Јас сум многу згрчена поради ситуацијата и избегнувам мешање со луѓе Можеби дури и параноична станав,ама не можам да се опуштам По гости не одиме, ниту пак ми доаѓаат. Единствено седиме со домашните и со моите. Со деца не го мешам,освен со децата на деверот,ама во иста куќа седиме,па сакала не сакала,тоа е.На улица се собираат куп дечиња, на почетокот носеа маски (колку да се каже дека носат) , сега не, а се собираат накај 10-15 деца. Поголеми се од моево, од 5 години до 13. Обожава да ги гледа,ама го тргам подалеку од нив, си трчка он и ги гледа. Често знаат да му пријдат,ама вешто бегаме. Да ме гледа некој од страна ќе вика оваа не е нормална, како само нејзиното да е дете . Не дека нема ризик вака, ама . За посесивност уште не сум приметила,ама немало ни ситуации за да видам.Обично кога ќе му побараат нешто дава. Или се играл со децата од девер ми или внука ми, па они се поголеми и он им бара и зима се, а они му даваат. Не дава да ме бакне или гушне некој друг. Исто и кога се играме, не ни дава да штракаме моб, ни го зема од раце и трга настрана. Пред некој ден сретнавме познаничка со дете, нејзиното 12 ипол месеци, моево 18 ипол, кога почна нејзиното да се бутка накај синко, моево бегаше и се криеше позади моите нозе,а детево упорно накај него. Си викам немој да прерасне во такво дете, други да го дираат, а он да седи мирен и да се повлекува ( не го кажувам ова во контекст да се тепа и да дира деца), туку да не го дираат други, а он да не знае да се брани. Дефинитивно забегав од оваа Корона, бегам од се и од сите, како под стаклено ѕвоно да го чувам детето.
И јас мојата ја вадам одвреме-навреме само со врсник на моја пријателка, со на јатрва ми децата знам дека и таа е претпазлива и со блиска роднина. Иначе не во парк со други деца, не во гужви. Шетање во количка и нормално разминување со луѓе, но не каде шо има многу луѓе.
Ни ние со никој не се дружиме. Старите дека ја чуваат малата па со нив се гледаме ама тоа дур предаваме смена. Комшичево е нејзина возраст од тераса си праќаат пољупци многу се срцки ама по цел ден е на лулашки детево ми е страв да ја пуштам . Некни пуштив срце да се договорам со другарка да прошетаме со децата утредента ми се јави да ми каже дека на мајка и закажале тестирање за корона. Меч со две острици, децата треба да се дружат и е многу важно ама ете не знам што е правилно кога секој преставува ризик... Инаку секој ден шетаме ама избегаваме луѓе одиме на викендичка таму се шлапка во базен, ама со деца не игра и не знам до кога...
Ја дружам со 2,3 деца и тоа е. Е сеа точно е дека тие 2,3 деца ги дружат со уште 2,3 и така до недоглед. Избегнувам собиранции и гужви. Не ја носам во маркети и продавници.
Кај нас немаше заболени до пред 2 недели, малку си бевме опуштени сите, сега има секој ден по 1 случај, од ист кластер се, ама сме мало место и страшно е. Се дружиме надвор на отворено, се шетаме, дома не се збираме сега. Мора да се научиме да живееме со вирусов, нема да замини брзо ко што гледаме, за жал.
Испади ние веќе почнавме да имаме и пред други. Само уште јас да се научам смирено да реагирам наместо да се тресам од нервоза и да го карам.
Пробај, ништо не губиш, само можеш да добиеш Не се откажувај одма, биди поупорна. Дури и да поплаче, денес утре, ќе види не види ќе си легне на брашното
Е, да ми здрава и жива Баш на ова мислев. Искрено слатко се насмеав, се пронајдов во повеќето слики, а за другите допрва ме чекат
Еве сум Цуцлите на нук ми ги кине партал последни два дена. Почнувам со едно шише ново што ми го препорачаа на шмукање. И во исто време постапка под туш. Вчера си играше малку ама сепак не одлучи да влезе под туш, па повторно во кадичето заврши. Денес не сакаше да си иде од градинка. Ме гушна и потоа сакаше повторно кај учителката. Додека ја носев накај кола во раце плачеше и се тегнеше за назад. Она чувство како да не ме сака ми се појави...одвратно чувство. За партал во кола и дома. Насамо ме сакаше. @lackygirl она ноќеска е плачењето? Зошто е во дневна?
Денеска последни вакцини, здравје другите ќе се примат од 2025 година. Како поминавте со ревакцинација за крлежи и менингитис и ммр? Докторката кажа за едната ако не качи до вечер, секако утре нема да има реакција, а за другата не верувала. Арно ама миле паника ќе си седи вечерва. Досега во сон не ми качила температура, одма се будат, плачат или?
Јас се дружам активно со 5 другарки, три од нив имаат деца, и со нив ја дружам малата. Со останати кои се гледам поретко, излегувам надвор и без детето. Не ни е застанат животот, ама дефинитвно е редуцирано со кој има контакт. Претходно често ја носевме по гости и ни доаѓаа и подалечни пријатели кои имаат деца. Сега само најтесното друштво, и девер ми и јатрва ми со малиот. Мојава од секогаш не сакаше други деца да ја пипаат. Не се плаши и не се срами, сака да ги гледа и да играат заедно, ама ако може без блиски контакти. Како да се спремаше за пандемија Во градинка идеше неколку дена на 14 месеца и не стасав да видам каков ефект тоа ќе има на споделувањето играчки. Вака надвор сега на 18 месеца знае да рече дај за нешто што ќе види, ама брзо се откажува. Нејзина играчка ако ја дадам на друг, ќе ја бара, ама пак не плаче да и се врати. Ќе начека шанса, ќе си ја прибере. Се додека не ја фаќаат за раце, или да ја гушкаат, тоа обично се случува со поголемите деца, нема гајле. Ако ја пипаат, си кажува Не и си се трга.
Во скоро сите слики се пронајдов,ама оваа највеќе не отсликува Баш вака почна да ми прави веќе некое време. Одиме на улица и си брка во маица и ме гали и пробува да си ја извади. Среќа немам големи,па нема што да вади . Им мирисаат ли главчињата на вашите кога ќе им ја намокрите косата? На моето некако многу му мириса штом ќе му ја намокриме главата со вода,откако ќе му се исуши не мириса воопшто. Од што би можело да е така? Мм вика му мирисало како куче кога ќе се намокри да се бања .
И јас истото еве две години го викам Кога ја бањав со Мустела многу неубаво мирисаше, од скоро сменив на Хипп и повеќе ми се свиѓа. Не мириса на куче Имам право уште 3 дена да прашувам во темава. Деновиве, кога доаѓа време за спиење е многу нервозна. Многу многу ! Почнува да плаче хистерично, да се дере, ако сме дома легнува на тепих, ако сме надвор лежи во двор, тупка со рацете и плаче неутешно на цел глас. Ме брка од неа, не дава да ја допрам,гушнам,зборам дури трае тоа .. после доаѓа ме гушка и се смирува. Вчера во афект и се извикав на висок тон да престане да се треска од земја,навистина напорен ден имав, ама кога рече уште толку ќе плаче... јазикот ќе си го изгризав. Знае дека некој збор ме вреѓа, и многу пати во тие моменти ми има кажано “п**ко бришка,беги” И за ова п**ко се жалев тука, научи дека е неубав збор и кога сум нервозна и ја карам, ми се обраќа вака. Деновиве не го спомнува еве .. дај Боже да го заборави, ама со нервозава не знам што. Дополнително и моиве труднички хормони се тука за да ме дотепаат, мислам 5 Диазепами да испијам не би ме смириле. Криво ми е кога ќе и се развикам, знам дека контра ефект и стварам ама никако да научам да ја контролирам и мојава нервоза. За ова има ли чаре бе жени ?? Па вака мислам јас до Негорци ќе стасам за брзо После си мислам.. едина обавеза ми е детето, не мора да ми е средено 24/7, не готвам често и онака, значи пола ден сум на работа а пола ден за детето да му се посветам.. ја ко некоја хистерична будала .. Се чудам и со што сум ја заслужила воопшто..
Во оваа се пронајдов јас најмногу. Скока, се тегни, плус ме чепка по лице, за нос, ми ги гали градите Иначе не сака ич дома. Излезени бевме вечерва, кефој, се ја интересира, преубаво и беше. А стигнуваме дома, ја отворам вратата и одма почнува да плачи, да липа, неколку дена е вака, ама вечерва најсилно плачеше, одвај ја смиривме
@Chanell* мене мм еден пат ми кажа: добро бре дали си ти реална, дали мислиш дека она те разбира се што и кажуваш, делумно ќе те разбере, пробај со убаво да и кажеш. 2-3 пати кога пробуваше да го собори тв ме има фатено жолта минута, арно ама почнав со смирен тон, ако држи нешто што не треба(телефон, пенкало оти еден ѕид е ишарен) и кажувам дај најмило на мама, и од тогаш немаме проблеми. Цело време со смирен тон, со убаво и кажувам.
@Chanell* исто скорз 3 дена е, сношти се туширав, се враќам уште од надвор слушам вришти, не плачи, вришти, не можиш никако да го смириш, по бањарка го зедов в спална и почнав приказни да му кажувам и заспа легнат на нога кај мене. Море и свекрва ми била не е не, не запира, јас бев смирена можи и затоа се смири, мм во последно е нервозен и го сеќава дека е нервозен и уште повеќе плачи, а малово па многу се вреѓа од татко му, леле бре ако му подвикни одма плачи....а сликата ваква беше. Мм седи на кревет и му вели што сакаш да прајме, ајде ваму, ела ова, се го убедува, а синко легнат на паркет го главата надолу и вришти Пак стана 100 пати ноќеска, плачеше 3 пати Овде сум заглавена оваа од горнава слика буквално јас сум по цели ноќи.
Хахаха, и моето мириса како бањато куче. Тоа е затоа што бебињата и животните имаа неутрална PH на кожата. Убаво е што мириса така. Значи здраво бебе