Ми се избриша се што пишав.... А напишав многу Спиди и мојата разбира се, зборува ама што кога бара работи што не смее, пак завршува со тантруми. Вчера сакав да и ја сменам маичката, абе траќање неможев да ја смирам додека не и ја облеков пак. Си има 2,3 омилени и друго ништо не дава да и облечам. И уште мал милион причини зошто да рика. Има денови каде што е супер ама ако почне од сабајле со плачките цел ден и е таков. Цртани имам пишано, и пуштам околу час /час и половина. Не сметам за сега дека и пречи во развојот, ако приметам ќе ги укинам.
Јас стварно не можам да се пожалам, дури и да бара нешто што не смее, само кажувам "не може" и објаснувам зошто (пример таа стаклена чаша не е за деца, или не може сега да се бањаме, тоа може вечер и слично) и ќе и понудам алтернатива. Најчесто ме разбира и прифаќа што ќе кажам. Сега почнав да користам "те предупредувам!" да знае дека ако не ме послуша ќе добие некаква казна. Ако сме надвор и сака да оди без да ме држи за рака и кажувам дека ќе ја вратам дома, или ако фрла нешто по земја и кажувам дека ќе и го земам. Дури сум изненадена колку е послушна и разбрана понекогаш. И тоа мислам дека е резултат на способноста да комуницира иако има само година ипол.
Има работа со дохраната. Тек шпагети со сос кога јаде и од глава влечам шпагети. Лом. И се тоа така ќе биде до три години како што знам. Навикни се. Течност заедно додавај од горе. Ако не сака секако цица да немаш грижи никакви. Кај мене 18 прави на крај на месец али не збори само пушта по некој збор али не често и не ги повторува. Денес му рече на Ози Џоџе оти така нагалено го викаме.
@FreeMind Види ја ма. Сенидах ја слуша И пуштам згодни тетки да гледа. Ај мор доста, со тој западњачки стил П. С. Јас не ги сакам Бело дугме.
Не дека не ме разбира, се разбира ама е многу тврдоглава. Едино ми успева ако предвреме и го скренам вниманието со нешто друго. Баш убаво што те држи за раче додека шетате, мојата ако а држам со сила легнува на сред улица
Јас на една пријателка и ја поклонив книгата за скоковите коа се породи. Дека мене стварно многу ми се најде и сите ние тука полесно се справивавме со промените во однесувањето коа знаевме дека се во скок, знаевме горе долу што да очекуваме, дека е нормално и слично. И добив одговор дека НЕ ВЕРУВАЛА во скокови Незнам што има да се верува или не во нешто научно докажано. Али го носеше на бајачка да му вадат влакна некои од грбот И така престанав да се замарам со околината. Само уште со темата ќотек не можам да се помирам и знам да се скарам. Тоа за мене не е избор на родителот, ќотек за мене не треба да постои и неможам никако да го оправдам или да го сместам во категорија на сопствен избор на воспитување. Па уште таа тема ми остана кај што знам да се “заплам” и да се скарам. Другово не не допира. Еј браво. Едвај го чекам моментов со 100 збора Ние на 20 (океј развојно 18 месеци) уште сме со 15тина зборови. Али идеме напред. На 2-3 дена избацува по некој нов збор. И пробува да не имитира коа ќе му кажуваме некој збор, најчесто е неуспешно ама ние урламе бравооооо и скокаме како нетокму па и тој сега се научи и за се што ќе направи вика јеееее и скока со раце во вис глумење лудило до макс
Кај нас BabyTv. Кога беше 6м гледав многу малку да се пуштени по пола час, два пати на ден. Кога почна да осознава морав да пуштам, дома затворена е, со баба и ја оставам некогаш да завршам нешто, и не можиш да трчаш цело време по неа Искрено осеќам вина малку за цртаните, ама па немав избор Сега гледам колку можам помалку, поќе да си игра сама и надвор прошетки секако.
Секако дека си греота. Направи и рутина одбери го времето кога најмногу тебе ти одговара одмор и тогаш пуштај и временски колку ти сметаш дека ти треба одмор од се. Децата сакаат рутина бидејќи им носи сигурност. Тоа ги прави среќни. На тој начин она среќна ти одморена и нема да си префрлаш на себе си. Пред некој ден зборевме како се создава среќно дете со висок капацитет за себе остварување. Денес налетав на тој дел па го сликав: Суштината на раст и развој на дете е хармоничен дом. Без насилство, кавги, врескање, мавање по маси, нервози, дерење. Во ред е да се скараш дома секако и тоа е дел од секојдневие, но тоа мора да е со тон кој нема да пара уши и без драми со трескот на врати. Дури 83% од браковите во првата година и понатаму со прво дете се жртви на тој стрес од доаѓањето и растењето на детето. И се е тоа нормално, но мора да биде перфектно изведено за да нема последици по психичкиот развој на детето. И да, сите некогаш се чувствуваме така нема исклучоци. Особено оние кои не спијат навечер се жртви на овие емоции.
Не би да те разочарам, ама назад ти е зимата, тек допрва следуваат terrible twos and terrific/terrorist threes. Моето на година ипол беше толку мило и послушно, сега е ѕвер во буквална смисла на зборот.
И јас имам чувство дека годинава е затишје пред бура. Само кога има заби и регресии е лоша иначе си е океј. Ама сеуште не отвара не гледам некоја голема промена од 16 месеци освен моторика и движења. @TeddyGrey од 18 до 24 се две различни деца или?
Далеку од тоа дека мислам дека сум завршила работа само сум изненадена, очекував значително потешко да биде сега зошто реално не сум измачена претходно со неспиење или плачење, можеби малку со нејадење ама ништо посебно. Ни скокови ни заби. И сега се спремав да почнат тантруми и инаетење, а тоа речиси и воопшто го нема. Карма из а бич, кога ќе имам второ сигурно ќе биде обратно
Леле исто. А не дека не разбира или не збори. Ама мн е самостојна. Денес Пелистер сама се искачуваше по тие козјите патеки. Мене коса ми се креваше, ама таа трчаше како на планина да израснала. Ако ја фатев за раче легнува и плаче.
Од 18 до 24 ја имав огромна разлика од претходно. Се изгуби све бебешко. Разбира, комуницира, почна со тантруми, карање, знае што сака. Почна дури и да се срами. Многу, многу е полесно. Еве денес шетавме скоро 2км ниеднаш не побара во раце. Има многу чудни ситуации што мора да се понејзино, нешто како ОЦД(не дај Боже) ама мора она да го изгаси светлото пред да легне, мора она да го стисне копчето во лифт, сама да се качи во кола и све остало е " ДАЈ САМА " Се мора да се проба сама. Само со храната уште немам промени, беше и си остана дете што ужива да јаде. Само сега и кажува што сака. А и и го возам филмот кога е нели пристоен предлогот.
Тоа е добро што си тера по патот, мојата оди по луѓето застанува и ги гледа усрамено.Па кине дрва и цвеќиња (што ич не сакам да го прави тоа), па бега накај улицата кај што летаат коли.
Скршнавме малце од темата Немам јас проблем со татко и воопшто. Напротив баш убаво се слагаме подобро од кога и да е. Муабетот ми беше, колку да допуштам гледање тв, и цртани. Дете што сака се да види, треба да го држиш под око. А имаш обврски да средиш дома и дете да пазиш. Да не испадне, гледаш едно да не запоставиш, а, заебеш друго.
Јас дојдов да се пожалам, па уште малку ќе бегам од темава. Една недела помина, а децава ми се сменија на полошо. Не можам да си ги препознаам. Се надевам дека се ова се должи на 5ките. Тантруми? Се што мислев досега дека е тантрум е гола вода со ова што го доживувам овие неколку денови. Девојчето преку ноќ ми се смени. Не сака да си игра со ништо од страна на играчки, а премногу знаеше да се заигра барем она. Книги, сложувалки ги нема допрено. Сака само да гледа тв, порано и се приспива, не може никако да издржи до вообичаеното време, ако не и е по ќеф нешто мава по мене, по брат и, дава отпор, се молкни по земја, сама се мава, се прпела. Вчера го достигна врвот, се мавна намерно од шпицот на комодата. Едино ја смирува само мачето и ништо друго. Тогаш и е се погодено. Кажете што се дава на олку мали деца, нешто за смирување? За разлика од нејзе, малиот пак навечер вришти како новороденче по цела ноќ, жива ненаспана сум. И не сака кај татко му, сака само кај мене. Еве го моментално лежи на мене, а го спуштам почнува со плачки. Преку ден е нормален, како ништо да не било во текот на ноќта. Можно е да доживува ноќен терор? Сакам да ми се вратат старите деца, безпомошно се чувствувам.
Можно е да се 5ките. Врсници се со мојата, а нас ни излегоа. Имав и ја страшен период со буквално трескање од земја и тоа зашто сум ја погледнала. Легнуваше и се маваше со раце нозе на под. Се чудев само. Брзо се врати у нормала.
Пак имаше плачење вечерва Еве дури сега успеавме да го заспиеме, од 9 о пол пробувам, вришти, вришти....денес нејќеше и да јади, пак, таман почна да јади