај му го малку нему да си поигра. Не пали ова Тоа е затоа што уште мала ја поминува оваа фаза. Она што ме плаши е дека најчесто поминува на 3,4 години. Таа тоа го праве и со мене. Пример татко и ќе дојде да ме гушне, она плаче и вели моја мама. Татко и ако седне на ист кревет со мене, пак исто. Како да кажам, ептен е развиено кај неа. И многу убаво пишува дека тоа ги излудува родителите. Мене не ми е толку мака за нас домашните, колку кога ќе дојде некое дете на гости, како да ја губе свеста и буквално лудува и плаче. Среќа родителите се разбирливи ама мене ме убива што незнам како да направам да е пријатно и за неа и за гостинчето. Ќе читам сега уште, ова набрзина што прочитав. Ама убаво е да се знае дека е сосема нормална појава, и дека се случува кога мозочето му се развива и дека е фаза. @lackygirl ти пиша дека во скоро време почна да вика 'мој', пиши за некоја недела како ќе се одвива ова. Баш ме интересира.
Инаку, да кажам како одеше изминативе две ноќи одбивањето. Првата вечер, се разбуди, и јас дури избегам од соба ме виде. Го зема татко му, плачеше многу, не знам ни сама колку време. Избегав во другата соба и си викав нема да станам да одам таму. На моменти попушташе со плачење, па пак ќе почнеше, така неколку пати и на крај заспа. Без цице заспа Отидов, легнав до нив. После стана уште еднаш, скокнав од кревет и правец другата соба. Поплака кратко и заспа. Се разбуди околу 8 часот. Е тогаш си следуваше заслужено утринско цицање Чуствував вина затоа што два пати го одбив. Вторава ноќ, стана, јас пак избегав од соба, овој пат плачењето беше пократко и си заспа. Стана на кај 7 и пол поради алармот на татко му. Следуваше утринско цицање, менување пелена и на доспивање. Овој пат не чуствував вина за ноќното одбивање. Се уште го чуствувам уморот од стани легни, но верувам дека ќе престане да станува и уморот ќе си отиде. Па и јас да бидам нормален наспан човек кога ќе станам во 7-8 часот. Инаку да ви се пофалам, вчера официјално сакаше сам да оди. Се чуствувам среќна и горда поради тоа, многу го чекав тој момент. Претходните пати го остававме на сред соба и го викавме да дојде. Често знаеше да си клекне, но често и да пушти чекори. "Принудно" пуштање чекори ни траеше точно два месеци. Синоќа испеков колачиња, па денес пробувам да ги украсам. Премногу ви благодарам на сите кои бевте тука за да ми дадете совет, утеха и убави и утешителни зборови. Да можам сите ќе ве гушнам.
Да, да. Тантруми. Јас приметив почна кога нешто не и е по ќеиф, од чиста мира легнува, вришти и се треска од земја. Ако и земеш нешто, сакаш пелена да и смениш. Да ја исчешлаш. Не, стално, но некогаш, кога ќе и се спои во глава. Почнува да вришти. И се јавив некни на матичната. И се погоди сестрата што работи кај нејзе, а студира дефектологија, и баш ја прашав. И она ми објасни, ме праша што и како прави. Рече се јавувале првите тантруми овој период. Во 9-ти скок засилуваат и траат докај две години. Да реагирам смирено, секогаш. Дури и во јавност ќе правела испади. Да не обрнувам внимание.
Ќе се намалува интензитетот. Значи кај моето почна некаде октомври, кон јануари веќе беше скоро исчезнато. Како ќе сфаќа дрка нејзиното и е нејзино, така ќе намалува. Откако прочитав дека е сосема нормално се опуштив и не се замарав. Само кога ќе почнеше со мое е, мое е, и вика да твое е. Не се грижи, никој не ти го зема. Мама има друго или нешто слично. Знам дека е излудувачка, ама ќе намали интензитетот. Сега знае да покаже посесивност само кон деца кои не ги знае. Со другарчиња е отворена. Јас не ја терам со сила да дава. И кажувам дека заедно ако си играат со истото поинтерсно ќе е и сл. Некогаш пали, некогаш не
Ова ми изгледа како научна фантастика, па дека ќе ми успеј малку се сомневам, ама ќе тргнам сумља се настрана и чим ти си постигнала, се обидувам и јас. Ајде по рецепт ќе правам се како тебе, па ќе ти кажам како оди. @lackygirl оох, мачно... Обиди се некако со трикови од другите мајки, можи ќе ти успее. Најискрено не замислував дека вака ќе биди и после 1вата година. На почетокот имав многу мака, јас малку од царскиот со главоболки, па таа грчеви плачење, не знаев кога е ден кога ноќ, прилично само дома бевме, ретко излезени или на гости Овој период го замислував поинаку, таа ќе си игра јас ќе готвам, ќе се средиме, ќе одиме на плажа, со мм кафе на раат ќе пиеме во кафич, таа ќе си игра со играчка во количка. Навечер ќе ја заспивам со читање на приказни (купив уште пред да се роди една сликовница со кратки приказни и книга за добро и за лошо за деца)... Ама сум била смешна Под итно да се забранат реклами кај шо објавуваат такви сценарија да ги лажат идните мајки!!!!
Пишувате гости, дечиња ги мешате ли со други деца? Јас почнувам да се загрижувам до кога ќе е детево изолирано, не видело врсник еве веќе 6 месеци. Се трудиме колку можеме да ја анимираме сепак деца не можеме да замениме, 2 години е баш е во фаза кога и требаат дечиња.
@Makedonka007 исто и јас. Ми изгледа неизводливо ова одвикнување од ноќните подои. Не сум карактер изгледа @Puffy2019 да пишеш апдејт за некој ден, дали спие целс ноќ. Дастегнам заби и јас
Јас ја мешам со одбрани деца. Братучетка со слична возраст. Пријателка од зграда со дете врсник што и е другарче од градинка. И со малата на мојата најдобра пријателка. На почетокот ни со нив, од крај на мај ова е вака. Воедно и ние се дружиме само со тие луѓе. Најчесто надвор, двор, парк, планина.