Дали вашите деца си играат со играчките? Мојата е 1 година и 4 месеци, и буквално само ја зима играчката и ја фрла наназад. Јас седнувам со неа да си играм, исто тотално не заинтересирана. Немам мака со заспивањето, преку ден се знае кога заспива 1ипол веќе спие, исто и вечерта од 9ипол максимум 10 е заспана. Кога одам на работа, обично дедо и ја чува знае да се избаци како некни да ја заспа во 8ипоч вечер, стана во 11. За зборувањето, кажува тата, деде, ајде, чао, ам, а се разбира, кога и зимам патиките право мава со рачето знае дека одаме на чао, кога уклучувам микро знае дека и топлам млеко и вика ам.. Цртан филм пуштам пола саат, некогаш се загледува, некогаш не, обично кога треба да завршам нешто, а кога има нешто друго на тв баш и не е заинтересирана. Сега сме во фаза на проодување, почнавме само со една рака да се држиме додека оди, ептен е интересна
И мојата е 1год и 3месеци и буквално ништо не ја интересира Со никаква играчка не се заигрува сама, седнувам јас да играм со незе некои 15мин и станува досадно и прекинува а сама не иди во предвид да седни и да се заигра. Незнам веќе како да ја анимирам.Мојата оди веќе 3месеци, првата недела и беше интересно и си паткаше наваму натаму а сега само залепена до нас. А инаку зборува зборчиња има речник од сигурно 40зборови и плус што да и речиш повторува без проблем, се обидува и да врзи два збора. Слуша се, разбира команди. Од бебе беше така да сака само враце и внимание ама ова сега е ептен и ако не си со неа плачи, веќе ми станува напорно не можам ништо ни по дома да сработам
Не се однесуваше тој дел за тебе општо е дел од стратегија за воспитување деца со хармонично семејство. Ама чим се пофали и мене ми е мило за вас кажи му да си остане мирен да не има проблем со тетките Кај мене цртани на ден гледаше два саати за време на ручек. @Feodora кај малиот се петки сто посто, а кај малата не знам. @lackygirl почнале да пукаат непцата изгледа чим плаче. Баш да видиме за колку време ќе искочат.
Да споделите совети од ортопедите на вашите малечки за дозирање на витамин д3 по навршувње на 1 година.
Од синоќа до сабајле сменив 3 памперси, премокри. Цела ноќ се долева со млеко и вода и плаче. Со врескање и фрла цуцла и шише. Дали пробиваат четворките или мешето ја мачеше... Не си игра сп играчки, ретко. Сака да возе количка за бебе, количка за во песок. Спиди ја читнав зимоска колкав фонд имале нс зборови. На инста ги гледам бејбиТ и лаки, прекрасно си џавкаат малите, кажуваат и чисти зборови. Мојата ништо, дај, мама, баба, деде, тате.. А команди се разбира и има многу добро памтење. Знае дека во втора фиока го кријам далечинскиот. Јас намерно ги отварам првата и втората за да и покажам здека нема, она упорно втората фиока ја бара. Цртани не гледа, песни само некои. Се на се цел ден пола час и се фаќа тв гледање. Мобилен не даваме да има/држе во рака а не па да штрака. Сестра ми, работи во ск како логопед и запрепастена е, колку тоа е е голем бројот на деца кои имаат проблем баш од технологијата и немање време на родителите за работа со деца.
Гого сега се пушти со зборување на 19 месеци, буквално се пробува да кажи, ич не се секирај одма ќе пушти во 2 дена, дури се чудев. Вчера бевме кај нишалките и се лизгаше на лизгалка, па се нишаше и на крајот го качив на вратило, го оставив и се држеше некои 20 секунди и го фатив да не падни, после пак сакаше, ко мајмунче беше, за заминување имаше проблем, плачеше многу и велеше Таму, таму, со плачење, пресмешен ми беше, цел улипан ко големо дете навистина има голема разлика, сега е веќе детенце, ми помага за садовите, ги вади од машина и ми ги дава, диплиме алишта заедно, во се што можам го вклучувам за да се осеќа способен и најмирен е тогаш, најумен, се прави голем, абе многу се преправа, глуми
Мојата е помала за разлика од вашите, 1г 1м. Сеуште нема проододено, нешто по нејзино си ммка, некогаш ќе и дојде мама дада ама ретко, а запчиња имаме и тоа пола уста речиси Знам дека велат не можи во се да е понапред детето, нешто мора и да "заостанува"(нејќам да го користам овој збор ама најадекватен е во случајов) па постепено ќе си се развива во тој дел
Па и оваа така, затоа само во шума ја носам сега. Мислам да не беше коронава ајде, ама сега трча по деца, кучиња, се фрла на земја, трча по улица, бере цвеќиња. Ма се исто.
Малата од кога е станета, кашла, кива и тече и носот. Некни бевме на контрола, не верувам да и е црвено грлото. Што да и дадам, може нешто од аптека да се зема без рецепт? @gjoker4e @FreeMind
Ставај солени капки во носот имаш во аптека за деца без рецепта. И чај ако пие со лимон. Повеќе свежо овошје. Настината ти е. Ако се влоши носи ја на педијатар. Боди на рамки под блуза на кратки ракави облекувате над 25 степени? И ако сакам блуза да и облечам така на голо ли само да ја оставам? Оти во градинка спијат само по боди не верувам дека ќе ја пресоблечат така на блуза ќе ја легнат. Јас секогаш носам маица доле али јас не сум нормална и не сум мерило. Од што не знам како само по боди ја облакам блузите ниту еднаш од кога се купени не и се облечени жал ме фати.
И мене ми е нон стоп пуштен тв, најчесто некоја музика, помала повеќе ја интересираа цртаните, но сегс не гледа ни 2 мин. Сум пробала да и пуштам на мобилен за да ја пресоблечам на раат, но и тоа не упали, едноставно не ја интересираат во моментот. Има 16 месеци и околу 30- тина фонд на зборови до сега, но на 2-3 дена учи нови и многу сака да повторува. Обично и звуци имитира, или и покажувам како се играе со нози, таа игра со нози, потоа со раци, па така имитира, смешна е, како папагалче . За раче никако не дава да ја водиш, сака сама да оде, и затоа е многу напорна надвор. Уште каменчињата и се омилена играчка . Јас и облекувам боди на рамки и маичка на куси. Кога е над 30 ја оставам само на ромпер или боди.
И блузата на прерамки да е од доле и облекувам долна маица на прерамки, до пред да се одвикне од памперс боди на прерамки. Кога спијат спие по гаќи и маица. Како на трња сум ако ја оставам без маица, можеби дека ја сум така навикната ама гледам им облакаат фустанче и гаќи само на пример, маица не, и доле боси нозе. На 30+ без ветер без маица. На 30+ со ова ладно германско ветре обавезно маица, боди.
И јас нон стоп му ставам под маица боди со прерамки или маица, не е многу жешко кај нас, во куќа сме и јас носам маица цело лето, секаде ако е пожешко само боди. @gjoker4e не носи поќе пелени? Колку месеци е?
Каква мајца луѓе, нели е многу тоа Мојата одма се фрла брунки. Спие попладне на пелена или тенко боди/мајца на рамки. Навечер само во пижами на куси, некогаш и само на горна пижама и така знае од с'клет да прекенка.
И јас бев зиморлива ама од кога останав бремена, па доење и толку не се вратив на старо. Арно рекле 'облечи џемпер на мама и студи'
Исто Јас се покривам навечер со фротирка, облечена со чорапи и пижами. Госпожата е по боди на кратки ракави и доле пижами. Чорапи никако. Да ја покријам, во секунда се буди. И плус цела ноќ отворена вратата од спална, за да влегува воздух. Клима дома цел ден врти на 24.
Сте имале ли искуство децата да ви се уплашат од нешто? Купивме робот правосмукалка и малата ептен се уплаши, не верувам од бучењето бидејќи од другите правосмукалки не се плаши, дали дека движи не знам. Еве трет ден цело време е на штрек, а титне нешто одма почнува со кенкање и плачење. Не се движи слободно низ дома и веќе две вечери не заспива ако не ја гушкам и не ми е во раце. Роботот го скривме уште одма, местото кај што стоеше и го покажувам да види дека нема ништо. Не го спокнувам директно и не го користам зборот “плаши” да не ја потсеќам. Друго што да направам, како да и помогнам? Да ја смирам побрзо пошо свекрва ми сака на бајачки да ја носи.
@lackygirl голема е 3 години. @Neda997 Што направи? Купи нешто од аптека? Прво јави се на педијатарот на телефон и советувај се. Спреј за нос и сируп за кашлица по потреба. Сирупот знам дека може без рецепт, за спрејот не знам.
Моето е само на боди на кратки ракави или без ракави по дома,за надвор плус шорцеви му облекувам. Некако многу ми е и боди и маица И мене ми е жал за маиците, купувам, а не му ги облекувам, ептен кога е малку посвежо може боди на прерамки и маичка, иако ретко се случува, можеби навечер ако излеземе. Спие само по боди, не го покривам, зошто штом сети дека го покривам веднаш шутира со нозе и се буди, ама не отварам прозор во спална, туку ми е отворена вратата на собата, а во вц е отворен прозор, па така влегува воздух,преку ходник . @SaNJaAaaAaa освен да не ја гледа, нз што друго би те советувала. Или пак некако да и ја вметнеш да се заигра со неа постепено . Моево неколку дена по ред се буди ноќе и ептен е исплашен, прета со нозе и раце и многу уплашена фаца има,и како да мава нешто со рацете,едвај го смирувам. Бурен ден или некои ситуации кои би ги преживувал повторно ноќе, немало. Некој вакво искуство дали имал и дали поминува само од себе? Што може да е?