Да го тргнеш шишето. На година и пол со шише не се јаде. Млеко ќе скратиш, оти заситува, па затоа и не јаде, овесната каша ќе ја направиш погуста, ќе ја измешаш со овошје и во чинија ќе ја ставиш, така да почне да јаде, седејќи на маса. Штом јаде и од тоа што го готвиш, мислам дека може да почне со разновидна храна. Само без шише.
Леле жени што беше ова вечерва прв пат плачам од немоќ, од лутина, од се собрано, душава ми се стегна ми се повраќа Плачење до заоѓање, ваму таму, со мене, со мм, не и не плачи ли плачи, ајде количка зедовме в дневна, таму вели, го носиме таму, плачи, пак после таму, го носиме таму, кај што сака, долу сакаше свекор, свекрва излегоа во салон прашуваат што е, јас го земам горе пак плачи, нервозата расти, расти, не прекинува, го зема мм го носи пак долу и со свекрва ми се смири, седна во количка и дури сега заспа. Многу се осетив неспособна да неможиш сопственото дете да го смириш и да го заспијаш, ми се плачи цело време, вечерва беше врвот Давајте совет, стварно незнам поќе што да правам од 10ч пробуваме да го заспиеме, ова е тортура, ноќна мора... Извинете за долг пост....
Идат секакви периоди знаеш, посебно со децата. Тешко ти е нормално, исплачи се, олесни си, легни одмори, утре нов ден. Периодов му е таков, понатаму ќе смени. Прашањето е кога, ама битно е дека ќе нема плачки, прав дечко за некое време ќе биди.. И ние сме тука на форумов зато пожали се, ќе пишиме и ние ќе се пожалиме и заедно одиме напред... Ама исплачи се убо, мене тогаш најмногу ми олеснува! А искрено си плачам и јас на 2-3 дена. Гушкии за поддршка
@lackygirl А пола доза парацетамол во вакви моменти? Ако има некоја болка да му ја смири. А сигурно го мачи нешто. Нема шанси толку долго да плака така он ништо. Не дека со свекрвата се смирил. Тогаш дошол моментот. Се изморил
Како бе се осеќаш неспособна и немоќна... гледај да може некој да го смири,макар и некој друг... ти не си битна во моментот извини вака ама зашто твоиве чувства ги гледаш т.е зашто уопште имаш такви чувства... глеј да помине целава ситуација, тоа е најважно!! Ко шо кажаа, периоди се, сите ги поминуваме... Со помин!!!!
Фала ви женски навистина беше сношти врвот, а замислете па спиеше цела ноќ, прв пат се вртеше, ме бараше, ама в раце не дојде, исто прв пат спиеше во целосен мрак, баш читав на Др. Гуднајт во 12ч сношти и реков ја гаснам вечерва, можи да има врска, а можи се умори од плачење. Сабајлево ме гушна мама ми рече Вечер ќе видиме, се плашам од ноќиве Рацете в уста, се лигави, малку јади...5ките на пат
Јас вчера си ја земав болна од градинка нос и тече и температура до 37 качи денес. Тек понеделник ќе ја носам ако е подобра. Испадна и последната тројка конечно. Сите петки подуени. Нон стоп рака во уста се местат. Некој погоре прашуваше за книги. Моето никако не сакаше книги. Последниве три дена како под магии да е хипнотизирана. Нон стоп ги врти и превртува и само тоа го прави. И во градинка исто само читала. Викам моето дете не сака книги велат изгледа почнала да сака. Ја ѕиркам од прозор она сликовници врти немогуче. Така да се во свое време си иде кај секое дете.
@lackygirl има многу голема улога светлото при спиење. Коа сакав да го оставам сам да заспива не се нишкање читав за ова (сигурно ве замарам со моево читање, за секоја тема ќе се јавам со нешто дека сум читала) и најдов дека при светлина се лачел хормон кој влијаел на сонот. Па почнав да го оставам во скроз темна просторија за спиење Melatonin is a hormone in the brain that promotes sleep. Melatonin release is influenced by the body's internal clock and the amount of light registered by the eyes. Artificial light exposure suppresses the release of melatonin in the brain, causing wakefulness in babies, children, and adult
Исто и мојата, гасам светло и и викам сега ќе спиеме, легнуваме прета, прета и ќе заспие. Е сега исто така има многу влијание и колку детето е наиграно во денот. Ако била во контакт со непознати луѓе, ако пред спиење гледала цртан или ако јадела доцна, ако не сум ја успала на време ми плаче и не сака да заспие. Кај некој деца тоа многу влијае и не верувам дека кај Лаки е проблем цело време забите, туку нешто го растревжува детето. @lackygirl забележи нешто од овие работи. Исто така не ме сваќај грешка, знаеш те почитувам и ти кажувам отворено. Кога мама и тато се дома тие треба да го смират, со тоа што баба го смирува, при вас, ќе имаш потешкотии по натаму. Немам против баби ни дедовци да не се сватиме грешка, за мене родителот треба да е утеха кога ќе падне, кога ќе заплаче.
@lackygirl Сосема те разбирам. Имавме таков период со вриштење пред заспивање. Обично ако го видам растревожен пред спиење му давам пола доза парацетамол. Не знам од што ми правеше така, може и заби да биле,а може и од што беше преморен, касно легнуваше и денски многу малку спиеше, а ноќе со чести будења. Да не го прекинуваш во игра или нагло го земаш за спиење. Пробај да се потсмири пред спиење, пушти песнички, па полека земи го во раце за да го успиеш. Може па и забите да го мачат, ама да се заби зар ќе спие цела ноќ Такви ни се децата, тоа ни е. Знаеш дека не си сама и има и други како вас . Една ноќ нема да не стане минимум 4 пати. Ужас . Среќа цицнува и за 20 мин заспива, инаку ќе плачев и јас на темава.
Морам да се согласам со @BabyT*. @lackygirl мораш да ја пронајдеш причината, што е тоа што го растревожува преку ден или пак нешто му влијае негативно. Завчера се пожалив за малиот со неспиење и истата вечер ја открив причината. Значи сонувал ситуации од денот, нешто на пример што премногу сакал, а не сум му дозволила. На пример сакаше доматот да го носи дома и да го лочка. Сите негови блузи се исфлекосани од вакви ствари. Има навика да држи нешто по цел ден в рака строго тркалезно како топче, а да не е топче(домат, слива, јаболко, лимон, портокал. За доматот не му дозволив и влеговме дома со пиштење, се смири, се нормално за вечерта околу 00ч во сон да вика домааат. Му дадов лимон во рака и ја преспа цела вечер. Сношти пак пред спиење сакаше маша да сум му ја пуштела, те. со татко му се расправаше и вечерта во сон викаше машаа. Ама не беше онака интензивно, не ни плачеше, па му реков нани маша и дете се смири. И да напоменам повеќе јадење животинско нема. Можно е и благото да имаше некоја улога.
@lackygirl мораш да го оставиш до крај без да го земаш во раце за да го успиваш. Почнува да плаче? Одма песнички или цртани нека си гледа на тв. Седел до 12 на полноќ? Остави го. Земете си пивце и гледајте го. Ги изгубив нервите два месеци со успивање додека избиваат тројки. Еве денес пак не сакаше да спие си испаднав од соба си правам ручек ма кај сака нека заспие. Си заспа сама за два саати на спална. Додуша само 15 мин спиеше али уштедив нерви за успивање.
Јас не се согласувам со ова. Детето штом плаче секоја вечер има причина, и не е баш така да го оставиш. Ете се ставам на нивно место. Да може да се направе разлика од инат плачење и јас тогаш ја оставам, ако плаче за глупост. Ама според ова Лаки треба да го остава секоја вечер. Треба да ја најде причината за плачењето. Може на Емили не, ама на мојата дефинитивно и смета ако и пуштам песни, цртани пред спиење и има не квалитетен сон, плаче, прета.Може и на Ѓорѓи му смета тоа. Лаки како што вели дека секој ден е така јас би рекла дека не се заби.
Не плаче секоја вечер кај Лаки. Што значи е осетлив кон заби, а вади заб за заб. Само во одредени периоди се случува вакво плачење пред заспивање. Тоа се периодите на заби каде детето не сака да биде малтретирано со процес на успивање. Лаки го зема во раце на тој начин го иритира уште повеќе со присилно успивање кое детето не го сака и вришти. Сто посто стојам зад тоа да се остави до крај зошто не можеш ништо да направиш се смирува само од умор на крај. Она другото што не спие навечер е сосем друго. На заспивање не и плаче секој ден.
Јас тогаш немам разбрано,мислев дека се случува постојано. Јас давам пола доза парацетамол кога е видно растревожена.
Не спие секоја вечер од кога е роден Гого. Али плаче само во одреден период вака мавајќи се од земја. Парацетомол сакав да и дадам на мојва денес превентивно, педијатарот ме искара. Рече во никој случај давање парацетомол без вистинска потреба. Би ве советувала да не давате за заби. Штетен е за џигерот, а на мало дете до шест години не се дава буквално ништо. Парацетомолот може да направи ужасни параметри од друга страна, колку што е добар од една. Кај дете до три се дава само под посебни околности запомнете. А тоа не се заби ниту кога спие лошо. Иако навидум е “ај што има врска”.
А кај нас па педијатрите советуваат да се дава. Нормално дека лек не е добар ама не сум знаела дека може да наштете. Корисна информација, сега за 5ките не давам.
Се согласувам со сите, не верувам дека се само заби во прашање, не ми текнало да дадам парацетамол во последно, ваков период имаше со многу плачење пред спиење пред некој месец па мирен период до сега, сега пак, ама многу e потешко, бидејќи е поголем и кажува кај сака, што сака. Една од причините што мислам дека е ненавремено заспивање и после од што му се спие не заспива и плачи, пробано е и во 8ч, и во 9ч да го заспивам, во 10ч ама не успева, плачи, нема шанса да заспие порано од 10 и пол. Иначе цел ден игра, сам си игра, го шетаме еден ден јас др ден мм, нема нешто несекојдневно па да се вознемирува освен што почна да зборува, преокупиран е со коли @Feodora моево со коли во двете раце заспива во последно, нема шанса да му ги извадиш од рака и така заспива па му паѓаат после кога ќе заспие цврсто Некни го оставивме до 12 без 15 мислам беше, сам дојде до мене, мама мама и си заспа одма, ама сношти почна да плачи од чиста мира и да не се смирува никако, стојам на тоа дека треба сами со мм да го смируваме, се согласувам @BabyT* ич нејќам да го носам др да го смирува, затоа и толку се растревожив и јас ама сношти требаше и нас некој да не смири, ние двајцата бевме избезумени, дури и се скара мм со мајка му, и вели не е ти да го смириш, треба ние...свекорот излезе и тој в салон...да не должам.. Имам другарка на која исто вакво и е детето помало е од синко 3 недели, ми вели вчера ми идеше на улица да го оставам Нз, таков е, нз што да мислам веќе, секако пробав верувајте, вечер ако птави вака со кола ќе го возиме.
@lackygirl пред некое време имаше период каде заспиваше после 12,па некогаш и 1 и 2 не фаќаше. Колку и да пробував да го земам порано да го успијам, не успевав, секогаш почнуваше да плаче хистерично. Пробав неколку пати,видов дека не бива и го оставив,додека не станеше капнат за спиење. Се играше и не даваше да го тргнам од играчките. Тогаш му текнуваше и на топки и да прередува тегли и шишиња,и да ги исповади сите играчки. Тој период беше помеѓу фазите лазење и станување сам,па до почнување да оди. Можеби дека твоето почнало да збори, па поради тоа да е. Не го форсирај,знам дека ти е тешко,ама не го терај со сила да спие. Моето наеднаш после смени и заспива околу 10,најкасно 11. Менуваат,тоа е. За парацетамолот и мене ми е совет од докторката . Претпоставувам дека и како секој друг лек си има негативни ефекти, ама нз зошто онда докторите даваат такви совети. Сум го давала во исклучителни ситуации,ама да не сум имала таков совет,сигурно ќе сме протерале и без парацетамол .