Уф значи пак многу е 2л? Мене не ми е чудно што пие, страв и е да не е многу. Јас 5,6 пати додека спие и полнам шише и 2 пред успивање, преку ден сигурно пак 4 шишенца... @Ljubica87 таман и е температурата, нормално во уста е потопло, зошто таму мериш? Преоблечена е, ама зависи како ви е температурата дома.
Мерам зашто сум опседната овие денови, не функционирам нормално, сакав да споредам. Топло беше и дома, ама јас исплашена и ја претоплив изгледа
Мене педијатарката вака ми кажа: ти во седната положба а детето попречно преку твоите колена со главата и раменцата малку навалена надолу.Ова се вика перкусија и целта е шлајмот од долните партии на белите дробови да се слее во горните и полесно да се исфрли.Го правев после инхалација во траење од 2-3 минути,т.е.додека дете не почне да скиснува.Со лева рака ја придржуваш од долу а десната ја правиш вака: И тапкаш од долу кон вратот паралелно од рбетниот столб .Ова не боли,ама не треба и да си многу нежна.Мојава ич не се вознемируваше од ова. Не знам дали ти објаснив убаво.
Ти благодарам на исцрпниот одговор.. Се надевам дека ќе правам правилно, е сега не разбрав само дали треба по средината на грбот да тапкам или од по страните?
Ии дали детево да стој кај мене меѓу нозе и на коленава поднаведната или легната на колена кај мене па со рамената и главата надолу?
Дури сега гледам. Да, се тоа го знам и ми е ептен јасно. Знам и дека бруфенот многу подобро и полесно се елиминира од парацетамолот. Малку е појак . Само сакав да се осигурам дека и кај вас е прв на листата за давање пред парацетамолот. Оти уште не ми е јасно зошто кај нас лекарите имаат толку одбивност кон него. Јас за болка прво за бруфен 600ка се фаќам.
Според табелата е многу плус твоето малечко со килажа е послаба од мојата. Но летно време може да се дуплира вода што значи таман си е. Плус вчера имавте 35 степени во Македонија. Причини за пиење на вода навечер се топлина и гладна (и пијана ама овде исклучуваме )) Синоќа кај мене испи едно шише и цела чаша од 250мл само во спиење. Дента сигурно 1,5л. Се будеше речиси на саат време. И ставив млеко во 3 по полноќ и фала богу врзав два саати сон. Анализирав дека секој пат се дешава вака ако не вечерала како што треба. Бидејќи спие гола не покриена си велам не е од топло. @duffi македонците го сметаат за штетен зошто е силен. Како кетоналот. Фати им логика ако можеш. Во земја каде промајата убива се е можно.
Да мала е 11.6кг. Вчера со клима спиевме не беше жешко, дури бевме ладни и па испи исто. За јадењето, хмм може и тоа да е, пошто не Вечера убаво веќе подолго време ама не сака.
Ти рекоа ли на лекар да тапкаш? Ако нема на плуќа симнато нема потреба да тапкаш, се тапка кога има на плуќа и тоа доктор да слушне на слушалка кога е зрел секретот за исфрлање, па тогаш се тапка. Ако не ти рекле не мачи дете непотребно. За бруфенот кај нас викаат дека бил потежок за желудникот, па затоа го избегнуваат, докторите тоа.
Не, педијатарот не ми рече.Читаќи од членки дека помага, наслушана од доктор е во петокот и само ми кажа дека има многу шлајм што и се слуша, пошто како што кажав грчи цела а не ми кажа дека има спуштено на гради. Сега во понеделник сме на контрола
Не ја тапкај тогаш, немаш причина. Ќе си прашаш поопширно на контролата. Мојата многу пати и има спуштано на плуќа, па не сум ја тапкала. Во козле тоа обично го прават и докторите и покажуваат ако треба како. Се надевам подобро ќе е утре на контролата.
Така е, прашај си педијатар.Проблемот е што педијатрите немаат исти ставови за ништо.Ти ја опишав постапката како мене ми рекле затоа што ме праша.И уште на старт реков дека не знам дали е применливо кај твоето(инаку и мојата немаше спуштено на плуќа,туку малку на слушалка се слушаше шлајм).Сепак ова е форум и си споделуваме искуства,како што е и насловот на темава.И неретко за исти проблеми сме имале различни совети од педијатар.Убаво е да се знаат алтернативи за проблемите што не мачат,затоа што е знаеш кога нешто ќе ти притреба во животот.
Мене како што ми објаснија е дека се тапка за да се одлепи секретот. Ако нема секрет долу за што всушност се тапка, што има да се одлепи? Ама, се согласувам дека педијатрите сите како им текне си кажуваат, што е и жалосно, па еве потоа се создава ваква недоверба.
Да, тоа се техники за да се „пресели“ секретот од плуќата во грлото, така и пишува во самата статија. Затоа треба доктор да слушне и да даде соодветна терапија, да препорача дали треба тапкање.
Се слагам за тоа дека треба да се консултира педијатар.Го кажав мојот случај и го образложив по барање на членката.Никаде не и реков: вака направи ... или пробај вака...Нели рековме дека разменуваме искуства за различни проблеми.
Така е, се е убаво да знаеш за ако ти затреба во животот. Ти благодарам многу на одговорите и баш убаво ми кажа. Неколку пати во денот ја потапкувам по нецела минута (толку и ме остава). Уште денеска ќе издржиме така се надевам со добро па утре на педијатар ќе прашам подетално. Буквално прв пат се соочувам со шлајм па немам појма за ништо, немам искуство. Затоа барав помош од вас кои во секој случај сте од голема помош, затоа и сме тука
Ако, споделив и јас мислење. Ние и во болница имаме лежено, спуштано на плуќа и се тоа... Затоа и си кажувам дека е најдобро доктор да слушне и да каже, ако не нема потреба од такво нешто. Нека поминува само побрзо зашто е навистина мачно така кога хрчи детето, па го слушаме дека се мачи. Нормално дека сакаме некако да помогнеме.