Лаки кога имате прилика и можност слободно без грижа на совест да го оставате.Камо ли јас да имам сега со овој памет можност да ги оставам барем 2 3 пати месечно некаде.Колкуууу многу ми фали таа тишина да одморам.Со мм немаме излезено 4 години заедно А и децата се манипулатори,со баба не е проблем ќе заспијам,ама на мама и тато ќе им приредам драма
Ke spodelam nesto sto mi pomogna so placenje navecer zaradi vadenje zabi. Vibrucol cepcinja na prirodna baza se. Za bolki i nespienje od zabite mnogu mi pomognaa. Ne znam dali gi ima vo mk nie gi kupuvame od germanija. 10€ za 12 cepcinja.
И јас се пријавувам, вади мојата тројки. Пика прсти в уста, ноќеска станвање 3 пати и на секое се знај заспива со цицање Исто и сега пробав со цицање само така заспа, ама за пола саат стана пак со плачење и прсти в уста Не знам како друго и само цицањето ме вади од ситуацијава Имав пишано дека 4ки ќе вади пред некој ден ама грешка сум била... 3ките се на ред
Кај мене три четворки и две тојки вадеше во исто време, така да не те чуди. Трпение, трпение. Мојава сега последната тројка ја вади и се надевам дека ќе има мир и одмор малце
Фала на прашање, денеска е исто ни подобро но фала богу ни полошо.испитавме нова крвна слика и црп мирно е се, леукоцити на граница, црп негативно. Се слушнав со педијатар сега за сега нема инфекција со надеж дека нема ни да има и дека нема ни да спушти шлајмот. Трицеф пија и инхалации 3пати на ден. Премногу грчи, гргори, и вибрира на грбче и гради. Па во понеделник здравје контрола, а ако има влошување или па уште повеќе да грчи тогаш да одиме на болница на аспирација и рентген.
Ии ве молам ако можи да ми ја објасните постапката поточно за тапкање, вие мајки кои имате искуство. 15месеци е, како да ја седнам, легнам, каде да тапкам? Се плашам да не правам погрешно, да не влошам ситуација
Ај здраво на сите. Не стигнав се да прочитам, деновиве бев во голема гужва и на работа, и дома. Да се пофалам, не знам дали ви кажав, минатата недела синко конечно даде да го ошишаме дома со машинката и воопшто не плачеше. Додека си играше во базенот, мм го ошиша и баш му е убаво сега. Демек со игра, сите тројца се шишаме беше муабетот, и синко цело време кажуваше ајде мамa, ајде тати, ајде Тема (Стефан). Друго ново, му раснат и 4ки и 3ки истовремено, па малку понервозен е, се буди ноќе еднаш-два пати, плус и од топлото сега. Јаде само со цртани последнава недела и тоа многу ме нервира. Денеска пробав да му дадам без цртани, па со молење едвај јадеше на појадокот. Многу ми е интересен како зборува, се кажува веќе, скроз се разбираме Повторува и по нас зборови, секојдневно кажува нешто ново што научил. Сабајлево го носевме да му земат крв, за рутинска кс, се изнаплака таму уште кога влеговме, се сети од претходно. А последен пат бевме за НГ. Ама се памтат децата. После дома викаше тета буца ауу, и се жалеше.
Од што белег? Со помин да е @SarChee @happygirl баш ми е мило што сте супер. Јас пак се чудев како ни за крв ни за вакцина не заплака воопшто. Сега за наредна сигурно уште од врата ќе плачи, зошто дома ја болеше местото и жално плачеше.
Јас мачкав една маст од невен и други билки, ама му остана белегот на синко над веѓата. Се сеќавате кога ви кажав дека како удри во ќошето на наткасната. Не знам дали може да мачкаме со Контратубекс мислам се викаше, маст за лузни.
Падна пред 2н, сега има белег како линија. @happygirl епа и неа ќе и остане ако не мачкам, а уште колку ќе паѓа
Ќе се поместат во косата овие белези нема да останат овде како што ќе се тегне кожата и нема да се гледа. Ич плашење.
И јас мислам дека ќе ги снема како што ќе растат. Контратубекс е на база на кромид мислам и не би требало да штети ама сепак консултирајте се со фармацефт.
@FreeMind ти имаше постирано за колку вода смеат да пијат? Некако се плашам да не ги оптеретува бубрезите, навечер пие 1л, и преку ден уште толку.
Јас мачкав контратубекс на раната после 6,7 месеци од царскиот и ништо не помогна, џабе фрлени пари. На вратот како мала сум шиена и од средина на вратот сега е горе и ич не се гледа
Морав да гуглам официјални бројки зошто за од една година не знам за водата тоа за бебе ми беше омилена тема Да повториме сепак до шест месеци нула мл вода, до една година строго контролирано до макс 400мл јел бебе нема бубрези и можеш да му ги заебеш за цел живот. Германско здравство има табела во која вели деца од 1-4 години на ден примаат 820 мл течност и 350мл преку храната. Зависи тежина на дете и секако топлина. Во лето потребите се дупло зголемени. Еве линк: https://www.dge.de/wissenschaft/referenzwerte/wasser/ Моето пие премногу. Само ноќно време пие две шишиња. Едно наутро кога се буди прво вода пие. На ден ќе и мерам утре али литро и пол секако пие. И јас пијам многу вода па не ми е чудно. Јас речиси цел живот сум околу три литри на ден.
Мајки, 20 месеци сме, претходните 3 дена бевме со температура до 39.2, поради вцрвенето грло, но не примавме антибиотик. Денес сме подобри, ама ме замисли тоа што во главчето како да беше потопла сега вечерта, иако топломерот (оној со жива го користам) вели 37.2 мерено во уста и 36.8 под пазуви. Да напоменам дека беше облечена и со боди и со блуза и панталони... дали била преоблечена, некој некое искуство, за да престанам да гуглам?