Грешен цитат, ама јас да си кажам веќе имам куче што мириса кога го бањам, среќа што го немам тој проблем со детето. Кучето го бањам еднаш месечно, а неа секој ден, тешко мене ќе било хахахаха
И јас помислив на тоа Како може,на време крстено,а пак да мириса? Не отпеал попот нешто како што треба
Здраво мајки имам едно прашање за вас? Од колку месеци/години почнале вашите деца да кажуваат зборови освен мамо и тато Мојата има 21 месеца освен мамо и понекогаш тато не знае ништо упорно ја учам да кажува вода,или некои други зборови ама несака А за цртани филмови да не збориме на памет ги знае на англиски и брои до 3 сите песни ги знае на памет.
Одговорот си го кажа во последните реченици. Прекини и цртани или сведи ги на минимум, а веќе ако пушташ гледај да се на македонски и подобро песнички. Гледај да и збориш цело време, читајте книги, шетајте во природа и играјте си. Штом збори на англиски, ќе почни и на македонски.
@Neda997 Абе дај најмило на мама, и за секунда или ќе го фрли тоа што го барам или она се фрла на земја од инат. Мене ме имаат фатено овие хистерии 5пати до сега, не сум горда на нив секако.. се тешам дури и ретко ме фаќаат Мене смеа ме фаќа од нејзините хистерии, прееска и се смеев во фаца дури она ми викаше “п**ка,тепа мама” и ме удара. Ја гушкам силно, и пеам “мајка не се тепа,мајка се гушка,мајка се сака” И после коа се смири вика “јас не тепам мама,јас гушкам и цункам, и не викам така п**ка,така неумни деца викаат” Тоа е, од едно влегло од друго излегло. Јас ќе верглам ко воденица, еден ден ќе сфати.. Криво ми е што ни на неа,ни на куче,маче,маса,стол, ма на ништо не сум удрила да речам е сеа ќе го натепаме ова, не е умно.. а она мене ми го вика истово. Добив “комплимент” од другарка скоро дека многу и се тресам, така само мајки кои долго време чекале деца се треселе над нив, јас превише млада сум била за вака, требало да ја шлапнам за да не прави вака. Или на бајачка да сум ја носела, трето нема. Луда јас па, 100 профили следам за развојот и растот, кога ете што било чарето- ќотекот и бајачката. Ах и тантрумите се модерно нешто во 2020, ние сезнајки мајки ги измислуваме.
Од 13, многу брзо после тоа почна да учи секојдневно нови зборови, на 17 веќе сврзуваше по три зборчиња, и оттогаш навака е ко воденица Ама кај мене нема цртани, телефон на минимум, мое дете не знае англиски на 2 год, учи сеуште мајчин јазик и сум горда на тоа. И за ова сум ум чудна на околината, па во денешно време сите со цртани и телефони растеле,јаделе,заспивале.. епа сите ама не и моите деца.
Еве ме мене пак. Пмс си влијае јако, ама и однесувањето на малиот. Да можам од себе ќе избегам, не се трпам ни себе ни никој. Во фаза е кога сака сам да јаде, со вилушка, лажичка... Е сега проблемот е што така сам не јаде скоро ништо од помека храна. Диња боцка убаво и јаде, и такво останато потврдо овошје и зеленчук на парчиња. Но тоа се вртат едни исти јадења, плус според мене тоа не е оброк, без течност. Сабајле сварив просо со слива и праска, му покажував триста пати како треба лажичката да ја носи до уста (како јас јадам). Не ми дозволува да му помогнам да ја носи лажичката кон уста, само да му црпнам. А тој на пат кон уста ја превртува и нормално ја истура врз себе. Не изеде ни 1/5 од јадењето, сигурно е гладен. Вака е со секоја помека храна. Млекото не вееувам дека го држи. Сега варам компир со надеж дека ќе го јаде. Како да се снајдам? Ќе помине ли периодов? Како да го научам да јаде? ...
Другите им пуштате цртани на децата? Кај нас нон стоп е пуштен телевизорот. Не на цртани, бидејќи и онака само два-три ја интересираат. Другото е пуштен на балканска музина да брчи. Ех Ју. Играме, пееме. Она ке погледне во телевизор, ама си брка своја работа. Да не треба да го изгаснам скроз
И јас така правам. Музика или серија во позадина само да збори. Во текот на денот знам да му пуштам две-три омилени песнички од Фамилија 5+, ама и нив не ги дослушува, ќе им се израдува, ќе поседи и продолжува со игра. Често се случува да се загледа во телевизорот на некоја научна емисија, ама штом видам дека ќе се занесе одма гасам тв и пуштам серија во позадина на компјутер. А цртани многу малку го интересираат
Тоа е добро што сака сам.Оставај го ќе видиш за колку брзо ќе научи сам. Малата така правеше и пола и повеќе во скут и одеше, за неполн месец се испракса, сега е веќе усовршена и јаде сама и чорби.
Цртани и пуштам BabyTv. Има некои пто ги сака. Оливер на пример. Го гледа, и штом заврши она се трга. Ама па, што да правам. Цел ден внатре. Понекогаш ми се здосадува да ја чувам ја оставам во креветче, и бегам десет минути мозок да одмирам. Македонскиве телевизии ми немаат баш ништо за гледање. Или слабо ги гледам
Така де почнува. Само не со лажица треба со раце да јаде. Ќе готвиш и даваш смо храна што се јаде со раце леб и намаз, зеленчук варен, а со лажицата ќе му дотураш во уста дали јогурт дали месо.. И да паѓа пола ништо страшно ќе нудиш почесто. Има период каде ќе сака сам да јаде омолу два месеци трае. Искористи го периодот за да потоа одмориш. Набави си лопатче и метличка мали за веднш да де “напупуш” и се тоа ала минут да сметиш јел ќе ти го доразмчка доле. Секако. Тв е пуштен од кога е родена. Најчесто е јутјуб, а цртани имаше два саати кога не одеше градинка сега нема ич на ден само по кола додека ја возам за назад. Ех ју Вие сте тие 50 души кои ми будите насмевка со музиката и ми влевате ндеж дека се тоа ќе преживее да се раскажува на внуци како бјело дугме и рибља чорба напраиле пари на времето.
А зошто да не даде и лажица, велушка? Јас на мојата и давав и напоредно јадеше со рака и пробуваше да буцка, срка.
Нека му даде али прво учат со раце да јадат за да може да се ослободи неколку месеци. Ем најаден ем не го раниш. Потоа ќе учи од лажица и вилушка кога ќе разбира повеќе. Јас така правам. Тек сега пробува со лажица и вилушка што ја учат во градинка али сеуште неуспешно јаде.
Десет минути во денот сигурно нема да наштетат ако содржината е добра. Значи цел месец ќе се тушираме после јадење охооо хахаха Јас пак си помислив чорба и супа нема да проба поради проблемов Леле царица! Ме пресмеа со метлата и лопатчето. Џабе ми е метла и лопатче, кога како што кажа @BabyT пола во скут му завршува. Кога ќе го извадам од хранилка се паѓа пак доле Ќе се обидам да му протнувам и течност додека јаде, ама не верувам дека ќе ми помине.
Телевизорот не е изгасен од кога е родена. Некогаш знам да и пуштам Кокомелон, ама генерално пуштрно е нешто јас што би гледала/слушала, и воопшто не ја занима. Најново е дека сфати дека на тв може да пуштиш што сакаш, и ми носи даљинско и кажува маче, куче, пиле, зависи што ќе ја заинтересира во моментот, и во такви моменти и пуштам смешни видеа со животинки и бебиња. Татко и проба да и пушта Том и Џери, ама ич не и се интересни. А сакав да гледа цртани на англиски за да го учи јазикот. Ама затоа не и е затворена устата последните месец-два. Негде пролетта броев дека знае 30тина збора, сега сигурно се над 100. Се пушти да збори скоро и сега нема застанување. Искрено мислам дека и затоа помалку осеќам тантруми иако знае да се истреска од земја за глупост. Генерално може да каже што сака зошто има толкав фонд на зборови, и дефинитивно многу ми е полесно кога може да си каже кога сака да јаде, или да шета, или да се облече.